Јас бев таква до пред една година откако животот си поигра со мене. Од убаво по убаво ми се случи најлошото а секогаш имав некое претчувство дека ќе ми се случи нешто лошо што ќе ми го загрози животот.Само што реков ми се среди животот за еден ден од на одмор со дечкото после тоа завршив во болница од што имав болки сето ми е како низ магла. Откако заврши операцијата знам дека пак имав болки и бев на апарати и моите доаѓа сите раслакани а јас како во транс.Иде докторот ми кажува дека било тешка операцијата дека ми ги извадиле јајо водите и дека ќе мора со инвитро јас не ни знаев што е тоа сите дена што лежев бев како изгубена. После дома прочитав цела постапка животот ми се скрати од маки и болки една година ми требаше да соберам сили и да заборавам што ми се случи ноќе не спиев секогаш имав некои црни мисли ако спиев беше ради таблетите и тие престана да делуват стравот остана еден ден случајно заминав за црна гора во манастирот св. василије острошки е од наредниот ден бев сосема друга личност октомврито бев во ноември ја почнав постапката за инвитро и од самиот почеток бев сигурна дека ќе биде и стварно бидна сега си имам синче еве уште малку ќе наполни месец тој ми дава сила да сум позитивна и да мислам само на убави работи слободно ако смета постов избришете го
Добро утро другарки! Секое уто се станува точно во 7 и 40, беба има некој вграден аларм. Никогаш не сум била ранобудник и тешко ми е, но морам да признаам дека ги сакам утрата сама со беба, кафе и тв. Ете ја таа во дубак, го стрижи цвеќето, а јас кафе пијам На дубаков има звуци од птици, а јас страдам од фобија од птици, ги мразам и се тресам, наследно и фамилијарно. Таа гледам ги обожава Со оглед на тоа дека сите не одиме по комшии, сите скоро сме самк со деца и речиси секогаш заедно го пиеме утринското кафе, да си направиме една седенка во темата гледање на кафе и да си ги превртиме шолјите да си гледаме а? Како права комшиска седенка на жени Цвеќе истрижано, одам да соберам лисја, кафе сварив, ве чекам
Добро утро! Кафе испиено, дете доручкувано, време врнежливо. Горе - доле тоа е, како и вообичаено. Всушност целата сум скршена, така се чуствувам, треба време да се вратам во нормала. Некако немам ни волја да пишам а полно страници за читање. Поздрав!
Добро утро и од нас Успеав кришки да си спржам тоа со години немам јадено Кафето е тука па ќе свртам филџан после @BirMelek Си викам колку не е фер, синко го успивам некогаш по 2 саати навечер, ќе стане татко му еднаш, ќе го погали по главче и ова се топи и веднаш заспива И така му бев лута синоќа, ама кој да оделее на тие очи Му правев фотосесија сабајле , купивме нов апарат , пошто утрински е највесело па да искористам
Добро утро! Кај нас нема дожд, дури мислам и дека денес ќе имаме поведар ден од вчера, се надевам и ведро расположение! Синоќа рано ја легнав малата, во 21:30 спиеше оти не преспа поручек, рано легнав и јас па денес се разбудивме наспиени и расположени. Ова ми е мисла од поодамна, да не заспива на поручек оти во градинка нејќе, а дома веќе ми е касно да ја легнувам во 15. На работа одам покасно, кафицата дома си ја пијам. Ова другото ќерче во меше си плива и клоцка, се посилно, се почесто... а јас си се топам од радост. Плановите за името веќе стануваат поконкретни, па во игра се две-три имиња кои ги сакаме. Имам време, ехее јануари далеку е. За муабетот околу кафе со комшики, и мене не ми е дневна шема. Никогаш не сум одела по комшики, не сум се зближила со некоја толку да слободно претрчам на кафе, или некоја ненајавено да ми зрне на звонче и да дојде кај мене заедно да пиеме кафе. Баш мајка ми за ова ми збореше, дека е добро да имам блиска сосетка како она што 30 години има и секојдне пие кафе со неа, ама јас не се пронаоѓам во тоа. Доволно ми е со сосетките едно ,,Здраво, како сте,, или краток муабет од некоја минутка, и толку. Летно време надвор зборевме повеќе, муабети околу децата, ама сега како зладува се поретко се гледаме. Јас кафе си сакам со друшките да си пијам, со колешките од факултет и колешките од работа (овие последните се опасна екипа, ама тие се, морам). Ете баш вечер си договоривме седенка со другарките, па дете тато ќе чува а мама ќе оди да се релаксира со муабетче некаде.
Добро утро и од мене Бебе заспа па јас малце да поседам на форумов и онака неможам да работам ништо,вчера се разбудив со таква болка во десната рака во зглобот кај дланката неможам да ја вртам ни на десно ни на лево изгледа некоја жила сум преметнала во спиење .Масирање па завој малце да ја стегнам ама не помага нешто многу.Мака мачам сама со бебе од сабајле додека да си дојдат домашниве од работа ,среќа свекор ми доаѓа кај 12 па колку толку ми помага.Времево какво е облачно ...многу мразам есен и зима Поздрав и убав ден на сите .
Мамички знам дека прашањево не е за овде но знам дека овде ке добијам најбрз одговор..Синко има пролив па синока во сон се покака се стана лом и душек и се..Незнам со што да го исчистам ај што не се чисти па миризбата не се трпи..Ве молам за совет
Јас немам пробано ама имам слушнато да се измеша сода оцет и малку сјај да ставиш и да го изрибаш душекот
Добро утро и од мене. Не е утро ама ние пред 1 час станавме Еве јас да се пријавам знам да "гледам" на кафе Вртете филџаните По комшии не одам, одев кај една братучедка од мм, ама толку ми беше негативна што морав да ја одбегнувам. Сега си пијам сама или со мм кога е втора смена на работа или слободен. Вчера правевмр ајвар и други некои зимници, па повелете Од мене толку, сакав да се надоврзам на минатата тема, ама ај да не отвараме пак иста дискусија. Секој си знае за себе, и како му е дома. Имајте убав ден
Инаку свртив шолјата @jovana03 Сега да се исуши и те повикувам одма. Ако дозволат модераторите да си гледаме овде, не дека не сме друштвени, ама... Е што нека биде ритуал де? Нели виртуелно сме комшики и утринско кафе пиеме заедно
Сте се разбореле, сте се размуабетеле... Јас време се помалку! Ќе се обидам да направам мал осврт на темиве. Секс секој ден немам, немам веќе подолго време бидејќи со мм водиме премолчена војна, нешто слично како @augustd, се сакаме неизмерно ама сме тоталка различни. Животот со друг не можам да си го замислам, ама толку многу сме различни да не можам да поверувам. Понекогаш си мислам па како воопшто сме издржала заедно 10 години? Ама чим сме издржале значи дека се сакаме, оти секоја навика има одвика, значи не е само навика. Мм е прекрасен човек, само има малку тежок карактер, инаетлив е и скржав, но многу правичен и многу реален. Едноставно откако забременив имаме малку поинакви сфаќања јас и он, јас малце стагнирав, он отиде нанапред и се разминавме, ама мислам дека бргу ќе го достигнам, само треба да почнам да работам. И да бидеме реални, љубовта на гладни стомаци не стига, финансиските потешкотии си прават многу, пред се нервози и караници, потоа грижи и фрустрации. Затоа не може да се воопштува баш така лесно, не може да се глобализира проблемот. И да, сексот не е една од главните водилки во животот, постои живот и без секс, а да не се однесуваме како брат и сестра. Одење по комшики, кај мајка ми често се дружат ама овде не баш, досега не се десило такво нешто. Уствари ќе излажам, се десило три пати во 5 години. Ми недостига таа блискост ама ајде. Мислам дека големите градови се со такво темпо, луѓето станаа материјалисти, нема нормална комуникација, тоа е тоа. Па прочитајте само по групите, само се караат кој колку користел двор, колку било дозволено да се буши, каде се фрлало ѓубрето, дали смееле во двор ајвар да прават, се тоа си зима за данок. Од болести на мени имаме грло воспалено, од бебе ме фати и мене, двајцата сме на амоксиклав. Забавно ни е. Не го носам бар 10 дена у градинка, па ќе видиме. Ме нервира многу што носат болни деца, раскашлани, раскивани, со мрсули, ама тоа е што е. Ќе земам и ацидосалус, ајде да пробам и тоа, нема што немам пробано веќе од природни работи, давам пробиотици, цедам сокови, ама ќе видиме. Може па навистина детето не ми е материјал за градинка и до 3 години не смее да оди, што да правам. Одам мајки да ставам ручек за бебе, за нас и да го заспијам, па после тек кафето.
Fala vi majkicki za sovetite i poddrskata. Koga si gi citam postovite se osekam kako epten da sum "zabegala" Ne deka e daleku od vistinata. Mnogu mi pomaga koga mozam da si ja kazam makata, iako ne znam kako ke bidam sfatena. @jovana03 i jas sakam da mi"gledas". Posle ili utre sabajle zakazuvam
Здраво и од мене, со моето прво кафе, ама дупло Мафе не сум имала од минатиот месец, искрено ќе кажам немам ни желба.А тоа е заради мм, ептен многу несогласувања имаме периодов, само се 'рчкаме и караме, а причините не се едноставни за да може едно мафе да нѐ смири. И ние сме премногу различни, досега функциониравме, ама откако се роди малиот сѐ помалку. Едноставно не е заинтересиран да го почува, да го поигра, само бара изговори да не е со нас.Тој не признава вина, јас не попуштам и така. До кога ќе е вака не знам.Помош немам од никој, освен од свекор ми, кој зависно од расположението ќе го погледа малиот еден саат колку ручек да ставам и да измијам. Да му го оставам и да излезам некаде сама или со мм насамо, нема шанси. По комшии не одам, тука кај што живеам се претежно постари, а и не сум таков тип да се ,,наметнам" Убав ден
Здраво! Едвај ве дочитувам, никако да најдам ред да пишам. Се мислев дали да кажам нешто на темата која беше актуелна, па и јас како @jovana03 се воздржувам оти веќе прошол возот. Да си кажам јас за детето, ноќ повторно непроспиена, веќе сум без сили и јас и мм, се буди бе луѓе во 4 саат и несака или неможе да заспие. Па плачки, па вриштење на глас, незнам веќе што е проблемот. Здравствено е добра вака колку што можеме ние да оцениме, нема температура, не е мешето оти редовно си има столица нормална, заби да се и давам редовни и глобули и гел и мачкам незнам. Единствено што приметив деновиве е дека носето и е полно со мрсулчиња, па сум речиси сигурна дека е тоа. Ама ако тоа е проблем според нас, за овдешните доктори не е, па ни ни помислувам да ја водам на лекар, само да дремеме во чекална полна со болни деца за да докторот ни каже дека тоа ништо не е. Во саботата барам во аптека витамин Ц за деца, аптекарката ме третираше како да сакам да си го отрујам бебето не витамин да му дадам. Тоа мајки стана бебе, позз.
Охоо сте се изнапишале. Се спремам од вчера да пишам ама пусти умор не ми дава. Деновиве многу ми се напорни. Претходната недела бев со луѓе и ќе го причуваше некој малиов и кафе барем на раат ќе испиев, а сега сама ептен напорно. Мм на работа по цел ден и што да ви кажам, неделава уште во 10 ми се спие. Малово нешто нервозно беше, му дојде промена и него со селењево ама ајде ќе пројде. На темата мафе нема да коментирам колку, што и како меѓутоа не сметам дека е тоа нешто што го држи бракот. Не викам дека е небитно меѓутоа не е најбитно. Емоционалната врска е многу побитна, взаемната љубов и разбирање помеѓу партнерите.
Современи се прајте сега? Ни еден филџан не видов. Кај е седенката, немој да речите дека сте го допиле кафето, ќе си речам мирни ви се децата Јас го допив и го свртив, следуваат слики. @jovana03 Со оглед на тоа дека нема ништо во шолјава, нема да си далеку од вистината за мојот сегашен живот Ајде кажете нешто, можи ќе се вклучам. @eli25 Твоето кај е? Спојлер . Последнава е желбата Се гледа дека немам работа
Јас не пијам кафе, не се пријавувам за гледање. Може и затоа не одам по комшии. Од сабајле толку е немирен малиот, само викам, грлото почна да ме боли. Во пола саат направи таков хаос низ дома, цел ден да чистам. Сега ќе го прошетам, знам дека му е досадно дома, што ќе се прави ко ќе е уште поладно не знам. Имајте убав ден
@BirMelek jas moeto go ispiv sabajle, a i sekako po edno pijam. Jas zakazav za utre sabajle Eve ti denes da go probies ledot. Inaku i jas nastinav. Grlo me boli i malaksana sum. Vikam zar e mozno od nepolni 2 nedeli vo gradinka dete tolku da se razboli?!?! Pa i nas da ne prefati. Da ozdrave, i mi e strav pak da ja pustam. Ama ke vidime. Ajde povelete na pecena tikva za desert (ispekov cela, mala, so nadez deka i malata ke jade, ama jok). Pa denes cel den tikva ke jadam, plus i se isekov secejki ja, taka da zrtva sum dala za nea, pa mora da ja jadam p. s. posle koj moze i saka(oti jas ne znam) pisete mi kako vo Spojler da stavam sliki od kafeto
Јас пијам нескафе, турско ретко. Ма да не се пријави уште некоја за да ми прави друштво за гледање. Можда многу муштеривки ќе си имаме @BirMelek Мајче, се гледа дека си нервозна, и баш поради тоа не си сексуално активна аааааа ама желбава за мафе си ја замислила а??? Шала на страна, ако сакаш можам по лп нешто да ти гатнам Дане не караат модераториве тука. @flower30 закажување само од 9ч сабајле до 13 на пладне @simonka93 можеш да го оставиш кај другарка, или некоја блиска роднина, па да излезеш раат со мт. Два часа раат ќе ти се разбистрат мислите