Добар ден и од нас од убавиот охрид денес поспав до 8 синчето ми се разбуди во 6 во 7 го нахранив почнав по 60мл да му давам на 3 сати па не повраќа многу ептен сум хепи се надевам дека во петок ќе имаме добри резултати многу е порастен шпикозните му се кнап .За пазење не го чувам само дома го шетам надвор добро облечен и нон стоп дома ветрејам да има свеж воздух поладен
Ако сте биле во Систина незакажани одите на ургентен. За бебиња до 1г за редовни контроли се закажува и тоа е на 3ти спрат и таму не се носат болни деца. На педијатрија на 1ви спрат се закажува исто и не работи тој дел за викенд и таму одат претежно настинати деца, контроли и сл. бидејќи реално и после 1г ретко кој оди на редовни контроли. На ургентен нема посебна чекална. Ај темава више здосади уште сто страни да се напишат исто, секој си држи свој став и како сака нека си прави. Ај добар ден Надвор преубаво ама зверкава моја рано стана благодарение на брат и пошто на господинот во 6:30 не му се спиело, а во работни денови кога треба да оди во школо плаче за спиење. Сакав бар до 12:30 да ја подржам на сонце се утепа од плачење сакала дома, само испазаривме нешто и назад. Еве ја речиси заспана. Мажињана возат точаци бар тој да се издува. Ме изнервира од сабајле ја заборавил во школо баш таа работна тетратка кај што имаат домашно, уште многу не сериозно го сфаќа школото не знам кога ќе почне да е мачку поодговорен. За ручек си нарачав крапче сега некој зеленчук гарнир да спремам да си сварам кафенце додека не стане малово
Здраво мамушки. Што убаво времето денес скоро цел ден во двор уште сабајле сме, сонценце грее топло и мирно. На гости се моите па мајка ми цел ден со малата јас си уживам. Искрено дека навикната сум сама да ја чувам и пола саат да седнам одма викам дај ми ја хаха ми фали да си ја држам. Ми годи сонцево денес посебно нешто, ме релаксира. Уште малку ќе спремаме ручек скаричка по двор, ќе се собереме сите од куќа а богами не има многу. Надевам се нема да брмчат цело време за политика уште сабајле почнаа муабетите е тоа ми пречи само. Ајде поздрав мајки убав ден. ❤
Уште ова морам да кажам на темата. Не се разбравме. Погоре мајката напиша што има лошо што сакам да си го заштитам детето. Јас не ги обвинувам или не велам дека тоа е погрешно, туку тврдам дека е не возможно, од лично искуство. Јас искрено ке ви кажам деца на редовни прегледи не носам, туку само ако е болно. Имам дома вага, мерев, секој пат граби напред. Дали било 300 грама + или - не ми менува штом добро полни пелени.Патронажна дојде првата недела,после дојде по две недели. Се погоди добра, се ми објасни и ме упати. Е сега искуството, бебево првите две недели не излезе од дома зошто јас не можев да стојам и на две недели ми крена тт. Братчето беше со вирус, па префати, ако ги двоев во две соби. Се јавив на лекар, ми рекоа ако цица нема гајле. Е арно ама престана да цица. Видов не видов го однесов на дежурен на педијатрија. Таму во чекалната уште куп други деца, ај не пратија на 7 спрат за крв. Лифтот е помал од метар квадратен. Во него се набутаа повеке од 10 луге, сите со болни деца. И ај оди заштити го. Нокеска и мм крена тт, што дека ке пазам термин здрави болни, вирусот ми е дома. Лош викенд, едвај го чекам да дојде и вака кога ке ми се расипе многу се нервирам. Кај е мм болен, па и работни обврски има, да си пукнеш. Ке дремеме дома цел ден. Го викнав внук ми колку толку да можам да ги прошетам надвор децава.
Убав неделен ден! Ние засега дома,беба нана, батко излезе низ двор да поигра. Сакам денови кога бебе има ред, си стана во 9 си се најаде во 12 заспа, сега спие па ќе руча, ќе поиграме, па надвор, ако предреми уште еднаш арно ако не не и тоа е. Вчера вечерта плачеше едно саат време, тоа пусто забче никако да му никне го одмачи сирото. Едвај сум го заспала. Ноќе се буди на сат и пол како новороденче ама тоа е ќе се издржи. Инаку, конечно ми олесна во душата, мм почна да зема плата на новото работно место. Не е којзнае колкава но сепак друго е кога не се мислиш за сметките. Сега може да мислиме и за приватно нешто да си отвориме и да ни тргнат нагоре финансиите дај боже. Досега низ што и како врвевме ни на душман не му посакувам, ни некој не праша, ни се зажали човеков што работеше од јутра до сутра. иИ токму од овие причини денес не одиме да гласаме.Мојот глас со години оди кај некој кој ни еднаш не помисли на нас. Заради нив остана мм без работа. Епа нема веќе.Ама ете имало Господ. Мене ми пишал еден менаџер од фирмата кај што работев порано, незнам што му текнало на мене, пишал дали работам и да му се јавам, може има некоја понуда за мене, знам има и тој фирма. Се радувам на секој ден што бебе расте, но и ме фаќа жал, колку бргу помина тој период на сосема мало бебенце. Но, идат нови денови, поубави, денес зедов еден лист и напишав места на кои сакам да одиме во 2018. Едно е манастирот Острог, многу ми се допаѓа од слики што гледам, бил некој? Ручекот е готов, денес неделен изборен ручек . Супа, месо и компири печени. Салата зелка и моркови рендани. Па после ако успеам мафини за бебе да направам да проба. Туку вчера вечерта машината за перење ми откажа љубов, наеднаш почна да се тресе скока и брчи, незнам што и стана. Детето се преплаши, му давав блага вода, среќа бебе не се разбуди, богами и јас се преплашив мислев ќе експлодира. Мм ја размонтира но не знае што и е. Денес е пак на работа па вечер ќе гледа. Останаа алиштата....Не можам да перам на рака, заправ тоа што мораше и требаше, ме боли половина страшно. Ако не се поправи во скоро најлоните и кај мама или свеки на перење.
Каде нема да ја примиш? ДОма можеш ама во градинка, игротека, болница секако немаш право да бараш најава и уште помалку ти ќе одлучуваш дали некој треба да биде присутен или не. Јас тврдам деке дете со ТТ, со повраќање и со пролив не ти чуват во градинка, макар мајката го оставила таму, сепак реагираат воспитувачките или на врата кога го примат или отпосле кога ќе забележат дека детето е повеќе болно. Дете со растечан нос и кашлица ни мене ни на било која друга мајка и е вратено (барем во нашата градинка). Инаку имаш право дека на гости кај дете или бебе не се оди болен, истото го практикувам и истото очекувам и другите да го практикуваат, ама на домашен терен и во слободно време е друго, а сосем друго е во градинка каде повеќето деца одат оти нема кој да ги чува. Тие ,,џокери,, како слободен ден и боледување најчесто се искористуваат кога ситуацијата е посериозна (како што набројав висока ТТ, повраќање, дијареа), додека за полесни настинки секако дека мајката нема да зема слободен ден. Членката (т.е ЈАС), намерно го напишав тоа, зашо ме иритира кога за се вината се наоѓа во други (во случајот во другите деца од групата). Оти не си помислите дека можеби и вашето некого разболелело дури да сфатите дека и тоа има вирус??? Или оправдано е за вашето, ами за дургите не е. Се разболува и нејзиното, ама не ги обвинува нити децата нити мајките кои ги носат децата во градинка. Едноставно знам, сезона на вируси, настинки, бактерии... дај Боже да сме поштедени, ама ако не сме секако нема овде да ве замарам дека ете другите ми го разболеа моето кутро дете. Нит сум видела сируп да се дава во градинка, нит сум видела дете омалаксано од тт да престојува таму, нит верувам дека учителките ќе допуштат такво нешто. Такво нешто не верувам дека се случува, само знам дека на секоја мајка срцето ја боли кога детето и е болно и можеби и од таму доаѓа тоа давање за право да се суди на другите деца и мајки демек се несовесни и вирусот го шетаат. Инаку конкретно зборам за градинка, а за во болница ако има ред и простории на здрави и нездрави пациенти би требало да се почитува, ама и овде има исклучоци и треба да сме малце повеќе толерантни кога станува збор за деца.
Добар ден! Се мислам дека сум најмалку редовна од сите ама ветувам дека ќе се поправам Прво фала за честитките на сите кои ми честитаа, сега си чекам слики од роденденот и сум тотално возбудена да се присетам. Друго моето бебе ја доби првата настинка, душа ми се кине како се мачи, еве втор ден, првата ноќ само 3 часа спиеше и таа и ние. Бевме вчера на лекар и добивме витамини како терапија, јас и без тоа си давав ама рекоа дека за друго немало потреба. Кога стасавме дома крена температура па на своја рака сируп давам и следам ситуација. Секако ќе морам пак на лекар деновиве. Така си спечаливме подарок за роденден од мешање со луѓе и деца, но да се изолираш е тешко, кога правиш роденден уште потешко. Во врска со таа тема ќе кажам дека пазам колку што можам да ја заштитам, ама не секогаш е можно тоа. Кај нашиот педијатар има една минијатурна просторија која собира едвај 4 возрасни така што кога одевме со мало бебе ептен малецко таму седевме, потоа со тек на време во големата просторија кај сите болни и здрави деца. Таму обично седнуваат родители со новороденчиња оти тие се многу нежни, ние поголемите секој со своја среќа Во градинка кога ќе почне да оди тогаш ќе кажам за тоа искуство сега незнам. Пред неколку месеци ми дојде пријателка со нејзиното бебе и седиме се играме сите и таа мртва ладна кажува дека нејзиното претходната ноќ имало 39 температура. Јас што да направев да ја измавам ли, да и речам ли дека не требало да ми идат болни незнам, т.е знам во себе вриев ама се помолив се да биде во ред и си преќутав како маче, како јас да сум крива не таа. Среќа добро поминавме. Ама ете ако требало да биде ќе биде, може сопругот да ми донесе од работа некој вирус овој период се знае дека е така и него ли да не го примам дома. Додуша ако заслужи може и да не го примам Телевизор во спална немаме и строго сум против, водиме војна со сопругот тој сака ама до сега не му успеа па ќе видиме. Искрено телевизија слабо пратам во последно време. Убав ден!
@Seline и на @chocolade чинам беше ќеркичката, среќни да им се родендените со задоцнување, да се здрави и живи малечките. И побрзо оздравување. И ние лани после првиот роденден го заработивме првиот вирус, коксаки и тоа, сега за брзо му е вториот роденден, и пак во игротека со многу дечиња. Да се здрави и живи само, не можиме да се изолираме, зимава па и повеќе во затворени простори ќе сме. @danichap барем свеж воздух имате, овде замисли со тоа да се лечат при настинки и вируси не е за смеење, малку црн хумор, почнува грејна сезона, нема да се дише пак надвор. Се надевам за брзо ќе се реши кашлицата, да не е од алергија штом е толку долго?
Вечера супер прифатена и искркана за секунда, чекаме резултати сите сега Утре, предизвик, забар! Дете се жали на болка во една 5ка. Еднаш го имам однесено, да ја запознае средината, обичен преглед. Утре ќе има плачки, знам, смачено му е од тетки во бели мантили, но ќе бидам упорна, и не со сила, ако треба секој ден ќе го носам, ама мора да стекне навика за забите, едно од најважните нешта се за мене навремено средени и поправени заби. @Annath совет можеби некој би ми дала, од твоја гледна точка? Ах да, и бербер е во план ама ќе пропадне ако има перипетии кај стоматологот.
убав денот помина денес.Гласавме,па во парк на лукашки,возеа колички на акумулатор и дома малата заспа како заклана.Со неа и јас одмарав,гледав серии.Првото кафе тек сега го пијам.Поздрав
Еве сум и јас. Завршив со генералката, сега ми е чисто и убаво на душата. Малата вечераше, сега си игра во детска соба а јас одмарам. ММ на службено патување кое никако не можеше да го одбегне, и толку ми фали дома. Не знам како издржувате вие жените чиј мажите ви се на работа во странство. Мене монотонија ме убива дома, не знам како до вторник ќе издржам, Ова малце и лигавешки звучи, ама јас дека не сум навикната да бидам сама дома и затоа. Инаку топлиот ден го искористивме за прошетка со малата, после ручек излеговме и дуро во 20 се прибравме дома. Се изнаигра детето. Тоа од мене мамици, не знам што друго да ви пишам. Убава ви вечер на сите!
Не си единствена и јас мразам кога мм не е тука. Во ноември ќе го нема скоро цела недела и уште сега ми е шубе. Со децава се снаоѓам ама едноставно не сакам да сум сама дома.
Cekam mm da se vrati od rabota. Mrazam koga sme sami so malata noke. Se tresam od strav. Rece idel. Malata hrci i spie. Pred 2dena imav gostinka nastinata i eve ja noseto zatnato i potkasluva. Cel mesec e nastinata. Treba oset da se ima bre lugje. Ne vo stakleno zvono, ama vo sezona na virusi i gripovi odis na gosti kaj malo dete i vikas "nisto ne mi e bre, nosot mi tece samo"..... Druga situacija, druga zena utredenta Nastinata, zatnata i se butka vo faca. Da, nadvor bevme ama pak sto mora da i dises vo lice, malo dete e, prefaka brzo. I uste nesto, jas ova katce go smetam za poopusteno i relaksirano i zatoa pisuvam i prasuvam tuka, a ne po fb. Ama nekako ovie 2 dena mnogu drsko odnesuvanje(pisuvanje) pokazaa majkite. Ne sfakam zosto ?! Jas ovie 3dena sum i depresivna i nervozna do maksimum, ama ne moram ovde da lecam frustracii(za toa si go imam mm Olabavete malku so osudi. Majki sme, ne boli najveke za nasite deca, ama ne sum cudoviste da "gazam" preku se i na smetka na tugji, nevini deca. Barem mislam deka i drugite isto razmisluvaat i pravat. I da, ne e mnogu bolna, ama cel mesec ne odi vo gradinka. Ke ozdravi pa posle "jovo na novo". @danichap se nadevam dobro e sega se. Odmaraj kolku sto mozes. Dobra vi nok
Да ви се убацам во муабетите околу здрави, болни деца, како падобранец. Кај мене (Мелбурн) има здравствен дом во секоја населба (mother and child healthcare centre), во некои и по две, три зависи нели од големината, во нив се стационирани патронажните сестри кој од кога ќе се породиш доаѓаат 7-8 пати до 6 недели, одредени дена во неделата има различни специјалисти и таму се носат исклучиво здрави бебиња и деца до 3 години на редовни контроли, за болни ако се кај матичната се оди ако е после нивното работно време се оди на хитна. Пред година и пол кога бев во Скопје со децата ми фатија таму стомачен вирус, после неколку дена ги однесов во Систина, ај што ме ошурија од пари дека децата странски државјани ама поарогантни доктори во живот немам сретнато, им препишаа куп лекови, сакаа да ги боцкат, ја прашувам што има, зошто ќе ги боцкаат, таа докторката со потсмев ми вика мајченема што да му ја мислиш ти, некој учел школо за оваа работа. Е арно и викам што сте учеле ама и некој друг учел и знае дека не смееш да даваш лекови на малолетни деца без дозвола од родител, во случајов без моја дозвола и јас сакам да знам што има во инекциите, видно изнервирана ми кажа, као да бе ќе разбереш сега кога ќе ти кажам, таа кажува јас и кажувам кој од тие има потреба да дава, кој нема и на крај почна душмански да ми ги боцка децата, стока невоспитана. Тука така да направи докторка ќе и одземат лиценцата за работа, нека си го бриши газот после со дипломата кога нема лиценца. До сега децата два пати имале стомачен вирус, дечките ово време кубурат со блага алергија на полен, не им е изразена колку на мм, затнати се, па после им течаат мрсули, со инхалации им поминува а оди најголемиот на училиште, малите во градинка, двајцата со мм сме во болница, контакт со болни нонстоп имаме, ваљда имуниот систем им е навикнат на секојдневни бактерии, вируси па не се разболуваат. Како тука да се поотпорни децата, во родилните соби колку сакаш толку луѓе има, не е стерилна собата, кај штотуку родено бебе се влегува, го држаат роднини па ништо не им фали на децата и кај мене трите породувања после 10 минути цела соба полна со народ, нит се разболеле децата, нит им било нешто и многу штитење не е добро. @danichap и тука е исто со деца, лекови препишуваат само ако има потреба од нив ако не исто како на тебе ти вика прошетај на свеж воздух, луфтирање дома и толку, не се многу мераклии на лекови давање на мали бебиња, деца.
@bittersweet далеку сме од Австралија во секоја смисла Добро утро. Се тркалам накај работа големион едвај го станав за школо, класика а вчера рипна во 6:30 свеж и наспан, малоно го оставив спие уште. Понеделник а
Здраво мајки. Стигнав касно вчера дома, поминавме супер, сега јово на ново понеделнички. Ја читав дискусијава, немав време да пишам. На лекар ја носам кога е болна, кога беше бебе на редовни контроли не ја носев само за да ја мерат ми немаше смисла да малтретирам мало бебе. Дома имам вага. Ја мешам и со болни (читај растечен нос и кашлање, ако се смета тоа за болно, за мене не е, оти децата се по цела зима такви), ја шетам и на - 30, а имаше само 5,6месеци, толку беше мала. Не ми паѓа ни на крај памет да чувам дете затворени затоа што има болести. Така правеше една пријателка, сега детето 5години има, тргна во градинка, нонстоп е со температура, и дур и до Козле стигнаа, дури и им рекоа дека толку бил нежен што дури и корисните бактерии него некогаш му пречат. За дома оставам на совест, ако ми дојде болен некој, ваљда нема да го избркам, Боже сачувај. Мислам дека денес стварно претеруваме. Некогаш е ок, ама некогаш е без врска. И, нормално е да се разболуваат. Што пак јас да правам, секоја настинка добива гратис воспалени уши? Тоа е, кога има контакт со надворешен свет. Еве, последно купував во пиљара, жената апла болна ја закача. По два саати и мојава болна. Ај, сега да не пазарувам од таму, чисто ради револт. Глупости. Инаку, за во градинка, сум видела јас лично дете кое го пратија со стомачен со парацетамол во ранче. Цици мици со воспитувачката, нема кој да го чува. Јас тој ден баш ја паузирав градинката, ги земав работите на малата, среќа не ја носев неа. Не има секакви. Јас само не знам мајката што го остави детето што душа ќе имаше. Она не би издржала, а не пак тоа. Тоа од мене. Дојде време да тргнам. Поздрав.
Еве не и нас после цела ноќ плачки и температура. Претпоставувам заби се. Но градинка и температура не одат заедно. Останав дома. Утре ќе е тешко мене на работа но зар има побитно нешто за една мајка од своето дете !? Ќе се справам и со нив само он да ми е здрав. Ќе го изнесам малку на воздух сега во шума... вака се е во ред освен што е кенкав и го мачи температура... и осипче околу уста како единички кога излегуваа. Значи забите ептен не измачија. Убав ден мајки.
Добро утро малиот спие вчера се боревме за заспивање до 23ч после кај 02 му текна да се играл човекот си збореше,, там там...баааммм пааамммм "и јас си молчев ми се спиеше ми се плачеше јас го покријам со кебенце тој го избутка и на крај пуштив панелот да се стопли и така заспа. Еве го сега стана ќе правиме доручек и ќе одиме да шетаме сонце блеска ќе биде убав есенски ден.
Без многу притисок и опуштено само, стоматологот си знае како треба. Требало почесто да го носиш на контроли, да не дојде до болка, ама ете, некогаш не може да се предвиди дали и кога ќе се појави. Битер, дефинитивно сме далеку од Австралија. Презаштитнички се однесуваме со децата, надвор ако има сонце, ама дува ветер, никој не вади дете, ќе настинело. Почисто е кај вас отколку кај нас, ама еве, колку и да се чисти, постојано се валка, зборам за здравствени домови, поликлиники и болници. Приватните се секако почисти и поодржувани, за разлика од државните. Како и да е, зборот ми е дека мајките премногу ги заштитуваат децата. Јас лично моиве не ги мешам само со тазе вакцинирани деца (две до три недели после вакцинирање), за друго ништо не правам проблем. Ни за растечен нос, ни за болно грло или слично. Ама ако се моиве настинати имам обѕири спрема другите кои не сакаат да се мешаат. Во градинка синко го пуштав со растечен нос, дури и кога бил под терапија со антибиотик, а е во добра општа состојба. Ако е добар, нема зошто да го чувам дома, тогаш немаше кој да ми го чува секако, сега стариве се пензионери, па е полесно, ама еве, малото сабајле го оставив со нив иако двајцата се малку поднастинати. Додуша, сите сме со растечен нос и кашлица, таков е периодов. Затоа не би кревала џева околу тоа мешање, сите дома носиме по нешто, а болно дете се носи на лекар, за здраво си договарате со докторот/сестрата да ви каже кога отприлика би било најдобро да се однесе. Кај матичната на децава нема посебни термини за здраво и болно дете, ниту пак има посебни чекални. Ама нема зошто да изолирам кога дома самите носиме се' и сешто, бидејќи преку работата сме во контакт со еден куп луѓе.
Добро утро! Ич не убаво спиев, сто пати станав за у wc, па и кашлам, секрет сум полна... аман! И ме разбуди повик од ММ утрово пред 8, па ете ме сега чај пијам и чекам малата да стане. Денес не одам на работа, и малата си ја заджав дома, и она нема да оди во градинка оти сакам да сме си цел ден задно. И овој ќе биде топол ден, па сигурно нема дома да го минеме, сами двете ќе си се шеткаме најверојатно во парк на чист воздух. Дури пишувам ете ја стана малата... ај да се расониме!