Добар ден... Лудница по дома како и секој ден.ново ништо нема. Шопинг? Што беше тоа...одам до град само да купам тоа што треба и одма назад. Мајка ми не можела сама со двајцата да ги почува золва ми па никогаш ништо не помогнала... Одам да ручам нешто оти паднав веќе. Убав ден...
Ај добар ден и од мене! Ручек правам и да ве ѕирнам на брзина. Сабајлево си идам од работа, само кревет гледам пред мене и сонувам како ќе се тупосам, кога отварам врата и го слушам малово како се смее, си играат со баба му и дедо му. Ќе се расплачев за малку. Од 6 станал и не можеле да го презаспијат. Му дадов да цица, мислев ќе заспие, ама не, сакаше да си игра. Па станав пуштив песни и игравме, и после пола саат заспа. Дремнав 2 саати и си дојдов малку при себе. Утре сабајле пак, нема ни да легнувам, ќе одиме до Благоевград, за H&M специјално, да го опремиме синко за зимата. На темата маж нема што да се пожалам. Речиси подеднакво ги извршуваме домашните обврски, дел повеќе јас, дел повеќе тој. Жив ненаспан е и тој откако тргнав на работа. На работа по 9-10 саати, после тоа го чува синко, па и работа низ поле му се натрупа, ама секогаш мене ми дава предност да легнам да одморам или кафе да испијам на раат. Не беше така ептен сјајно од почеток, ама со многу разговор и отворени карти, на кој што му смета, си создадовме една да не претерам идилична врска. Еден совет, мажите се како мали деца, пали кај нив ако ги пофалиш, посебно пред други луѓе, сакаат признанија, и да не е ништо посебно тоа што го сработил, пофалете го, кажете му како тој тоа најдобро го прави. Нареден пат ќе се потруди многу повеќе. Ако нешто греши со убаво пробајте да му покажете како треба. Никогаш во негово присуство не зборете како тој не знае ова или она да направи, или како не умее да ги чува децата и сл. Напротив, пофалете го за некоја ситница, дека некое јадење прави многу подобро од вас, дека чисти купатило, дека децата многу го обожаваат..... Знам може звучи смешно, ама има ептен позитивен фидбек. А, и во онаа старинската, љубовта доаѓа преку стомакот, има доста вистина. Правете му ги почесто омилените јадења и десерти, ќе видите како ќе ви се одолжи на друг начин.
Дете заспа, другото во градинка, јас кафе во меѓувреме да читнам нешто па да се фатам за работа. Не дека кој знае каква работа ама треба да се усмука, нешто да се присобере дека петок, викенд почнува па сакам раат да сум. Во последно време и двете дечиња не спијат убаво, се будат ноќе, во сон нешто квичат, се превртуваат.. не знам што е проблемот, но се нервирам. Вистина човек да не е на раат. Маж повеќе на работа е, кога е дома си поигрува со дечињата, нешто ако го задолжам завршува, обично пазарува со претходно направен список и да не прошета за викенд. Во кујна само за јадење влегува, не го задолжувам ништо, ниту пак барам освен ако нешто тешко треба да премести. Засега добро функционираме, чат-пат со прекорување за некоја ситница, се знаеме кој што сака и што го нервира. Време никакво цела недела не отепа ветер и дожд.
@simonka93 за што нистатин? Обично за инфекција на јазиче го даваат, како ќе го даваш ти? Притискаат со вакцината поради ситуацијата, ама ако мислиш дека не треба да ја прими тогаш, одложи без мислење. Нека е се во ред одреден период, ако има инфекција не ја ставај. Или јависе кај матичен консултирај се.
Па демек малку му било црвено грлото, капки да му давам... Маж ми влезе со резултатите и само тоа му кажала докторката Ако е кандида, ќе треба и јас да се испитувам?
@simonka93 не знам, не верувам, обично за соор на јазиче го даваат, прв пат слушам за грло. Ако има некоја поискусна мајка ќе пише мислење.
Дете заспа, јас едно кафе во мир да испијам. Кладов да се вари, а јас во меѓувреме да сработам нешто демек. Имам еден прстен нов го купив само што го кладов дома се одлепи, па ај да го залепам. Зедов секундарно и покрај прстенот си залепив и три прста, ај не ми е толку за прстите колку што ми се запустија ноктите. Пред два дена ги правев, утре сме кумови на свадба а јас сега сум со три бели нокти. Помагајте како да ги средам сега ќе се дружиме со пеглата да направиме последни подготовки. Убав ден на сите, за мене ќе е напорен, осеќам.
Ние кога бевме у болница поради многу јаки лекови што ги примаше синко 20 дена во устата му излезе такви белки наслаги топчиеа мали и му даваа плус нистатин сируп капки тој тогаш имаше 5 месеци.и јас знам дека на бебиња ги дават за јазиче бело не за црвено грло.
Хелоу мајки. Јас дефинитивно се откажувам од спиење.И ноќеска иста песна.Само што има разлика, ноќеска дури и гребаници на лице си заработив од што се мачеше дете главата да ми ја сврти.Па и стана во 02 и трчаше по кревет.Аман,нека излезат сите заби веќе Со заборавеноста станувам полоша, вчера дури заборавив Д3 да им дадам, тек вечерта пред спиење ми текна. Инаку тазе фарбана, налакирана, си исполнив ветување сама на себе А денес си однесов кошула на поправка и фармерки црни си купив и ептен сум хепи Него,кажувајте дали мидер ќе ми заврши работа за да го стегнам малку стомакот.Се нервирам,висока,слаба ама со стомак ко гладните од етиопија сум Неможам тесно да облечам и да не се изнервирам. Ај убав ден пред викенд @JuLleE секоја чест за постот, многу може да се научи од тоа
Добар ден Дете спие веќе половина час Јас завршив низ куќа,уште да смукам и вечера,тоа кога ке стане дете Во меѓувреме и јас да шмркнам едно кафе,три дојде а јас кафе немам пиено Малаксана сум и едвај го мрдам вратот,нос уште затнат само грлото не ме боли повеќе...и тоа е нешто Времево ме ужаснува уште повеќе,нека е ладно,макар да не беше тмурно и врнежливо Маже викендов слободен е и за прв пат не сум радосна...мноогу сум му лута Баш умее да ме изнервира некогаш...мајмун @Lolipop23 многу пати и ние жените претеруваме Признавам и јас често претерувам или пак се лутам и не зборувам за тоа,во моменти заборавам што сакам да кажам Еве тој нема поима дека сум му страшно лута И ке дојде и ке му се изнакажам свашта (нешто што не е баш момент да му кажам) и тој се чуди што го снашло од нигде никаде Ми е гајле,и треба да се мисли Мана ми е што не сваќам ништо сериозно,проблемите некогаш заостануваат заради преголема позитива...а се си мислам дека еден ден тоа ке ме удри по нос... Како и да е...имајте убав викенд мамици
Добар ден. Деца заспаа, конечно. Душа ми извадија додека заспаа. Големава стандард, со плачки ја испративме во градинка, со плачки влевање.. ама за среќа бргу се смирувала и среќна ја зедовме. Апна што апна( денес двете ми штрајкуваат со јадењево изгледа ) и седнавме на подот да играме. Од 12 до 14 ја држеше концентрација, највеќе за тоа она што сака, не јас што сакам, ама даш шта даш. Одлепуваше залепуваше сама стикери и со тоа се занимава и по пола саат, па боеше, па едни како топувчиња да ги боцка на една табла, па со топка игравме, па малку(премалку, само 10 мин) за моториката играчка... и мина времето. После плачки, де она де сестра и оти не сакаа да спијат, ама после еден час борба мисијата е успешно завршена. Татко им си дојде баш кога поминаа драмите и ги успав. Среќник. Се залепи за столчето на биро, да искористи тишинава да обави неколку телефонски разговори и да сработи уште нешто, а јас седнав на нет. Ми вика кога ќе станат да отидеме некаде да прошетаме ама стварно не знам дали имам сили со двете да шетам. Ќе ми помогне за спремање на едната и околу торбите со тракатанци, ама толку сум исцрпена што може да одбијам и шанса за шопинг. @JuLleE многу реален и искрен пост.
И јас некогаш во лутина му вадам на мм муабеѕи од претходно, што викаш да не знае што ќе го снајде, од нигде некаде . Веќе си се научи, ми кажува пред некое време дека се договорил да излага, вика се лутиш, јас не зошто би се лутела. И ми вика ама некогаш кога ќе ми бидеш за друго лута и ива ќе ми го плеснеш . Ама знае веќе дека се е во афект и не ми се потресува, сано нрчам да ми пројде нервоза не сум љутка и злопамтило. Помина неделава алелуја, се тркалам накај дома се раздувало надвор а мислев уште попладнево убаво ќе се изиграат децава пред зграда. Да прашам да не знае некој, одделот за вакцини во Јане Сандански како беше со работно време?
Палачинки правам со крем и џем ќе ги мачкам по желба кој каква ќе сака. Синко о баба му заминаа надвор да шетаат додека биде десертот готов.
Ветерот ми донесе некој немир во душата, ич не ми е убаво! Од 6 сум договорена нокти да правам за свадба а не ми се мрда од дома
Lelee ama se naoblaci,ke vrne ke puka(ova za Sk kazuvam prognoza).A go naterav maz mi zema slobodni denovi za so peaznikov da spoime i da odime nadvor od MK. Sea nekako se dumam dali zgresiv. Denov denes napnato mi pocna so detevo.Mi smeni,jade dorucek 40min,pa go drzi u usta jadenjeto ,pa se vrti se pika vo cice...A jas poise sum umacana od nego vo kasa. Go cekam mazevo od rabota da mi se vrati,pa da prevzeme obvrski okolu malovo,a jas malku da se izrelaksiram
@eli25 од Нутривита.Имаат веб страна разгледај. јас во Штип.Ја сонував мајка ми две ноќи по ред и дојдов на гроб.Не се осеќам ич убаво овде ама неможам вечно да избегнувам да не идам.Ми се будат спомени ,секое катче потсеќа на минатото. барем малата се радува и тоа мн.Го сака мн татко ми и игра цело време со него .
@danichap алал да ти е жено колку исполнето секој дневие и елан имаш иако има две девојчиња и едно што допрва ќе се роди ако можеш да кажеш или линк да пуштиш какви игри играте со големата за развој?
Може и за црвено грло, и кандидијаза на грло дава слични симптоми, црвенило со бели наслаги. Големиот пиеше Нистатин пред две години за грлото, кс му беше мирна, ама црп покачено. Го гледаа матичната и орл докторка, и двете заклучија дека е кандида.
зедов да се фарбам конечно.Кој знае каква ке излезам вечерав страшно многу и сега ми се лежи.Кај и да е ке пуштам серија и ке легнам.Децата не ме перцепираат,си играат нешто свое
Незнам веќе што е спиење повеќе од 3 сати не сум спиена синоќа во 3 се разбуди дури во 7 заспа срцето мајкино па го земав во кревет поспавме до 9 стана го слеков го дотера мамичка со фармерки и мама се дотера и со убава мисла заминавме битола ја земавме количката рековме ќе одиме да му купувам релаксатор и во вај кики нешто.кога ќе завршиме со контролата.На килажа кренал се прерадуваме со мажот ми до кога за 10 минути пак истата песна ништо не се сменило на ехото во понеделник сме скопје во ре медика па ќе се знае точно дали ќе го оперираме или не го држам го гледам и солзи ми течат затоа кутрото плачело толку многу душа мајкина.