@kallias te guskam najsilnonemam zborovi za utehasolzi mi nadojdoa bidi hrabra majce,boli boli i toa mnogusite sme so tebe
@kallias не знам што да ти пишам, душата ме боли за твојата принцеза ве мислам многу често, ама збор за утеха немам и мразам што е така. Те гушкам силно
потребна си и на малото до тебе.Она само те потсеќа дека иако физички не е до тебе,духовно не те напуштила никогаш.
Здраво од мене! Ја зедеов малата од градинка и сега спие! Не сака таму да нанака и тоа е, треба да се помирам. Вчера ја оставив без да спие па во 17 го молела татко и да ја остави да нанка, и ете денес нема да ја мачам и си ја заспав јас. Многу мака со тоа спиењето ние, ова ни е единственото негативно од градинка, ни се изремети попладневниот сон. Има денови кога изржува но и такви кога не се трпи од што и фали спиење. Јас прво кафе пијам за денес, конечно си седам и уживам. Денот од сабајле ми беше доста напорен, па не само психички туку и физички, ама добро се држам, се надевам и бебушот во мене супер се осеќа. Во план ми е малата да ја оставам да спие само 1 час и потоа да се прошеткаме и некаде надвор да јадеме. Кај и да е и ММ ќе ни се придружи, па заедно ќе ја поминаме втората полвина од денот. @kallias не сум еднствената која се расплакува на твоите постови. Мислам дека твојата жална приказна, за жал вистинита ми е врежена во глава и никогаш нема да ја заборавам. Ниту една мајка не заслужува такава болка како твојата, искрено ми е баш криво што минуваш низ ова. Те гушкам, издржи, на синчето му треба здрава и присебна мајка!
Еве не од доктор. Сум заборавила како е да одам на лекар а да не платам ништо Од друга страна, заби горни и долни набрекнато се што може, ларингит и вироза. Гради фала богу чисти
Да прашам колку дена важи упат од матичен за во авицена и дали мора мокрача да се однесе одсабајле се раб за 3 годишно дете?
За чашката пишува дека не треба со топла вода, исто и за маската пишува, само за цревото незнам. Дали треба да се мокри или не?
Боли, болат зборовите, боли судбината на една непозната мајка. А сепак боли, како за близок. Кусо пред да се зачленам ја читав темава и ја прочитав веста која сите ги здрма, потоа кога се зачленив веќе се вртеа нови теми, немав храброст некако да пишам на @kallias, а ми текнуваше, ама незгодно ми беше, не ме ни знае женава си велев а јас тука да и пишувам. Сите зборови се малку за да ти кажам колку ми е жал, срцево ме боли на секој твој пост, се прашувам дали било кој заслужува вакво нешто, ама на некои прашања нема одговор. Во вакви ситуации човек се чувствува бедно и тажно и виновно зошто неможе да му помогне на оној што пати. Се надевам дека подршката наша овде ти дава барем малку сила, да веруваш дека твојата убавица е среќна таму некаде, дека е најубавиот ангел на небото, се надевам дека го чувствуваш нашиот плач и подадените раце кон тебе. Те гушкаме силно
Ти ја бараш и тагуваш за неа и доаѓа да те утеши таа тебе... Ахххх жено драга!!! Биди силна и трпелива. Ќе се сретнете пак негде таму...
Јас одма вадам од сушара и пеглам.....ако ги видам наредени куп не ми се ни почнува....и вака секогаш алиштата ми се средени. Немоој да го мокриш.......јас едвај го исушив.........напишале да се измие, ама сушење,амин. @kallias барем ја дознавте причината,зошто замина душичката....за жал тоа нема да го намали бесот...да беше лекарска грешка, ќе беше бесна на докторите...сега си бесна на животот...без разлика на причината, во себе носиш голем гнев и бес поради загубата.Држи се цврсто само и секој ден исфрлај од себе дел од тој насобран гнев....не го чувај во себе. Пред некое време гледав на тв мајка беше поканета во емисија, го загубила своето дете и кажуваше дека посветувњето на некое хоби и дружбата со луѓе многу и помогнала за подобро да функционира во животот.Башка и синчето ти е тука...радувај му се и посвети му се него.
издржи мајче ,штом имаш уште едно сонце...друго не знам што бит и кажала, мислам дека зборовите тука се излишни
мислам дека денес ечеше цела зграда од нас.Се скараа девојките за боици.Малото во знак на протест ја гризна големата за рака толку силно што и пушти крв.Едната плачеше од болка другата оти беше карана. Втора рунда плачење:ме гризна мене за бутот.Ми скина кожа .Збеснав и ја плеснав по газ 2 пати.Се изнаплакавме и двете,што од болка што од лутина. трета рунда:малата зела една украс а кутија на големата и лом и ја направила со темперни.Почна големата да хистерише.Оди па смири ја и досега така во круг.. сега легнаа и двете да одмараат.Тишина е да видиме само до кога
тантруми одамна нема.Ама навика да гризе луѓе има.Незнам зошто така?Некогаш од лутина некогаш од милина.Ке речам тебе сакам мн и ле загризе
и се има измешано нешто, сигурно си и кажувала дека треба да баци место да гризе... се надевам ќе помине и таа фаза брзо..
И мене малава пред некоја ден како ме касна за рака годе над лактот ама така изненадно сум плачела на цел глас одма ми испадна модрица не ја удрив ни карав и бев лута и реков дека ме боли и ми вика Блеќи те апна(кучето на мајка ми)и викам лоша си не те сакам ми удри клоца и си отиде. Ако од мали нозе се гледа карактер тогаш тешко мене.