Добро утро и од мене,колку е добро ни самата незнам,бебе е труп настината,носот затнат си ги голта мрсулчињата,јас ставам капки и влечам со аспиратор таа се дере се коле ми ги тегне назад,а само што си викав не одмина нас настинката и ете ти ја,цела ноќ е затната нит спие нит јаде само кенка и плаче,на работ сум на нервен слом легна во 1 по полноќ и веќе во 3 сме на нозе двете,и таа има мака ја разбирам а и се спие,сега незнам кај тетам,нит што да правам со неа,дали да се влечеме по доктори или да чекам ден два па да видам,се трудам да го допијам кафето направено од 6.30 сабајле но со неа никако те плаче те ренза денес денов посабајлечки хаос тотален,се надевам нешто ќе се смени до пос
Барав вчера немаше кај нас во тој зегин сега во здрава храна ќе барам и тАму знам држат вакви работи.
Добро утро, Ние уште во кревет зошто вчера некој до 12 не заспа, па сега е напикан во мене што не можам да мрднам. Ми се пие кафе ми се плаче ама нема ќе си трпам Саботата турбо па уште излеговме вечерта а вчера одморив кај моите. Вчера забележав топче позади увото кај малиот па не ни спиев убаво ноќеска триста филма си направив, ќе одиме до кај матичната после да видиме што ќе каже. Се надевам не е ништо..
Добар ден Ние синоќе сите во 9:30 заспани не се сеќавам кога последно легнавме толку рано Мм во 5 станува а јас до 9 продолжив Со 300 будења ама не се жалам Цуцка предмалку стана,едно половина час ке се гушкаме таков е редот кога се станува од спиење Времето никакво ама ке се обидеме да прошетаме,доколку не врне дожд Да се расони цуцка и ке правам кафе па повелете
Добар ден мајки и од мене. Бебуш синоќа заспа 9:30, па мм и јас имавме малку време за нас. Денес сончево, се надевам дека ќе го искористиме максимално. Туку утре сум на хирургија на преглед и ќе ми кажат дали ќе треба операција(иако се трудам да не мислам,ама не можам). Ама како е Господ никој не е, со голема вера и љубов спрема Бога и верата знам дека се ќе биде во ред. Позз мами од мене се читаме пак, одам да направам нес за мене и мм со шлагче и прелив, ајде кој е за. Имајте убав ден
Не знам како се однесуваат вашите деца на 3 год.ама ова моево решило душа да вади. Луѓе немате претстава каков инает води. Плаче вреска и пак си тера по свое. Гол да шетал, копачки да носел, па патики, па не сакал елек... Како вие се справувате со вакви ситуации, зашто навистона ме загрижува ова. Не ни почна со добро к нас денот, куќа отпревртена однопаку, плус имам зимница да доправам.
Јас спасот го најдов во градинката. Дома е катастрофа, ниту слуша што и се зборува, ниту се заигрува 5 мин. со некоја играчка, ниту цртани сака да гледа, ниту има страв од нешто или од некој. Ова кај нас почна од 2 год. и од тогаш решив да ја запишам во градинка. Таму е обратна од дома, си јаде, игра, мирна е, никогаш во оваа една година колку што оди не ми се пожалиле. Од толку што ми е немирна јас дури и преку викенд си имам проблеми, воопшто не сака да седи дома, ама некако издржуваме за викенд, мораме. Да не постоеа градинкиве јас не знам што ќе правев со ова мое дете кое што гледа само некоја беља дома да направи.
И мојот е речиси ист случај,3+1м е.За разлика што немирко е и во градинка и дома Било фаза и на 2 год и на 3 год Не ми успева да го ставам во ред ни со лошо,ни со арно,ретко со уцени за нова играчка или џиџимиџи(киндер јајце и сл.). Што да кажам,игнорирање,трпение,челични нерви...
Добро е што кај тебе некогаш уцените за нови играчки палат. Кај мојава ништо од тоа не помага. Никаква играчка не ја интересира, цртани можат цел ден да вртат на ТВ, моб или лап топ она нема да застане 5 мин. да погледне, исто ниту опција шетање не пали. На неа мозочето само и работи, што да истури, скрши, искине, преврти нешто. Жива беља ми е по дома. Уште еднаш ќе кажам, само во градинката се крстам зошто таму е друго дете.
Ај добро утро и од мене.Викенд домче, ама не одморив ич, турбо.Битно се изнагушкав со деците.На крај си реков: Добро, од што сум направена???Нормално синоќа најпоследна се избањав, легнав со мокра коса пошто мали сака да се гушка и да ме чепка цело време дур заспива и спие, шо ќе му е играчка де За на крај ноќеска у ниедно време да се разбудам и осеќам како лебдам со кичма и газ, го гледам мали се раширил на цел кревет а мене пола тело ми виси. Среќа што не сум сакала да се свртам на грб де, инаку ќе треснев ко магаре чесно и поштено Денес прв ден после две недели у градинка, големата трчајки отиде, кој ме врти мене, одвај ме гушна, ама затоа малиот со крокодилски солзи го дадов, па после 10 минути се вратив павловичева и влажни да однесам и го слушам уште рика, срце ми се стегна. После тоа ми пиша негувателката супер бил, доручкувал, си играл. Мајмун, стресови на врата ми прави, побелев од нервози веќе И тоа е тоа, ја понеделнички изморена ама сонцево ми крева расположение, се надевам цела недела вакво ќе биде. Убав ден мајкички и брзо опоравување на сите што сте настинати
Здраво мајки Многу ми се спиеее Околу 7 ипол стана бебуш па кашичка па кафе пиев едно и стана големиов и ајде него додека средив,па малото заспа и се така едно по друго исти работи.па ручек ке треба за нас и за бебуш и секој ден е тоа. Син ми е 2 ипол год.исто како вашите инат правење бељи хаос... Од пролет здравје во градинка.ама многу ме плашат тие разболувања.кај нас тука една мала соба и внатре по 25 деца ни проветруват ни ништо.и плус болни деца носат.многу се нервирам.дали вашите околу 3 год.поретко се разболуваат? Очите уште ми се полузатворени. Убав ден..
исти сме вчера шеташе со гумени чизми на сонце,без јакна.Дома е нонстоп боса.Цело лето беше гола апла.Ако свати со арно ок,ако не ја оставам самата да увиди дека греши.Сега и тече носот и и велам дека тоа е бидејки оди боса и дека ке и дадат сега сируп ако продолжи така. мислам сите на оваа возраст развиваат карактер .
Добар ден мајки. Вчера беше неуспешно преспивањето на момава. Два саати и не заспа и не заспа. Едвај во 22.00 синоќа заспа. Од каде детево толку енергија не знам. Сабајле едвај ја дигнав од кревет за во градинка. Маж од 05 замина на работа, па ги спремав и ранев двете а за носење во градинка дојде свекрва ми. Леле кога ја виде, кога зеде да рика, да плаче, да се бори... едвај во кола ја ставивме. Со солзи ја оставила. Дојде свеки и почна да си игра со малото а јас засукав раце. Нашите шкафови ги прередив и тргнав на странс цела облека која не ме собира. Прередив шкафови на деца и тргнав облека која им е мала, кујна си удрив генералка, прередив по фиоки и шкафчиња и убаво ја светнав , вецето исто, средив низ дневна, пуштив машини(свекрва помогна за нисење на корпите со влажни и спружирање), ручек за дете и ручек за нас ставив... Максимално искористени три часа. Што ти значи кога имаш помош, некој дете да ти вртка за да си завршиш се што си одлижувал не со денови туку и со недели. Денес ја оставивме на ручек момава. Не дека ќе јаде, ама да се привикнува. Баба и отиде да ја зеде сега, малово спие... па едвај чекам да ја видам и гушнам. Маж е до касно вечер на работа, а имаме и термин на логопед, па среќа женава е тука. Инаку не знам како ќе стасав до гратчето и како ќе го изведев сето тоа и со малово. Му се јавив и на свекор ми да дојде на ручек, да не седи сам дома. Да стасаат од градинка и седнуваме да јадеме оривче и супа. Дел ќе зачувам за мажето. Гладник ќе се прибере во ниедно време. Убав ден мајки
Добар ден и од нас. Пијам кафе, а ќере лази низ цела соба и ми се крие зад завеси, кревети, столови Си ја фрла цуцлата сама и оди да ја зема. Запалив оганче, пуштив една машина па сега ја чекам да заспие да ги спружам. Времево супер денес, се думам дал да излезам негде, да искористиме уште малце останаа од потоплите денови. Треба по поклони да се оди, утре на годишнина од брак сме, задутре крштевка и роденден И така. Убав ден на сите
Уште се чудам како можат да вработуваат неуслужни, невоспитани и крајно безобразни луѓе. Преѓеска испаднав со синко тој со мрсули до подот но морав да земам некои капки пошто дете се гуши и идам и викам на аптекарката за овие ацидосалус и таа ко ми се изнавика тие не биле за деца неможела да ми дад др др беЗ доЗвола од лекар.Ја погледнав ни пет ни шест и реков срамота е не ти е прв пат производи на слободно данеможеш да ми ги дадеш. И си заминав за мои пари кај сакам ќе земам и што сакам! После ова се слушнав со матичната ми кажа даодам др аптека и во марисол капки да му растворат гарамицин за да му олесне малку така и направив . Бебуш спие сега јас правам ориз со пилешко и пилешка чорба за ручек кафе ќе пијам сега нервозата да ми помине.
Хелло Дојдов да ве почастам. Имаме две причини за тоа Денес ќере полни 3 години. Плус денес ни е прв ден во градинка но за тоа во соодветна тема. Спојлер Спојлер Спојлер Вчера прославивме една тура гости. Денес втора. На среќата и нема крај
Добар ден и од мене. И јас цела ноќ не сум спиена. Бебе ми поткашлува , затнат е и само проверував да не крене тт. Он сега си е весел ама трески ме тресат до утре да не се спушти на плуќа. Пиев кафе каснав малку , сега да го наранам и се куткаме и двајцата додека дојде мм. За ручек кој што најде , не ми се прави ништо. Викендот дома , ладно ми беше многу надвор , па среќа мм не беше во саботата на работа па си поминавме квалитетно време тројцата. Толку од мене. Убав ден.
Добар ден! Кај мене вообичаено, малото поспа јас завршив некоја работа па ќе излеземе малку на свеж воздух. Ќе треба и на доктор да ги водам, кашлаат уште но не толку многу. Треба да видам и прогноза ако е некое дождливо и ветровито време додека стигнеме повеќе ќе ги разболам. Малото се наруча кисело млеко и банана, треба нешто и за ручек да смислам. Точно е тоа во градинка имаат ред и дисциплина, дома се послободни. Имам и јас проблем со облекување, бирање облека и купување. Има работи кои воопшто не се облечени, не ги сака, некако со жив зор ќе успеам да ја убедам да ги носи. Некогаш ќе го дотерам убаво, тоа еден куп тракатанци ќе извади, па ајде тоа со тоа не оди и слично. Сега веќе по се разбира, некогаш знае да се заинати, но имаше еден период кога постојано беше така. Навистина требаат силни нерви и многу трпение а понекогаш ги немам ни двете. @chocolade нека е среќен роденденот.