Еден месец важи упатот ,а мокрача најдобро е од сабајле да се однесе . Ние убаво прошетавме денес ,сега бебе и тато нанаат заедно па јас малце на раат уживам во тишината .Иначе прееска додека шетавме многу се изнервирав ,јас незнам тротоариве по улициве за што служат дали за пешаци или за коли паркирање.Колите битно на тротоар качени ,а ние мајките со колички како да летаме преку нив ,па мораш со количката симни се качи се по тротоарите да правиш ,му ги растресов бубрезите на детево мислам. Толку ми заврши одморот ќе ми дојдат гости одам да спремам нешто .
@kallias Што да каже човек, што??? Се изнаплакав по којзнае кој пат на твоите постови. Како ли ти е тебе мајче.... Господ никому повеќе да не приреди такво нешто. Што е мајка без своето чедо.... Те гушкам најсилно. Јас си го пијам моето утринско кафе. Конечно може да кажам се наспав ко човек. Претходните 2 дена мм остануваше до доцна на работа и ми се фаќаа само по 3-4 саати сон, едвај ги издржував ноќните смени. Денес му реков како знае да се врати на време за да отспијам оти инаку ќе колабрирав. Си легнавме со синко накај 12, и таман тој се разбуди си дојде мм и го зеде па јас отспав до пред малку. Сега заминаа двајцата до кај матичната. Ќе се одоцнеше ако ме чекаа мене да се спремам, па отидоа сами. Синко кашла, нема подобрување... Пред недела дена му препиша цефаклор, ама решивме да не му дадеме, нема ни 2 месеца поминато откако пиеше последен пат. Се надевав ќе се избори сам организмот, ама ете некако тешко оди. Се прашувам нон-стоп каде грешиме. Доено дете, исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, се домашно, здраво, непрскано, живееме на село, воздухот не е многу загаден, секојдневно е надвор по неколку часа, во градинка не го пуштивме откако тргнав на работа туку решив само 2ра и 3та да одам за да го чувам јас од сабајле, а мм попладне.... и пак секој месец, настинки, кашлање, растечен нос.... Туку се тешам дека на тој начин им се јакне имунитетот, па дека потоа кога ќе порасне ќе биде по отпорен, дај Боже. Поздрав мамички, јас да раскренам нешто низ куќи, во секој ќош работа ме чека, садови за миење, алишта за пеглање, купатило за чистење.... ОФ!
Претходните 2 пати, беше со покачена температура и покачени леукоцити, дефинитивно инфекција беше во прашање. Овојпат не качи температура, а и кс не направивме, ама претпоставувам дека е пак истото. Не ме асоцира сеуште дека е можно да е алергија.
А јас пак мислам само моево дете гризе. Не знам како му доаѓа тоа гризење,но навистина е болно.Еве до сега еден час му обајаснував и зборував,каконе треба да си ги нервира родителите,па како се најважни,па како ние го сакаме и не водиме инает,џабееее,по пет минути истата песна. Не сакам воспитување со карање,дерење,тепање. Ние денес на село,па и на нива,па и пиперки беревме,дете пресреќно.Додуша си заработи подуен образ и крв од уста,ама не беше страшно.. Собрани сите на куп,најважно.Ми требаат луѓе,друштво.Не сум човек кој сака да живее сам,сакам луѓе. Вечерани,денес маж вика имаш бебиња дома,млеко со бисквити сите јадевме со нозе кренати у вис Ве поздравувам!
@elcezelce на такви идиоти што се паркираат по тротоари и на пешачки ми доаѓа да им напишам "магаре" на шофершајбните Греота се децава ги издрмавме со количкиве качи се слези по улициве. Нам ни е досадно, и мене и на ќере и си се изнервирав дека сама дома цел ден со неа па и таа сега ме нервира. Лоша ли сум толку бе? арно што не разбира уште, лута ќе ми беше сега
Живот ли е што ли е?Премногу тежок период што финансиски што емотивно што што што.Цел ден сама мм цел ден на работа.И нормално џабе толку работа кога се оди на сметки кредит храна.Некогаш срцето ме боли кога неможам да му изнакупам се што ќе посакам, гардеробата му е претежно од поклони а играчки да не зборувам на два месеци една.Лута и бесна сум на мм легни спиј стани јади пиј кафе оди на работа.Се сама се сама,а не е ни тој виновен не оди да шета оди да работи.Друга работа што страшно ме плаши е што синко ништо не јаде.Ете денес на пример изеде три бисквити и пола канче кисело млеко.Луѓе зарем само тоа???Месо незнам од кога не јадел можеби месец риба научна фантастика само знае леб да бутне и тоа е.Од што ништо не јаде почнав да давам глупости како на пример соленки и бисквити пудинг.А дете си јадеше супер се па и количински доста.Мислев забите се ама неможе еден месец заби да се.Денес падна викам ништо страшно кога почна да вришти гледам крв на носето.Таман тоа помина падна од тобоганот жмучка на главата.Абе утре се има да соберам и на таван и тобогани и колички веќе се чувствувам неспособна да го дочувам.Единствена утеха ми е што цица нон стоп само незнам колку е тоа доволно за дете од година и 3 месеци.Боже дај ми сила и нерви се осеќам потиштено и без енергично.
Малава спие од осум ипол негде, јас уживам во тишината. Подготовките и ритуалите за спиење ни почнуваат од седум со вечера. Нема веќе екрани, не се гледа ништо, не се игра ништо и полека почнуваат да стивнуваат активностите. По вечерата следува миење, потсредување мало на дневна, она собира играчки во ќош, јас собирам алишта и и кажувам кои се за перење и ги носи во корпата, замивам набрзинка заостанати садови, ако има малку, ако не покиснувам и утре. Потоа ја пресоблекувам, облекуваме пижами, миеме заби и и давам д3. Гасам се во дневна и се селиме во спална, тресеме или менуваме постелнина, она обавезно се фрла по чаршавите да ја покријам со нив и се кикоти. Откако ќе наместиме ми седнува во скут да читаме приказна, моментално ги читаме Запознајте го семејството... едицијата од просветно, најмногу ги сака. Така почнува да се прозева и да ги трие очињата и приказните обавезно завршуваат со децата отишле да нанаат. Потоа гасам светло и легнуваме да цица и некогаш заспива така, некогаш ја нишкам, ама за десетина минути готова е. Процесот за спиење бааги долгичок е. @kallias некои болки времето само ги продлабочува, не ги лечи, а оваа најстрашна е, пострашна нема. Искажувај се, истурај се тука, верувам секоја една мајка сочувствува со тебе. Мораш да бидеш силна за синчето, му требаш и на него. И мене некогаш ме фаќа страв, ме обзема, коски ми се тресат, па само ја загледувам, да не и е нешто, па најцрните мисли ми прелетуваат, солзи ми потекуваат, со цела сила ги бркам и ја гушкам посилно... Не треба такво нешто да се случува, треба некој ред природен да има, ах...
@kallias не можам ни да понислам колку боли, немој да се обвинуваш себе ти би направила се да можеше. Гледај си го синчето, него си му најпотребна. Никогаш не сум била верник а вакви работи уште повеќе ме уверуваат во тоа.
Добро утро! Убаво свежо утро, патеките послани со есенски лисја, само за прошетка, човек да оди, оди.. додека не се измори и не ја исфрли целата лутина и негативна енергија. Кафето остана недопиено, во последно време едвај го пијам, тешко ми е на желудникот, мислам време е да се префрлам на чај. Ја одведовме со малото ќерката во градинка и се вративме. Да доручкуваме, нешто да спремам на малото па ќе шетаме пак. Некогаш се соберат толку многу работи се чуствувам малаксано, истрошено, чуствувам потреба од мир и тишина. Децата добри полека и се враќа апетитот, минатата недела едвај каснуваа по нешто. Време е веќе сите да се вратеме во нормала. Убав ден!
@kallias те силно мајка, издржи заради малото до тебе. Тешко е знам ама мораш, верувај дека таа горе е на убаво место и ве чува. Добро утро од мене, ме немаше неколку денови бев кај моите на гости со малата, едвај ве дочитав. Кај нас ништо ново, се по старо. За две недели почнувам со работа и тоа 2 недели порано. Срце ми се кине ми се што морам да ја оставам во најубавиот период кога е најинтересна ама тоа е. Имам едно прашање, ние сме 7ипол месеци, сега на 01.11 полниме 8м. Може ли некоја од вас да ми пише како почнува и завршува денот на вашите бебуши зборам за јадење и дали можам да и воведам вечера, веќе имаме два цврсти оброка. Позз мајки до вас и вашите бебуши
Добро утро! Станав пред бебе, ја чекам да стане еве таа абер нема. Деновиве не спиеше убаво и сега надокнадува. Си направив кафе и уживам во тишината. Дури и со креми се намачкав и забришав околу огледалото во купатило. Многу сакам да се врткам таму. Ги пофаќам шишенцата, ги подредувам, фрлам што е со изминат рок. Денес на мени гравче, не дека го обожаваме ама немам може пола година направено и ред е да се смени малку. Ако е убаво и денес ќе одиме да прошетаме и да ги гледаме поголемите деца во паркот, многу им се радува, плеска со рачињата, вика по нив, душичка моја. Убав ден.
Добро утро и од нас. Пијам второ кафе, луксуз кој можам да си го дозволам кога мм е дома. синојќа и он заспа со нас на спална па малиот не знаеше во кој повеќе да се бута. Имаше будења но не како претходно, јадно дете конечно се наспа. Кај и да е пак ќе одиме во шума, да подиши воздух. Да искористиме, велат од понеделник почнуваат есенските дождови. Немам ништо против нив, напротив, сакам есен. Ако имам сила после ќе тркнам и до Џамбо, наравно, без дете. На брзина да земам нешто што наумив уште кога беше здрав. Утре требаше на роденден да одиме кај сестра ми ама дека вироза рече матичната па ќе го изолирам од луѓе, грев ми е друг да го 'јаде стапот' поради нас. Ќе почекаат дружбите. здравје боже ако е подобар во вторник ќе оди во градинка, ако даде зелено светло матичната. Не би да си играм. Спомнав за брисеви вчера, рече мирно е грлото, ако нешто повеќе закашла деновиве тогаш да направам, вака нема знаци. Ќе почекам до вторник, како и да е сега и да направиме до среда сигурно нема да се готови, па а среда а петок. И така мајки. Од едни заби ете до каде догуравме. Сега прво инхалација и ајт надвор. Имајте убав петок.
некако не се наспав ич,па глава ме боли.Малата со кашлицата добро мина ама некако сон мене не ме фаќаше.За ручек одлучив веќе,ке правам домашни ќофтиња и компир.Искрено и мене ми се шета ама врзани ми се рацете кога незнам кола да возам.Па така морам да го обврзувам мм да ме шета.Имајте убав ден мајки
Добро утро! Малку турболентно го почнавме денот, зашо малата спиеше кај баба и деде после 2 месеци. Синоќа не сакав да и го скршам меракот за да преноќи кај нив па и допуштив да преспие таму, утрово кога појдовме да ја замем едвај ја разбудивме оти до 1 по полноќ седеле. МОЛИМ... до 1 по полноќ? Ми се сврте во глава кога свекрва ми насмеана кажа дека супер си поминале и приказни раскажувале и песнички од градинка до 1 по полноќ. Се тоа убаво, ама терминот ви е погрешен бе жено. И така , едвај ја разбудив, ја облеков и ја однесов во градинка. Си помислив да бидам малце позитивна, да мислам на тоа дека можеби тоа што вечерта не спиела доволно ќе биде причина да преспие во градинка. Вечер сме на роденден, ќе и биде забавно на малата. И кај мене денес на мени грав, ММ го сака, ќерето и она го сака, а јас ич... ама за нив решив да го правам. И така, уживајте петочки, на прагот е викенд, да се надеваме убав и погоден за шеткање.
Хелоу, хелоу Се надевам денес денов ви е добар. Јас од синоќа имам јака болка лево доле ниско кај стомакот, синоќа плачев од што ме сечеше, се препотив од болка. Сега кога седам не боли ама ако се раздвижам, тука е болката. Незнам од што може да е ,ама не ми се иде на лекар.Само се молам да помине и викендов мирен да биде. Инаку завчера мали ме шекна, откако го земав од градинка, рикаше, плачеше до вечерта дур го легнав.Претпоставувам не бил спиен, башка јака комбинација со болни непца, урнебес. Големата исто ненаспана, и комбинација снова. Вчера поарни беа, ги прошетавме после работа до плоштад, се истрчаа и правец дома па мирни беа.Арно ама мене ми се покрши со болкава Денес го однесов мали во градинка, го пуштив да влезе сам и чудо невидено ама не се сврте да ме граба и не рикаше па сега сум хепи. Се радувам на продолжениов викенд, јес да тука во Скопјево ќе си останеме ама сепак, заедно ќе сме па хепи сум Ај убав ден имајте и стискајте палци да ми помине ова чудово П.С. @danichap си се смеам сама кога ќе ја видам сликата со малата со кромидчето.Срцка е
Добро утро и од мене. Секој ден ве читам ама ме мрзи да пишувам. Бебе има 2 запчиња двете заедно и излегоа па периодот беше плачлива, растечен нос, кашлаше па после и синко почна со кашлање. Бевме на ортопед се е во ред и рече во дубак да не ја ставам а на неа баш и е убаво да се вози и кога треба нешто работа да завршам ја ставам. На синко другиот месец му е роденден а и на бебе и се ближи па се чудам дали заедно во еден ден да ги прославиме и двата разлика се 8 дена. Пред некој ден @danichap имаше пишано како симнува колички по скали па бебе само го остава дома, е таква сум и јас кога одиме надвор прво симнувам точак на синко па се враќам по летната количка и по бебе и синко а за тоа време се дома на под си играат. Ни предстои продолжен викенд па сигурно ке шетнеме до некаде. Инаку јас на работа сум кафето уште си го пијам од 7 часот.
Преживеана и втора хорор ноќ, будење по 2 до 3 пати со вриштење и не се смирува по 1ч, во меѓувреме заплакување во сон, нон стоп превртување и лазење. Сон 0. Дали де четворките дали го мачи носот стварно не знам ама утепана сум. Денес немаме некој посебен план, вечер мм ќе излегува па сами ќе се оправаме со спиењето. Се мислев да викнам другарка на гости ама знам дека малиот нема да легне се додека е таа тука.
Добар ден жени Секој ден ист ма немам ни сила ни воља... Сношти бебуш во 10 заспа од што сум преморена како сум легнала на спалната до 23ч. И доаѓа големково ме буди мама мама и го земав го ставив во креветот негов и тоа заспа па тамн легнав еве го се врти превртува бебуш па ајде млекце му стоплив и заспа некаде.дали од навика се будам на 2 часа ги покривам проверувам. Искрено ми здосади од готвење миење чистење перење,се нервирам мн и периодов сум под стрес нервози и немам живци,меѓу друго и заб ме боли нооо немам на кој да ги оставам за да отидам. @kallias навистина е тешко највеќе боли за свое дете од немоќ што не можеш ништо да направиш но имаш синче за кое треба да бидеш силна и да се грижиш.психата е страшна работа,ако не си опкружена со луѓе или некое хоби некоја работа што ќе ти ги одзема лошите мисли само така ножеш да не мислиш дека си можела да сториш нешто а си задоцнила.сите го сакаме најдоброто и секојден си поставуваме прашања дали е добро или лошо дали требало или не. Убав ви ден мајки.ке чистам малку.
Отсабајле сме мн.плачливи, нешто го мачи обично е весел. Нити кафе нити доручек, ко за беља ни кабловска нема. Бебка нормално спие во мене. Мајка ми ќе донесе ручек, јас би направила некое трилече-го мислам оддамна. Викендов гости во најава, да го видат бебуш. Кој со осет, кој без. После ќе се шета барем тоа му прија Вчера на контрола, добро напредува. Инаку, добив циклус, по само 2 месеца ! И педијатарот се зачуди, ееее вика вие така се зезате мислите нема оти доите-и оп две црти Ништо не реков Имајте убав викенд во најава