Добар ден! Во време кога се заспиваме со малата јас дремам на фемина и чекам магично да се створи тишина за да си го заспијам детето. Имаме свадба во маало, па трубачи и народ многу, галама, и ете малата до толку се возбуди и разигра па на балкон денса а јас внатре си седам. Ок, денес заспивање покасно, нема друго чаре. Од 10 сме излезени на прошетка во парк, па појадувавме надвор, па на лулапки со друштво и една купа дечки, ептен ибаво го тераме денот. Во план ми беше кога ќе ја заспијам малата да поспијам и јас, ама ММ ми се јави од работа и си посака пилешки прсти и сос за макање, па не ми е во план да го одбијам, освен ако не заспијам случајно. Продолжениот викенд за нас од утре почнува, дека денес ММ на работа е, ама затоа наредните ва дена е слободен. Нешто планирал за некаде надвор од градот, на планина , ама ништо не е сигурно. Тоа, ете малку стивна музката, одам да ја зананакам бебата 3 годишна. Нели е голема за да лежам до неа дури да заспие? 3 години дете треба само да спие, или се филмам? Убав ден!
Добар ден. Синко спие,а јас седнав да одморам малку и на раат едно цигарче да направам. Мм вчера 16 часа беше на работа,пукнав од досада дури си дојде.И што кога си дојде се истушира,вечераше и заспа. Денеска денот ни започна многу порано од секогаш во 5:45 синко беше разбуден и брмчеше,а си реков ќе поспиеме сите тројца барем до 8 ама ништо.Мм си продолжи да спие до 10. Првата дремка ба синко му беше многу малку 30 мин се надевам сега ќе спие повеќе. Машината денеска се раскости од перење,една машина на скапа и три на евтина.Последната е при крај ја чекам да допери па да ја спружам. Купишта алишта испеглав од синко и од мм а мое ниту едно .Почнав моите да ги тргам на страна за кога ќе имам повеќе слободно време но како што иди ќе немам ич но јас се чуствувам удобни во хеланки и понекогаш тренерки. Додека пишувам синко се разбуди,седна се потпре со главата на креветче и продолжи да спие.
прелета и овој ден мн брзо.Децата поиграа надвор пред зграда малце,јас зачистив,крофни правев и успеав набрзина еден чај да испијам.Пазаревме,преспа малата и толку бидна за денес.Вчера со мм пуштивме на полноќ филм.Сум заспала на пола па сабајле ми го раскажуваше .Мн сакам филмови да гледам ама ретко се случува до крај да успеам цел да го изгледам. ке си правам кафе (за расонување)
Добра вечер Денес денов ми е многу досаден. Малата според мм шеташе па ја заспал, јас со мајка ми на клиника, баба ми ја оперираа, тешка операција уште е на интензивна неколку дена, денес била и нешто нервозна одбивала да прима терапија, си ја вадела маската според кислород и така се разочарав и глава ме боли сега Малата цел ден е во некој филм влезена,имала "некоја работа" , се однесува како возрасен, па дури и фаци ми прави со главата и очите . @joy1 иста сум и јас, секој пат заспивам на пола филм и утредента го малтретирам мм да ми раск @BirMelek и јас мислам да ја дружиш малата повеќе со луѓе, ќе имаш проблем кога ќе потпорасне, нема да можеш да мрднеш од неа, на другарка детето е такво се до неа залепено, по родендени и сл не се доближува многу до деца а скоро три ќе прави. Убава вечер да имате, одам да ја спремам за спиење ѕверката моја
Синко изненадувачки заспа уште во 20 и 30 lol: се изморило детето денеска , тоа значи време за мене измив садови, уклучив машина, сега ке си правам топол салеп и ке уживам во тишината пред тв. Да се пофалам првиот ден од средувањето на ѕидовите завршен , лепак и глет маса нанесена сега утре уште кречење се фалам на мажле дека мајстор биднав он фрчи од таму што ли правам епа кога он не ги среди белјите на син му сега јас морам Да се редактирам , лошкото мој се разбуди свеж и спремен за играње толку од мојот салеп во тишина ако легне до 12 супер ке е
Подосаден и понеорганизиран ден одамна сум немала.Малиша спие се умори трчкајки низ парк па заспа седејки.Сега се двоумам да спијам да се бањам или да си дремам пред тв.Ај утре ќе биде денот поубав. @wannaBeMomma ве видов кога си одевте од парк веројатно колата ви била пред ЗОО,таков убав дечко се памти од сликите.Прав лепотан.
Добра вечер. И ние од 20:00 ч. заспани...ама не преспавме преку ден, се измори момето...а сега кај 22:00 ч. за лек треба да ја разбудувам...немој само да се расони. Јас таман да седнам да поучам. Денес работно...прередував се во кујна и фрижидер среден, миев играчки од дете и книгите и ги пребришав, теписи менував и што ти не ...не седнав ич...утре продолжувам кај што застанав.......сега едно тостче си направив и и мене дремка ме фаќа,ама ќе си поседам. Не знам како е поубаво со детево, дали да преспива преку ден или не. Да си пробам најубаво...и тоа се мислам како до подобри резултати кога имаш дете,па си пробувам варијанти .
Добра вечер мајки. Денеска убаво се изнабањавме во море сите. Конечно и јас влегов повеќе од пола. Ама со двете деца наеднаш. Едното во една рака, другото во друга. Сега очекувам воспаление на мускули оти не ми беа баш најлесни за држење. Особено дека во вода и се лизга, бев укочена цело време. И така ние деновите си ги поминуваме, акумулираме топлина, а за назад јакни си носиме. Ми се пие кафе со мм, ама никако да се погодиме заедно. Син ми ужива да зборува на англиски. Почна дури и мене да ми се обраќа така. Ми зборува, ме прашува на англиски. Додуша меша малку, на пример Мамо, where is тате? Едно дете успав, уште другото да се предаде чекам. Ама јас се предавам најпрва.
Ви се случува некогаш да ве фати онаков детски инат, од што ќе те отупат за нешто да се спуштиш на нивно ниво и да им тераш инат. Мене некогаш ме ффаќ, после си викам што правам со деца ли ќе се инатам ама некогаш го претеруваат Мислев денес да поседам да погледам нешто ама некој умор ме совлада ќе паднам, се осеќам и ко да настинувам. Големиот ќе спие со татко му јас да се таширам ммалк.
Добро вечер. Ние пред малку се вративме од роденден, и еве сега боштум се успиваме. Нема што да кажам за денов, освен што цел ден ме боли глава. Филмови сакам да гледам. Мм воопшто, така да никогаш заедно не гледаме. @snegulkata ќерка ми е 3,5 години и уште се успиваме. Сама да легне и да заспие нема шанси. Бебе го кажа првиот збор Аде Ево го сега лежи и повторува едно по друго аде, аде, аде. Душа моја.
Мајки јас да ве поздравам набрзина. Утре ќе си го крстиме синчето, мала интимна крштевка, но сепак си бара подготовки. Еве ми заспа во раце, да го ставам во креветче па да фатам да испеглам и да се излакирам барем. Денес се изнауживавме во природа, скара, чист воздух, сонце ...за мерак. Ми требаше после вчерашата генералка на станот. Принудна!!! Имавме мајстори дома и се ми беше изгазено и во прашина од што бушеа ..преправ се од завеси до прекривки, ама капнав Ете затоа денес заслужен одмор : )) Ве читам постојано ама некако не стигнувам да пишам. Добра ноќ на сите
Му дозволив да преспие 1ч враќајки се од парк и дури сега заспа. Од премор се ме боли Школо за друг пат ми е дека еднаш во денот му е доволно и да не ми паѓа жал Убав ден, убаво поминат. Пробани крофните од новиот локал и прва лига се. Добра ноќ или утро, за кого како
Женско друштво дајте нкое муабетче, некако сите едно те исто, се вртиме во круг, секојдневие. Јас не спијам, чепкам по нет, мм излезен јас си пуштив машина, си испра ја пруив и ќе се потрудам да заспијам. Цуца го зазела цел кревет па јас ќе се стуткам на ќошот, така ми е, кога ја одвикнав од спиење во креветче...
Будни? Ние да.се мачиме со повраќање такА од еднаш почна што и јас незнам што е и како е! Кај не јадеше паа и ова му фали.
Добро утро! По глупав викенд здравје, време за никаде, мириса на зима, не ми се излегува никаде. Бебе подобро, ама му здосадува по дома, еве сега се успиваме, сакав да и читам ама таа ги зема книгите и ги фрла на подот. Моментално се качува по потпирачот на спалната, изгледа успивањето ќе потрае. Планот за генералка уште стои, вчера не успеав ништо денес кој знае. Ако сопругот се смилува да помогне ако не немам сили нешто. Цел стан и балкон се е за чистење и тоа темелно. Нешто не сум добра, како воз да ме згазил, од синоќа тоа, се ме боли, ми се врти, глава ме боли ужасно. И така се надевам на подобро оти вака ни сама не се поднесувам. Убав ден.
Добро утро Дете заспано, па ставив ручек да му направам и се мислам дали банана бред да правам или бомбици. Ми останале банани од неделата па да се искористат.. Прошетавме малку утрово, подишивме воздух па попладне пак. Ќе го оставам и оваа недела дома изгледа. Реков јас, адаптација ќе не фати до нова година. Ама тоа е што е нели. Здравје полека, ќе биде. Немам идеја што ручек да направам, маж е на работа, па да има нешто да касне кога ќе дојде ама ич не ми доаѓа идеја. Ќе шпартам сега по темите да видам што сте готвеле па може ќе ми текне нешто убав ден мајки
еве и јас се мислам што да се прави денес.Работа немам сем ручек и една машина.Понавечер ке ги бањам и јас ке се средувам.Ама некако мрза ме фати веќе и за шетање.Па може филм ке пуштам и дома ке си ‘дремеме’.
Шетнавме на сонце убаво е надвор пак. Се изиграа на едни лулашки малово препека у количка да ја земам во раце ама ја оставив скоро до пред зграда, не можам ме боли грб. Којзнае што си мислеа луѓево по пат, се развикала како магарица . Почна да кашла, најверојатно се чисти, знам дека ако кашла не значи дека е по болна ама кога ја слушам уплав ме фаќа. Јас ја инхалирам со физиолошки, не ми прави проблем, веќе не влечам мрсули големка е и ми нема ефект. Него бел слез за каква кашлица помагаше. Порано на синко му давав често ама знаеше да го раскашлува повеќе некогаш. Ручек ќе прави мм, јас ќе одмарам со малово малку, после алишта да средам. Чистење за утре ќе оставам ионака нема да е за шетање времево.
Еве конечно пијам кафе,по една недела. Неписмените наши лекари ме лечат цела недела од стомачен вирус, за да на крај испадне дека имам гастритис..Се отрув од апчиња а се полошо ми беше. И еве сега кога ми сменија терапија, се средив, живнав. За една недела 5 кг симнав, манекнките можат да ми позавидат Ми снема облините И сега ке уживам во кафето додека малата спие, едно ама вредно( и него ми га забранија ама не го давам) Уживајте во убавото време, велат уште денес.Поздравче