Многу ми е досадно Продолжен викенд, сакав да одиме на планина негде. ММ утре ќе работел 2 дена лежеше дома од вирусот. Па морал да надокнади. Вика, недела или понеделник да сме оделе на еднодневна накај Маврово, на ручек. Здравје до тогаш.. Детево ме изненадува, позитивно. Само 1 недела во градинка, веќе пее песнички. Вчера си ја извадила блузата и си облекла пижама, сама Сама оди во тоалет, се соблака и облака Женава што ја чува ми звони пред малку, вика малава влегла во нејзината соба и и` рекла на женава да не влага, сама ќе спиела. И заспала Со мене нема шанси сама да спие, ме гњави максимално додека заспие, но може со тек на време и тоа ќе биде. Горда ме прави многу. Многу е разбрана, како возрасен човек да имам до мене. Љубов, ми го грее срцето
Еее тоа ти е градинка,истото е и кај нас,сама се облекува соблекува,во вц сама си оди и ни затвора врата Браво за А
Кај сите денес грав, кај мене сарма повелете! Синко уште спие, мм на работа а јас седам во тишина и размислувам. Времето надвор тмурно, магла се навалила сиво е се. Периодов гледам кај никој не е сјаен, фамилијарни, финансиски, здравствени проблеми нека се со помин кај сите. Јас ќе речам најважно е да си здрав и жив, парите не го прават човек среќен. Сум ги искусила и двете нешта. Верувајте, многу посреќна бев со помалку пари ама здрава, секогаш насмеана и слободна. Сега... сега не дека сум милионерка, имам многу повеќе од некогаш ама не сум тоа што бев. Џабе ќе возиш џип кога ќе одиш само до болница и назад. 100 пати подобро на велосипед низ природа без грижи... Ептен забегав простете ми Ја мразам есента. И јас сум како неа, секогаш намуртена.
Се пријавуваме и ние со неспиење. Денес сме со пролиф ако може да се нарче пролиф секој саат кака и тоа многу ретко како шлајмови(с извинувам на описот). Еднаш ми поврати бевме на лекар матичнТа ништо не кажа супер бил. Ох маки се големи.
Додека зборувавте за гравот ми се пријаде ептен, си го замислував со купус салатка и еден тон балсамико во неа А периодов ми е хаотичен , муж ми со трите смени, јас со гадење и повраќање, дете со болести и температури... Ниту ручек сме направиле цела недела ниту сум фатила хаосот низ дома да го средам И доаѓам сега од работа, гледам гравче на масата! Магично гравче Свекрвица мислела на нас Денес имам и бејбиситер-мајка ми, она ми ги среди садовите, уште да има кој да ми испегла Толку сум преморена, а приметувам многу брзо се заморувам, не ми се мисли на ништо освен на лежење со ноги у вис! Ние нигде не мрдаме овој продолжен викенд, некој ќе работи, а некој ќе чува дете што секогаш решава да се разболи пред викенд
Хелоу Никогаш да помине денов,како вечност ми се виде што убаво сончево беше сега облачно и дождливо Дете синоќа во 9 заспа и покрај будењата на секој час не се жалам,можеше и полошо да биде Попладнева дремка само половина час и надеж дека вечерва порано ке заспие Ги искористивме последните зраци денес,прошетавме со момево и сега се топлиме покрај огнот Од работа по дома ништо денес не направив,немам воља а и нервозна сум многу Дете напорно не ме остава ни секунда,а ке заминам вкујна бара во раце да ја земам,а неможам повеќе онолку да ја носам тешка е а и од стомакот неможам Се жалам сега,ами со две сама како ли ке биде Многу сум загрижена околу тоа И се јавив на сестра ми да дојде на припомош ама девојката се плаши од странство никако да ја предомислам Се надевам ке се предомисли,очајно ми треба друштво...и помош де И да на темата пари,секогаш си велам дај боже во животот само пари да ни фалат Има многу повредни работи од парите Само да сме живи,здрави и среќни Мислам беше @LiliBoz постот за елката толку ме натажи...и е доста поучен,макар за оние на кои парите и не им се најбитни во животот Толку мами,одам да спремам пастрамајлија ме настрвија женските во фг па сега мора да правам а успат и за прв пат ке се натпреварувам таму wish me luck hug:
Драга, патешествието јас и мм што го пројдовме (а се појави ненадејно) мислам дека на грото Македонци што живеат во земјава барем еднаш им се случило. Додуша мене втор пат ме фати со оглед дека еднаш дете бев ама за тоа во друг момент во истата таа тема. Не секогаш можам да зборувам за тоа а не сакам да заборавам за не само да останам тоа што сум, туку и од страв да не се случи пак. Денес купив лампиони и мм ми вели -а нели е малку рано!? велам секој месец по малце за да не ги осетиме..
Добар ден и од мене мамички Денес се чувствувам баш мамичка, како во старите времиња - работен ден а јас цел ден по пиџами заедно со тројцата дома, без аларми без трчаници Ми фалат ваквите денови... Иако пригодата е болест, јас пред два дена завршив на инфузии во орл и добив пеницилински шок, од каде ми се појави наеднаш оваа алергија на антибиотик, уште тоа ми фалеше Па урбазони, синопени, авил таблети, ме префрлија на терапија со сумамед. Згора на тоа и големата три дена крева тт до 37 и нешто и не ја пуштам во школо пс и машките да ме ги влечам во градинка си се чуваме сите домче. Деновиве сум хаос со расположение нула, енергија минус и нерви на работ
не бидна ни ручек ни ништо.Дури и алиштата ми останаа непружени .Мм ги подлажа децата за Џамбо и бевме.После до Дм,Ваикики,на пченка и еве не дома.Големата отиде на англиски.Малата се као шминка јас се мислам дали кафе да пијам па да фатам нешто или да оставам се за утре? побрзо да оздрават малите дечиња,да никнат проблематичните запчиња па раат да се наспиеме
Дете отиде кај тета на спиење. Таман реков прилика со мм да прошетаме, уште бил малаксан. Утре на пат оди па сакал да одмори Знам напорна сум, ама досадно ми е Викнав другарки да шетнеме до молот, сите зафатени #прашањекоемемачи утре да одам на пат со мм или не? 2 часа во еден правец да се клацкам или не? Успат ќе сме кснеле негде Ми се мотат црни мисли Ми се јаде чипс, нема кој да купи Sorry, PMS is here
@chocolade и јас сум за да одиш. Што дека ќе седиш дома цел ден. Штом има кој да ти чува дете ич не се мисли. Бебе заспа. Се изнамачи. Од 16:30 како стана сега заспа. Никогаш не седел толку време буден. Никако не сакаше да заспие. Мм е излезен, децава се долу, братучед им е дојден си играат, па заедно сите ќе спијат. А јас се мислам да му ја легнам од сега. Нема друго што да правам. Ми се јаде нешто благо, ама нема ништо дома. Утре сме на роденден, некако не ми се оди со децава настинати, ама ептен блиски сме и сакам да одиме. Ќе се видам со луѓе и јас, два часа, два. За до душа повеќе по деца ќе трчам. Оф досадно? Што правите кога мажите не ви се дома? Демек кога е дома нешо правиме хахах блееме и двајцата во телефоните.
Дете заспа, јас легнав покрај него и тука да видам што како има. Имам оставено еден тон работа за раскревање чистење и миење садови ама тоа до утре може да почека, колку се чувствува дека мајка ми не е дома една недела секој ден околку 16ч си велам сега ќе влезе од работа но ја нема, ох дај боже само подобра да биде ѓи фали ужасно ми фали.
Ќе одам најверојатно, освен ако не ме фати мрза дека рано ќе оди. Мразам кога мм не е дома. Доволно е неговото присуство за да ми биде мир во душа.. Сестра ми се јави, шетаат со малата. И реков одма да одат дома да ја нахрани и легне. Ми вика ај кулирај и остави не на мира. И да не сум ја барала веќе
@muchacha_a јас кога беа мали им спремав кашичка во тегличка и надвор ги ранев ако требаше да шетаме. Нешто малово решило да спие рано, речиси е заспана. Преска и дадов малку да јаде па антибиотик и малку поврати шлајм а ми беше шубе да и давам уште 1 доза сируп, од др страна ми е да не го повратила цел . Ај здравје утре сабајле редовно ќе и дадам. Грло црвено, нос не и тече, ретко кашла, црп покачено и то поприлично и си закачи антибиотик, а може веќе ви пишав небитно. Мн често аи се фаќам како се повторувам ао некој муабет, како сенилна баба сум станала. Споредував крвни алики уназад и хемоглобинот пак малку и паднал И ние ништо од плановите за шетање налет со двајца болни. Ќе ги качам еднаш до водно еднаш во парк па бар дома да се проврткам малку. Големиов има доста за пишување што пропуштил во школо малку да поучи и он тамам. Важно дома 3 дена
Не знам до што е ама денеска и моиве деца на лева нога. Малава ги извади сите заби до четворките и се однесува како да ја мачат забите ептен. Зар е можно петки толку рано да пробиваат? Па на големиов уште не му се сите петки пораснати. Нон стоп е со рацете во уста, ја фаќаат напати кризи, се лигави, слабо јаде...18 месеци е. Инаку за финансии не ми се зборува. Оваа сезона многу слабо му одеше работата на мм. Како ќе избуткаме цела година не знам. Овде очи не сме му виделе, од сабајле до вечер е отсутен, ама барем го исплативме патот до тука. Се надевам ќе вроди со плод и за понатаму оти веќе договори и за следниот месец да оди на неколку места во странство да работи. @Mari* @LiliBoz што е тоа со елката? Сигурно сум го пропуштила, а ме заинтересира.
Мојава на година ги имаше веќе и петките извадено...така да не е рано. Јас наминав на кратко да ве поздравам, пред да се повлече мм во постела и да се исклучам од виртуелниов свет. Телевизор немаме во спална, а компјутер свети само доколку едниот е сам, или пак заеднички филм гледаме. Во спротивно не. Мали правила за нега на врската . Денов долг...нема ни за кукање ни за фалење. Избуткавме некако. Утре конечно сабота. Мажот ми веќе најави прва смена, па ќе стискам палци да се прибере порано и да фатиме патот некаде. Времево далеку од сјајно, па ќе треба на затворено, по трговски. Убави сништа и ноќ без кашлици и неарноќи на малечките
Еве мојов не е дома, си легнав на спална до малиот. Немирно спие трета вечер па да бидам до него. Али во принцип си гледам серија или викам другарка на гости