Ne mila nemame od nikogo pomos se sami so mm A za strujava ne i obrnuvam vnimanie na toa nekogas plajkame mesecno po 150fr nekogas 200fr zavisi koga kako..
И ние секој ден од 8 синчето стана за млеко го испи и еве си уживам ми лежи на мене го боли меше и од вчера така заспива да заспие па да почнам со секој дневните обврски. Сега најбитно ми е тој да е најаден преслеч Не е тоа за забеган секој во животот има едно премрежје кој го поминува поубаво овде да се олесниш отколку му кажеш на некој па да те оговара после
Ме пукна малово ((( Од што ме фати нервоза сега сон не ми доаѓа...не спие многу преку ден, а еве не наоѓа 1 додека заспие... најрано е 11:30 ако имам среќа... туку наутро поспиваме...ама навечер немам сила до 1...и тоа се молиме за да цица или за да испие ад од шише... или не му се пие или може е до шишето :/ ќе треба да го сменам изгледа и да пробам со друго, 35мин пие 30мл...се молиме, се тегнеме, си викам ај не сака...го кревам на мене одма со јазичето ме лиже....и ај назад на молење...не е ни дозаспан ..еве го спуштив до мене на спална...тој задремува, па отвара очи и се така...се надевам ќе се успие.. Ние уште се навикнуваме еден на друг, напорно ми е ама го обожавам .. не знам што би без него.... туку вечерва прв пат ми заплака со солзи....т.е не ронеше солзи ама му се навлажнија ептен очите...многу беше жален инаку не е рано да плаче со солзи? Скоро два месеци сме....немаме рутина сеуште, деновите различни... Ама хаотичен пост... Добра ноќ мајки... се надевам ќе спијам и јас
Probaj mila malce so kremche da go izmasirash okolu papucheto ..dane go boli stomacheto pa za toa mozhi e i nervozno..malce ponishkajgo vrace pogaligo che se smiri..dusha prvite 5_6 meseci se stalno naj teshki i za bebe i za majka
Ние стандард на секој 3 сати стануваме за ад ама незнам што му е вечерва повраќа повеќе дури се мачи во спиење го сеќавам и станувам го кревам да поврати. Ние си фативме ред уште од вториот ден е само за капење и облекување плачи премногу мора да го смирам па да продолжам. Скоро секој ден сум нервозна се нервирам мажот ми си доаѓа касно од работа а свекрвата само ме нервира. Преска малиов плачеше многу и вика ела кај мене и викам остај го јас не можам да го смирам не па ти и ми вика па плачи кај тебе и викам јас му сум мајка поседи малку и си замина. Арно рекле сам ќе се мачиш ама нема да имаш дополнителни нервози ние сме во истиот двор а во друга куќа седат.
Еве јас пазам , колку што можам. Гледам машини да пуштам после 10 и недела нормално. Е сега ако ми треба некогаш нешто поитно пуштам било кога, едино за бојлер не можам да гледам и се готви преку ден. Ај може ќе ја вратат онаа денската евтина . Мм ме зеза некогаш, му викам ај ќе се опуштам па после немој да брмчиш кога ќе ја видиш сметката за струја, јас ионака не ги гледам сметките негова обврска си се . Зошто да не пазиме бар на тоа што се може, ионака се месечните давачки огромни па колку толку барем нешто да се намали. Добро утро јас стандардно се тркалам накај работа, од сабајле инхалации ова она, се спремам со една рака малава не ме пушта да мрднам од неа, кафето не го ни осеќам асално па сега на работа уште едно да ме расони. Убав ден на сите
Искрено за навечер немам сили да чекам да допере...али на сабаље би можело да се искористи една машина. И јас не внимавав до сега, ама време е да почнам.
Внимавам на евтина струја, но само за машина за перење, и евентуално бојлер ако ми треба сабајлето да се бањам. Никогаш немам пуштено машина на скапа, а не ја ни чекам, обично маж ми ако е буден само ќе ја отвори и ќе ги извади алиштата па пружам отсабајле. Ама за пегла/ бојлер/ шпорет неможам да чекам евтина во 10, капната сум и легнувам со ќерка ми. Ај добро утро! Прочитав хороскоп а не требаше Денес ќе бил најтежок ден во годината. А денес имам и закажано прв преглед кај гинекологот Цар сум за црни мисли. Моите ме викаат вечити песимист.
Јас не пазам на евтина струја искрено,еве овие денови корпата полна и морав да пуштам,ако сме дома за викенд тогаш гледам да исперам се на евтина,ја имам пуштано и навечер после 10 ама дека многу тропа а купатилото ни е до спалната и затоа поретко така пуштам,малата ми е многу осетлива и знае да се исплаши. @Kitten какви црни мисли,ајде со убаво ќе биде се,да не израдуваш после
Здраво мами, примате една новопечена мама во катчево? Давам по едно кафе на сите за добро утро. Најаден е, преслечен и си заспа пак, а јас пијам кафе па искористив времето да чкртнам нешто овде. Синчето ми е 1 месец, мирен е, не знае да плачи, навечер си спие, станува еднаш или два пати за цицање, ама цица 10 мин и продолжува со спиење, така да не можам да се пожалам дека сум ненаспана. Е сега малку не мачат грчеви, се витка , се стега, црвенее, душата ме боли да го гледам таков во болки. А читајќи ве вас изгледа како цело време да има настинки и вируси кај децата, па ме фаќа страв како ќе биди кај нас. Затоа ептен заштитнички сум настроена кон синчето. Баш ме интересира ваше мислење околу една работа. Јас многу се нервирам кога некој го бакнува на раце синчето, тој веднаш рацете во уста ги става. Ова инаку свекрва ми го прави. Нели толку мало бебе не треба да се бакнува на лице и раце или јас претервам? Шо се однесва до ефтината струја, машини пуштаме на ефтина, за капење со брзопроточно сме па никогаш не се капиме на ефтина, а не пазам ни за пеглање. Така мами, ве поздравувам се надевам ќе имаме убава дружба
Добро утро мајки. Ваков септември, незнам што му е, се сеќавам јас сум одела на школо во кратки ракави и фустанчиња. А сега...Оган запаливме дома сабајлево не се седи. А и сите изнастинавме, пуштавме панелка, влечи во една соба, влечи во друга, вака огнот и раат. Утрово, тмурно мамурно. Јас за никаде, затната, кашлам ексик, грло боли. И бебе ми е малку настинато, колку ми е жал, го дочував 9 месеца и сега настина. Пред некоја вечер не можеше да дише од шлајм и од носето затнато, цела ноќ плачеше. Го однесовме му направија инхалација и добро е сега. Големиот на школо едвај станува веќе, уште утре е прва смена и после малку да поспиеме аман веќе и мене ми се смачи.Стани во 6 ипол, спремај ужинки, испрати дете, одма по него стани бебе, па дошло друго, па слечи преслечи домашни и тоа е. Мајчински живот.
И јас пазев после 10 пуштав и перев на раце како будала и тоа во бременоста ама кога ја видов свекрвата си пушта во секое ми пукна филмот а си реков будала една и сега кога ќе видам алишта да има многу пуштам во било кое Па речи и на свекрвата да не го бацува или кога ќе иди ставај му нараквичина јас на никој не оставам да го бацува им кажав и дека има изразен дерматит
Добро утро! Облачно, дождливо, депресивно... Ден испланиран до последна секунда, а никако да го почнам. Си седам и кафе си пијам, дете во градинка, јас спремна за на работа ама не ми се станува ич. Ве читам од сношти, домаќинска тема - користење ефтина струја. Јас колку можам запазувам ред на ова, особено за машина за алишта (перам после 22, пружам другиот ден), садоперката исто ја пуштам после 22, пеглам најчесто во недела, во недела и перам и усисувам и сЕ друго... Значи кога се може корисатам ефтина, ама и во ова има милион исклучоци. Сакам да ја вратат ефтината преку ден, ептен би вршело работа. Калинки малата единствено како сокче ми ги пиеше, ќе пробам и сегаво зрнца да ги давам па да видам дали ќе и сметаат семчињата мали или пак ќе треба сок да ги правам. А голема е мојата, не би требало да се буни.