Ах тие педијатри овде последно заминав кај друг,буквално ми рече кога ке биде немоќна и само ке спие тогаш ке направиме испитувања толку се дрски кога ке се побара некое испитување немам зборови...тоа е така затоа што немаме избор,недостаток на доктори,потполнети квоти сакаш нејкиш мора како ке кажат тие
На мојата и е во недела ама во понеделник ќе и го чекам дека малку закаснив со закажување па во недела немало место
Прво кафе само што испив и легнав малку на спална да искористам додела спие малиот. Вчера супер поминавме, многу ме бендиса местото а и цените беа нормални. Главоболката ме посети пак, цела ноќ и цело утре па на крај морав апче да се напијам оти витамините не помогнаа. Имате ли искуство со воспаление на уши кај децава, оние малите може ли да поминат без лекарства? Ќе одиме на доктор во среда колку да го ѕирне специјалист и да сме мирни, он не се жали и не делува како да има мака. Претпоставувам му е од настинката што ја имаше во септември, па и жлездата позади истото увце. Убав ден!
Ќеркa ми има често, лечевме со цитерал капки, за на крај да завршиме со антибиотик. Но, кога болат уши, барем кај нас е така, цело време плаче.
Ана за Јане тврдам дека пред повеке години беше така. Знам, внуци сум носела. Значи вратата лево, каде што се сега вакцините, беше за здрави. Десно вратата, болни. Но со воведувањето на матичен лекар се се измеша. Сега лево се вакцини, десно матични. Незнам дали си се качила горе во лаб. Е таму е интересното. Џабе доле дете ке пазам, горе е скоро секогаш преполна чекална. И што ако децата влегуваат во друго собче, кога чекалната е иста. За пречестото вадење крв мислам дека е поради недовербата на мајките во докторите. И јас спагам мегу нив. После 24 часа од прва тт проверувам крв и црп, а често и брисеви. Качени параметри, ке давам антибиотик во координација со др. Мирни параметри, чекам уште два дена резултат од брис, па да видам што понатаму. Жал ми е, но доведени сме во ситуација сами да ја тераме работата. Зошто еднаш со тоа ај не треба крв, ај ке помине видете како ке биде утре, ми се провлече работотата, среде нок трудна со дете завиткано во кебе трчав на педијатрија. И таму пак к.с леукоцити беа покачени и одма почнавме терапија, после две дадени дози дете ми пркна. А јас стопати се опцув себе зошто два дена порано не направив, туку за прв пат послушав доктор. Знаеш страв лозје чува, а вадење на крв од прсте не е некоја траума. Инаку нас денес ни е недела сите сме дома. Мм не отиде на работа, вика ве пукнав викендов со работава денес сум дома. Така ли, и дете во градинка не пуштив. Па што е оно помалку од нас, сите по креветите полегнати од сабајле, а он да станува, не може. Па што убаво си прошетавме, сега сите спијат, да ручаме и пак ке шетаме. @danichap како си?
Немав намера да направам споредба или да ги напаѓам мајките само кажав како се условите тука. Мислам дека и за разболувањето има голема улога и различниот пристап кон самото лекување на децата тука и таму. Внук ми кога беше 8 месеци маеднаш крена 41 тт, доби конвулзии, пена почна да му излегува од устето, со снаа ми сами дома, малиот го зема она во раце, го легна настрана да не си го голтне јазикот, јаа возев со 4 жмигавци и свирев како ненормална додека стигнавме во болница, таму 3 дена му даваа само лекови за симнуваље на тт, чекаа да видаат каде ќе му се појави инфекција, воспаление, што му ги предизвикало конвулзиите, на третиот ден покажа воспаление на увото, дури тогаш почнаа да му даваат антибиотици, секогаш е така тука а таму ми се чини еве од тука што ве читам секое дете уште од 5-6 месеци се на некаков антибиотик, дали после равиваат отпорност па со тоа и колективниот имунитет е опаднат па се почесто се болни децата. Јас сум задоволна од здравството тука, сум имала некој мали замерки со матичната околу алергијата на дечките, не им даваше да прават алерго тестови кога беа помали, им направив во Скопје кога бев, со резултатите од таму тука им препиша терапијазошто таму директно стероиди им препишаа. Во хитна ако одиш прво ти доаѓа сестра ти мери тт, притисок, ти дава нешто за болки и примаат според хитноста, нема врска тоа што работиме со мм во истата болница си чекаме како и сите други, нема знаеш кој сум, никој не го интересира. За спремноста и опремноста немам зборови, пишував сега во друга тема пред некој ден ме чекаше мајка да се поздрави со мене зошто си одеше дома, се породи во 24 недела, бебето 650 гр, помало од дланката ми беше, после 78 дена го испуштија здраво, право момче со 3200 тежина а не е единствен случај, породени во 24 недела смртноста на бебињата е помала од 30%, во 26 недела 15% над тоа скоро и да нема смртност. @elcezelce кога ќе избие сипаницата заразноста е скоро 0, инкубацијата е 2 недели и тогаш се најзаразни пред да избијат. @danichap кола купивте ли каде можете да сместите 3 седишта? Под хитно да си полагаш верувај многу ќе ти олесни, ослободена од сите, независна, многу полесно ќе ти биде кога ќе бидеш мобилизирана.
Денес сите со децата дома. Јас синоќа на концерт на Стинг, кога ги распродадоа картите за два саати ми беше ептен криво и синоќа во 7 саат гледам карти се продаваат на фб, ни две ни три си договорив карта, се спремив и маж ми ме однесе. Кога се вратив пред полноќ сите будни ме чекаат. Го успав синко веднаш заспа, ќерка ми покасно и ми беше жал сабајле да ја будам за во градинка. Сега допивам кафе па да спремам ручек на брзинка додека спие синко.
Ова уште да си го кажам за темава. Не секогаш треба да ја бараме вината во другиот. За здравствениот систем во Мк, сите знаеме како се одвива. Золвата живее ви Австралија, добро сум упатена како тоа се одвива таму, па кога синко е болен често доаѓаме до конфликти зошто го носиме на клиника, зошто инфузија и сл. Последно кога нејзините деца беа болни, 3 недели седеја дома, беа изолирани, ама учат во приватни школи, одат во приватни клиники да се лечат.... Како и да е, живееме во време на вируси, загадување,болести. Кога јас ќе се присетам на моето детство( не беше многу одамна, помалку од 20 год) еве немам досега примено инфузија, моите не ме носеле често на лекар, не сум била болежлива. Но, растена сум на село, каде за да стигнам до фах, станував во 5 наутро, менував два автобуси цела година и зима и лето. Најубава игра во зкма беше, до пред да се приберат родителите од работа, мавање со снежни топки, цело маало деца. И секогаш изнадишени свеж воздух, без густ сообраќај, загаденост, луѓе од различни земји( кои во себе си носат нешто свое)А сега, иако имам услови исто син ми да расте во свежа околина, на село, ние тежнееме кон градот, уште повеќе, сакаме Австралија да заминеме. Зборот ми е, самите ние, си ги носиме болестите на врат.
@danichap и јас не сум задоволна од германското здраство.Ние сме во голем град и ќерка ми кашла 6 недели 4 пати одам на др и тоа 3 различни од кои еднаш на брза помош што ми кажаа се е во ред чисти се белите дробови и само капки за нос ми дадоа бидејќи сирупите не помагале. А на брза помош ми велат нема температура грлото и ушето и се малку црвени чудно е зошто ви плакала 2 пати по 2 саати. И ништо не ни даде бидејќи имавме дома капки за нос.Ние со маж ми и ќерка ми 6 недели не сме спиене таа испи 2 сирупи и уште кашла.Толку сум депресивна што не знам што веќе да сторам . Да го сменам докторот не знам што ќе добијам а многу тешко се наога слободен педијатар.Си мислевме со мм оти сме странци па може затоа ништо не ни даваат терапија подобра.Ама твојот е германец и ти не си нешто посебно услужена. Во петок бев последен пат и докторот кажа оти оди во градинка затоа кашла. Многу од помош одговор. Утре се мислам да одам да ми даде Лоратадин во мк даваат кога кашлале децата па ќе прашам да ми даде.
јас кога се породив ептен отеков во нозете. огромни ми беа. ме гледаа во Ремедика зашто уште одма ми отекоа, рекоа ќе се повлече. и навистина после два месеци ко ништо да не било. само време треба..
Сте се изнапишувале, одвај ве прочитав Викенд дома поминавме пошто деците кое нос го мачи од драгите совесни негувателки, а другото кашла и мрсули за извоз.Го однесов на лекар малиот нема ништо, искашлува од носот а инаку среќа е чист. Ама дома си седевме, гости имавме, само големата ја изнесов малку да се раздвижи. И мразам кога имам гости во недела, денот отиден без врска, цела работа ми остана. Затоа денес што стигнам супер, што не утре ќе продолжам. На тема разболување имаше смешка во јасли кога беше родителската.Една мајка вика:Ако им тече носот дома да си ги чувате, а не да ги носите и нашите да се заразат.Снаоѓајте си се како знаете. Ок, супер, моето од 8 месеци почна во јасли во Јануари со адаптација и носот не му престана до мај, па во мај и пак во јули завршивме у Козле.Е како бе да го чувам детето дома.Немам баба сервис а јас морам да рабоам и заработам за да ги ранам и израснам тие деца што сум ги створила. На моето нос му се растури од течење, ко шуга да имавме, не избегаваа. Сега истите тие што бегаа од нас се со болни деца и ми викаат:Е ај де шо има врска шо се болни, дај да се видиме. Е извинете ама нече мочи. А за лекариве не се трескајте,кога нема основни услови.Јас у Про медика ги носам двете и таму е една чекална за здрави, болни и возрасни.Малиот кога го носев на контрола за тежина да му мерат ќе го протнев во празна чекална ама претходно имало еден тон болни во чекалната и во ординавцијата и детето ми фати грип.Така да, исто му се фаќа. И така, ми избега мислата, ај ќе продужам ко ќе ми текне Ај убав ден
[QUOTE="Annath, post: 3638073, member: Јас лично моиве не ги мешам само со тазе вакцинирани деца (две до три недели после вакцинирање), за друго ништо не правам проблем.[/QUOTE] изгледа не сум те циторала добро па да те тагнам @Annath Не разбрав баш, не ги мешаш 2, 3 недели откако се вакцинирани или со други вцакциниран?? Прашувам зошто планирам здравје во петок да ја носам малата на вакцина а се мислам и викендов негде да шшетнем. Не се сеќавам дека после вакцина големоно сум го двиела или да не сум го пуштала во градинка или школо. Може и нешто не разбрав убаво ама ме замисли, ионака се мислев ако решиме да одиме негде викендов да пролонгирам вакцината за др недела. Денес цуфкава не заспала цел ден, кога дојдов глумеше нешто свежа немала да спие, ја замавтав некако успеав да ја преоблечам во пижами и еве ја ми заспа во раце. Ќе тера сега до сабајле ама знам дела ќе се буди многу, најлошо спие кога е преморена. Ај вајда денес и бил таков денот се надевам дека утре ќе се врати на старо.
Здраво женски, сега влегов дома капната сум, од работа низ продавници имам два родендени па купував подароци. Да шмркнам едно кафе и ќе ја носам малата на роденден од градинка, незнам како ќе доседам глава ми паѓа, ама ајде морам да и направам ќеиф утре пак. Многу жешко денес, дури неубаво за овој период ама ако да се потоплиме
изгледа не сум те циторала добро па да те тагнам @Annath Не разбрав баш, не ги мешаш 2, 3 недели откако се вакцинирани или со други вцакциниран?? Прашувам зошто планирам здравје во петок да ја носам малата на вакцина а се мислам и викендов негде да шшетнем. Не се сеќавам дека после вакцина големоно сум го двиела или да не сум го пуштала во градинка или школо. Може и нешто не разбрав убаво ама ме замисли, ионака се мислев ако решиме да одиме негде викендов да пролонгирам вакцината за др недела. Денес цуфкава не заспала цел ден, кога дојдов глумеше нешто свежа немала да спие, ја замавтав некако успеав да ја преоблечам во пижами и еве ја ми заспа во раце. Ќе тера сега до сабајле ама знам дела ќе се буди многу, најлошо спие кога е преморена. Ај вајда денес и бил таков денот се надевам дека утре ќе се врати на старо.[/QUOTE] Со вакцинирани деца не ги мешам, ниту пак кога бил големиов вакциниран не сум го мешала со други деца. Вакцинираното дете е заразно две до три недели после вакцината, особено ММР. Тоа го пишува и на упатството на самата вакцина. За другите вакцини не изолирам деца. Малото не ми е воопшто вакцинирано.
@Annath мене ми кaжaa декa дo 6 недели . тaкa и прoчитaв нa еднa српскa групa зa вaкцинирaњетo. Честo сум гo пoстaвилa oвa прaшaње кaкo дa ги oдбегнеме oние тaзе вaкцинирaни. aј зa тие штo знaеме декa се леснo е. aмa ете нa вo грaдинкa. вo некoј мaркер пa и гoсти ти дoaгaaт не мoжеш сите дa ги прaшувaш дaли се тaзе вaкцинирaни пред неделa денa тaкa еднo детенце зaстaнa дo мoевo нa улицa не бaш близу aмa пaк тукa беше и мaјкaвa викa бевме нa вaкцинa денес . јaс се препoтив и мoрaв дa излaжaм декa ручекoт сум гo зaбoрaвилa нa шпoрет и зa секундa се тргнaв aли aплa се гледaше декa избегaв. ептен незгoдни ситуaции ми се вaквиве..
A од што може да им паѓа на децата хемоглобинот? Извинете јас вака ко падобранец... Правевме денес крвна слика,на 9 месеци му беше 118,сега на 13 месеци му е 111. Што да превземам да не продолжи да му паѓа? Во тие три месеци преминавме од адаптирано на кравјо млеко. Само тоа беше промената. Може да е од тоа и со што да го заменам кравјото млеко?
@MamacitaBuena мислам и педијатрите при намален хемоглобин препорачуваат намалување на внес на кравјо млеко, кај некои деца и анемија предизвикува во големи количини. Не е алармантна бројката, преку храна пробај да го зголемиш, спанаќ, блитва, телешко, жолчка, сува кајсија, сирово какао, брокула, леќа, калинки, цвекло, малку аронија исто можеш на таа возраст. Збогати го менито дури не одбива, ко ќе се поголеми се попроблематични, еве го мојов овошје не одбива, ама зеленчук да не намириса.
Каде ја правевте крвната слика? Нас во адриалаб ни излезе исто 111, отидов на консултација во детска клиника бидејки матичната сакаше пак да ни препише сируп , таму ми рекоа дека ниту оваа вредност не е за терапија и му проверија повторно крвна слика која беше готова за минутка и резултатот беше 122 , значи во адриалаб беа грешка. Инаку рано сте преминале на кравјо, најверојатно е до тоа, моево е 14+ и сеуште пие ад, до пред две недели пиевме на хип сега му зедов на бејбилав од дм, доста е поевтино и го прифати супер. Јас му давам и сокче од аронија купувам од Биокулт или Зегин, му ставам и семе од коприва во кашите или зрнца аронија, цвекло, жолка, месо, црвена лека и да обавезно маџун секое утро по една мала лажичка.