Дете спие, јас изедов цела кутија чоколадни стапчиња сега им се намерачив и на едни тортици, па после дебела сум ами ке бидам, ама пуста душичка благо си сака па вака навечер во тишина, пред тв уживам најубавиот дел од денот ми е Мажле кога ке стане сабајле ке се чуди кај му е благото за со кафе
јас тек сега привршив со обврските.Раскажувавме лектира,средував ранец(носи се и сешто со неа),средував чевли во ходникот.Сега чај од хибискус сварив,се надевам не ме фаќа и мене настинката.Филм сакам да гледам.Пробав на малата бар витамим ц да и подметнам,човече како го сети го исплука . @Nikita7 ,побарај и второ мислење.Земи си и спреј од оригано,антивактериски делува или ацидосалус спреј
и нaс ни се дешaвa дa имaме сaмo зaтнaт нoс и ништo другo. Јaс гo стaвaм дa дише нaне т.е кaкo инхaлaцијa и чaјчињa oбaвезнo некoгaш шмукa лути бoнбoни aмa најголем ефект има сo дишење нa свеж крoмид
Нас за бактерија на нос стрефилокола(така нешто) ни дадоа капки за нос антибиотик со физиолошки. Немаше никакви симптоми. Дури си викам може грешни биле резултатите. Дете спие.. Пред заспивање имаме цел ритуал. Вц, па четкање заби. Чашка со вода, шише со млеко. Сите плишани животни( накај 6-7) ги реди на креветче во легната позиција. Им збори"ти тука, ти тука".. итн. Ќе спијат и они. Па им дава водичка. Па ќе легне и проверува дали и они се покриени. Ако не се узбуна се крева. Читаме книга. Се бацуваме. Ме фаќа за раче. Светло се исклучува целосно. И следат 30-40 мин на тишина дур ја фати сон. Јас збеснувам но морам да молчам во спротивно ќе следат уште 30 мин чекање
Ау ние значи најлесно се успиваме. Јаде па бањање и оди да си поигра и по 10 мин вика ај цици нани. Ме фаќа за рака и си одиме у кревет и заспива за 3 мин. Ако ја легнам кога не сака не спие и скока у кревет. Вака ја оставам. У 9 е заспана. Деновиве малце зезаше ама се врати у колосек. У 8 е будна. Јас досеа пишував работев чекам машина и ќе спијам. За стафилокока у нос пиеше антибиотик. Само мрсули имаше. Утре чекам маил дали има уште или сме ја излечиле.
Исто заспиваме буквално, ама паника ме фаќа за после одбивање како ќе биде. Не можам да си замислам друг начин на заспивање.
@danichap наша пријателка е др.по уво нос грло, има ќерка во Германија и внука 1год. исто ко твојата настината месец дена. ниту ккс ниту брис нејќеле докторите да и направат. биле во синлаб лабораторија таму нејќеле без упат-без разлика што е приватно морало упат од др. па женава зема брисеви оттука и се стегна германија. и зема брис донесе тука и бактерија. да праќаме? сега си викам валјда докторите знаат шо прават, за дете се работи.
Денес рекорд во малку цицање . Прв пат да скокне цицање кога ќе дојдам од работа, ама татко и ја изнел кога се вратил, јас нешто се задржав и кога се вратија и купил книга гледаше цртани па излеговме и заборави да побара. И се смени рутината секојдневна, од навика бара уште од врата, му викам на мм вака почесто да се пододвикне. Еве и заспа така лежејќи врткајќи се лево десно, ама пред да заспие се изнацица прописно . Важно ми е дека успеа да се заспие сама, вајда е и тоа некој напредок
Како оди тоа со месечината за неспиење ? Еве го мојто црвче вртка тртка и едвај спие веќе два ноќа трет не фаќа и ми е страв како ќе помине оваа ноќ. Плус заби вади душа мајкина покрај него и јас не сум спиена ми се спие ми се плаче но ете дежурам да не почне да рика.
@M&M напредок е, како не. Ќе успееме, само ние сакаме и безболно да е. Да чкртнам некој збор за денес, исполнет ден имавме, од сабајле шетање и кафе, па гости, и го пропушти малово преспивањето, па си заспа во 20 часот. Дури не ме остави долни пижами да му ставам. Исто и мм рано легна, сабајле за Ск заминува рано, па одморив и јас. Нема да се видат до сабота со малово, утре ќе го бара цел ден, станува насабајле и веднаш тато бара. Имајте убава ноќ, и да спијат дечињата на сите.
Бебе заспа денес порано. Мене уште не ми се верува па не си легнувам да не ме фати дремка за џабе. Ќе почекам половина час. Сигурно си е сигурно Денот убав. Мал шопинг за бебе, па кафе со пријателка за мама. Па дома ме почасти со уште неколку дремки. Срце мамино умно е засега Ме чуди ова со поставеноста на докторите во Германија. Разбирам и подржувам да не се форсираат веднаш лекови.... но некој пат мора зарем не... Добра ноќ мамички Ооо да...бебе стана..гладно Журка тајм до 1
Добро утро,јас најранобудна пак! Незнам дали имаше 6 часот кога стана малатаА јас до 2 бев на работа.Подочнаци имам до врат Цела вечер немирно спие,ме осеќа кога ке ја покријам,па плаче,не сакала кебе,па не сакала со мене да спие,па не сакала татко и да спие до неа,не пукна цела вечер.Денес правец за вреќичка за спиење. Што ќе ја мислам цела вечер дали е откриена,така чиста работа,ке ја пикнам и готово. Сва среќа денес и утре слободна сум,па со душа чекам да си легнам вечер.Денес една чистка на станот,ручек,2,3 перални и слободна сумБитно времето се погоди за сушење алишта. Деновиве малата нон стоп бара да и се пушти нешто на лап топ или на телефон.Се треска од земја ако не и пуштиме.Ова воопшто не ми се допаѓа.Гледам да избегавам ама мм попушта и и дава да гледа цело време.Потоа малата се жали очите ја болат. Плус се почесто се карам со него,некако не ме разбира што сакам да му потенцирам околу одгледувањето на малата.Не знае ни да заигра со неа,ни приказни и чита,ни па на време и нуди јадење.Најлесен метод на заспивање му е пушти чу-чу и после саат два она заспива.Па ич да се немало осет,ќе и ги расипе очињата Од ден на ден чуствувам дека не го сакам исто и некако ми одмиле заради икс глупости што ги направи.Сега се труди да ја поправи грешката ама за жал јас не го гледам со исти очи. Единствена љубов моментално ми е ќерка ми Одам жени,правосмукалката ме довикува Имајте најубав ден
Поздрав мајки. Ноќеска напорна ноќ. Не спиеше до 2, па во 4 плачеше на глас, па во 6 исто и сега уште спие а треба да тргаме за охрид Ај се надевам климата таму ќе му влијае па ќе си легне порано вечер. Инаку последниве 3-4 дена касно заспива и се со плачки. Туку јадеше леќа вчера па се мислам да не го болело мешето од тоа што плачеше...ама и заби изгледа вади. Тоа е мајки, цело време исти проблеми, ама ај ќе пораснат па полесно ќе е
И кога ќе пораснат исти грижи - само поголеми. И јас сум некако разочарана од мм, не е присутен колку што би сакала, не поминуваме квалитетно време заедно, веќе година спиеме одделено, не сакам да спијам со него едноставно. Можеби навистина би требало да се разведам доколку во догледно време не се смени нешто.