Ние денот го начнавме.Чорба во Дукат, мама до мол, тато ќе чува па кафе некаде. Само денес е слободен мм ќе користиме максимум. Сабајле ме оставија да поспијам до 8, баш се осеќам свежо. Имајте убав ден
Како би и јас за доручек на чорба во Дукат, ручек десетка во Дестан со мнооогу кромид и вечера сендвич Енрико во Енрико... дис лајф ис соу анфер! Значи клуб сендвичите во Тренд ги сонувам, обичен и тој со пилешко. Ете така кога си одам дома +5 кг си качувам. После превкусните јадења на мајка ми, одам на ужинка во едно од моите омилени места за храна по ск. Едвај чекам искрено да ви кажам! Ми фали рекорд и Мекиците од стража, пица бурекот од Вегера, кафето во Ди Рома. Старата 5ка и ноќната 2ка, турско кафе во кафичите карши Борис, сладоледот од Џино и прошетките викендашки со мајкс ми низ Чаршија и Бит пазар. Да имав можност да останам во Ск, викендот ќе ми изгледаше вака: Сабота сабајле на доручек во Костарика, шетња низ парк со маже и дете, ручек кај мајка, оставаме дете и вечер во кафанче со друштво и музика. Убава ноќ посветена на нас, уште поубаво утро, наспани одиме по бебе и го тераме неделниот ден со фамилиите. Тешко ми е понекогаш, поготово кога го размислувам се ова. Ми недостигаат многу работи... Странство пустинско Извинете мами на нег пост, амс деновиве ми се такви, тешки. Малото се мачи не може да диши, не сме спиени ич, не знам како да му помогнам се гледа не му е арно. Од весело детенце стана плачко сама сум и денес со него, тоа ми е капак. Ништо не пипкам, посветена на него 200%. Знам премногу трагично ја сфаќам настинкава, ама па прва ни е... Имајте убав неделен ден!
Ние го искористивме сонцево од сабајле. Малобо со татко и од 9 на пазар, само вака сабајлечки сака сама да шета со него како некој ритуал им стана а попладне не можам да ја одвојам од мене . До сега надвор на сонце со комшии па почна да плаче за спиење. Бато го оставивме надвор не знам како ќе го приберам а има домашно за пишување. Многу касно ми заспа вчера 11 ја фати а од 9:30 легнавме, на крај и подвикнав о со плачење заспа па ми беше жал. Не знам зошто и е толку тешко да се ушушка и да заспие некако ја фаќа нервоза и не може да се подсмири мрда како црв. Не книги приказни песнички па се преправав дека спијам збесна. Ќе спиеше сабајле и повеќе, јас станав во 8 и намерно и оставив отворена врата да стане за да ја заспијам порано преку ден унаку вечер пак ќе ме журка а во недела вечер баш и не ми треба тоа. Во среда е неработен ден најмногу сакам вака празник на сред недела ептен убаво ми доаѓа. Ама во сабота сум на работа, не наместија секоја втора да одиме и многу се нервирам
Добар ден мајки. Ај побргу нека заврши денов . Бидна ручекот, мм замина на работа а јас се повлеков во спална деца да успивам. Апдејт, после 45 минути, сите сме уште будни и во форма . Барем прекратија со плачките, само од време на време дмостративно викнуваат. Де едната де другата. Кујна лом, ни садови извадени од машина, ни нови внатре да раскренам од ручекот, дневна бомба како да паднала...а јас еве лежам. Ако мрднам се уклучуваат сирените. И лежењево низ нос ќе ми испадне мислејќи што се имам да сработам. Големава ми ги правеше типичните мајмунџилаци. Само што ја легнав се искака . Ова намерно за да ја вадам од креветче. После соблекуваше хулахопки и панталончиња и морав во вреќа за спиење даја ставам. Арно ама од цело вриштење заборавив наопаку да и ја облечам па и таа ја соблече. ПА втора рунда драми додека ја стокмам. Ме исцеди. Сама не ни можам да ги изнесам да ги прошетам, а очигледно им фали свежиот воздух денес и така деностративно реагираат. А мислевме да испаднеме сите четсворица во гратчево до нас, има некој локале фестивал. Да знаев целосно поинаку ќе го организирав денот. Два саати играв на подот со големава, ќе ги изнесевме да ги фати воздух. Ама таа работа негова. Кога ќе дојде ќе биде прекасно за било што. Сабајле која глупост ја направив. Ми претече водата додека одмивав во еден многу длабок сад компирите(директ од фарма ги земаме па целис е со земја уште) за неколку секунди толку претече позади судоперот директ кај штекерот. Снема струја. Ринглите, со јадење за децава и за нас ручекот уклучени...така на крај со сили, па уште и гладни да останеме. Ќе здивеме Па мм мајстореше, сушеше со греалка и фем и бидна работата. После пола саат пауза пак уклучи струјата. А минатата недела баш реков дека почнав да загорувам тавчиња, сега ова. А и како не би кога мултитаскинг на највисокото можно ниво и само трчам де дневна де детска де кујна и гледам децава беља да не направиле. Се плашам како ќе издржам кога мешето ќе биде уште поголемо. Од што ќе кратам. Од здрава исхрана, од квалитетно поминато време со децата, од прошетките на свеж воздух...??? Ми се плаче. И филм ми се гледа. И кафе ми се пие. А највеќе ми фали една прегратка. Убав ден мајки. Доколку имате можност шетнете, искористете слободното време и друштвото на најблиските.
Здраво мамички! Јас одмарам цело предпладне и попладне. Вчера ден турбо, од сабајле неспиена од работа право за Бг заминавме, таму дожд, ладно, трчај по улици, трчај низ продавници, ниту прошетка, ниту шопинг усладивме. Бебуш битно го опремивме за зимата, уште некои работи останаа недокупени, ама тоа од овде ќе земеме. На мм утре му е роденден, ама годинава не успеав никако да се изорганизирам за да купам нешто и да го изненадам, така да за прв пат ќе си го бира поклонот сам, построденденски. Торта порачав, немаше шанса јас да правам, ќе одиме после да ја земеме. И синко мој е со затнато носе, се инхалираме, чистиме со аспиратор ама ништо не излегува... А и левото окце сабајле му беше скроз залепено од гурелки, едвај му го исчистив, таман еден месец има како му беше чисто, од раѓање му солзеше и гурлеше нон-стоп, сега пак се повтори. Да станам сега да му го приготвам ручекот на синко, па да се нахранат со татко му. Поздрав, имајте убав остаток од денот!
Добар ден мами Недај боже да имаш дома болен маж, бетер од бебе е, го фатило стомачен и мислиш крај света дошол, ете го сега во карантин седи и само офка. што да му правам не ми се ризикува да фатиме и ние со синко Денес од ручек сум поштедена, свеки готви, јас само за синко нешто лесно ке направам и ставив тиква да се пече за сите Отидов да подзачистам прозори додека уште има сонце, а потоа сите 4 во вис додека дете спие
Добар ден мами. Деца испозаспаа, малку да одморам. Имавме гости денес пред ручек, луге што ми се драги. Подготвив даска со похованици. Сум станала во 7 да испазарам и спремам. Кога они на диета биле. Ништо ни пиеа, ни јадеа, се остана. Епа денес ручек тоа ке ни биде. Само за дете варам месо со моркови. Уште сме во фаза лажица да не види, па ке му додадам магдонос и лук и намаз, па на леб му го мачкам и така ке го изеде. Истеравме и два саати надвор, денес сонцето милина. Можеше уште малку, ама почна да му се спие. Се изнаигра со децата пред зграда. Намерно почесто седиме пред зграда, а не шетаме, за да се дружи со комшичињата. Има многу деца на таа возраст и мислам дека е убаво со нив да си заживее. Мене, кога бев дете, тоа многу ми фалеше, друштво од зграда. @danichap лајкот е за женска поддршка. Скроз те разбирам. И јас сум до пет сама со двајцата, луда кука, не знам дневно колку километри правам. Во 12 на пладне, мене ми се чини дека е века пет попладне. А не планирам и ова недела синко да го пуштам во градинка, па уште сега психички се спремам.
haha procitav bas sea eden status na fb, koga zenata se poroduva konecno svaka kako mu e na maz so temp 37,2
@danichap од пазење да не направат маливе некоја глупост ние уште поголеми правиме. Инаку и моиве деца многу ме штедат. Ич не сакаат мајка им да работи и да се мачи. Сакаат само да си седи до нив и да си игра. Сите сме ЗА, ама ако имаме некој робот за да ни ги тера домашните обврски. Се зафатив со правење печен пинџур, па морам да одам да лупам пиперки и патлиџани. Досадна работа.
Мојов во принцип не е таков, и болен идел на работа, не се жалел никогаш, ама ете сега нешто се размазил
Кога го пишував претходниот пост малата се заспа и тоа брзо и мирно за разлика од вчера, а мене глава ненормално ме болеше до нагони за повраќање и си викам ќе поспијам тамам со неа. Да ја спуштам од раце на кревет се сецна се подразбуди и пробуваше едно време да се успие ама се расони. Лежевме се гушкавме легна врз мене ама џабе. Може и се фати пола саат дремка со успивање. Буквално почнав да плачам од мака уствари од главата што ме болеше па се напив апче. Обично многу се нервирам ако не ми спие ама си викам денес налет не се нервирам за нешто што не можам да го аменам само ќе и пренесам и неа нервиза. барем полежавме малку. Ја изнесе после татко и мислев у количка ќе заспие нема шанси се врати расположена спремна за играње . Ме чуди како го истера денот без кенкање и плачење.еве ја сега демек ќе заспива уште изводи, некој брлив период со заспување ја фатил. Големон па цел ден нешто се караше. Имаше домашно пивеќе од вообичаено па се нервира се треска од земја, стварно не знам со ова дете некогаш како да излезам на крај.
Хелоу Правам вечера, ајде повелете кој е гладен Имаме гости, па морам повеќе да направам за јадење да има за сите. Денес арно беше времево, не беше толку топло ама му удривме на шетање од сабајле мм беше слободен па заминавме до Охрид на кафенце, па кај мои блиски па дома Арно гостиве се со дечиња, ќе си поиграат малце, ние возрасните ќе помуабетиме. За мајки нема раат ама тоа е, нек се здрави и живи само. Ојдов да вечерам Имајте убава вечер
И ја да шкртнам во тишина Маже зеде дете и излегоа да прошетаат кај еден ранч со коњи Обожава животни,не се плаши воопшто,им оди на коњите,кучињата и не размислува многу Ги гали,им зборува нешто по нејзино макар е исполнета со нив...овде нема како кај нас дечиња да си играат на улица,да ти дојдат дома многу ми е жал за тоа Викендов не шетнавме многу,поголемиот дел го поминавме дома Па и супер ни беше...небитно каде битно е да си со најсаканите Почнав попладнево да пишам Се вратија мм и кере и кој гладен кој уморен па оставив Дете уморно,многу трчкала по ливадите Ја искапив и верувам дека порано ке заспие вечерва Во меѓувреме направив кифлички и палачинки богами се уморив и јас Имајте убава вечер мајки
Добр утро мајки. Има ли нешто подосадно од маж ? Нема. . Значи како сме си спиеле со децата тој од пред 6 почна да тропа, да работи нешто долу во гаражата. Абе ми идеше да го убијам. Во последно време само ме нервира. Викендов цел му беше слободен и цел време работеше е вчера се ми дојде преку глава, па недела ли е или не, се испокарав ама барем излегов на кафе и пица. Знам ни требаат пари само тој работи ама па има време за два сата во две недели за нас да најде. Му реков ако не наоѓа ќе го оставам. Ми вика остави ме бе. Абе да го убиеш. Така криво ми падна, поголемово дете на школо на девојчето што седи со него му кажувало дека татко му дома не влагал. ПА таа си помислила дека не е тука ( нејзиниот е во странство ) па му рекла да го пречека со балони, со торта, Гревче, душа ми се распара. Морам малку построго, премногу попуштам. Уз работата има време да испие кафе со некој, а за нас нема. И дома само ми ќути, ништо не кажува. Ама од сега друг филм и јас ќе терам. Ако му се свиѓа арно ако не ауфидарзен. Доста е кукање посабајлечки. Пијам кафе, децата спијат, денов ќе биде убав сонце има. Големото е од 13 на школо па ние со бебе со него заедно и на шетање. Да искористиме последни сончеви зраци. Бебе е многу нервозно деновиве, дали јас му пренесувам нервоза, дали од заби незнам. Иста рутина секој ден. Цел викенд фати префати чисти бриши сабајлево е пак лом. Смачено ми е. Не фаќам ништо какв сака нека биде. Ексик. Денес ќе си играм со деца ќе шетам и тоа е тоа. Убав ден!
Понекогаш дури се осеќам како робови на куќата да сме станале Добро утро и од нас! Бебе си игра, маж спие, јас дремам ненаспана и чекам да му се соспие на малово па да дремнам уште саат време. Пуста мајка, легни последна, стани прва, а ноќта како на игли да лежев. Бебе е подобро денес, тоа ме радува, носето го пуштило ама секако одиме после инхалатор да купиме. Времево е ужасно, магла надвор ништо не се гледа, ладно има ху, мокро и темно. Дома ќе си дремеме денес, ако дозволи бебе и кифлички едни да направам мн ми се јадат сум станала ептен стрвна, не дај Боже да видам некој рецепт, слика, а и 24kitchen си го прави своето зимово на активно дебелеење ќе сум осеќам за чистење немам што да кажам, помини зајди те прашина избриши, маси пребриши, џогер грабни и пак сите црни површини се побелени. секој ден истото, после генералка првиот саат е видливо дека е чисто пречисто, е после тоа само јас си знам дека сум чистела Тоа е мами, бебе кака, одам да мијам газ Убав ден и работна недела!
Добро утро како сте ми денес? Вчера за прв пат не се напнував што е недела и што денес морам на работа. Одмор ми се овие осум сати, колку и да имам работа .. Туку дете ми се разгали многу неможам да го преоблечам, ниту да го нахранам, ниту па се заигрува само кенка, плаче море од земја се мава за ништо, настрана тоа што неможе уши да крене од настинкава па е цел малаксан.
Добро утро и од нас дете чепка по фиоките бељата си ја бара , носот чешма му стана кашла како магаре промен на време што да прави човек веќе не знам пред две недели беше на антибиотици и тоа два цефалексин и сумамед е сега не го носам на лекар ќе се лечиме природно со вит ц и планински чајчиња супи и така среќа нема тт вака ми е трет ден. Дај кажете ми поефикасни капки за носето да не го мачам со физиолошки оти не му помагаат ич. Убав ден имајте.
Ацидосалус спреј го имаа многу мајки препорачано и во темата децата и градинките и аптекарката го пофали се користел и како пробиотик за во нос и грло, а многу помагал и при настинка. Јас вчера вечер го зедоа веќе три недели де физиолошки де оперил, вистина е поскап ама и онака веќе го преплатив. Се надевам само ќе му помогне на дете да не се поџабе парите
Добро утро! Нам баш и не ни почна со арно, оти малата до толку ми е разгалена и утрински реши да малтретира. Тој пола час додека се спремавме за во градинка цело време викаше и плачеше ,,носи ме во градинка, песничка да пејаам, кај децата, моите другарчињааа,, а замислете ја спремам за таму и сто пати и кажав дека побрзо ќе стигнеме ако не плаче и дозволи да ја облечам. Амааа нее, госпоѓицава легнала во кревет и не мрда, само плаче онака сабајлечки да не раздрма. Од брзање и немање концентрација сум заборавила долна маичка да и ставам во ранец, а ќе и треба оти секој ден ја преслекуваат. Значи денов со нервоза го почнавме, да ви кажам искрено и налутена и бев кога ја оставив во градинка па не ја ни гушнав и бакнав што ни е ритуал на секое оставање таму. Дете чекаше, ама јас само и кажав ,,лута сум,, и си отидов. Сега ми е жал оти вака детињесто и јас се испонашав. Всушност знам каде е проблемот, синоќа касно легна па беше недоспиена. Јас чај пијам, оти со кафе нешто утрински не ми оди, а и грло ме боли па една шолја топол чај супер ќе ми дојде. Убава работна недела на сите!