Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.074
    Добро утро мајки.
    Има ли место во автобусот за усвет фаќање. Чекајте ме и мене(facepalm)

    Од кај да почнам и јас не знам. Кашлици, плачки, будење на секој пола саат, големата поврати шлајмови па полноќно менување на постелнини и облека...

    Се пикнав во постела и во искушение сум да плачам, море да рикам.
    Закажав за во болница со големата. Предходно ни рекоа два дена, сега испадна дека листата на испитувања се зголемила и е потребно 4 дена. Едното го правеле само четвртоци, и тоа само по три дечиња на ден... па дури на 2 Јануар ми дадоа термин. Се било зафатено. Да де надевам дека нема да биде болна и ќе биде фит за да можат да извршат снимања и тестирања. Не дај боже да е болна па да треба да одложиме и повторно да чекаме, што би значело нов термин кога ќе бидам пред/после пораѓај.

    Со господ напред и со добра мисла се да е добро.
    Мешето ќе ми биде огромно, малото дома ќе треба да си го оставам 4 дена за прв пат...помислувам на сликата што не чека и солзи ми идат.

    И јас би рекла среќа е дете да ти биде јадач. Малово за сега е ок. Големава последниот месец, со кашлицата одкако почна, ми намали малку. Она и така како скачка е, уште да не јаде и фали.

    И малово се мачи со пробивање на првите забчиња. Кенкава и плачлива како никогаш до сега. Ја боли и од време на време, наеднаш, почнува хистерично да вришти, не дава да ја пипне човек, да погледне во уста.
    Заби, кашлица... ужас комбинација.

    8.5 а сеуште нема забче. Сестра и на 4 почна да вади. До годинка имаше полна уста заби, 20. Малава не и се брза.
    @zuto убав помин на одмор. Сигурна сум дека прекрасно ќе поминете.
    @НаталиЛили издржи мајче. Колку и да ти е тешко и се соочуваш со големи предизвици и проблеми, секогаш читам надеж и препознавам борбеност во твоите постови.:hug:
     
    На Lolipop23, ma4e1311, alana и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Додека е мир во куќа да шкртнам некој збор.
    Бебе игра, маж спие, планови за денес никакви. Турте правев вчера вечер, денес да ги украсам фигурките па ќе ве частам за запчињата, не едно та две се веќе надвор :)
    Мм покасно ќе оди на работа, автоматски покасно и ќе се врати, да не речам пред 22ч вечер не го очекувам(facepalm)
    Јас и бебуш ќе мора да тркнеме по поклони. Не знам дали се пофалив, одиме кај свеки следниот месец :D карти купени, ќе летаме со авион прв пат со бебо(fingers) таму ќе сме за родендените на дечиња од братучед на мм, па да се опремиме од тука со поклони да не трчам после да барам. Овс имаат преубави тренерки кои мислам дека супер ќе им дојдат за во градинка. Две имаат родендени, а имаме уште три многу блиски дечиња, па подароци и за нив. Пари од каде, не знам. Кога одиш сите те гледаат дека доаѓаш од странство и никој не прашува нит помислува како ти живееш таму. Нека е за арно само... Нека поминува кај сите финансиската криза што побрзо, а со тоа и кавгите кои таа ги носи :x
    Ручек за денес од вчера, полнета пиперка уште една остана, па сум решена. За бебе спанаќ од пазарче, млад домашен за ручек ќе правиме. И така, уште сонце да ни огрее па да шетаме денес.
    @LiliBoz генгигел нас многу ни помогна, ако го најдеш кај нас да пробаш. Јас и далерон дадов два пати. Нека поминува што полесно и побрзо!
     
    На Lolipop23, alana, Monella и 17 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Фала мајки на советите ќе одам до аптека ќе земам, ова не се издржува, многу се мачи, грев. Преку ден ништо ама дојде ли вечер маките почнуваат...
     
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Добро утро!
    Пијам топло чајче, ММ на работа, дете на градинка.
    Јас имам многу да средам низ дома оти синоќа ништ не фатив пред спиење, не ми се тропаше додека ММ и малата спиеја, па баталив. Сега садови за местење, други за во садоперка извалкани, алишта за пружење, за пеглање... на домашната работа и нема крај.
    Во соседството ќе имаме свадба викендов, добивме покана утрово, и првото што се сетив беше ,,леле што ќе облечам,, Трудна во 7ми, баш и нема да можам да очекувам да бидам убава, уствари бар да влезам во нешто од тоа што го имам за да не морам да купувам оти не ми е нешто блиска свадба та да се трошам.

    За финансиите дома имам да кажам дека и ние нема да сме арни ако ММ не работи две работи од кои едната приватно си ја работи сам, а доста е напорна но солидно заработува. Некогаш се нервирам кога не е дома и кога се враќа уморен, ама ако не е така тешко дека опупштено ќе живееме и нешто ќе заштедиме.
    И на сево ова мајка ми често ме критикува дека не сум штедлива и сум невнимателна со парите. Ами домашните сметки ми се скоро 10 000 илјади + греење ќе треба наредниот месец да плаќаме, а за нив најмака ми е кога теба да давам пари.

    Ве читам муабет за малите колку јадат па да искоментирам и за мојата ќерка. Она не се сили секому друштво да му прави, напротив кога е најадена не ја ни прашуваме да седне со нас да јаде, а нејзе и е губење време да седи и да јаде кога веќе ја свршила таа работа. Кај нас маката околу тоа е што сака да и биде полна чинијата, демек се ќе изеде. Некогаш чинијата која за татко и сум ја наполнија ја зема за нејзе, демек најмногу е гладна, ама пола ќе изеде и остава. Сепак проблем со нејадење не сме имале, супер лапка.
     
    На Lolipop23, alana, Monella и 20 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Добро утроо :hai:
    Јас пак ненаспана, малиот многу ми полни пелени ноќе, во 01 му сменив за да не му пропушти па да треба се пак да вадам(многу пие вода по цел ден, посебно навечер). Заби никако да му пораснат, на 17 полни месеци 4 кецови и две двојки, а он се мачи, се препотува нон стоп, писка, вриска одеднаш, главата си ја мава дури кога многу го боли, да ти се приплаче кога го гледаш :(
    Вчера денот супер, поклон конечно погодив за мм(го изненадив човекот, не очекуваше) :D Еднаш и јас да погодам :muscle:
    Инаку имаме фаза на љубомора некоја кај големата(полни 5 има) ама секогаш под око ме посматра ако го гушнам малиот или го погалам, па за се нешто се бузи, наведнува глава и е лута,бега у соба или ми се лути зошто спијам со брат и, а неможам да го тргнам сега баш кога му е најтешко со забите и во ќор сокак сум. Зборам, објаснувам, посветено внимание максимално и не бре брате, пак ќе се закачи за ситница и ќе ми мавне по нос. Аман, нека дојде време да се осамостали малиот па да видам дал ќе се реши проблемот. А тој па една лепешка што е, се у мене бутнат, неможам да мрднам и да го тргнам од мене.
    @AngelOfArh прими сочувство и биди силна, тежок период имаш :hug:
    Ајде, побрзо опоравување на сите дечиња, нека оздрават и да не се повтори.
    Убав ден да имате :hai:
     
    На alana, Monella, kristina.k и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден!
    Еве ме и мене, да ве поздравам после подолго време, од болештини и глупости немав време две недели да ви пишам! Малата пак после 3 дена во градинка заврши со температура и бактерија во грло, па лекари, терапии, контроли, на крај и свеки да се разболи, боледување веќе не даваат па морав болна да ја оставам кај мајка ми во друг град. Додуша сега е подобра, уште под терапија но со смирени симптоми ама се скара со апетитот и секој ден се поизразени и поизразени и се тантрумите...лудило! Да бидам искрена со големата малку и ни годи отсуството на беба, се гушкаме, гледаме серии и повеќе се дружиме!

    Инаку да ви се пофалам пред еден месец купив даска за пеглање и излезе дека е волшебна - во моментот кога ќе ги средам и испеглам алиштата од неа, за еден ден магично се полни со нови! Ах барем таков да ми беше новчаникот а не даската!

    Убав ден, нека поминат сите маки кај сите!
     
    На Kaetana, RainBow, alana и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Малово ми е такво... не јадеше на почетокот, кога почнував со цврста храна, не јадеше кога почнав на работа, ама сега секому прави друштво. Не јаде многу, две залчиња ќе проба и толку е. Стрвно е, сака да проба. Пребирлив е за храна, споредувам со големово на негова возраст. Големово не е стрвно, ама јадеше се што ќе му дадев, колку ќе му дадев. Од што не е стрвен до ден денес не јаде многу работи што деца на негова возраст ги јадат наголемо. Ама додека да проба, после кај ќе ми е крајот. Затоа не му нудам. Малово е чиста спротивност. Не ги јаде сите јадења што му ги спремам (а големово на иста возраст истите без проблем ги јадеше), пребира доста. На пример, лепче попара со кисело млеко плука, а знам дека повеќето деца го јадат тоа. Ама од друга страна, извади го надвор во бавча, само си покажува со прстето накај јаболкницата, дедо му го носи таму, му дава јаболче, си јаде. После покажува накај патлиџаните (уште имаме во бавча, шери), пак дедо му го носи таму, ќе му скине патлиџанче, ќе го изручка така. После нешто трето, и така си тераат цел ден, само меле нешто. Мене за тоа ми е ќеф, што знам дека јаде природно, домашно, а не јаде смоки, грицки и слично. Не е дека не би јадел да му дадеш, ама не му даваме, ниту пак имаме дома. Повеќето ќе речат бабите и дедовците им даваат нездрава храна, ама свекрва ми е многу строга по тоа прашање, дека е дијабетичар, и дома не чуваат ни благо ни грицки, па не дава на деца такви работи, попрво би дала овошје. Од таа страна сум ептен раат. Најнездраво што им дала се бисквити.

    Сите поминуваме низ истото, ве читам. Сите овие настинки се веројатно нормални за периодов, ама мислам дека ние како деца освен растечени носови, не сме имале поголеми проблеми. Се е до воздухов, околината во која живееме е нездрава :(

    Побрзо опоравување на сите, и побрзо излегување од тешките периоди...

    Убав ден!
     
    На alana, Lolipop23, JuLleE и 26 други им се допаѓа ова.
  8. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    Добро утро мами , го испратив мажле во странција , наредно гледање за нова година здравје, имаше плачки од сабајле ама мора да сме јаки се за нашето малечко, со господ напред ако се е во ред може за нова година таму да сме сите :inlove:
    Дете размазено и разлошено во последно време се сака по негово да е ]:) дома сите ѕидови ги унакази , планирам да ја фатам четкава деновиве и да искречам :doh:
    Во врска со темата за исхрана малку е пребирлив, божем нема на кого, еве ме до ден денес се пребирам што и како јадам, запчиња извади ко од шала, си прооде сам без дубалце без ништо, ама затоа со храната малку не малтретира :D
    На мени денеска домашен бурек со блитва и урда, првпат правам се надевам ке испадне добро :$
    :hai:
     
    На alana, Lolipop23, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Мојов ќе изеде што е за него и ќе зеде од нашето, кое реално некогаш баш и не е здраво, па се тешам ај барем неговиот (здравиот) оброк го изел... мелени и тој по цел ден хахахај.
     
    На alana, kristina.k, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добар ден
    И ние имавме напорна ноќ :x
    Во 1 заспа и цела ноќ вриштеше :sweat:
    Ја болеше стомачето па масажи па чаеви маки дури да прдне неколку пати и после тоа заспа...се тоа до 5 сабајле

    Ми се спие и ми се плаче :yawn:
    Таа спиеше до 10:30 а јас веќе во 8 станав,не дека не сакав да поспијам и јас ама од нервоза на секои 10мин во вц одев

    Го испративме сабајле и мм и дури во сабота ке се врати :envy: баш и не му требаше ова ама тоа е :|

    Сонцето овде е и денес,тоа ми е некаква утеха
    Ке излезиме со момава некаде да не ни е досадно дома

    Убав ден мајки
     
    На alana, Lolipop23, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Тамата јадење ни е баш болна последниов месец, од дете јадач и голема стрвла што се сакаше да проба и сите да ги дружи за јадење, сега сме на измолени 5-6 залачиња од нејзиниот пасиран, блендиран нежен оброк! Од нашето јадење не ни се приближува да проба, затвора уста и вика НЕ, НЕ, НЕ и тоа панично дерење!
    Пробував и со поцврста храна, но ќе касне едно залаче и со саати го држи во устата, мајка ми ми кажува дека единствено грозје и банани проаѓале деновиве!
    Уф, колку ми недостасува, кад че петак???
     
    На alana, Mari-Ja, Monella и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Хаос ноќ, прво едвај заспа и потоа се будеше на секој саат, се мачи неможе да дише, плаче се одра ми се чини.

    Не е ништо поарно и сега, срце ми се кине кога ја гледам како се мачи, се пика во мене, бара спас, уште да можев да и помогнам.

    Ноќеска му реков на сопругот да ја носиме денес на лекар кога се будам тој збришал, епа ме изнервира, знае дека сама немам како да ја однесам.Не ме разбрал за сигурно дали ќе ја носиме или не тоа беше одговорот :envy:

    Додека напишам утро замина, конечно ја успав, не се знае ни кога спие ни кога јаде веќе се ни е побркано.

    Така мајки одам јас конечно да доручкувам и да и спремам за ручек нешто. Поздрав.
     
    На alana, Mari-Ja, Надежна и 13 други им се допаѓа ова.
  13. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    28.376
    Пол:
    Женски
    Олаа мамаситас :*

    Читам секој ден,ќе почнам да пишувам и незнам што сакам да пишам и оставам за утре:|
    Секој ден реприза на вчерашниот.
    Стануваме,јадеме,шетаме,заспиваме,ручек,ќе просуредам таман станал одам на раб,идам пак со обврски околу него,заспива и си посветувам 1,5 саат обавезно за гледање по една комедија.
    Мм ми фали премногу ама се тешам ене кај е нова година ќе дојде,ќе седи 2 недели и пак ќе оди:@
    Синко се мрсулави,носето затнато,поткашлува ама не е мн страшно.
    На сите со болни дечиња им посакувам побрзо оздравување посебно на @danichap се измачивте,се надевам за брзо болниците ќе ви бидат минато:hug:
    За финансиите и кај нас болна тема затоа и сме на одвоен живот моментално:@
    Не ни беше катастрофа ама не беше и сјајно ќе одиме на децава да им се обезбеди подобра иднина.
    Толку од мене заспа багабонтот одам да правам ручек и да,пијам едно кафе
    Оваа пицава не можам да ја избришам.:pizza:

    Кој е за кафица бујрум јас одморена и наспана сум полна со елан ви праќам енергија на сите:music::dance:(poolparty)

    Додека ми текна и можам да редактирам
    @danichap некаде имам прочитано дал на форумов или по фб прават како шуруп од ловоров лист за искашлување.
    Јас му варам 5-6 ливчиња ловоров лист како чај му го давам со цеден портокал бидејќи така чист не ми го пие за,неколку дена му се смирува кашлицата.
    Можеш за поголемата да пробаш.
     
    Последна измена: 18 октомври 2017
    На alana, Lolipop23, Mari-Ja и 15 други им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Не знам дали можеш да најдеш ама за полесно искашлување можеш барем на поголемата да и дадеш чај од бел слез. Природно е и нема да штети. Слезот го раствора слузот па побрзо ќе го искашла.

    Инаку ние сме сега подобри. Нема веќе антибиотик. Договорот е ако остане здрав две недели да одиме на вакцина.
    Кај мене ништо ново. Вчера два пати доаќав на работа, денес сум цел ден тука, се канам викендов дека продолжен да средувам плакари по дома. Смрт ми е кога тоа треба да го правам, ама мора. Ќе дојдат родителите на маж ми да го чуваат малиот па ние двајца заедно ќе средуваме за побрзо да биде.
     
    На alana, Mari-Ja, kristina.k и 3 други им се допаѓа ова.
  15. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене.
    Денес сум дома, малава не знам дали ја има вирус фатено, вчера ја поврати вечерата, денес имаше два пати потечна столица, но не ја однесов на лекар, нема тт, весела е, сабајле јадеше супа и тоа и репете побара, па ќе го средиме стомачето со храна. Порачав постапалки, недела ќе ги викнам дома најблиските, да се видиме. Немаме време ни за тоа.
    Другата недела имам мајстор, ќе правам ѕид на местото на една врата, ќе ставам нови врати, а како ќе биде реновирање со дете не знам... За ќотек сум.
    Сега варам компир, белки ќе јаде.
    Пијам и кафенце. Навистина дома си е дома.
    Поздрав.
     
    На alana, Lolipop23, Seline и 19 други им се допаѓа ова.
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    34.307
    Пол:
    Женски
    Добар ден бебац спава а мама се улепшава. Ќе одиме на роденден па почнав уште сега нокти коса едно та друго да бидам спремна до после, мразам кога ќе задоцнам некаде или кога некој доцни.
    Друго сонце жеже многу е топло па од сабајле шетавме квалитетно.
    Него сакав да прашам приметив два три дена има зелени мрсули синко чат пат ќе кивне и оп зелени. Да го носам на контрола брисеви да му земаат како оди процедурата до сега никогаш не бил ваков?
     
    На alana, Lolipop23, Надежна и 6 други им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Чим се веднаш зелени направете брисеви
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    34.307
    Пол:
    Женски
    Мешано бело-зелени се,од што може да е така?
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Зелени мрсули не значи дека е бактерија, бар кај нас важи тоа правило.Ама ако си ти помирна направи му брисеви. Кај малиот и кога имал бактерија не ја третираа со ништо, оставаа беља да стане( а стана на два пати) ама пак не ја ретираа самата бактерија туку пневмонијата.
     
    На LiliBoz и TutiFuti им се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Може да е бактерија, а и не мора да значи. Затоа најдобро е да направите па ќе си бидете на чисто
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.