Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.295
    Пол:
    Женски
    да така кажав затоа што според МЕНЕ и понатака важи она дека секс еднаш у неколку месеци не е нормален во брак за двајца млади.


    гледајте се сакајте се

    да се вратиме на пелените и бебешките мениа.Поинтересно беше така
     
    На JuLleE, zalosna, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.822
    Абе мила не се правдај. Може секој ден да се има односи и пак некој на страна да се има. Ама некои тука велат дека ако имаш секс бракот е загарантиран што нема врска тоа.
     
    Последна измена од модератор: 26 септември 2017
    На Belabelinakinder и zuto им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.115
    Мајки дискутираме на прилично комплексна и осетлива тема...

    Споделуваме секојдневие, падови и подеми низ кои мине секој од нас, сеедно од сексуален или друг карактер.
    Доколку сооопштил некој за интензитетот на сексуалните односи со партнерот во моментов или во последниов период, а со тоа споделил и дел од својата интима или причини за истото, да се потрудиме да не им кажуваме дали и колку се среќни или предвидувања за нивната иднина.
    Важно е дали ние го живееме животот и тераме бракот според нашата замисла, не дали другите живеат и ја следат истата.

    Ќе ве замолам да не се навлегува во некакви лични преписки или ставање на конкретен брак на некоја од мајките под лупа.
     
    На Kaetana, НаталиЛили, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Многу ми е чудно ова што во Германија, од тоа што пишуваш и ти и др што живеат таму, што се толку против крвни слики и брисеви кај деца. Дали им е некое преоптеретување на фондот или едноставно начин на лечење не знам. Кај нас може здравствово не чини ама приватно можеш во секое време без никакво докторско упатување да направиш и крвна слика и брисеви, има мал милион места. А и на матичен даваат упат без проблем, еве кога бев да вадам боловање минатата недела одма ми рече ќе ми треба и кр.слика ми направи упат за фармахем.
    Големиов пак болен, мисслев само кашла на алергиака база ама ете и малку т качи, па како право машко цело попладне се дереше како го боли глава и како јас сун го разболела зошто сум го пуштила во школо да оди.
    Од пред 5 саати почнав да пишувам ама хорор попладне овој се дере лошо му е малово урла затоа што се гушкам со брат и и не и посветувам внимание. И кога ќе ми каже мм пред са влезеш ти беа мирни ми иде да :@
    И кој кажа дека кај наа е мед и млеко :shake::|
     
    На tina-63, MissDior, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.295
    Пол:
    Женски
    @M&M глава може да го боли од синуси ако има воспалени.Да не има нсаобран секрет во носот?
     
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    28.593
    И мојава се раскашла пред некој ден! Брис уреден, нема тт, нема опаднат апетит, нема малаксаност, нема ништо... само ос подкашлување стигнавме до влажна кашлица и бронхит. Лечиме со вентолин и пулмикорт! И не ни е прв пат со ваква незабележлива кашлица да стигнеме до бронхит. Матичната се сомнева дека е на алергиска база,само треба алерготестови за да знаеме на што. Всушност ние само бронхит имаме лечено и тоа се почесто,тоа ни е слабоста. И дај кажете дали знаете како дасе спасиме од него, веќе се штрекнувам на секое нејзино кашлањр оти знам што не чека.

    Другоо денес си го зголемила госпоѓицата моја вокабуларот со нов збор - ѓубре!Кога ја слушнав како им вика на куклите свеста ми се сврте. Градинка и се е можно!
     
    На tina-63, azelea, muchacha_a и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @snegulkata ама нов збор :rofl: ме изнасмеа. Секогаш ми биле најинтересни децата штом почнат да зборуваат.


    Мојов навидум подобар, од време на време му се насолзуваат очите и носето ќе се растече, ќе видиме вечер како ќе биде.
     
    На Sunshine_1979, eli25, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Не имаше температура, он стално се жали од глава кога има т. Пред 10тина дена го средивме носот со оперил и гарамицин, сега е ок ама ете пак некој вирус вајда. Му помина посме парацерамолот и одма друго дете. Ептен е драма квин башка искористи прилика да ме нападне зошто у школо сум го пуштила да оди :)
    Се стишаа заспаа да здивнам малку :)
     
    На azelea, snegulkata, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    @snegulkata јас така лани забезекната останав кога им се дереше на куклите: да не си мрднала! :o
    Сега ново ѝ е да ни кажува: ај не се глупирај! (facepalm)
     
    На jovana03, Mari*, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  10. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Седам во едно ќоше на спална, грицкам тивко корнфлекс да не ме чуе маза оти се сака да јаде, а на мени за вечера имаше тиква, па уште јогурт и корнфлекс и фали. Уште саат време нема шанси да заспие, а како би си легнала. Па и топло ми е од парното, надвор убаво си врне, само за спиење. Би изгледала и филм, но тешко во скоро време. Осеќам дека скоро цела вечер спијам на штрек, како полубудна, секоја вечер и во 5:30 веќе сум будна и не знам што да правам до 8.
    Со мм ситуацијата оди кон подобро, отворивме карти на маса што и како, па нешто договоривме, нешто не. Многу сме различни. До толку што и предмети разместуваме еден по друг.. Ама никогаш не би можела да се замислам со никој друг освен него. Никој не би можел да ме сака поискрено. Сме такви какви што сме, ама искрени секогаш, колку и тоа да боли. Малава па негова копија, буквално исти се.Мои, најмои.
    А, јас тежок човек и карактер. Перфекционист и принципиелна до крај, школа на татко ми. Жал ми е што некои работи кои ми се насобраа во бременост сега излегоа на повидок.
    Да не ја тупам...
    Добра ви ноќ.
     
    На НаталиЛили, danichap, girl-miri и 18 други им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @augustd спомна парно, мислиш на централно греење или сопствено?
     
    Последна измена од модератор: 27 септември 2017
  12. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Сопствено.
     
    Последна измена од модератор: 27 септември 2017
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.295
    Пол:
    Женски
    и јас се истуширав и легнав .Малата не верувам дека ке заспие сега ама бар е мирна и си лежи до мене.Пиевме доцна кафе со мм па не верувам ни јас дека спијам па ке барам филм некој.Конечно прередив алиштата наши во спална.Скоро се летно тргнав настрана а извадив на долги ракави,марами,шалчиња.Мм бил фанатик за јакни :o .Броев има 14 јакни за есен-зима.Незнам дали вашите мажи имаат ‘фетиш’ ама мојот дефинитивно има а тоа се јакни :D
     
    На Mari*, girl-miri, snegulkata и 7 други им се допаѓа ова.
  14. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Мојот тетоважи и conversе патики.
     
    На muchacha_a, azelea и joy1 им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Мојот чевли. Во 2 куќи ги чуваме. Во нивните оригинални кутии, внатре чисти со крпчиња и весници. Долу на влез во плакарот има една фиока со безброј сунѓерчиња за чевли за секаков вид боја и материјал. Не знам како запамтува кое за што е:tmi: Во Пеко слика негова ќе стават кај и да е:D
     
    На tarantula, mal.ecka, snegulkata и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Убаво пишал некој погоре, ако еден од партнерите има секс ради реда тоа е искористување!
    Изгледа кака едвај да сме чекале некој да ја започне темата па сите да се исповедаме :lol:
    Јас во врска со тоа нема што да се пожалам :D (бројката не ја откривам).

    Денес го искористивме убавото време за една прошетка низ град, бевме и во парк па ја прескокнавме попладневната дремка, не му се погодуваше никако.

    На @flower30 и препорачувам ако е во можност да се вработи ако не, да се дружи повеќе со народ, да се шета во природа и да мисли на убави работи.
    Не за џабе велат КАКВИ ТИ СЕ МИСЛИТЕ ТАКОВ ТИ Е ЖИВОТОТ!
    Да се обратиш на стручно лице исто ќе ти биде од голема помош.:hug::hug:
     
    На mal.ecka, Mari*, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Еве и ние денес на преглед, малото и да кашла почна па викам да го ѕирнат на плуќа скраја било да не има нешто. Фала Богу супер е инаку најмногу што ќе ни препишеше инхалација со физиолошки раствор.
    Крвна слика ни на сон, брисеви, прво ќе требаше да објаснувам какви се тие брисеви (како за микробиолошките во бременост кога се објаснував со гинекологот, а кои тука се прават само доколку не можеш да забремениш) па после пуздер да ме направат каква сум јас мајка паничарка(facepalm) Во бременост исто кога барав од матичната железо да проверам, ме гледаше бледо и ми рече, но вие сте сосема здрава трудница, само сте вознемирена и уплашена од пораѓајот :D а јас бледа крпа и на крај се убедивме за стварно да види дека ми е паднато. Ужас!
    Од поинаков аспект ваљда гледаат, барем така една мед сестра објаснуваше, дека детето нема потреба да се изложува толку често на стрес. Море ич да не ми затребаат, овде се бетер од кај нас...

    И така, денов убав во главном. Бебе супер, тоа ме израдува, носето ќе го средиме со едно спрејче што ни го дадоа.
    @i-v-a-n-4-e фала ти за советот. Прашав да инхалираме, рече нема потреба ништо не е ова, ок. Со кромид до глава спиеме, па ќе видиме вечерва каква ќе ни е. Од мустела купив некој крем за ослободување на дишни патишта, па се надевам ќе помогне.
    Бевме кај пријателка на гости, после три ипол месеци, ете толку одам по кафиња кај некого дома. Комшиката пред некој ден ме запрепасти кога ме покани, ама не сум за одење, многу ми е непријатно, не знам зошто. Кај мене ако, цела зграда нек се збере, ама јас да одам кај некого речиси воопшто. Ниту мајка ми не оди, вика комшики на кафе во двор, обично летно време ќе и дојдат ама она да оди, да ја нема по два ч не памтам. Како деца, комшиките на улица седеа додека си игравме, муабети цела вечер, на мајка ми губење време во празни муабети и беше тоа... Се викаше за тоа време јас што работа ќе завршам ехеее :D и сега е иста прича.
    @flower30 многу ме потсеќаш на бивша другарка... Избега од сите нас без збор, подоцна дознавме зс нејзиниот страв дека на родителите ќе им се случи нешто. Доаѓаше на кафе и на секои 5мин ѕвонеше дома... Лошо, многу лошо чувство... Анксиозноста ја затвори дома во четири ѕида. Од десеткаш на факултет и забавен човек, другар, остана само една празна девојка. И ден денес лута и талка, се бара себеси, правиот пат, чека знаци, трага по нешто свое изгубено... Многу ми е мака кога ќе помислам на нејзе, зошто не даваше никој да и се приближи и да и помогне. Лекот е во сама себе. Луѓе се би дале да живеат, да имаат малечко, уште една плус причина за живот,ти го имаш се тоа, не го занемарувај. Исправи се, погледни се во огледало и пробај да се средиш. Вака никаде не одиш. Те читам веќе некое време, константно паѓаш. Сите сме со маки, животот е борба која трае додека и ние самите. Те гушкам силно!

    Децата спијат :D јас да кснам нешто уз една епизода од мојата серија и да си легнам до нив. Таман бебуш ќе стане до тогаш за цицање :)

    Добра ноќ мајки:hug:
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На Mari*, M&M, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    34.331
    Пол:
    Женски
    Првото кафе иде со фемина најубаво и најслатко е и покрај лошото време кое што е толку многу тмурно :rain:. Дете еве го си грицка бадемчиња додека да биде супата за да ручкаме заедно значи обожава да јаде сам да си грицка.
    Мм од обувки колку пара има патики толку има и чевли. Јакни има безброј скоро за секоја сезона и во секоја боја ...покрај него и јас и синко користиме кога зема зема за сите иста боја и сличен модел во тон да сме биле:!:. Лудило е некогаш но обожавам кога сите тројца сме во исто скоцкани.:$
    Ајде кафетто е од мене повелете.
     
    На tina-63, Mari*, flower30 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Станувам со мачнини, легнувам со мачнини. Цела недела сум како болна. Тмурно ми е расположението скоро секој ден, исто како времево. Успеа вчера да ме стане детево да сме играле, на рипит ја пуштаме Мариа, Мариа од Рики Мартин, омилена ѝ е :D Инаку доаѓам од работа и одма се пикам под ќебе, а маж ми изиграва домаќинка и бебиситер за жал.

    Среќа тој нема фетиши околу облека, дури со сила го тегнам по продавници кога треба да се купи нешто. Но кога би имало броеви за него по сите продавници, тоа би биле патики :D
     
    На Monella, tina-63, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Добро утро,мразам дожд и мрачно,да живеев во Англија сигурно ќе побудалев:).
    Мојот маж има еден куп чевли и патики,повеќе од мене :(,а и јакни не се баш малку.Арно спомна џој треба да се прередуваат алиштата и кај мене уште летните стојат.Вчера ми беше во план ама си идеме дома и кога тоа струјата ни ја исклучиле и тоа платена минатата недела,мм збесна :@,па бевме надвор да јадеме и дома после на свеќи,што убаво барем ми се одмори главата и од телевизор и телефони,се се испразни:D.

    @flower30 мораш да се ослободиш малку,ќе ти кажам дека и јас сум била во истата ситуација,ама кај мене за кратко поминува,на моменти многу се плашам ,го имам тој страв да не им се случи нешто на моите најмили,страв од иднината во оваа држава,но среќа го имам мм покрај мене он знае да ме извлече од тие моменти,тој е поцврст карактер,а јас сум многу осетлива и затоа си патам.И како што и рекоа другите пробај да излегуваш ,да се дружиш со луѓе и не слушај од страна другите што ти попуваат,ти самата треба да си помогнеш и да мислиш позитивно.Ако ти треба совет пиши ми слободно:hug:.
    @augustd ќе сакаш ли да ми пишеш лп нешто сакам да те прашам,а јас не можам на тебе да ти пратам.
     
    На Monella, tina-63, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.