Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    @bittersweet велиш дека до три години кај вас се одделени здрави и болни деца. Кај нас како што читаш речиси сегде сите се на едно место. По породување нема луѓе бидејќи нема услови, се е пренатрупано, се е на куп, но тоа не значи дека е којзнае колку стерилно. Не е чисто прво. Мене ми ја дадоа исфрлана и ми рекоа, па, знаеш како е тука, ти дома ќе си ја средиш.

    Одат во градинка на осум, девет месеци со полно други деца, живееме во крајно загадена средина и дали мајките на крајот се за обвинување за она малку што можат да го спречат, како доаѓање на болни гости, дека се премногу заштитнички спрема децата? Па тука само во темава читаме колку често се болни децата и сосема нормално е да сака мајката колку може да го заштити. Не е воопшто исто и нема потреба за споредби.
     
    На 24.07, ivi1987, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Добро утро мајки.
    @bittersweet почесто да не дружиш и да шкртнуваш по некој збор како е во Австралија. Малку очи да исплакнеме и ние и да прочитаме како функционираат и другите земји. Плус мајка на двајца палавковци и една мадам, искусна бабица... секој совет и те како би ни бил добредојден:hug:.

    Кај нас уште една хорор ноќ. Малово цела ноќ кашлаше, се задавуваше. Ни кромидот не помогна, само на кебачиња мислев вела вечер (facepalm):D.
    Сабајле закажавме термин да ја слушнат кај педијатарот во 14.30 ни рекоа.
    Големата е во градинка до 14.00, од 16.00 и на логопед, измеѓу мора и да се пазарува бидејќи фрижидерот е целосно празен, уште една глаша вода за малово... а маж замина на работа од 04.00 и дури 19-20 ќе дојде.

    Макар што свекрва ми дојде, оти мора да не вози, како ќе изведам се јас не знам. Среќа немам крварење, остана на точката од синоќа. Со страв се движам:(.

    Инаку јас во село каде што сум е чист воздухот, нема загаденост. Кога дознав дека сум бремена со првата мома ја донесеовме таа драстична одлука, да побегнеме од градот, и дојдовме тука. Сите предности кој истиот ги нуди и те како ми фалат, секогаш кога сум зависна некој да ме развозува го чуствувам истото... ама сакавме помирно опкружување за децата. Градчето каде ќе се селиме догодина е малку поголемо од селово и е на некоја минута од тука па нема многу да се промени.
    Инаку секој ден, јас и мм или баба/дедо, се трудиме да ги шетаме во шумичка или по ливадите. Со тој свеж воздух веќе на глава ни се качени докторите па користиме природата која ја имаме.
    За право никогаш не ни пиеле антибиотик тука и немале тт повисока од 38.5 во комбинација со вадење заби... па може и до воздухот е. Дај боже и кај малово после се да е ок, да нема спуштено на гради.
    Инаку зимо лете испаѓаме и ние, шетаме по природа, молови... не им влијаело.
    Помина време за одмор.
    Убав ден мајки:hug:
     
    На 24.07, Monella, JuLleE и 20 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    37.064
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на делот за здрави и болни деца.
    Мислам дека и кај нас во поликлиниките замислата била да се одвојат здрави и болни деца, ама во пракса не се применувало. Конкрено за Јане Сандански, има диспанзер за здрави деца (каде се врши вакцинација) и одделот за педијатри. Делот што е за здрави деца не би требало да се користи само за вакцинација, туку и за редовни контроли на малите бебиња. Еве не мора да е до 3 години како во Австралија, ама барем до годинка да се носат таму децата ќе биде подруго. Вака со термини за здрави и болни деца кои не се физички одвоени е глупост невидена.
    Втора работа, цело време читам тука низ форумов критики за здравството на запад. Конкренто Германија. Нашето као подобро :| Еве не знам, ама статистиките кажуваат друго. Колкава е смртноста на новороденчиња и мали деца кај нас, колку во Германија, на пример? Каква е стручноста на лекарите таму, каква кај нас? Опременоста на болниците, итн... Не е за споредба, навистина. Јас разбирам дека сте лути, бидејќи тука сме научени за се нешто крвна слика, сирупче...
    Од моето досегашно искуство со малата, 80% од крвните слики што сме ги правеле досега, биле беспотребни. Зошто тогаш упорно ги правиме, не знам?
    Загриженоста на родителите е друга приказна. И тука грешиме и тоа многу. Што дека ќе стелизираме се и ќе ги изолираме децата? Кога/тогаш тие ќе мора да тргнат на училиште. И тогаш ли ќе ги штитиме? И како ќе ги заштитиме? Ај, ако не во стаклено ѕвоно. Што знам... вие си знаете, секако, само се што е претерано не е убаво.
     
    Последна измена: 16 октомври 2017
    На 24.07, ivi1987, Mayyya и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Денес станав пред малата,се избањав и се средив некако :$
    Уште коса да испеглам и толку од мене за мене :D
    Попладне имам контрола во болницата кај што ке се пораѓам,да видиме до кај е Мишко :inlove:
    Сега секоја недела сум кај матичниот,де крв земање де цт :worried: и плус во болницата,кој ке ми ја чува цуцка незнам

    Времето се ближи а јас се позагрижена сум како ке оставам дете кога ке одам во болница
    Свеки ке дојде кога ке се породам ама дури да дојде ке биде весело :|
    Верувам дека маже ке се снајде ама пак....тешко е сам ама ке се снајдиме :muscle: само дечињата нека се здрави и живи :inlove:

    Маже работи,среда и четврток ке го имаме само за нас :angel:
    На тема разделени сме биле по неколку дена( кога треба некаде подалеку да работи) ама негово мото е кај јас таму и вие и обратно
    Нити тој може да се замисли без нас нити ние без него,за тоа го обожавам :l:

    Еве ја и цуцка стана,ги обожавам утрата со неа дека се мази многу :inlove: ко некое глувче ми седи :f:

    Денот сончев и топол,ке се шетне пак некаде,а сега да спремам доручек и да престанам со лигавење :nod:

    Убав ден мами :*
     
    На BabyStyle, tarantula, 24.07 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Ние сами сме дома, нит гости имаме, ниту пак по гости одиме, на лекар во просторија за здрави бевме и на крај мм ни го донесе вирусот дома.
    Шетаме секој ден, топло, ладно, врне дожд, сонце има, ние количката и ајмо. Веќе милион пати имам пишано дека каде и да одиме, со нас го носиме пошто мораме, и меѓу здрави и меѓу болни, така да одењето на лекар и во која просторија ќе чекам најмал проблем некако ми се гледа. Во петокот во банка пола час дремевме, буфтаат баби кашлаат, што можам?
    Тоа е што е мами, таква ни е улогата.
    Ние добри, деновиве беа некако брзи, исполнети. Колата се расипа, трчај по мајстори барај, среќа претходно за дома испазаривме се и сешто, да не морам да влечам секој ден од продавница. Малиот пак со носето шмрчка сабајле кога ќе стане, па одам спреј солена вода да купам сега...
    Расте бебето мое, полни 6 мес направи. Стои, фрла играчки, гризе што фати, се загледува кога му пејам или кога вртиме сликовница, музика слушаме, играме, абе да си пукнеш од среќа.
    Туку јас си имам една мака, да ја кажам може не сум единствена со истата... Постојано ме јаде чувство на вина дека не поминувам доволно време со бебуш. Го оставам сам да игра или гледа цртани само за да направам ручек, да зачистам и поради тој саат во денот сам што го седи, јас сум никаква цел ден. Како да сум го ставила во втор план, побитен ручекот ми бил и сл. Некако чудно чувство и не убаво во секој сл.

    Одам сега да се спремиме па аптека, маркет, еден круг да свртиме надвор, иако е врнежливо времето :)

    Убав ден мами!
     
    На supergirlmb, 24.07, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Добро утро ,добар ден :)
    Убаво поминат викенд ,маж ми имаше слободен викенд па си го поминавме заедно со него и бебе ,не прошетавме негде посебно ама бевме заедно па и тоа е доволно.Вчера имавме гости дома славевме роденден на свекрвата ,ја изненадивме со слика од бебе како во рака држи картон среќен роденден бабо и ја урамивме и ја подаривме она пресреќна .Искрено многу сакам кога им подготвувам изненадувања на блиските за роденден :)
    Во врска со муабетот болни ,здрави деца сакам да кажам нешто иако ова нема врска со амбулантите ,во саботата бевме до рамстор со маж ми и бебе во количка шетаме и влегов во аптеката да купам нешто ,значи јас влагам со количка со бебе кое има неполни три месеци ,и влага една госпоѓа со нејзните две деца на некоја возраст 10 години и повеќе кои имаат сипаница цели измачкани со течна пудра по рацете и лицето ,мислам ало госпоѓо сипаницата е заразна со кој памет ги носиш децата во мол каде што врие од народ:devil:
    Некои луѓе очигледно ич не размислуваат незнам што да кажам .
    Денес убав ден ќе биде ќе го искористиме малце да се прошетаме на воздух со синко ,друго нема ништо .
    Убав ден мајки .
     
    На 24.07, Monella, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Ноќта добро поминавме убаво си поспа девојченцето мое, утрово весела е, ама носот уште полн и тешко дише.
    Сакам да ги прашам мајките кои живеат во Германија каков инхалатор имаат и кој го препорачувате оти немам а мора да купам.
    И кај нас фрижидер празен, викендов не стасавме да го наполниме па ќе мора да се оди во маркет. Се мислам дали да одам и јас и да малтретирам бебе или сопруг сам да оди. Ама сигурно пола од работите што ми фалат нема да ги купи.
    Инаку скоро секаде мора да ја носиме со нас, некогаш е тешко и жал ми паѓа што со нас мора да виси по ходници ама немаме друг избор.
    Да кажам дека неколку недели откако се роди мене ми се слоши и мораше да ме кренат со брза помош а бебе со мене преноќи на клиника. Капак на се бев сама сопругот на службен пат. Поточно свекрва ми беше тука ама жената не знае јазик и бебето не дадоа да остане со нејзе. Така мајки од лошо има и полошо. Утредента ме пуштија ама сама со бебе кое нема ни 40 дена во болница беше голем стрес.
    Животот не тера да го издржиме и она кое никогаш не сме помислувале дека нам ќе ни се случи, не вреди да се расправаме, сите тука го сакаме најдоброто за нашите деца ама некогаш неможеме да влијаеме на нештата за жал.
    Убав ден
     
    На 24.07, elcezelce, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    На тема здрави болни ние цела недела сме под антибиотик. Минатиот викенд качи температура 40,2 се уплашивме поштено. Во Понеделникот крвна слика и црп и по црп-то видовме дека е бактерија После првата доза антибиотик спушти темпертура и сега е ок. Денес сме на контрола и се надевам нема да има потреба од повеќе антибиотик.
    Инаку јас ич не сумпоборник на антибиотици и давање лекови на деца како што е пракса во Македонија. Докторката само пофалби ни дава кога го носиме само со температура или слично. Секој ден сме надвор па и сега кога е болен. Нема зошто да седи дома во застоен воздух. Не беше надвро само во Понеделникот кога имаше ептен температура и сиротито не знаеше кај е. Утредена со количка надвор шеташе да го фати воздух. Одиме и по игротеки на родендени. После секоај посета на игротека ако ништо друго носот ќе му се растече ама тоа па е и нормално. Децата до кај 5 години градат имунитет и настинките им се нромалан работа. Растечен кос и поткашлување не е ништо страшно.

    Од него и јас префатив и тоа беше лошото, кај дете болно, јас болна на работа многу работа. Преморена сум. Капак на се вчера бевме на концерт на Стинг со стоење. Напорно ми се виде ептен ама ми се крена адреналин се изнарипав и еве денес сум ко нова. Уморна ама гајле ми е. Сега полека си работам со нов елан и енергија.
     
    На 24.07, elcezelce, jovana03 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за термините, исто мислам дека нема поента кога не се одвоени просториите.
    За крвните слики тоа и не е до мајките колку до докторите. И во Германија еве да сака мајка да направи нема каде. Тука веднаш се прави крвна слика, дали е до несигурноста на докторите не знам, ама гледаме дека и тие самите влеваат несигурност и недоверба кај мајките. За здравството и нема што да зборуваме кога знаеме во каква состојба е. За изолирањето поентата ми беше дека не може генерализација да се прави дека мајките ги изолирале и биле толку заштитнички настроени кога уште како бебиња се носат на прегледи со болни деца и потоа одат од осум месеци во градинка. За каква изолација зборуваме? Тоа што некоја не сака да и доаѓа дома болен гости е изолација? Во време на вируси и настинки кога секое второ е и така болно? Тоа не е изолација, тоа е разум за мене.
    Друго ќе беше да живеевме во чисто место каде зима го има оној убав, остар зимски воздух, па да не сакаш да го шеташ зашто било ладничко, тоа е за мене изолирање.
    @danichap сте имале можност и сте направиле одличен избор. И ние за тоа се бориме со мм, да не го оставиме детето тука да расне и да се гуши, па ќе успееме на овој или оној начин се надевам.

    Малото заспа, прошетано, изиграно, мене нешто глава ме боли, па ќе пијам едно кафе и ќе изгледам некоја епизода.
    Убав ден мајки. :)
     
    На elcezelce, Mari-Ja, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.557
    Пол:
    Женски
    Изгледа во цело Скопје само во Систина и кај матичниот педијатар на малиот се посебни простории, кај педијатаров се работи дури за посебни згради, затоа има премногу гужва, закажав контрола дури за почеток на ноември (facepalm) во принцип не практикувам да го носам постојано на контроли, веке е голем, ама бидејки мака мачиме со јадењето па сакам чисто да видиме до каде сме со тежината. :)
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Не знам баш дали е само до докторите. Мислам дека е повеќе и до тоа што кај нас менталитетот е таков што на секое кревање температура има мајки што сами бараат антибиотик. Вака со крван слика докторот има покритие дека нема потреба од антибиотик ако крвната слика не вика така. Ова знам бидејќи пролетва малиот фати вирус па од вирусот доби ларингит. Неколку пати бевме на контроли и направивме две крвни слики и останавме без антибиотик само со инхалации. На крај кога се помина ни вика алаа да ви е што издржавте. Има мајки што на вакви случаи ми се јавуваат по 6 пати дневно дека од една инхалација ништо не е подобри и на крај ќе видам ќе не видам морамд а им дадам антибиотик иако знам дека не помага инаку сами почнуваат со антибиотици и тоа најчесто амоксиклав даваат. Имам и другарка што тоа го прави сама си дава антибиотик и си бара одма да и препишат. Така што ќе да е до менталитетот.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И во Битола се одделени просториите за здраво дете, диспанзерот е со посебен влез, ама таму е за вакцинирање, така што не се прават само контроли по раѓање. Кај матичните педијатри тие се и чекални и термини нема, кога одиш, тогаш.

    Добар ден од мене.
    Многу е убаво времето, прошетавме веќе, топло како пролет. Гледав игротеки за роденденот, се одлучив и во која, само за термин се мислам. Дали сте чекале порано ден-два, се мислам да закажам во недела, а во понеделникот му е роденден?
     
    На elcezelce, Mari* и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Kazav i kaj nasata maticna deka e posebno :)
     
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    38.363
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Прв ден кај стоматолог, таа има надежи, дете поплачи, но на крај и кажа кое запче го боли и соработуваше со неа. Утре пак. И ќе има повеќе утра , знам.
    @Annath Ти благодарам,и да, можеби е во нас грешката што не го носевме често(два пати до сега на редовен преглед) но и мене и него вечњ траума ни се и доктори и плачења, тегнење, смачено му е верувам, ама не се правдам дека сум во право. Друга причина беше и изборот на стоматолог, луѓе во години, без соодветен пристап кон детето, скоро сите беа такви. Сега го носиме во нов ординација, сп занимации баш за деца и соодветен, ненападен, пријателски пристап на стоматологот. Ќе доаѓате ако треба и цел месец, беше нејзиниот одговор, ништо нема да правиме со сила и плачки, не увери дека ќе го навикне да соработува со неа.

    Ручек крчка, дете неподносливо, времето е дојдено за спиење. Се мислам дали да дремнам и јас или да потсредам низ дома.
     
    На elcezelce, joy1, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.557
    Пол:
    Женски
    да не сме кај истата :)
     
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Pa ne e vo posebna zgrada, taka da ne veruvam. Pretpostavuvam za dragana emel markovska zboris :)
    Maliot e vo sv.pantelejmon kaj slavica todorovska
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.557
    Пол:
    Женски
    Да, за Драгана, и откако се оделија во посебна зграда има тродупло повеке пациенти :tmi:
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Еве и @danichap неколку пати оди и пак истото и го викаат. Ако доктор не препише и во аптека не даваат без рецепт нема од каде да се купи и тоа е тоа. Зошто ако докторот смета дека не треба антибиотик да даде? Колку сака нека е упорна мајката, треба да и објасни и тоа е тоа. Ако не и се свиѓа повели, оди кај друг. Ко во маѓепсан круг сме некако, без почеток и крај.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Се слижувам со најголемиот дел од твојот пост, но ќе се надоврзам.
    Од примарното здравство не сум задоволна бидејќи проблематика(според мене) е далеку покомплексна и се наоѓа подлабоко од една крвна слика.
    Спомнуваш 4 од 5 пати била непотребна крвната слика. А што е со тој еднаш? Кога некоја бактерија или инфекција ќе остане неоткриена и ја влече детето континуирано со месеци?
    И после месец дена констинуирана, јака, кашлица една крвна слика барем да направеа.

    Се сеќавам на @Kaetana и хоророт кој го минеа со малечката, за тие брисеви и терапии. Размислуваа и да се враќаат назад бидејќи крајот не можеше да му се најде на детето со месеци.
    Јас стварно немам избор за педијатар. Таму каде што живеам, морам таму, друг не ме прифаќа бидејќи се полни. И не е за крвните слики, со детето се соочувам со потенцијални поголем проблем кој она упорно го игнорира и одбива да ми даде упути и покрај препораките на медицински лица стручни во тие области, кои меѓудругото ги добив од матичниот на мм. Да не речам на сила, ама не може докторка која точно една година не го видела детето телефонски да одбие да даде упут и да одбие да даде термин за преглед и разговор. Оти нели, нема термини, ние не сме итен случај. Систрматскиот ни го закажа три месеца после крајниот рок, оти немаше термини, а вакцина за малото ни даде термин за два дена. Крвната слика пред вакцина сите знаеме дека е научна фантастика, ама тоа ми е најмал проблем во моментов.

    Јас буквално водам борба од врата на врата за детето да добие потребни прегледи. Не можам да отидам на на приватно, ни за консултација без упут од неа. Човече ни на логопед не ми даваат приватно да направам разговор, обичен разговор, сепак двојазично дете е и се соочува со тешкотии. Божем бубрег на дете планирам илегално да му вадам. Не барам да бидам на товар на здравствената каса, и сама ако треба би платила. Е нема. И да се жалиш, џабе ти е.

    Шпараат на материјал, шпараат на упути бидејќи имаат квота, шпараат на се. На грбот на моето дете. Секој месец плаќам придонеси, секој месец сопругот плаќа придонеси... и приватно би си платиле ако може. Е не е фер.
    Еднаш само бевме во брза помош. Зимо беше, снег, студ... чекалната беше во главниот ходник дорект спроти огромните врати кои автоматски се отвараат. Ние чекавме омолу 6 часа. Среќа наоблечени и со додатни ќебиња. После нас дојде дете со над 40 тт. 4 часа покасно дојдоа со термометар, аха, уште под 41, и наредните два часа не ги опулија. Оти нели, до 41 се кечип со свеж воздух. Туку друго сакав да кажам. Докторката дојде после 6 ласа бидејќи шпара болницата. Одговорна била за двемодделенија со стотина пациенти, па и смена на итната и дале. Ти чукај си ја главата доле со детето ако ти се онесвестува. Пти гледаар сестрите од страна. Се додека не паднеш на подот и не се онесвестиш, не те погледнуваат. Се додека не е дојдена до таму работата чекај.
    Како беше онаа, није злато све што сјаја.

    Во однос на специјалисти, скалило погоре имам целосно спротивен впечаток. Минатата недела имав термин во болница. Тие 2-3 часа ние невме единствени на цел спрат. Стручност, професионалност, целосна посветеност... сум без зборови.
     
    На Kaetana, eli25, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите ние се прибиравме синоќа од шопингот за синко ништо со тие што требаше да шетаме сме кумоштини од холандија па по пат мажот доживеал инфаркт па хитно го оперира и се замина по вода касно стигнавме дома . Од денес сум на диета морам нозете ми се многу отечени да пробам со диета ако не помага по доктори ќе се влечам а и ништо не ме собира а нови не ми се купува зошто нема да ми стои. Вечер ќе почнам слатки да правам ќе почнат да ни доаѓаат гости за бебушот ќе биде забавно
     
    На eli25 и mal.ecka им се допаѓа ова.