Добро утро Петок,да помине и викенд,во план ни е да идеме до кај моите и кај свеки секако,а и времето ако биде сончево уште поубаво ќе уживам на сонце таму во двор. Искрено едвај чекам да завршат избориве оти веќе овие на тв не се трпат,кај да свртиш само они излегуваат,аман нека се гонат,главни фаци во државава ни се политичарите @Seline среќен роденден на малата со задоцнување ,да е жива и здрава @irena.1 тоа им е фаза со недавањето,сега почнува твојот,а и на нас во градинка ни бараа слики и некој класер,изгледа некакво досие ќе им прават. @Mayyya ти помага ли ќеркичката околу бебушот? Убава разлика се и јас би сакала таа да се ако е по планот. @Aneta92 ,@Belabelinakinder мамички не се секирајте,уште ви се мали бебчињата ,хормоните,се тоа прави така да се чувствувате спрема мажите,плус и нив им е се ново ,не се навикнати на оваа промена во животот,ќе си дојде се на место ќе видете,сите во првите месеци сме биле така,ама дајте си време . @M&M тоа "бе" и мојата го користи,сега поретко ама едно време многу,ги слушаше дада и батко и и од нив многу работи научи,ама јас ја предупредувам дека не смее така да збори,некогаш ми успева некогаш не,ама знае да се исправи
@danichap за жал не многу ми е комплицирано со автобус,има да ја однесам а нема бус за да се вратам За земање морав пешки да одам до селото па со бус да се вратиме,6км е до таму ама бремена или со бебе не е изводливо никако А ја обожаваше градинката и дечињата немавме никаков проблем со останување,дури плачки за земање не сакаше дома Добар ден Дете пред малку стана па се има собрано како глувче во мене Маза моја Мм вчера беше слободен па цел ден само за нас Одбравме болница за породување,малку прошетавме и рест дома колку е убаво кога сме сите заедно Се надевам дека денес ке е убаво времето да излезиме со момево Толку од мазење,се активира моторчето мое да одам да си играме
Добро утро мајки. Втор ден по ред замина детево во градинка без плачки и драми. Она така, исплашен-збунет-изненаден работава, ама барем ќути. Маж замина од 04 на работа, па јас со рано станав и зедов да спремам двете моми. Дуплата количка ми ја остави доле, на влезот, монтирана, па се осилив со двете да одам до градинката. Малото го врзав за хранилка, големата за раче и полека надоле. Среќа жената и мажот кои живеат над и под нас беа одамна заминати на работа пти се дерев како луда пи малото. Ја оставив вратата отворена, ради параноја секако и клуч околу врат и ја потправ истата, и цело времени го прозивав името. Доле ја врзав големата, закачив ранчето и ташната и назад по малата. Секако сето тоа повторно со дерење, овој пат наменето за големата, дани кажам да не се плаши, дека за минута сме доле со сестра и. Малото во раце, на брзаница по скали и се симнавме. Добив и едно браво и плескање со рачињата од големата. Стокмени со капи, јакни... тегнавме. По 15 минути стасавме таму, ја оставив момата без никакви плачки и драми и назад дома. Шпоретот во полн погон, на секоја рингла се крчка нешто, малово си лази, се смее се радува, а јас низ куќа си пофатив ситници. Сега заспа и не знам што со себе. Досадно дури ми стана. Инаку, во врска со масичките, имаме и ние една масичка со две столчиња. Не би рекла дека се за толку мали деца, но што има врска ако почекаат уште 9-12 месеци додека започнат да ги употребуваат. Можеби грешам, но тогаш и беа големи на мојава и баравме други столчиња. Сите овие сетови и беа големи на мојава, едвај најдовме едно помало. Одличен подарок во секој случај. Ќе биде максимално искористен. @TutiFuti пред неколку месеци забележав и јас едно бело влакно. Мажот ми вика он без коса бил па не се замарал, јас за едно бело влакно да не сум се потресувала. Месото се свари во експресниот а уште не знам што да ставам за ручек. На крај ќе биде со компири. Така е секогаш кога сум без идеи или време. Ќе си ставам и кафе. Облекувам јакната и капата на малото и одиме на свеж воздух на балкон. Од немукает не сум си купила чаша за кафе за кога сум во движење. Секогаш ми е стресно пред испаѓање, додека ги спремам децата, па во кола дури здивнувам и помидлѕвам на шол кафе/чај/какао. Утре сабота Се надевам ќе шетаме со мажето. Кај нас сонцето грее, се чуствувам спокојно и исполнето. Убав ден мајки
Од кога не сум ве читала и лајкнувала. Да споделам нешто мм што ми кажа. Малата кога ќе порасне немало да ја мажеме, оти ни била многу убава и мила, ние ја чуваме и раснеме, за на крај друг да ни ја земе. Не бивало тоа така. Едино ако некој дојде домазет, само на тој начин ќе се нафане да ја ожене. Вели: мене нема да ме излаже некој така лесно како јас што го излажа татко ти. Смешки. Малечката си спие. Нешто многу немирно ми спие, претка со раце,нозе, испушта некои звуци, праве тажни фаци, па после се смее. Како некое маче е. Јас мм не сум го многу запоставила, ама па не можам да му посветам внимание како порано, секако. Да пркне мала уште малку и јас да се оправам, па после ќе си посветуваме внимание.
Хело Како сте мамички? Ние арни, до душа јас со главоболка, малава затната ама ај да не се жалиме.. Дете штом отвори очи бараше градинка Ја однесе мм.. Туку загрижена сум, откако тргна во градинка почна пак да се буди навечер. Од бебе си беше таква се будеше, но пред околку 6 месеци веќе се намалија тие будења. Последно време преспиваше и цела ноќ. Ова сега не знам што е. Пред 2 ноќи во 3 и текна не сакала да спие. Па се шета со мм по салон Вчера плачеше, урлаше, викаше, не знаевме што да и правиме. Па отиде во тоалет, па пола саат чекавме да заврши работа. А ништо не правеше уствари, тоа колку за инат да и стоиме на глава. Не ми е мака што стојам туку што е ладно. Парно немаше ноќеска, се смрзнав јас стоејќи а не па она полугола. Ја фатив на сила ја однесов во креветче, па почнаа нови драми дека нејќе да се покрие и пижамите да ги влече нагоре како шорцеви. Нозете мраз ако продолжи вака ќе морам да и купам вреќа за спиење, онаква со ракави и ногавици. Обична имам не ја поднесува. Друго, викенд е Утре нит готвам, нит чистам. Само да сме арни, ќе шетаме цел ден. На ручек ке не носи мм @danichap морав да те етикетирам. Го читам делот како се спремаш за симнување надоле по скали, цела таа слика ми се оживува пред очи. Искрено очите ми се насолзија. Мајка, жена, што се нема да смисли за своите деца. Браво
Мајки Дремам ненаспана, пијам прво кафе, а веќе ум ми е во второ, онака големо. Пијам иначе исклучиво турско и без шеќер. По кафичи кафе ретко пијам, евентуално нес во лето. Кафе за мене е само турско кафе. Еве ќе варев второ, ама мм се јави, да сум одела кај свеки во двор, па таму ќе пијам. Или, ако е заспана беба ќе излезам некаде, Послениве вечери се буди на 15 минути по цела ноќ, де плачи, де кенка, мора да ја земам во раце за да се смири. Веќе кон 4 саат сум на крај на сили, па нервоза ме фаќа, а и со мм како луди се шуткаме по спална двајцата додека се чудиме како да ја смириме. На крај се дешава и таа да заспие ние да се скараме Не знам што и е, најадена, напиена, преслечена При крај на сили сум Инаку во однос на бебе и маж, ное бевме ептен блиски кога се роди, мм ме ранеше, ме негуваше, па кога фатив мастит во најголем студ одеше по храна за мене зеленчук и овошје да има итн... Уште вели дека откако сум се породила сум станала многу посекси, да не зборам дека првиот секс по пораѓај ми беше по 3 недели Нашите несогласувања почнаа кога беба стана многу позахтевна, храна, думкање во раце, а и седењето дома кај мене со го прави своето. Постојано сум темпирана бомба, еден збор е доволен да експлодирам @zuto за олудениз ли се спремаш? Што убаво... Еве го ѕверче се качува по комоди, а не знае да оди, плус мала е, а само простум сака да стои и гледа да се дофати некаде за да се исправи, ептен се плашам да не се удри и само трчам Тежок ден на повидок, а од ноќта уште сега се плашам...
Ај и од мене доброутро! Пијам кафе во дневна, синко се рашетува, чепка насекаде, мене ми е хаос по дома, ама ќе го почекам да заспие и ќе раскренам. Сабајлево свекор ми замина накај градот од кај што сум па му испратив малку на татко ми понуда, многу е болен, на постела е, а синоќа го однеле во болница, ако ќе ги земе мајка ми работите ќе му однесе, има нешто гардероба, сокче што правев, чоколадо, нашиот стар соковник мама да му цеди од калинки и грозје, мора да има поквалитетна исхрана. Иако многу ме има намачено во животот ми е тешко што се гасне како двеќа од ден во ден, што нема да го научи син ми да свири гитара, што нема да ги раскажува неговите анегдоти од неговата младост, што можевме многу поубаво да си ги поминеме заедничките денови... Што е тука е, сите сами си ја пишуваме судбината, самиот е одговорен за неговите лоши избори. Добро мајки, децава седнуваат некогаш мирни? Од 7ипол сабајле не е застанат, ни минутка, нонстоп е во движење. Испив кафе, појдував, сокот и сега да направам ручек за него, за нас домашниве сакаат макарони, баш се фер, ме олабавија малце. Толку од мене, поише кога ќе заспие
Добар ден! Утрово задоцнивме во градинка, но ништо страшно. Маж пред шест искочи, ни ѕвони после седум, додека ги стокмив децата скоро пред осум бевме во градинка. Уште рано се гледаше убаво време, ветерот стишил и имаше скржави сончеви зраци. Дојдовме дома, си направив кафе, малото доручкува и пак излеговме. Убаво ни дојде прошетката, влеговме во сите маркети, купивме некои ситници и правец дома. Се надевам и викендов ќе биде вака пријатно за шетање. Сега се успиваме па да завршам некоја работа по дома и едно кафе на раат да испијам. После пак до градинка, може малку на лулашки да ги водам и после дома нека играат, но тешко се заигруваат. Маж којзнае кога ќе дојде, ме нервира тоа што нема работно време, ниту за одење, ниту за доаѓање, планови никако во текот на неделата, добро барем викендите е слободен. Убав ден мајки!
Иако пишав уште сабајле , пак добро утро и од мене. Го пијам првото кафе , бебе само што заспа. Од сабајлево праиме инхалации се со ред па земав бришев прашина , па усисавав , он си гледаше цртани , не претна , многу беше мирен , само со поглед ме пратеше , душа мамина. И денеска ќе бидеме дома , мм ми рече дома ќе биде утре , па може ќе прошетаме со бебе. Се надевам ќе биде синко подобар , сите ми викаат многу сум се плашела ,ама па прв пат ни е . Убав ден мајки .
@danichap браво и за тебе. И јас пред некој ден се окуражив сама да ги извадам надвор. Само пред влез, ама за почеток добро е. Грев ми стана, надвор сонце, они дома затворени. Сакав да ти пишам да направиш некој таков маневар, едно по едно, а другото да чека на безбедно во креветче или количка,ама ај си реков да не се правам паметна. Но мора да се учиме. Види кај мене, имам имам помош од некој, и дојде момент никој да не може да претрча да ми помогне. Се случи едните отпатуваа и во мегувреме мајка ми се разболе и останав скроз сама за земање на дете од градинка, плус со бебе, а големиов раче не дава за жива глава. Ама така си е кога децата се на мала возрасна разлика, бара многу организација и внимавање.
Zdravo majkicki Stanav umorna denes,sinko sto pati se budese nokeska,kecot dur izbie aman vise. Eve vtoro kafe pijam,sega topol nes.Rutina mi bese denot so tursko da go pocnam,pa pilates doma na topka.Ama se ova pred beba.Sega samo kafetonostana i trcam brzo kakite da gi brisam Petok denes,ama nakostresena sum nesto.... Imajte ubav petok majki lavici!
Добар ден, мами! Прво да честитам кај што имаше за честитање. @alisijad лесни чекорчиња на малиот, а на малите на @Seline и @chocolade среќен роденден!!! Конечно и јас да најдам време да чкртнам нешто, не верував дека до толку ќе немам време за ништо кога ќе тргнам на работа, ама и бетер од тоа е. Бебуш е настинат, читам кај повеќето е исто, сигурно од времево што лаже. Нос затнат веќе неколку дена, од вчера почна и да поткашлува, му се разводенил шлајмот од инхалациите, нервозен е, не може да цица, не може да спие, гревче е. Сабајлево уште во 6 ипол стана, во 8 веќе бевме на улица и го фативме првото сонце. Надвор е друго дете, ќути и само набљудува, многу се радува на животни, на мачиња и кучиња, на прасенца и кокошки, ќе биде некој ветеринар од него. Мм го убедувам да му земеме некое мало кученце, да си го чуваме дома, ама тој запнал или шарпланинец за во двор или друго не. Е сигурно ќе чувам таков ѕвер дома Денес за ручек ништо не правам, ќе надокнадам викендов, сега само за беба да спремам и да се истуширам и летна времето. Имајте убав ден!
Јас имам многу скали, на четврти спрат сме, па неколку пати се преиспитувам пред излегување. Со цела опрема излегуваме, станува малиот и топката ја фаќа, оди на врата и вели папа мама гооол а често и пиштол сака да носи. Топката ако ја носиме ја пуштам по скали, ранец ставам со неоходни работи и него за рака, а ако сме за подалеку ја земаме заедно количката од подрум. Едно време не сакаше ни да седне во неа, или на сред возење ми стануваше, неколку пати заглавив така, среќа сега прифаќа инаку од пред зграда немаше да мрднеме. Со две мали деца не можам да замислам како би функционирале, браво како успевате да се организирате мајки.
@Seline се мислев дека сум ти честитала роденден на малата, а од брзање(или од неарна што бев) сум пропуштила. Нека и е среќен роденденот на малата, да расте голема и да биде умна
Ајде мами, добро утро и од мене. Бебе спие, мама појадуваше САМА, без бебе во раце или легнато на кревет за анимација желно и сега пие кафе уживајќи. Би запалила и цигара ама се воздржувам поради него...Чекам да дојде момент да здивнам ,да спие, да бидам сама ама откако ќе се заборави од спиење ми фали и едвај го чекам да стане, да ми се смее, да ми гуга и весело да прера со рачињата и нозете. Ах, мамина љубов прва. Некој пишуваше некаде, еве ме и мене, не сакам второ дете, сакам ова да го сакам без делба, цело внимание да му го посветам, се да правам со него...Знам може така викам сега ама ете да споделам. Денес нема шетање, мм ја земал колата, а со неа и количката...ќе си седиме дома, па вечер може до капитол ќе отидеме. Ај секако ако има бебе втора дремка можам да зачистам нешто и онака цел стан е запуштен. Балконот ќе го чистам дефинитивно, одвратно валкан е. Не знам како успева да стане таков ... Поздрав
Хелоу мајки Денес петок 13-ти, убав ден Деновиве тоа па тоа, малиот тек денес не плачеше на врата во градинка и пресреќна отидов на работа.Ама се нервирам од вчера вечер почна да кашла, втора смена е докторката, морам да го однесам. Пусти страв од таа пневмонија што ја закачи претходно. А вчера како сум се изнервирала. Големата кога ја оставав во градинка, воспитувачката не ми дозволи џемпер да и соблечам, демек ладно било, покасно ќе ја раскомотела.Одам во 16 да ја земам, детето во џемпер, препотено, капки пот по лице и течеа, алиштата утоп на неа, мокра до гола кожа.Косата исто мокра како од туш да сум ја изнела. Па кога се развикав, лом ги направив, ама таа се брани од 15 била.Па добро де, што ако си од тогаш, не ли го гледаш детето дека припаѓа. Ми вика вчера:Мамо,многу ми е лошо Денес со воспитувачката муабет, ама ми вика ладно е.Викам добро ама како може детето да не е раскомотено толку време, ми кажува во џемперот дека спиела. Ама изгледа трчале ми вика.Аман, неможам да се разберам со жениве Од јасли негувателките сум презадоволна ама овие што се со големава не ги можам веќе. Капак,пошто нормално била утоп мокра цел ден, ноќеска неможеше да спие убаво од затнат нос а сабајлево и со кашлица ми стана, абе ми иде да ги испотепам веќе. И тоа е тоа, викенд иде а мене ми с еплаче. Марфи си го прави своето, ама јас ќе го зезнам, пред викенд ќе ги однесам на контрола Ај убаво попладне да имате и стискајте палци да нема фрки викендов, мирен да биде
Ајт здраво од мене! Седам душа да соберам после избришените прозори и едно кафе раат да се напијам. Молерите од станот излегоа вчера доцна, па скоро се остана за денес да чистам. Кај и да е и ММ си доаѓа да преземе во свои раце (вети, знам дека ќе си го одржи зборот), а дете во градинка. Ако е некоја слободна и расположена да помогне... хаха...ок, ок знам, сите сте со деца и заглавени од обврски. Јас се чудам како ќе исчистам се, а инат сама на себе водам и одбивам помош. Кој ми е филмот уствари??? Ќе знам утре кога се ќе ме боли. а веќе боли половината. Туку бебуш во мене да е арен, тоа ми е најважно. Ми прави друштво, јас чистам оно клоцка. Еј, убаво ми е, конечно и мојата бебушка повеќе ме клоцка. Вчера пред спиење имавме страшно лигавење од ќерка ми, со ножица да си играла, од кај идејата немам врска, плус време за спиење беше а не за играње. И така од мравка слон, малку полем слон, оф, лудница стана низ дома и ја плеснав по газаицата дебелка а она навредена плачејќи заспа. Нит она мирно спиеше, нит јас мирно спиев, после таква драма пред легнување никој не може да има добар сон. Инаку ве читам наназад дека и вашите употребуваат изрази како тој ,,бе,, па јас до скоро барав виновник, ама се фатив дека јас сум онаа која пречесто го употребува (многу сум си искрена бе), и ваљда од мене си го прифатила и ќерка ми, па и она знае да каже -ми се јаде бе, ај да се шеткаме бе... Туку од градинка сто зборчиња нови и финти научи, и се помалку се чудам. Ај мамици, топол е денот, искористете го паметно, нема за долго вака да не грее сонце.
Втор дел од мене. Бебац заспа а јас засукав ракавите и пуштив машина нека пере садови миев сега само што завршив со џогирање а у меѓу време правам ручек и седнав да каснам блашко нешто. Од сабајле што убаво сонце бевме во дворче кај дадичките се изиграа малите дојдовме дома касна што касна ми дава рачето и ми вели мамммаааа наннн и ајде цицаше што цицаше и заспа. @danichap добро е тогаш јас утеха барам во мм дека природно е белоглавец па нема да ме зафркава за влакнава но кога почнувам да му се жалам вика ај остај таа работа и онака си ми убава. Туку уште ми нема дојдено теткава а јајници ме пецкаат често и се прашувам дали планира воопшто да ми доаѓа. Тоа е за денес.
Добар ден и од мене еве одмарам синчето ми спие во количка сестра ми го заспа убавини кај мајка надвор свеж воздух од една страна езеро од друга планината зелена мераци синче синоќа се будеше на секој сат па мајка ми помагаше штета што до недела сме овдека утре планирам до град да појдам до вај кики да купам нешто за синко убав ден на сите мами
Здраво и од мене. Дома дојдов, пакувам куфери и на викенд на планина на чист воздух. И онака не гласаме со мм никогаш, да искористиме. Туку пред малку мајсторев дома, ќе ставав слики на ѕид, но сега има само огромни дупки. Не ме бива. Тоа значи понеделник пак мајстор да ги пополнува и да го измачка ѕидот. Цуца се успа, нека одмори. Навечер почнав да ја игнорирам кога беснее, па ќе види и ја гушка перницата и заспива. Ако и обрнам внимание, ќе не најде полноќ. Сега пијам кафенце. Трето денес. Поздрав.