@zalosna,skoro ista sum i jas. Kolku i da sum umorna, ke sednam i ke vidam na podot nesto padnato i stanuvam da sredam. Izleguvame, mm i malata me cekat vo kola a jas sreduvam dnevna. Loso e prvo za tebe licno. Ama jas te sfakam deka e posilno od tebe. Porazgovaraj i si drug psiholog, moze ke ima rezultati. Ne si sama inaku, mnogu ne ima
Јас паничам само од болести. Дете да кивне мене коски ми се тресат. Мајка ми викаше - не знам сине, вие ко деца не се разболувавте. Се осеќав ко ужасна мајка дека ете моето дете датило вирус и има темп. После татко ми ми кажа дека и со мене оделе на 4 саати на пеницилини како бебе. И викам добро мајка забоеави ли ти? Вика не, ама тоа не е болест некоја. Нормално е да се разболиш за недела две да помине. Само најмалиот беше болен многу и тоа оти мајка ми многу брзо забременила со трето. Наводно телото не и било опоравено од претходната бременост па ги немала сите витамини и минерали во неа за третото дете оти прерходното се си земало па затоа бил болежлив ама после 2 год бил океј. Сега е 30 год маж од 190 см. И некако се опуштив... дека сите деца се разболуваат и дека не е до мене. Ама стравот си постои. Радо би душава да ми ја пара некој само малата да не се разболува. Нема ништо поубаво и потешко на веков.
^Тоа "хееелп" и слични драматургии им е се од нет,цртани... Мојов летово на одмор секој ден "хееелп мама" божем се давибудалче низаедно. Првите два три пати,готово приумирав иако во вода со мускули и со мене. Немаше да не помине ден некој да не се стрча од плажа да го спасува детево...дури и слушав коментари"јааао види мајку,дете тражи помоч,она сунча ноге и пије фрапе" Јас ко џокер улетувам у темава. Редовно ја следам,ама некако ко стара баба се осеќам покрај вас девојчици
Пупице ма Ти во сите теми ли ќе се осеќаш стара? Да ве поздравам само, денес и утре ајвар во подготовка,да е жив и здрав свекор(ва) ми што ми помага Мали заспа, јас се мислам што да јадам...ПМС Убава вечер
Хелооооу женски, ве читкав ама не стигнав да пишам. Си реков ајде сега додека се нервирам зашто не можам да заспијам да ве поздравам. Еден куп теми сте прочешлале, баш е утешително што сите ги имаме истите стравови и грижи- утешително во смисла: добро е, не забегувам и кај другите е така Во последно време мене ме мачи мислата дека многу малку време поминувам со ѕверчево и дека единствено убаво можеме да се видиме и да си се посветиме е на одмор. Некако 2 пати годишно премалку ми се чини. Се трудам, навистина многу да му се посветам целосно после работа ама имам чувство дека расте преку ноќ а јас не сум таму. Па и зима иде, стемнување во 5, затворени по дома, пази се од болести...Ахх како ли само ќе му ја истрошувам енергијата се прашувам. Планови за викенд вообичаено 300, ќе сумираме понеделнички за реализација. Сега ќе легнам и ќе мижам и мижам зашто детево има вграден аларм во 7.20. Имајте убав викенд и гушкајте се силно.
Добра вечер и од мене (иако е време за добра ноќ). Ме мачат пак истите работи секој втор-трет ден. Не можам да заспијам. Се мислам што да правам со алиштата, овде веќе доста залади и почнав да вадам зимски, а уште не сум за кревање на летните. Хаос сум немам кај да ги ставам се ми е на куп. Немам многу што да кажам за дотерување, оти не експериментирам ич со облеката. Не се дотерувам, не се фарбам, не се шминкам... Каква сум си природна-таква сум секогаш, скоро во секоја пригода. Убаво ми е косата да ми е средена и баш денеска сакав да се испеглам, ама нормално, не стигнав. Пак ја врзав. Иако не сум некој шопингоман, сега со децава па уште послабо купувам. Да излезам по бутици и продавници со нив ми е повеќе мачење. Претежно купувам по потреба, а поретко од задоволство (ова ако случајно уз пат начекам нешто). Облека имаме сите доволно, дури и повеќе отколку што носиме, а од играчки и книги веќе коса ми се крева. Колку исфрлив и пак крај им нема. Свесна сум дека скоро ич внимание не си посветувам себе и тоа понекогаш ми пречи, ама се тешам дека ќе помине периодов и децата ќе потпораснат. Се тешам дека ќе се случи и тоа чудо да за скоро добијам помош и од уште некој друг. Добра ноќ од мене.
После темата од @joy1 се разработи темава Дете пред малку заспа, ова во стомачево се размрда за мене спиење мало сутра
На нас и оваа вечер ни беше весела си заспа детето во шест си стана во 11.Свежо одморено ама гладно па си вечеравме во ниедно време.Си го земав во дневна со мама филмови си гледаше тато на работа отиде.Среќа не беснееше фино си поседовме.Гледам почна да чеша очиња па ајде на презаспивање.Веќе несака да заспива со цицање па заспива во раце шетајќи море трчајќи мама го држи и трча низ дневна среќа имаме огромна дневна па има простор.Добив воспаление на мускули веќе не е ама ич лесен.Гарант комшиите не гледаат и се чудат што им е на лудиве што трчаат во еден навечер.И ете сега дете заспано а ја незнам што сама со себе спиев и јас прееска со него па сега одморена сум и наспана.Ова ми е време за релакс пред мене тв сончоглед така исфрлам све негативно што поминало во денот.Убави сништа
Исто и јас, кога бебе заспива јас пред тв, или со книга, или на фемина , период за одмор и релаксирање ми е
Епа секогаш ми е истата дилема дали да спијам да одморам или да поуживам во мир и тишина секогаш второво го бирам дека ми е единствениот период за релаксирање
и ние не спиеме.Си грицка и си лежи на спална.Ми заспа прееска на сред Сити Мол и сега одморена е .Дали знаете каде го има пробиотиков ни Мкд во форма на чоколадни мечиња бил.Досега пиеле само чат пат линекс ама ова ми изгледа како полесна варијатна за пиење.Сем во Виола дали сте ги виделе во друга аптека
Уживам во овој период од денот, кога ке ги завршам сите обврски, дете и маж спијат, јас со грицките си кулирам е сабајле малце потешко станувањето, ама срека и малово што знае да поспие малку повеке @joy1 ако е од 4u pharma а мислам дека е тој, го имам видено во еурофарм.
Ве исчитав додека се заспивавме, сега кафето до мене па да шкртнам и јас нешто Добар и убав ден мами! Денови беа полни со обврски и скапи. Кога ќе почнат париве да летаат од новчаник не престануваат олеснети сме за фина сума, ама барем помирна сум сега. Вративме мини кредит, пазарење за дома, шопинг за сите по нешто, мој преглед на гинеколог кој притоа е доста скап и не го покрива здравството итн итн... Битно за убаво нека одат, така се тешам Што се однесува до купување за дома, внимавам кога се акции, купони и попусти барем за големи работи како детергенти за машините, омекнувачи, памперси, козметика итн. Исто и за гардероба важи, купувам на попуст најчесто, како за мене така и за остали укучани што вика мм јас не знам во овие трговски центри кога нема попуст?! Сезонски, предсезонски, чистки итн, сите можни ги знам кога се На мм му се доволни два пара панталони, неколку дуксери и кошули и сме зсвршиле. Ако јас не му купам нешто, него не му ни текнува воопшто. Бебуш има гардероба не вишок, туку за уште две дечиња да опремиме. Само обувки 4 пара до сега многу трошам на негова гардероба. Купувам се што ќе здогледам ако ми се допаѓа, некогаш ни за цена не мислам два пати. Е за мене, само ако морам ќе го купам. Сега менував комплет гсрдероба, оти ама баш ништи старо не ме собира после бременоста, цели два броја поголемо носам инаку ретко се частам со парче гардероба кое не ми е толку потребно, а ми се допаѓа. Трошам нсјмногу за јакни и сакам да имам убава, квалитетна и пред се топла јакна, ете месецов и тоа купив сега ми текна и топли зимски обувки! Сакам да изгледам убаво и верувам во тоа дека секогаш не е битно што носиш, туку како го носиш. Почнав пред скоро секое сабајле 10мин да посветам на лицево, крема, коректор и римел најбрзински да ставам. Не дека сум обожавател на шминка, туку како зомби сум, се поголеми и потемни подочњаци имам, а спијам супер. Косата каква и да е, миена или не, во реп или пунџа е секогаш, се прашувам зошто воопшто имам мн долга коса... Се гледа постов од доцна сабајле дека е почнат еве сега пред легнување да го завршам. За ефтина струја, ја имаме ние секој ден од 22-06 па внимавам да пуштам машини навечер и така до доцна остануваме, па пружам алишта пред легнување. За викенд е исто, па перам и тогаш. Пеглам ноќе, значи пак на евтина, а машината за садови да може 24ч да врти. Чаши милион секој ден укашкуваме... Денов долг, се јавија од една институција морав док да носам, па спремај дете, оти нормално мм на работа, пакувај ручекот да биде за to go, јас додека се спремам, па кенка плаче време за спиење му беше, па гужви невидени, он писка не сака да седи во транспортер, мене нервоза ме поткрева и така. Стасавме на време, па си бевме на ручек јас и синко, па си заспа, го шетав додека спие и ајде дома. Попладне дојде пријателка со малото, се подруживме, бањање, вечера и кревет. Јас потсредив дома, туш и во кревет... и сега уште да допишам добра ви ноќ, ролетниве на очи полека се затвараат
Па ти си среќна жена син ми покасно од 7 нема згрешено да стане во меѓувреме ќе стане да цица едно два три пати.Оваа недела дечкото си станува во пет.Ама пак не се давам ова е периодот што го чекам цел ден
Да ви се убацам пак како падобранец во темава. Си ја сецнав кичмата денес и прво ми текна на @danichap да ти дадам еден совет, непобаран ама мислам од корист ќе ти е. Ставајќи ја мадамица на вц си ја сецнав кичмата и по 1000000000 пат си помислив дека требаше да ставиме мала вц шоља во вц- то како во собите за родители што има по трговските. Иако има степеница да седнат и адаптирано седало сепак чекаат од нас да ги ставиме на шоља, ај дечките за мочање сами си одат ама мадамицата по 5 литра вода пие и после само моча на секој пола саат, кревање, спуштање по 1000 пати во денот иако се слабички, мачно е и кад тад кичмата ќе си откаже. Па советот ми е дека ти три принцези, по 5 пати да креваш, спушташ, 3-4 години секое, отиде кичмата па сега во куќата што ја градите добра инвестиција би ти било такво мала вц шоља, после ваљда се менува со нормалните, кичмата ќе ти биде преблагодарна.
Јас го имам земено од Зегин Probio choco +c+zn пред пола година На цената не се сеќавам, синко имаше вирус и земав повеќе работи
Добро утро мами! Денес дека прва од мене кафето. Јас неделава ептен турбо. Битно мајсторот заврши по дома и сега ќе сум по раат. Ве читав, ептен супер теми и сакав за секоја да пишам, ама ете не најдов време. ОCD имам и јас, не за чистење во смисла на хигиена, туку на организација на просторот, среденост и подреденост, по боја и големина... порано беше многу поизразено, меѓутоа откако тргнав на работа, се соочив со проблем, губев време во средување на она што другите растуриле и малку по малку почнав да се контролирам. Бидете ми поздравени, брзам!
Ах, глупав ден вчера. Дојдов дома порано нервозна оти градинката кај што планирам да ја запишам малата не прима до полни 3 гoдини, повеќето од нив имаат таква политика. Викам од дома ќе бркам работа со јавувања. Ќерка ми спиеше, доле реновираа под нас и одеднаш стана со многу плачење. Ја дигнав, но не престана да плаче. Се смири, па таман пак ја дигнав плаче. Како да ја боли. Не сака да лази, ни да стои. Ај на лекар. Таму дигна тт 39,прв пат во животот. Уши воспалени пак, црвено грло, добивме антибиотик. Но, кога и да ја допревме за да ја дигнеме плаче од како да има изместено нешто. Таков бил вирусот вика докторката. Ја чекам да стане. Со секое плачење ми се скратува животот. Некогаш ме фаќа страв дали ќе се снајдам. Ќе варам кафе. Уште сум во кревет, за чудо. Мм денес работи, а и утре. Тупи си сам глава со болно дете до 17ч.,ама тоа е што е.
А јас што да кажам срце ми се кине кога плачи и повраќа 1 месец е. на секој 2 сати стануваме да го храниме ако не ми има накачено на тежина до понеделник ќе треба да се оперира зошто не му оди храна во хранопроводот му се враќа назад