Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    На времето пред повеке од 10 години кога немаше матични лекари во Јане беа одвоени болни од здрави деца. Значи скроз физички одвоени. Во различен ходник. Е тоа е вистинска поделба. А ова сега со термини е мачкање очи. И да се почитува времето. Ако во 12 било присутно заразно дете, ти дојдеш во 12:30 и си чекаш во истиот ходник и те прегледаат во истата не излуфтирана ординација, ама баш исто ти се фака, само болниот човек не си го видел, причинителот е тука.
     
    На ivi1987, Miss.Sweet, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Ваков гнев и брсчуствителност не сум видела до сега. Смени ординација.

    И во Систина и кај матичната има посебна просторија за болни и посебна за здрави деца. Па кој кога има потреба си доаѓа.
     
    На ivi1987, m.i.g, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Добар ден,вечер, што и да е.

    Ние кај мајка на гости, од сабајле удривме на шетање. Дојде блиска братучедка, во друг град е на факултет па да се видам со неа бев, секако и ќере со нас, немам кому да ја оставам, додуша не ми се ни остава на вака убаво време внатре затворена, греота е.
    Синоќа во 02 на полноќ се разбуди со растечен нос, никако нејќеше да презаспие, абе еден месец има од последната настинка, секој месец е настината :swear: :@
    Бевме на контрола, арна е нема ништо, грло,плуќа чисти. Фала Богу.

    Бели влакна немам јас, камо да сум на татко ми , едно бело влакно немаат, ни тој ни мајка му (70 годишна). Додуше околу детево не се потресувам толку, навикната сум, не сум паничар.
    @Seline, @chocolade среќни родендени големи да растат дечињата, со закаснување.

    На муабетот за ординации, болни деца, здрави, доктори, мислам дека ние со здраво дете кога одиме на мсечна контрола, ако болницата е полна со болни дечиња, правилно е да си се вратиме назад. Кај нас барем не се поштова мој термин. И ние еднаш отидовме така, па и понеделнички беше, матичнава нѐ искара така убаво, уште еднаш не ни текна да влеземе кога е преполно внатре. Сега одиме попладне, кога нема гужви.

    Убав остаток од денов, на сите и убав викенд :hug:
     
    На Lolipop23, Mari*, tina-63 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Убаво би било да бидат така одвоени здрави од болни, ние каде што одиме се е на куп. Еве моето кашла, носе му тече морав да го водам, закажав преглед, отидовме куп други луѓе исто така чекаа ред. Имаше и мали бебиња, за кои и не знам болни ли се, на контрола ли се. Морав таму да чекам ред не е тоа до мене, имам осет до толку болно дете да не водам во градинка и слично.
    Тебе ти закажале контрола за бебето, но ете во меѓувреме се разболеле пет деца и закажале и нив, мајките мора да ги водат а тоа што организацијата во клиниките е таква тоа е веќе друга работа.
    Туку дај кажувајте спас од низок притисок, ми се темни, дури ми се врти цело попладне. Притисок 80/63, а а децата ми се чини па се наденаа веќе. Ми се чини нема сантиметар кој не е прекриен со играчки или замачкан. Напорен ден. Растворив еден мултивитамин ми ја скршија чашата, собирај вода, срчи... крај се нема. Едвај чекам да заспијат па да прилегнам и јас.
     
    Последна измена: 13 октомври 2017
    На Mari*, 24.07, Seline и 4 други им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    И Букурешт има некоја си генерална поделба, понеделник и петок да не се носат здрави деца. Можеби искуството им покажало дека тогаш најмногу носат болни деца. Една чекална е, ама има различни простории за здрави и болни деца. Болни деца не враќаат никогаш. Барем јас досега не сум чула такво нешто. Кога моето дете е болно не гледам ни саат ни ден. А кога е здраво за редовна контрола бирам ден и го почитувам напишаното. Досега не сум имала проблем.

    @BirMelek да, во Олудениз одиме. Ајде пакувај куферите и одиме :)
     
    На M&M, Mari*, tina-63 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Ама вие пак не ме разбирате или не сакате. Кој зборува за дехидрирани деца со висока температура или деца кој итно мораат да се примат. Ако @joy1 детето ти е настинато со денови и веќе прима терапија а уште не е оздравено сигурно не е итно да го донесеш баш во 2 на контрола. Тоа дете не е итно. И ако немаш кога и БАШ ТОГАШ МОРАШ ќе разберам. Ама такви 10 а живеат на 10 мин. од ординацијава па и баби и дедовци им ги носат? И тоа е секој ден така.
    Да во право си, постот ми е пол со револт со причина.
    И идејата на ординацијата за да ги подвојат дечињата не е без причина и не е неизводлива. Ама да беше само до нив...
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    а од каде знаеш кое дете од која причина е дојдено?
     
    На ivi1987, PUPICA, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.078
    Стварно е неизводливо од око да се отцени кое детенце е со дехидрација или со прифатлива/неприфатлица тт, под терапија, ненадејно влошена состојба или сл.
    И не одат од убавини со баба/дедо. Сигурна сум дека мајката не го пие кафето дома туку не може да испадне од работа а децата останале дома за да не заразат други дечиња во градинка, па се со баба/дедо.
    Секоја планина со својата тежина. Ти во случајов својата си ја гледаш, они си имаат своја.
     
    На ivi1987, m.i.g, Mari* и 16 други им се допаѓа ова.
  9. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    за низок притисок спас е ајран или јогурт обичен плус малку вода и сол во него. Јас на почеток на бременост само со тоа се спасував и со кока кола.
    И ние сме во Букурешт ( кај др Златка) не се случило до сега да не вратат или да искоментираат. Кога ми е болно детето ама ич не ми е гајле дали е делник, празник, ден за ова или она, товарам во кола и носам. Нека се најде некоја од мајка родена во тој момент да ми искоментира само ....
     
    На ivi1987, PUPICA, An-na и 8 други им се допаѓа ова.
  10. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    9.495
    Пол:
    Женски
    Ehee kolku pati maz mi cekal so maliot (citaj novorodence) vo kola na minus temp, a jas red cekam kaj doktorkata pa koga ke dojde naiot red da mu zvonam na tel. Taka e vo poliklinikite sekogas, od tamu prviot virus go fativme, prviot bronhit. I toa e edna od pricinite sto si smeniv maticna. Vamu kaj sto sme sega do sega ne se pogodilo da nacekam nekoj skogas saminsme bile
     
    На victoria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    :o:малата ми спие што значи ке стане и вечер ке има журка.Утре сум цел ден сама со нив а баш мразам за викенди кога е така.Денес цел ден во град.Нотари,во парк па на кафе.Ручекот бидна вечера :)

    големата и ми донесе од школо па ке има утре частење.

    туку бендисав чизми од Страдивариус.Мм треба да ги побара утре.Дај боже да ги најде :clap:
     
    На ivi1987, Lolipop23, Mari* и 8 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    аууу сега гледам дека горе во постот сум голтнала цел збор :(

    сакав да кажам големата 5 ка донесе од тест па ке се частиме
     
    На ivi1987, M&M, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.321
    Допаѓања:
    259.553
    Кај моите кога одам, има две ординации, ама на различни спратови. Една е за болни деца, а другата за здрави и вакцинација.
    Се јавуваш и ако има температура одеш веднаш. Или, одеш без закажано, кажуваш има т и влегуваш. Одма крвна слика. Ако според симптоми не е итно, ти закажуваат.
    Кај нас обично бебињата ги пуштаат да влезат одма за да не чекаат.
    Мајки без навреда, ама премногу очекувате. Плукате зошто носеле болни деца во градинка, зошто во игротека, зошто во болница. Сипаниците се опасни пред да пробијат, после не. А претходно ретко кој знае дека не се заразни ама еве вие плукате како најсовршени.
    Син ми трча и со т и со пневмонија. Деца се и не можеш да знаеш кое колку е болно.
    Прифатете дека вашите деца се центар само за вас, за другите се само обични деца.
     
    На green.eyes, ivi1987, mssuniquee и 22 други им се допаѓа ова.
  14. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.766
    Пол:
    Женски
    Кај мојата матична т.е на малово така беше од почетокот имаше термини за здрави и болни деца имаше соопштение доколку не е ептен итно да се почитуваат термините за здрави деца а доколку е итно доагаше и чекаше во друга просторија. Сега веке неколку месеци се одделени во сосема друга зграда, од 1 до 4 секој ден докторката оди во другата зграда и ги прегледува здравите дечиња а кај болните за тоа време има друга докторка . И вака треба да е секаде, стварно е греота бебе од месец дена да се меша помегу болни, на почетокот мора и треба да се прават контроли за тежината, да не треба не верувам дека некој ке оди со толку мало бебе да се шетка по ординации

    пиши ми лп ако си во план да го менуваш педијатарот, кај мојов како што пишав погоре се е одделно а докторките се феноменални, стручни и достапни во секое време.
     
    Последна измена од модератор: 13 октомври 2017
    На *Лорена* и tarantula им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.906
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не знам зашто толку страв во ординација да не фати нешто кога некои од тие мајки што чекаат таму со болни деца потоа одат во џамбо сосе детето... Мојов не беше болен кога во систина итно требаше да отидеме и го ставија да чека со болни (сипаници, вируси, пневмонии...) имавме среќа не фати ништо. И нив не знам која политика им е тоа поради алергија со болни деца да чека. па не е пренослива алергијата да му се сневиди...
     
    На azelea, M&M и Mari* им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.321
    Допаѓања:
    259.553
    А болните деца строго во карантин треба да се изолират? Се знае што е заразно и кога се става во карантин.
     
    На ivi1987, wannaBeMomma, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.906
    Пол:
    Женски
    Денес си ми намерачена :) Па со пневмонија или со вирус. баш и не мислам дека треба да шета по затворени молови. Пред се за бебето не е во ред, па потоа што вирусите се преносливи... осет малце.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    а демек некој стелиризира по ординацииве?Бидете среќни ако лекарот измие раце пред да ве фати(ракавици ретко носат)
     
    На ivi1987, azelea, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.200
    Пол:
    Женски
    Кај нашата матична бебињата секогаш имаат предност пред другите, без разлика дали се болни или на контрола.
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ние кога го однесовме летово со стомачниот вирус на полноќ за инфузија, во една минијатурна соба беа ставени сите деца, од бебиња до поголеми, 6 кревети свртени еден кон друг, ни прозор ни врата отворена. Моево само поврати дома неколку пати, немаше температура, ама немав ништо дома и го однесовме, а сите деца беа таму со различни симптоми, од висока температура, едно со сончаница, други вируси и слично. Кога замина едно поголемо девојче, малово го преместија на нејзиниот кревет, на иста перница и постелнина. Огромна среќа е што не префативме тогаш ништо друго.

    Инаку конечно го заспав малиот, денес лош ден баш, само што го пишав претходното мислење падна од кревет, збеснуваше, скокаше, и не го додржав на вртењето право долу. Ќе престанам ли со тек на време да паничам толку за паѓањава, или ќе се намалат како што расте, ама ко што е бесен не верувам? Сега има и друга фаза, мава, не тепа сите со ред, од баби, дедовци, мене, мм, со цела сила не мава, не знам како да постапам искрено. :(
     
    На ivi1987, azelea, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.