долг ми се виде денот.Некако едвај чекам да дојде утре.Т .с да поспијам малце.Прошетавме до Скопје,чизми си купив,уште да заладеше малце повеќе. некако едвај чекам снег.Мислам дека децата баш ке му се радуваат.А и јас богами го сакам темава ми стана дневен издувен вентил.Во смисла на тоа дека ке прочитам оти не сум единствена на која често и е досадно,не сум едина која е уморна и ненаспана,не сум едина на која на моменти и доаѓа преку глава од се.Мн е подобро кога знаеш дека не си сам во сиот хаос наречен мајчинство кој што носи и радост и тага во исто време. добра ноќ мајки утре ве чекам сите наспани и свежи
Јас легнав Ќе спијам до 8, ама со 8 будења ноќеска Веќе очи ми капат додека ја нишкам во 2, 3, 5 сабајле, се сопкам низ спална. Утре тежок ден, чистачка ќе имам, а со беба сами сме. Ќе биде дај крпа, дај сунѓер итн, а беба едвај чека да мрднам за да се испентери по комоди, така да ќе треба со неа во раце и по скали да одам на припомош и контрола на жената додека чисти горе Ај добра ноќ!
Јас не знам зошто се држам будна секој ден по полноќ. Навика ми е. Сум имала среќа до сега да спие преку ноќ и релативно рано да заспива редовно, а сепак сум ненаспана секогаш. Барем да правев нешто продуктивно место да вртам канали и очи да ми паѓаат. Добра ноќ!
Добра ви вечер! Уште сте будни, ех ноќни птици! Уствари не знам кој се ниќните птици- мајките или децата. Овие наши деца уште сега не можеме навреме да ги легнеме да спијат, како ли ќе биде кога ќе се големи тинејџери, тек тогаш ќе се седи будни чекајќи ги. Денес и мојата касно заспа, не беше во градинка и ете ти пореметен ред. Јас сакам пак кога ќе заспие да поседам малку, да се релаксирам и јас, да видам што има. Денот уште од вчера и го ветив на ќерчето, и така и го минав. Она доста игра и сама, ама ете денес решив и јас да лулам кукли, да играм на докторки, да шутирам топка и да бојам во боенка. Плус цел ден слушаме детски песнички и си поминавме и убава прошетка во парк. Ручекот беше пица, па дете и на тоа се израдува. Ми пројави интерес за детска соба, па ми ги стави бубачките во глава и сега има што да гледам по интернет страници. Двете минавме убав ден и со гушкање се заспавме. Периодов се жалев дека е разгалнеа, ама денес не видов ништо од она што претходно беше секојдневно. А баш денес се трудев да и угодам, целосно и бев посветена НО не го злоупотреби тоа. Напротив лесно и брзо се разбиравме. Двете сами денес бевме супер тим. Друго, ММ си доаѓа утре... нестрпливо чекам!
И ние не спиеме Имаме две запчиња, излегоа денес двете одеднаш. Грбов ми падна, раце веќе немам, цел ден се држиме со цицка во уста. Ни цуцла, ни глодалка да види, а не дава ни гелче да му ставам. Попладне спиеше цели 40мин пак во раце и цицање... Душа моја мака му е ептен, а јас жива среќна без тт поминавме Колачиња, сутлијаш или пак рецепт за турте да најдам и утре да правам калапче запче немам, па додека сум будна барам на нет како да го створам дома калапчето оти тука тешко дека ќе најдам. Денес претерав, а и го погодив денот кога се ова да го правам... Доручек за мене па за бебе, ручек за дома, вечера за бебе, бањање пред спиење, едвај се заспавме, па пола доза кифлички направив, па после и палачинки правев Сега ми се спие, ми се плаче, ама немааа Само нека се живи и здрави најмиличките, нека поминува што побрзо! Добра ви ноќ мајки!
Ние дежураме што дека во 9 заспа црвикот кога во еден стана и нема абер за спиење ми иде на нерви веќе. За прв пат ми е доста од се!!!
Во рандом приватна лабораторија во мојот град.Не сум од Скопје. Ќе појачам јадење па ќе ја повторам кс за месец-два во друга лабораторија. Фала ви за одговорите
Добро утро мајки Нов ден, конечно. Вчера кревет не видов. 4 термини за децава, да можев да се растегнам. И тоа со помош од свекрва. Да не ми беше она ќе седнев и ќе плачев од немоќ. Уште една хорор ноќ со кашлицата. Двете се задавуваат веќе, грло им се одира навечер од кашлање. Денски се ок, навеќер почнува хоророт. Помеѓу 03-05 око не склопивме. Вчера ги однесов пак на лекар. Кашлале само 4 недели, до 8 било нормално. Си дојдовме со дијагноза здрави и терапија свеж воздух. Усвет ми се фаќа. @irena.1 имам болки, но дуплирав магнезиум. Денес ќе биде и порелаксиран ден, без термини, па ќе одморам. @bittersweet возачкава моја стана вековиште. Прв пат отидов на предавање кога затруднев со првата мома. Се повлеков поради психолошкиот момент, никогаш немав седнато на волан, сакал нејќел ќе бев во грч цело време. После втора бременост не ни пробав... и сега трета, повторно едно по друго за две години. Во Македонија летото, додека не бев уште трудна, извозев часевите, да се стекнам со рутина. Верував дека кога ќе си дојдам дома ќе полагам. Наскоро дознав дека сум трудна но бев со оптимизам и се зачленив во авто школата и дури ја изодев теоријата. После еден удар после друг со здравјето. Немам ни сили ни енергија ни време да се делам и да се посветам и на тоа. Им требам на децава...јас, мојата независност и возачка ќе чекаат подобри денови. Инаку се решивме за комбе. Попрактично е поради страничното отварање на врата кога има човек цела банда моми во колата. За 3-4 години може и ќе се прошириме де . Ги гледавме Виано од Мерцедес, но не сме се решиле. До Март имаме време. Големата во градинка. Леле сабајле влевам во соба да ја будам за во градинка а она седната среде кревтче, со нејзе прибрала чиничето кромид кое стоеше до креветот, и пика во устата, јаде. Детево обожава кромид, немате престава колку јаде. Сликата беше незаборавна Миевме заби божем, ама уште кутка смрди. Малото спава, трнџерињата на шпорет во полн погон... а јас и едно кафе ќе си направам. Убав ден мајки
@alisijad многу е некако 6 недели. За тие што знам, избегнувам, си знаат родителите, а за тие што не знам... е па да сме здрави и живи, тоа е. Мене и двајцата во 9 ми се заспани, и големото и малото, ама големиот синоќа нешто се вртеше се превртуваше, никако не можеше да заспие, којзнае што му беше. Сакаше само да се гушка, ги прибрав двајцата на спална и се гушкавме, после мм отиде да спие со него. Се нервирам што не кажува ништо за школото, што правеле, како правеле, дали нешто се случило. Ако почнам да го прашувам, ќе ми рече „не ми се збори сега“ и го оставам на мира, сам да посака. Ама тоа тешко, па почнувам низ рандом муабет да го потпрашувам, демек да не ме осети, ама пак не збори. Се надевам дека нема да биде како мм, тој ист бил. Свекрва ми вели дека сè од други дознавала. @danichap можам да ја замислам момата си знае дете што е здраво. За кашлицата, големиов така кашлаше цела пролет, особено навечер. Што не пробав, од сирупи за сува кашлица, домашни лекови, зиртек за алергија, правевме крвна слика, сè беше чисто (мм ми вика дека сум сакала да ги малтретирам децата со боцкање за мој ќеф за да сум била раат), ништо не помогна. Помина само од себе. А од што беше, не знам. Вчера многу лошо се осеќав на работа, ладно ми беше, нос ми течеше многу, очи ми солзеа, само кивав... се надевам дека не им пренесов на децата, ама може па од нив фатив, тие викендов беа такви со растечени носеви и кивавици. Периодов е таков, лесно се настинува. Сакам викендов да шетнеме до Охрид, ама ако се вакви, особено малото, тешко таа работа. Но ќе видиме. Убав ден!
@danichap една голема за тебе. Обожавам да те читам женче( за кромидот си се смеев сама на глас), алал да ти е за храброста и за издржливоста мајка Ај добро утро од мене. Вчера турбо, пак после работа на забар за големата, аман од тој лек што паѓа цело време, ми се смачи. Дома турбо попладнето ама среќа легнав деца и во 22 веќе беа заспани Јес да малиот нешо беше на лева попладнето, се трескаше (ова буквално) од ламинат, се уби од плачење ама лесно заспа(среќа) И, затоа марфи пак ме посети, станувам во 3 ноќеска што да видам, малиот утоп помочан. Ајде се пресоблакавме, тегнев чаршави ко улава па ајде после галење до 4,30 и нормално во 5 заспав, во 6 алармот растура. Денес после градинка ќе ги носам на лулашки, ветив и после одиме дома да славиме брдеј на мм. Јас повеќе се радувам за денов од него Вчера купивме торта, денес ќе нарачаме пица а јас уште се мислам што да му купам Ама најјако беше денес, станувам и му честитам роденден и вади поклон, ми купил обетки(може дека пред 7 години на денешен ден веридба правевме)ама ем се израдував ем се осетив ко дебил што јас бев со празни раце, ич не ме бива бре за изненадувања, дудук Ај, ваљда ќе се оправдам до после. Инаку, глава ме боли секој ден, дал е од глупавово време, дал е од операција на носот што правев, ме кине и глава и нос цело време. И, ептен сум изморена, исцрпена. Па и секој ден дека се трча за се нешто со децава, пукам. Ама ај ваљда е период, ќе пораснат деците па ќе се ужива(само си сонувам де) Ај убав ден да имате, ја отидов да работам
Хелло Како сте мамички? Ние арни да речам. Дете сеуште со затнат нос, јас со гласов тек денес почнав да се оправам. Ништо посебно не се случува. Работа, дома, ручек, прошетка.. и се така во круг.. Одам да варам Убав ден мамичкии...
Добар ден. Два дена ме немаше, немав време некако, вчера цел ден со гости шетавме ваму таму, дури во 11 вечерта си заминаа Денес маже слободен, ама што дека, дрва ќе цепел ќе си седиме дома цел ден. Сега ја чува беба, јас да го испијам кафево раат. Ене ја слушам плаче се нервира нешо а ја не можам да мрдам, стомак ме боли откако се породив имам болна менструација Со растечен нос сме и ние и блага кашлица, овој пат реков само течности ќе и давам повеќе и прополис гел не трчам на лекар Два месеци со ред на антибиотик беше. И така. Имајте убав ден, одам да ја заспијам, и јас ќе се спружам до неа.
Добар ден женски нешто турбо сум периодов, уствари откако се омажив сум турбо никако не сум застаната, се сум со обврски, последно и најново кај мене женчиња положив тестови за возачка, не е голема работа ама морам да се пофалам, да кажам на некој, со работава и со детето дома речиси ( читај со никој!) со никој не се гледам, па на некој нели треба да се каже да споделам деее. Мн се радувам што ќе имам и своја кола и што нема да се мољакам за да одам некаде, да ме однесат, да ме земат, таксиња и триста чуда, палам кола и бегам. Туку @danichap омилена си ми, жено поим за издржливост, храброст и оптимизам посебно за деца кога станува збор си, треба да се огледаме на тебе, ние, тие што по едно дете родивме и си мислиме кој знае што сме направиле, а кај тебе веќе е трето на пат, браво за храброста и решителноста. Јас мислам не би можела како тебе. Друго детево ми е смешки по дома, се исправа само, се пушта п неколку чекорчиња, и трча да се фати за нешто, цела се клати, почнува да се испушта по некое зборче и така. Туку кога се прават постапалки, кога салам ќе прооди или сега вака кога се пушта по неколку чекорчиња но самостојно не оди. Тоа е женски друго нема, очајно ми треба шопинг, кафе број 1 испиено ќе си направам кафе број два па како сака нека е, работата секако ќе се заврши а мајот рааткратко трае и тоа може да се каже додека сум на работа, оти дома детенцето да ми е здраво и живо захтевно си е! Љубим вас!
Добар ден! Синоќа едвај се успавме во 23 часот, цел ден и цела вечер ме пукна малата, се гуши од шлајмови, не може да дише, само плачеше, гласот дури и е фатен, не знам дали од што плаче многу или од што е болна. Ноќта си поспа ама еве ја денес пак иста песна, ни се поремети и биоритамот, само еднаш спие преку ден, еве ја сега заспа, ставив да и варам месо и боранија, земав и јас да доручкувам, а време за ручек уште малку и се надевам дека ќе поспие. И јас сум затната целата едвај дишам, среќа носот не ми тече толку, сакам да јадам квалитетно ама немам време ручек да си зготвам, еве сега пишувам и доручкувам во исто време, кога дојде време за нас за ручек неможам од неа никако да направам. Утре се договараме со сопругот да ја носиме пак на лекар, чисто да не ни е на премисла, не дека ќе ми кажат нешто овде или ќе ми дадат сируп или слично. Убаво е времето се надевам дека ќе смогнам сили бар да ја прошетам, иако додека ја спремам ми требаат два дена, сега сме во фаза кога памперсот го местиме стоечки, никако не сака да легне, па така стои до мене потпрена и се гледа во огледалото на плакарот, се покажува со прсте, а јас облекувам некако. Вчера прашав ама никој не ми одговори, ќе пробам пак среќа, ако може препорака за добар инхалатор би ви била благодарна. Убав ден
@Seline инхалатор јас користам од PicoNeb го земев од аптека Виола, го користам веќе 2.5 години и задоволна сум. Не беше нешто скап накај 1700-2000 денари. За малата повеќе супи пилешка и од коска со многу зеленчук, цедени сокови и лук во јадењата. Иначе вирусот е таков ги напаѓа гласните жици. И мене гласот ми беше зафатен 2 дена, не можев да зборам. Со помин..