Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    не можам да ти пишам порака :?:
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  2. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.056
    Допаѓања:
    154.466
    Пол:
    Женски
    Лелеее ќути :) самата помисла ме плаши. Стално ми зборат колешки со постари деца како не спијат додека не им се вратат од град, врти сучи нема спиење :) .
    Ќе отвориме тема мајки на тинејџери :) па ќе си кукаме.
     
    На girl-miri, azelea, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Може ќе се врати ерата на прибирање у 10 саат па ќе се наспиеме хахаха
     
    На azelea, ivi1987, 24.07 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.056
    Допаѓања:
    154.466
    Пол:
    Женски
    Аааа тоа многу тешко ама може татковциве ќе се строги многу :)
     
    На ivi1987, Mari-Ja, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    А може децава па нема да сакаат да искачаат :rofl:
     
    На Sunshine_1979 и M&M им се допаѓа ова.
  6. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки!
    Никако да стигнам да пишам, таман ќе ве исчитам, да шкртнам некој ред и нешто излезе не планирано.
    Деца добри, уште кашлаат по малку, но ајде да не се жалам што е најважно палави се и повесели, само и апетитот да и се врати во нормала.
    Деновиве имаше сонце, убаво време таман да се поужива во есентта. Еве пак најавуваат дождови па да искористеме колку можеме.
    Туку ми се спие па утре подолг пост.
     
    На Lolipop23, alana, girl-miri и 10 други им се допаѓа ова.
  7. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Нема полошо од болно дете. А кај мене х3
    Демек ќе спиев, ама нема спиење.
    Едвај со малово се заспавме, ќерка ми ја испратив со свеки дека кашла многу и го буди, ја слушам пишти долу. Слегов се жали нозете дека ја болат. И дадов далерон, не знам што друго да и направам. Се надевам ќе и ја смири болката.
    Офффф маки
    Само со лесно и брзо да им проѓа на сите дечиња.

    Ние денес низ град, по доктори, малку пазаривме за дома, да догураме до крај месец.
    Напорно ми дојде денес со сите три. Од сабајле спремај се, па редови во болница, па ајде во пекара да јадат, па чекај резултати, па едно сака сок, друго вода, едно плаче, друго вриска. Големиот па само поставува некои луди прашања. Лудило.
    Јас се воздржувам, ама мм не. Многу нервозен е. И мене ми идат на живци, ама тоа е деца се, не можат како нас да седат мирни. Јас ги игнорирам. Тоа највеќе успева. Ако им зборувам џабе, ако им викам бетер. И се правам на Тошо:D
    Толку од мене мајки. Ќерка не ја слушам да плаче, па да легнам и јас додека не станал некој од дечкиве.
    Лека ноќ.
     
    На Monella, Lolipop23, alana и 18 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мами, да ве поздравам накратко и јас. Мм уште не е вратен од работа, а ми се спие, ми се плаче. Цел ден надвор го поминавме денес, од сабајле во игротека на отворено, па на ручек кај моите пак. После тоа закажав во игротека за роденденот и шетавме до 20 часот по маркети. Се подновив нешто шминка, играчка за малиот, кученцата од paw patrol и се вративме за вечера дома. Го бараше тато нормално пред спиење, зборнаа на мобилен и заспа.
    Имајте убава ноќ сите. :hug:
    И полесно оздравување на болните дечиња, се плашам од периодот што следи од вируси и грипови особено.

    @Annath кога спомнав грип ми текна дека ќе те прашував, дали не мешање со вакцинирани после вакцина важи и за вакцината за грип што е сезонската? Бабата на мм ја прима редовно, па да знам.
     
    На Lolipop23, alana, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.848
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки. Ние вечерва полесно поминавме, но не значи подобро дека е за жал. Два заба избија, ќе има и трет изгледа. Носот му е крш, џабе спреј џабе чистење, се спушта накај грло и кашла. Посебно наутро. Јас го слушав нема спуштено на гради ама сепак ќе тркнам до кај матичната денес, не сум до толку стручна. Иако само два пати стана синојќа, преморен е, пак заспа.Стомачниот мислам полесно го издржа од забиве..
     
    На Monella, alana, tina-63 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    И вакцината против грип колку што ме држи сеќавање е од жив вирус, така што да, пожелно е да се избегнуваат вакцинирани, барем една недела. Инкубацијата на вирусот на грип е пократка отколку кај вирусите во ММР вакцината. Ама пак ќе речам, најбитно е работење на имунитетот, свежа и разновидна храна, редовно проветрување и секојдневно излегување надвор на воздух, повремено земање пробиотици.

    Само ќе речам, Господ да не чува сите од болести.
     
    На Monella, alana, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    34.108
    Пол:
    Женски
    Добро утро мами.

    Немам време за пишување затоа читам чат пат , а и не сум многу попишување. Денес пишав за да ви дадам еден стварно добар рецепт за кашлица за деца над 1 година бидејќи има мед. Од 4-5лажички нас ни ја снема кашлицата која траеше 6 недели ноќе по 2 часа кашлавме. Ако сакате пробајте може и вас ќе ви помогне.
    @danichap за поголемата ќерка пробај да се надеваме дека ќе помине .
    Сликан ми е само рецептот.
    Поздрав мами имајте убав ден.
     

    Прикачени фајлови:

    На alana, tina-63, victoria и 5 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.072
    Добро утро мајки
    Денов арен ми се гледа, некако сум усполнета со позитивен елан и позитивна мисла. Мижеби влијае и сонцево кое веќе ѕирка низ прозорецот:sun:.
    Синоќа помали драми. Кашлаа "само" од 04 па до даље, додека не стаса време за будење поради градинката, ама барем без плачки минавме. Дали се навикнуваат веќе да дишат во таква состојба:(.
    Инаку мајки фала за советите околу сирупите. Аптеката која си ја донесов од Македонија ми е прилично голема, па имав и сируп од бел слез, кој отиде во првите 10 дена од нашава голгота. Одкако го испи тој и купив два Германски и ми ги плука и повраќа момава]:). Ама бидејќи е кромидарче мајкино, веќе давам од овие домашни рецепти кои често содржат и кромид... само на жалостљ нема некој голем ефект. @Ava.84 фала за рецептот, уште денес ќе го пробам.
    Инаку денеска повторно ја фатив на дело момава и ја сликав:lol:
    IMG_9318.JPG
    Станала од масата за појадок и директ назад во спална, кај кромидот:rofl:. Да си мезне уз лебчето.
    И дадов неколку парчиња да касне, душиче, ќе се коси ако не лапне:rofl:.
    Момава со апетитот не е нај нај периодов, ниту дома ниту во градинка, ама драмите поминаа.
    Без плачки оди, без плачки влева, без плачки е престојот. Предходно не спиеше, ама мирно лежела во креветчето и шшш со прстето им правела на воспитачките. Вчера дури спиела таму:party:. Се мислам денес да накачуваме престој, наместо 14.00 да ја зедеме 15 или покасно.
    Официјално е пријавена до 17.00, но планирам после 16.00 да ја земаме. Посебно ме радува адаптацијата и дека социјализацијата позитивно и влијае. И фалеа деца. За неколку години дома ќе биде исто како градинка, три момичиња, едно по друго, ќе си играат (и караат :D), ама на најголемава и фали друштво во моментов. Со малово се препелкаме на спална. Душиче е. Каков мил поглед има во очињата, посебно што е келаво стрижено. Татко им е профи за да им ги стриже косите со машинка:D.
    Ручекот за малово се крчка, за нас како ќе ни даде господ така(lalala).
    Големава ќе јаде во градинка, па ние ќе се снајдеме. Јас ќе одмарам малку.
    @bittersweet се сложувсѓ за возачката. Се надевам подобри денови се пред нас наредната година, па со помош од баба при бејбиситинг конечно ќе успеам да ја завршам и таа етапа.
    @Mari* и јас си викам ај нека ми се сожалат и да ми дадат возачка. Толку очајно ни е потребна и на двете во селава.
    И кај нас во комшии има кози, овци и коњи. Магаренца нема, уствари ги немаме најдено, ама сигурно се неколку стотини метри подалеку и тоа има.
    Кафе ќе си ставам и со малово одиме на тераса. Да дишиме малку свеж воздух и да уживаме во погледот.
    Свекрва ми денеска не не' дружи. И почна курсот за шнајдерки. Мажот ми вика 40 години оди на курс и никако да научи да шие. Еднаш се одржувал курсов во слаткара, еднаш во ајс кафе, еднаш во кафетерија:lol:.
    Жената немала амбиции да стане профи шнајдерка, па одат за друштво и рекреација што лично сметам дека е одлично. После толку години една иста група на жени сеуште си прганизираат средби. Да не заборавам дека преубави трењерчиња и панталончиња им соши на маливе. Нљјважно со многу љубов.
    Поздрав мајки:coffee:
     
    На MissDior, mareane, Lolipop23 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.056
    Допаѓања:
    154.466
    Пол:
    Женски
    Да прашам тука најбрзо ќе ми одговорите па нека ме префрлат после во др тема :) .
    Матичен мелч од која возраст може? Ми земаа за големиов 7г мед со 2гр м.млеч и сега една пријателка ми вика не се давало до 14г :^) ? А во аптека вчера ми нудеа од босналек чист матичен млеч и на него пишуваше од 3г??
    Добро утро добри сите?
    Ноќеска весело, ај големиот беше ок малана 39.6 качи среќа од далеронот брзо симна
     
    На alana, Mari-Ja, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Може матичен млеч мислам уште откако ќе се внесе медот во исхраната ако нема алергии. Па ампулите на Gelee Royale содржат матичен млеч ако не сум грешка, а се наменети за деца од 3 години, мислам и за помали може.
     
    На M&M, Mari-Ja и danichap им се допаѓа ова.
  15. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки !
    Кој е за кафе и домашен сок од кајсии ајде нека повели :) Додека јас пиам кафе бебе си лежи во подлога за игра и ужива ,од кога ја земавме подлогава сум раат,спас ни е синко може во нејзе да си лежи и по еден саат да си гледа во играчките и да им се радува .Денес времево ќе го искористиме да се прошетаме со количката ќе одиме до стружанка имало попуст ми кажа една другарка па да потрошиме некој денар :)
    Убав ден на сите :)
     
    На Lolipop23, alana, snegulkata и 11 други им се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    15.788
    Може да му даваш ако има пробано мед и нема реакција.Јас лани и давав на мојава
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Јас давам од полни 2 години мешавина мед, прополис и матичен млеч немаме никаков проблем.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш можеш ли да ми кажеш.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Седнав на раат кафе да испијам, малата шета со татко и. Стана он сабајле со неа, јас спиев, па јас станав, он спиеше, па сега он стана, јас кафе пијам и така. :D
    Ноќе кога не спие потежок е денот, ама вака со менување го туркаме.

    За јадење јаде, само количински не многу. Ама цел ден има нешто во устата и исто сака на сите друштво да им прави, колку-толку. А пак е слабичка, девет кила едвај фати. Ама крвната слика е супер, што е најважно, нели.
    @danichap пушти едно сличе од погледот, може ќе не фати чистиот воздух вака од преку екран.8-| Тука веќе се намирисува чадот, воздухот е тежок и одвратен навечер. Уффф веднаш во село ќе се преселев да не бевме толку врзани тука во моментов.
     
    На alana, snegulkata, muchacha_a и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Бебе заспа, јас доручкувам, секој ден тоа па тоа. Ручекот и го ставив на шпорет, за нас има од вчера ризото, ќе ставам само лосос во релна и готово.

    Инаку денес ми се чини највеќе се мрсулави, едни огромни вади, само се миеме на чешма и се бришеме.
    На секое миење мора и заби да се мијат, оти кога ја види четката до чешмата мора да ја земеме и да ја ставаме во уста, многу се радува.

    На доктор решивме да не одиме освен ако не се влоши ситуација, во вторник секако имаме некои испитувања па ќе не види докторот. Условите не направија да се однесуваме како луѓето тука и да прифатиме како нормални некои работи кои за нас не се баш најприфатливи, како пример дека одењето на доктор е тешко изводливо, дека дете ако е настинато не е ништо страшно, дека одењето на скара е како да одиш на кино, се е толку идилично и тивко и ред други примери.

    Ни се јави газдерицата на зградата да не извести дека над нас се вселува фамилија со мало бебе, да извиниме ако слушаме плачки, иако намерно ги бира сите со деца сепак се извинува, ми падна смешно, па и јас имам бебе и тоа рика и плаче во сред ноќ сигурно за нас на тие доле им се извинила кои исто така имаат деца:o

    Се надевам дека ќе оздравиме деновиве, наредниот викенд е продолжен и кројам планови уште сега. Овој што иде изгледа есенска генералка ќе се прави, не стасав ни декорацијата есенска да си ја ставам, дур ја ставам зима ќе фати.

    Да прашам како ви се заштитени телевизорите од малите истражувачи, како е најдобро се мислам на ѕид да го шрафиме од мака, оти ова мое дете како почнало само телевизорот е интересен.

    Убав ден!
     
    На Lolipop23, alana, kristina.k и 13 други им се допаѓа ова.