Добар ден мами, бебе заспа по триста плачки и триста бељи, многу лош станал во последно време , ама мислам и јас го разгалив претерано и сега ми се врака тоа. Друго со што морам да престанам е купувањето за него, секое излегување од дома јас се вракам со играчки, облека, и што се не за него тоа што јас два месеца се канам гаки да си купам па е друга работа, за себе ич не гледам само за него да има се, се запоставив и во однос на исхраната, бутам се и сешто, ама на него органско , морам да подзастанам малку и да почнам да се грижам и за себеси. А да, од сега излегувам од дома со сума која ми е потребна за тоа што треба да купам ако имам повеке не вракам кусур и купувам глупости Отидов да правам ручек на бебе , денеска покасно ке ручка
Ах тоа безпланско купување, секое излегување по нешто ново за девојчињата земам а после срце ме боли кога треба да ги тргнам од употреба омалени а воопшто неизносени. Вчера им преместував летна гардероба со зимска, 3-4 кеси се веќе за во расход а половината од нив, да имаат етикета слободно можам во нови да ги рачунам! И јас како @alisijad си викам дека ќе почнам повеќе за мене да си купувам но паметот не ми доаѓа! За викенд гроздобер и 4 родендени во најава ..лоша комбинација за висок датум во месецот, далеку е плата а минимум 50 евриќи ќе ми летнат за поклони, среќа што за едниот роденден уште во август начекав прекрасен фустан во Нујоркер па трошок помалку!
Мојот е со атопичен дерматит, и уште не дозволувам да го бакнуваат. И тој не дозволува ни мене. Не се лутат, зошто го имаат видено каква мака имаше, а и уште има, сабајлево се имаше поткачено со ноктите на единствената егзема што остана на лицето и веднаш рана и крв. Јас никогаш не сум бакнувала бебиња, деца ако бакнам на главче најчесто во коса. Не знаеме во време на вируси кој има, кој нема, па период на инкубација нема симптоми, може претерано е ама љубов кон бебе и на друг начин се искажува. Постарите се научени така, не веруваат ко ќе кажувам колку лесно се пренесуваат вирусите, свекрва ми уште не убедува дека летово не префати од нас стомачен вирус ко дојде да не види, а наредниот ден со тт и дијареа беше. Се само им пристудува, промаја и слични појави. Така што јас сум за да им велите, не мора на груб начин, а и не смејат да се лутат кога се толку мали и кревки.
конечно заврши мојата чистка во спална.Ручек денес немам,јадеме кој што ке најде (домашен тост,макарони и нешто такво брзинско). јас мн трошам на децата.Немаат што немаат а продолжувам и понатака да купувам.За мене исто често земам па вчера кога прередував гледам полно парчиња со етикета ми седат.Козметика неотворена,апарати во кујна уште не пробани ефтина струја не вардам кога има нема.По потреба уклучувам и машина и бојлер.Топла вода имам скоро во секое време на денот,со деца сум и незнам кога може да ми притреба.
Добар ден. И јас секој ден со кесите, но се нешто снемува. Денес пример банани снема, а откако откривме дека алергијата како дојде така си отиде по две на ден јадеме. Сега за десерт му правев банана со праски баш. Вчера снема сок. И така секој ден нешто снемува. Највеќе на храна за него трошам, облека чат пат зашто од баби на ред не се стига а и тетките не се поарни. Моментално има преку десет пара актуелни тренерки и уште толку малце поголемки. 4 јакни, 2 винд плус, па и скафандер. Свекрва не само за него туку и за мене и мм купува. Трошам и на себе, да, но реално не сум некој шопинг манијак за себе, имам што да облечам а и фала богу старата облека 90% ме собира, едино кошулите што ми се тесни во гради, друго се носам. Ефтина пратам но еве во моментов ми врти машина за бебе. Гледам за садови да ја пуштам после 22 а за бебе алишта во секое време перам. Сметка струја најголема 1700 а најмала 1400. Тука ми се движи. Ручек денес има од вчера за маж. Тава мисирка со компир и салата. Бебе јадеше канелони со телешко кашкавал и доматен сос. Мама сеуште пази, сака уште некое килце да стопи..
Хелоу! Денес сум со екстремно низок притисок, главоболка и без сила. Убавини што да ви кажувам. Дете ме смее, ме радува, го гушкам, па дури се трга од што ја гњавам. Ручек направен. Тоа е достигнување на денот, дете прошетано, до спиење има време може уште некое достигнување да има од типот избришани плочки во кујна или купатило. Тоа ти е домакинка на нивоу. Маж не е дојден, денес ќе закаснел, ми вели ајде вечер на некое предавање да одиме. Ами детето море човеку ееј, па со нас, е како бе со нас, зар ќе ти седи мирно дете саат време на презентација. Пропадна во вода тоа, социјален живот равен на нула. Денес прочитав за некој лудак овде што се заканува да ја отруе бебешката храна, значи какви лудаци има ни во најхорор замисли неможе да ти текне. Светот одамна е отиден, се плашам за децата наши во каков свет ќе живеат. Бебе стана, време за играње. Убав ден на сите!
Блиц пауза број 2. Форумов, а особено темава ми стана омилена. Ручек изеден, гравче што остана од вчера нели посно беше, за дете испеков компири и пилешко ( свеки ми донесе некое демек органско било така пишуваше а и да поинакво беше). Бебе најадено зеленчук со телешко. Кафе испиено. Се чека дремката број 2 на бебе, па тато се прибра малку дома да помине бар два сата со нив. Да одморам малку, оваа настинкава ме умре, па сакам да правам мафини, кифли, утре да исчистам, сабота ќе имам гости. За евтина струја не пазам, тоест пазам колку можам ама не престигнувам, бојлер едино пуштам навечер но ретко зашто лето сме на соларно, зиме на парно и си има вода фала богу. Машина за садови обично по 22 но знам и дење ако ми требаат стварите а немам време да мијам. За перење последно ич не пазам, не можам да стигнам, само бебе прави машина дневно. Туку сакам да ве прашам, мајки што имате дечиња во школо, конкретно моето е второ, абре ич не го интересира ништо. Како да го мотивирам, Иде дома фрла ташна, и одма игрите. Таблет му скрив нет му ограничив. Ништо не кажува. Со молење. Ако го испрашам убаво кажува само дека се си знаел и си добивал петки кога ќе прашала учителката. Сите ли машки се вакви? Не кажува ни домашна, ако има сам си пишува ама со потсетување. Незнам што да правам...
Во однос на евтината струја јас пазам колку можам, машина пуштам навечер, дете има доволно алишта и никогаш не ми било зорт одма да морам да исперам нешто. Топла вода имам секогаш бидејки имаме соларно, а зимно време болјерот се грее од парното. Имам и шпоретче на плин на тарасата па таму готвам, не ми е толку за струјата колку мразам кога ке почне да мириса и испарува внатре..само фурната ми е на струја па морам да печам внатре..
Јас не купувам ни за неа претерано, купувам по потреба, а има доста и подароци што и носеле поголеми, па си вадам за сезона. Може е чудно, ама немам мерак ни за неа алишта да купувам, исто ко и за мене. И за мене само кога ќе ми спотреба и тоа по неколку блузи и два-три пара фармерки колку да имам. Малава уште сега ја гледам дека сосема спротивна од мене ќе биде, сака само да се мачка, ми ја дава кремата и ми вика машшш, машшш, за мачкај и крева ногавицата. Исто и играчки не и купувам толку, не ни си игра, ги фрла за пет секунди и зема нешто што не треба. Почна сама да се заигрува, си играше цели десет минути со едно ќебенце, си го замотуваше, фустан ли сакаше да го прави еве не знам. За зимава ќе прикупам нешто да стои по соба расфрлано и во поминување да се замајува, само така ќе се помине полесно. Уште има викање за чао, не ја интересира надвор дали врнело, па се шетаме со количка и кога не треба. Тешко прилагодувањево. И мене нешто само глава ме боли, исто тешко ми оди, ама мора да се навикнеме, тоа е. Се мислам зимава кај свекрва ми да одиме некое време, да куртулиме од воздухов, ам ќе видиме како ќе биде. Ќе си направам едно кафе, на млекце повеќе, ама атерот да ми помине.
Овие 4 месеци додека сме овде со мм повеќе од 800 ден. за струја не сме имале. Перална после 10 вклучувам, некогаш кога немам доволно да соберам ѝ ги давам алиштата на свекрвата таа да пуште ако има. Ручек доле јадеме, а појадок и вечера овде. Топла вода од соларната секогаш има, само зимото ја догрејуваме. Гледаме да заштедеме толку колку што можеме. Е сега со мало бебе не знам колку ќе биде возможно тоа. Еве ја малата си спие на меше врз на мама мешето. Бебе, само спие, цица, мочка и кака. Утре полниме 2 недели.
Второ кафе денес и пак на фемина го пијам. Касно е малку но ете денес наместо да посветам време за мене трчав по маркети и набавки за синко за јадење и така. Инаку еве сега кога порано се стемнува по колку дремки ви имаат децата зимски период особено? Ние една ама вредна денес баш имавме од 10 до кај 13 часот си поспа бебуш мој. Имавме и гости дадичка и батковците ни беа мали се изнаигра со нив чудо мирен беше и не се трпаше како што прави со внук ми од сестра ми е тогаш настанува мноу по немирен такво си е детето што да правам , кога ќе му речам багабонт тој ми возвраќа со насмевка. Убава вечер имајте.
Давајте наваму вие што имате вишок гардероба С/М Јас со селењава многу работи исфрлив и тоа на неколку пати од што се изнервирав дека од алишта неможам да се преселам. Ама сеа сум кнап и докупувам само нешто. Али треба уште, особено за сезонава. За бебе не купувам, си има доста од баба, едино некои чизмички сега и нешто ситно. Ефтина струја се трудам да ја пратам особено дека на 2 места плаќаме, до сега добро е, пуштам навечер машини сабајле вадам. Сега ако воведат и насабајле ефтина супер ќе е.
Бев вчера и се разочарав. Во општина Центар го дадов мојот глас затоа што они ја воделе и општина Аеродром. Бев 258 ма по ред. И тоа ми рекоа не е за 1 ден туку одкако е почнато гласањето толку се потпишале. За двете општини вкупно е таа бројка.Жалосно.. Јас сум за отварање на нова тема за ова(не знам како). Ако дозволат модераторите ако можеш отвори. Мислам дека темава заслужува дискусија. Глас може да дадат и мажи иначе.. Здраво сега Усисав, избришав паркет, прашина, постелнина сменив. 2 машини веш пуштив се испраа, испружија. Направив домашен пудинг од кокос и чоколадо. Сега чекам сестра ми и малата да ми донесат материјал за да направам и ролат од мак. Толку за денес
Многу активна темава деновиве... Јас легнав малку на спална да одморам, после туширање добро ми дојде. Во однос на купување, купувам многу и за мене и за детето, сакам да има се. Јас сум така растена, секогаш имав се и не знам за поинаку. Не глумам лажна скромност, уживам во убави работи. Секогаш сакам да сум средена и дотерана. Коса испеглана или виткана со преса. ББ крема секогаш за дома. Моите потреби не ги тргнав на страна само затоа што имам дете. И не сметам дека така треба. Познавам многу жени кои откако станаа мајки се ставија во втор план. Треба да одвоиме малку време и за себе, влијае, барем мене ми влијае на расположение. Друго, сте спомнале кафе со комшии. Одам и ми доаѓаат. Почесто доаѓаат и имаме многу убав однос и се трудиме да го одржиме таков, посебно во ова лудо време.
leee mami citam i si mislam izgleda jas ovde najpojke sparam od site vas..za najmalovo mislam deka imam najmalce alista kupevano do sega..skoro site alista od Anastasia mi ostanaa ..kako ona gi odrastuva taka na Tamara i gi oblekuvam ..dobro sega nekoj sto se so fleki tie gi frlam igracina kupuvam retko..posto moive povejce se zaigruvaat so tavi i tengerina povejketo sme izlezeni vo park nekako po interesno im e to od kolku igrackite..so pogolemkite decina nemam maka oni sami si kupuvaat sve sto mu treba ..dali alista dali za skolo se sami jas nekako ne mu trebam po nekogas i me pravi tazna toa ama toa e kaj nas vo fam inace najpojce se trosi za HRANA site sme gladni i nikogas nenie dosta i mm ce mi kazi posle ne sum sparala ..more idi begaj tamu
Скапа/евтина струја не гледам воопшто, машини пуштам дење,бидејќи ако пуштам навечер ги заборавам и се умирисуваат За малиот купувам кога ќе се јави потреба, сега треба зимска јакна и чизми да му купиме...Играчки исто ретко, со ништо не игра повеќе од 2 мин. За себе лани го достигнав врвот во купување, кога ни беше досадно дома одевме до ваикики и купувавме по нешто Облека чувам и за зимава сум супер опремена... Козметика не користам многу, бидејќи страдам од дерматитис Мали уште се успива, решен е да ми ги истенчи нервите деновиве
Сето тоа е индивидуална работа, јас никогаш не сум се шминкала или дотерувала секој ден посебно, ниту пак тоа ми значи нешто, за мене е тривијална работа и не ме правело да се чувствувам посебно. Напротив, мразам шопинг и барање на алишта, секогаш одам еднаш, купувам што ми треба и толку. Веројатно се ова ми влече корени од мајка ми, она станува и прво во вц еден саат се шминка, коса прави, па дури потоа излегува. Како помала мразев кога толку време губеше на тоа, а и кога не беше нашминкана по дома секогаш како да не и беше нешто добро ми делуваше. Она сакаше да ме шминка, коса да ми прави, јас пак никогаш не и чепкав во шминките и баш и беше криво. А да земам сега секој ден да се дотерувам и шминкам маж ми ќе мисли дека имам швалер. Малава заспа, ќе изгледам серија на раат, конечно почна сезоната на серии.
Здраво! Деца, маж спијат, легнав и јас ама тешко заспивам. Денеска како пијана сум а не сум пила. Низок притисок. Кај и да е белки ќе се оправам. За купување се купува повеќе од што е потребно, не само за деца и за нас. Некои работи воопшто не се облечени. Во маркет обично за викенд пазаруваме повеќе да има за наредната недела, но јас пак секој ден се влечам до маркет, се нешто ми фали а мм вика само залихи правам а уствари тоа ни е прошетка. За дома не се шминкам и дотерувам, сакам удобно да се чуствувам. Штом влегувам дома веднаш се пресоблекувам, таа навика ја наметнав и на мм. Облекувам тренерки и некоја комотна блуза. Не можам по цел ден да седам стокмена кога децата сигурно ќе ме исфлекаат, кога миризбата од готвењето в кујна ќе се впие.. секој си знае како му е најарно, мене вака. Инаку сакам шминка, секој дневно не користам, видам нешто се залетам и така си стои. Серија не знам од кога не сум гледала, чат-пат по некој филм ако фатам и по некоја книга ако читнам.