Гледам јас тука погодив некој нерв, се најде некоја мајка "поздравена". Ваше мислење, ваши одлуки ама не почитување на некои основни правила поради себични интереси за мене не е во ред. Тоа е култура.Како излезе моабетов сите дечиња доаѓаат на лекар и секунди се во прашање, да се биде или не работава. Мислам дека се објаснив убаво каква беше ситуацијата и не им дадов јас дијагноза на децата што чекаа. Си ги знае докторот пациентите и ги виде сите што чекаа- не немаше итен. Им рече фино: нели рековме после 4 да дојдете? И тука имаш: ама ние бевме уз пат па рековме ај тука ќе почекаме, јас го земав малиот од школо па да не се враќаме, бабава била до стокомак сега па на детенцево му се приспивало после да не го будела и они ќе почекале... Докторот никогаш никој не вратил ама ред има и сакаат не сакаат мораат да почекаат.А чекаат тука на куп со здравите деца. Врти сучи пак ќе влезат после 4, зошто да се мешаат со маливе бебиња без потреба и вака и така на преглед не можат да влезат. Инаку @Mari-Ja добро си разбрала. Породена е мајката во понеделник во Чаир а во вторник пуштена дома со напомена за 3 дена да појде на педијатар. Патронажната уште не е стигната. И тие имаат премногу работа за да можат физички да стигнат секаде. И пред 2 и пол години јас кога се пораѓав на Гак ме испуштија со истиот совет. Здравствово наше дупки има и многу повеќе од тоа, ама за оној дел што е до пациентите е тука изгледа нема лек. Инаку просторијата беше проветрена и прозорците сеуште отворени кога влеговме. Па почекавме уште малку со отворени прозорци па уште да се загрее просторијата пак. А тоа дека може и во мол да се разболи секако дека може, ама ти бираш дали таму ќе го однесеш и свесна си за ризикот. Бебево од 4 дена го изнеле зошто мораат. Да финиширам со темава кој сака ме разбра кој не- не. Да се убедуваме и докажуваме нема потреба. Не беше целта на постот да пронајдеме која мајка ќе седи дома со болно дете и ќе гледа на саат а која не. Сите сте мајки на вашите деца и само тие ви се најважни ама колективна свест мора да постои. Каде ни е крајот ако сите гледаат што побрзо да завршат работа за нив без да помислат на последиците. А натаму оди работава за жал... Лека ноќ
Еве сум вчера ми беше роденден и немав време да ви пишам со гости бев. Па да ве почестам . Бев на лекар сега за сега е добро се нема да има потреба за операција фала му на Бога. Ме гледаа на ехо и немаше ништо т.е. талог односно песокот го немаше. Туку малата вчера ми го честиташе роденденот уште на сабајле. Ми брцна во око и сега сум со преврзано око, а во недела сме на свадба . Имав закажано шминка и фризура сега од шминка само пудра треба да ставам, и така. Позз женски малава стана, па денес треба да пеглам на мм кошула и панталони и беба да ја спремам, јас сум лесна. Убав ден мајки
Добро утро! Студено ама сончево ... ми мириса на убав и топол ден, погоден за прошетки и уживање во парк... ама мене најпогоден ќе ми биде за да си доисчистам низ дома оти хаосот после молерите уште не е решен. Истото будење како и цела недела наназад, со болки во грлото, шлајмови до гуша, затнант нос... Аман, се нејќам ваква никаква. И дете богами појако кашла, значи бронхит во најава, не мина ни месец време кога ја излековме. Дури не ми се ни носи на доктор зашо знам што како треба - вентолин и пулмокорт. Каде е изворот и причината за толку честиот бронхит, ова не мириса на арно, а и не е проблем за потценување. Ќе да морам алерготестови да правам на малата. Инаку пијам чајче, да стоплам гради и да олабавам грло, оти пукнав. Поздрав мамици, имајте убав ден!
Хелло мамички Како сте? Пијам кафе, дете трчка. Уште не и е средено носето. Но вечер барем подобро спиеше. Требаше денес да одиме на целодневна, надвор од Ск. Но кога се разбудив не можев да зборам. Имам ларингит Па така се решивме овде да шетнеме, може во парк. Дете да потрча на сонце Ви посакувам убав викенд на сите ...
@zuto јас сакам со вас , се сеќавам на муабетов во др тема. Првиот одмор со мм како дечко и девојка ни беше во олудениз и дефинитивно најубавиот. Пред некој ден го даваа на телевизија и рековме нека пораснат уште малку децава и одиме пак сами и тоа со кола како тогаш, преубаво е. Преубав ден јас на работа ама ај се трпи докај 1. Децава ќе ги носи мм во зоолошка па ќе ме земат. Малово пресреќно, многу сака животни. Големион осеќам ако нема друштво дека ќе се мршти никогаш нешто посебно не го одушевувала зоолошка
Добро утро набрзински да ви пишам додека беба стрижи цвеќе Пијам кафе, сум спиела до 9 Денес во план шетање по продавници за без везе работи. Потребното вчера се купи. Како во планина да живеам почнав да купувам залихи за цел месец оти ако после не можам да излезам мм слон ќе донесе наместо прашок за перење Околу чекање болни и здрави, прво не разбирав и се чудев на свеки кога велеше не идете на лекар ако не морате. Сфатив кога со 2 недели бебе чекав во просторија за здрави, а татко и мајка си дете со ларингит дојдоја кај здравите за побрзо да влезат. Сфаќам паника и болно дете, нокој од ќеф не оди, ама за сопствен интерес се да газиш не. Поготово оти можи и со друга мајка да се судриш тука. А судир меѓу мајки е опасна рабоѕа Тогаш свеки ги измаршира, рече јас сум лекар, ај другиве не знаат, јас знам во каква опасност не доведуваш сите Додека пишувам не и се интересни лисјата, почнала земја да копа @zuto Јас би и вака без куфери само по тренерки да дојдамАма во друга прилика, сами без мажи и деца, да исплакнеме очи по некој убав турчин како од серииве
добро утро јас кафе во кревет пијам,децата спијат.Се мислам за доручек дали некои вафли или крофни да правам .Ке прошетам денес со нив низ град,дома нешто да присредам и тоа е тоа за денес.Маж на утакмица во Ск ке оди . сакам и јас на одмор без деца.Или барем викенд без нив.Здравје тек догодина тоа.Да направи бејби барем полни 4
Јас бев иста секој месец бронхит и крајно беше кога имав тешко дишење и направив алерго тестови и на се скоро алергична а исто и внуците нон стоп болни а тоа од алергијата добро е да се испита
Второ кафе и наполитанки на спална додека бебе преспива. Ми фали тв во спална за во овие моменти да си изгледам некоја серија, оти кога е буден е малку невозможно да изгледам серија и да видам што всушност се случило Имате вие тв во спална? Негде кратко ќе прошетаме кога ќе стане па и мм вечер оди фудбал да гледа, ќе мора некоја занимација да најдам за нас двајца. Утре винарија Сопот на репетроар, таму ќе ручаме. Не сме биле до сега а фино ми изгледа на слики. Недела ден за чистење ама тоа го завршивме утринава па утре сме слободни.
Не ме чуди тоа , ме чуди зошто воопшто го довела на роденден кога видела дека почнал да се исфрлува, во најзаразната фаза..
Не сме мрднале сами никаде 7г ете затоа . Ај пиши ми во лп или тука како ти одговара, како одите преку агенција (која?) Со авион, во кој хотел...?
Хелоу, јас со свеки и јатрва ми пијам кафе, малата се успива со дада ѝ, сакала со нејзе @zuto земи ме и мене, сум кажала Олудениз ми е желба,а и ти се понуди на помош кога ќе одам, некогаш. Вечер сакам да одиме на повојница кај другар на мм, имам еден куп за одење па да почнам од некаде
Ајде спремајте се сите и правиме групна феминска екскурзија. Кој сака со маж/без маж, со деца/без деца... Јас одма кажувам без моите никаде не одам
Јас да. Од истата причина што ја кажа и ти. Да можам на раат на погледнам нешто додека се заспиваме со часови. Да изгледам некоја сериа на раат а сепак да сум до него
Nie nemame TV vo spalna, a ne cuvstvuvam ni potreba od toa. Jas tv voopsto ne vklucuvam, 1 cas nedelno dali, a i toa e mnogu. MM koga e sloboden gleda sportski kanali i toa e se. Serija sto bese toa???