Ако кажам дека и по година ипол сме немале секс сигурно ке ми се чудите, ама не 9 месеци бременост, после тоа 2 месеци додека се опоравам не бев спремна за секс, потоа он замина во странство, па дојде за кратко па пак отиде, и капнати сме бе, не ми е оправдание ама капнати сме работи он по цел ден кога ке дојде од работа заспива одма, а на неколку наврата насабајле додека ние онака си почнувавме со работата малово ко навиено оп изрипа од креветче, станува пред нас и ај имај секс. Веке два месеца како е дојден од странство и сме имале само неколку пати, реновирање дома, мајстори, голем дел работеше он за да не плакаме мајстори за се, малово ни е хиперактивно, мене кукава ке ми прооди иако секој ден средувам и преуморни сме за секс. Не мислам дека имаме некој проблем, се е исто мегу нас како и порано, борбата за подобра иднина на синко доведе до тоа, човеков од ништо прави нешто за ние се да имаме, и не му се лутам ако си легне порано и ако немаме секс.
По муабетиве вечерва може многу мафиња ќе паднат Ние цела ден си викавме вечер ќе падне секс и на крај мене главата ми падна на перница и сум заспала и сега се бидам ОН спие да го будам а а?
Шо вака активни? Јас мислам за нерви пишуваат, да препорачаат што да се пие и тоа на природна база Hi од мене. Станата пред шест  , уште утринска фали да си пуштам . Ве прочитав дури сега, вчера ми пукнало некое црево во кујна и имав мала поплава , само што кај мене не дојде супер згоден мајстор . Па додека средив по него ме најде време за спиење. Мазава ме чекаше да ми заспие на рамо, ја префрлив во креветче и си легнав и јас. Ајде на кафенце . Како е тмурно, добро ќе ми дојде.
Добро утро Каков Jaguar џип бидоб од ладе бе толку пари луѓево , надвор од темава Јас за темава не коментирам, кога како зависи од период. Ете го пуштив синко со кашлање бо школо, ама он си има мака, на алергиска база кашла. Пукнав од ашрил навака 2 м со флексотид и повтемено вентолин, пришлата недела пак и само што направи пауза 1 недела еве го пак кашла. Влажново време му прави проблем, прошлата недела 3 дена не беше во школо поради стомачен не може толку да пропушта. Поредовен беше во градинка од школо. Инаку во градинка не бараат потврди за одсуство, бар нас не ни барале
Добро утро! Утрински не ми се убедува за темата од вчера, сами си знаете како е најдобро а и не е мое да ви се мешам во кревет. Уште ова, нема да пропадне домаќинлукот ако наместо раскревање кујна вие на спална преминете, а брак без секс и те како пропаѓа. Јас од работа ви пишам, прва смена сум. Инаку малата во градинка ја пратив ама душа не ми е спокојна оти синоќа многу кашлаше. Поткашлуваше неколку дена наназад ама ова синоќа беше баш загрижувачко, влажна кашлица. Затоа после одиме на лекар. Ајде убав ви ден!
Јас искрено иде 22часот само кревет гледам и ништо не ме интересира. Дома може и бомба да е падната, освен во екстремни ситуации како вчера кога после мајстор беше баш бомба. Тешко е кога детето нема кој да ти го причува а ти мораш да спремиш ручек за него, да пазариш, да го шеташ и играш, па подзачистиш. Баш како што кажа @MissDior, потпишувам од збор до збор.
Никакви апчиња мајчички, секс му е мајката. Затоа сте нервозни.Каква маточина,какви апчиња.Имате лек на природна база.Испробано делува Ај добар ден
Добро утро мами. Големо во градинка, мало се успа. Јас наместо да расчистам низ дома, се зачитав на нет и се заборавив. И јас сум од тие што држи лутина. Кога сум лута или сме скарани со мм, посебно ако ми одбрусил нешто, охооо, ма во иста соба не седам со него, а не да спијам или љубов да водам. Едноставно сум таква или ќе не биде ко што треба или ич нема да не биде. Он да ме навреди, после да ме пипне е не сакам. Може и моето не чини до толку, ама па попушти еднаш, попушти уште еднаш, ај за мир во куќа, ај за брак , за деца и доаѓаш до ситуација да си голташ, ќутиш и се полниш со нервоза и фрустрации, и еден ден ќе пукнеш. Мајки одите ли вие по комшилук на кафе или да ви доаѓаат. Јас скоро никогаш не сум одела. И мојата мајка скоро никогаш не одеше, па може од нејзе ми е. Мислам со сите комшии сме имале коректен однос, за лошо, за добро тука сме. Ама седење нешто не сме практикувале. И од како се преселив тука, комшиките стално ме викаат дојди дојди, кога имаш пола саат дојди. Децата ќе поиграат, ние кафе ќе пиеме. А јас кога имам малку слободно време поубаво ми е да си го поминам во мир, со кафето и нет или книга. И многу ми е не пријатно, па некогш, еднаш во три месеци што се вика ќе отидеме. Летово надвор на клупи седевме дур децата играат и толку ми е доволно. Можеби сум чудна незнам, ама сама па поубаво ми е.
Ај добро утро незнам лолку кофеин ми трба мерам притисок 95 со 65 едвај функционирам. Ќерр толку два часа во градинка и идам да ја земам ,така функционира во странство две недели иде само по два часа ми скисна веќе па и плус ссмо она плаче ни се заигрува ни ништ, им велам да остане подилго со мало бебе сум неможам само да ср шетам ,воспитувачкитр не и не пресекоа акп ја оставам стресно ќе и било ги вознемирувала и другите деца. За две недели ќе се чуваме сами ќе мора некако да се снаоѓаме.@ danichap ако кажетеми го вашето искуство за навикнување во градинка како е кај вас или некоја друга мајка ако има што живее во странство.
Мм вика добар работник и пред брак се познава, ако го бива зима го,ако не бега од него. Така и во бракот ако немаш секс има поголеми шанси за друг маж/жена. Со синко станати појадувани и сега грицкаме бадеми и лешници како машина е само такви ствари би цел ден да јаде кашите ги заменивме со неблендирана храна пораснало детето затоа одбивало да јаде плус заби го мачат двојки доле на повидок кај и да е ќе пробијат и тие. Времето е хаос али и време му е веќе да залади,но се чудам што занимација да му најдам по цел ден на детево за да не досаѓа за надвор вчера со чадор шетавме по мало денес не планирам пак. Какви игри игра(в)те со 14м бебе дете? Во врска со одењето кај комшии за кафе пиење и доаѓање не го практикувам скоро ич, и јас од мајка ми ја имам таа навика незнам зошто така но ете можеби кога ќе се осамостоиме со мм и синко некаде можеби тоа ќе се смени сега за сега не старите ми се комшии што цел живот сум ги гледала.
@joy1 i mojov pred 1-2 ne legnuva, a sabajle e stanat vo 7. Koga ke se vratam od rabota on e veke naspan, vesel i taka furame do 2. E koga seks ??? Jas se cudam kako uste funkcionirame so ova turbo tempo. Dobro gi koristime cat pat vikendite, tuka ne se zalam @flower30 neli odese majce na rabota, zosto ne odis sega? I da, ako ne sme imale odmana seks sum strasno nervozna, edna od pricinite za nasata nervoza e i toa.
Еве гледам сите бракови пропаднаа што маживе работат во странство и не се гледаат со месеци, претерувате малку ! Ке ве видам кога ке станете у 5 сабајле за да спремите ручек за деца, за дома, да замиете некое садовче. да се спремите, да трчате да го фатите автобусот, да се возите цел саат до работа, да рмбате 10 часа, па пак да се возите до дома цел саат, па си дошол дома дете не те видело, па да го средиш , да го нараниш, да му посветиш внимание, уште ако имате дете ко мене кое не легнува пред 23 часот, додека он заспие ние пред него со мм сме заспале, сабајле пак јово на ново. Не ми е грижа дали ми е дома се средено, ама основна хигиена мора да се има, садопер, шпорет. фрижидер, таму каде спремам храна на дете мора да е чисто ! Тоалетот исто мора да е чист, дете и ние испрани испеглани а друго не се замарам. Туку имате помош по дома, па од вишок слободно време им давате дијагноза на туги бракови
Баш тоа сакав да го пишам. Еве моето бебе без мене не заспива. Плус го ставам и на спалната и мора да сум до него. Инаку плаче додека не го земам. Значи ако немам односи со мм да очекувам развод ко што кажуваат некои членки тука. Не се пази што се кажува. Еве јас во бременоста и немав и уште немам од исцрпеност дека бебето уште мало и додека се навикнеме. И ме сфаќа мм. Ние си имаме секако супер однос.
Здраво мајки Синоќа ве читав но заспав неможев да пишам бев прекапана. Турбо секој ден.Животов ми скисна како БИРМЕЛЕК што кажа. Сега мм е у странство.но кога беше тука имавме односи редовно или кога можевме.аЕден период беше тешко некако не наоѓавме решение компромис незнам се изгуби комуникацијата.Но се средивме.И да мислам дека брак без секс не опстојува. Од тука што ве читам според постовите како најсреќни семејства впечаток ми оставија @joy1 @M&M @danichap Па добредојдени се советите околу функционирањето на врската маж-жена-деца... Деца ме викат Убав ви ден...
Добро де, шо рипна одма.Јас сум со две деца дома и немам никаква помош од стари, децата накај 22,30-23,00 ми заспиваат, одам на работа и дома се е на мене па пак не си наоѓам изговор за тоа.И дома средено и на деца посветено внимание и на мм посветено внимание пред легнување.Тоа е нормална и основна работа во брак, незнам што ви е толку табу и вау, се лутите одма.
Не сите туку пола бракови да баш заради тоа странство се распаднаа барем во мојот град и луѓето кои што јас ги знам.тој таму друг живот таа тука друг и кога ќе дојде мажот таа неможе да го поднесува. Еве јас и мм сме разделени тој во странство е но оди од тоа што мора јас имам помош од мојте родители кога тој не е тука но кога доаѓа сами сме немам толку помош колку што имам претходо. За секс се наоѓа време доколку ае скаа и за се друго. А изговори има еден тон. Тука никој никого нр осудува и немора се да се сфаќа на карање.