@kallias таков е вирусот, ние летото го фативме сите, буквално сите, и од кај моите и од кај свекрва ми што беа во контакт со нас. За синчето земи пробиотик и електролити и на полесна храна неколку дена, дури да се стабилизира, инаку вирусот кратко трае.
Ви Скопјево вируси не престанаа да ти кажам, ужас, сакам да се преселам од овде до климава ли е до воздухот ли е ама страшно е. Слушнав и јас пак дека има ама кај нас тој помина со други се бориме. Вчера се изнаплакав, големиов пак качи т, сирот се утепа од плачење глава го болеше а морав да го инхалирам и да го средам. Се напи парацетамол легнав да го гушнам ова малово љубоморно почна да плаче. Ајде се гушна со татко му отидов малава да ја легнам ко за беља до 11 не заспа. Јас си плачам она ме гушка ми вика *дај бацам помине* . Ќе мора да го оставам и оваа недела дома, да одиме на контрола да видам што се случува со детево. Рече др дека е вирусна инфекција ама да го следиме да не премине во вирусна пневмониа, само уште тоа ми треба. Станав после се испотил мокар скроз па во сон го преоблакав и продолжи да спие. Сега е добар. Денес од сабајле удрив да зачистам малку, ме јаде грижа на совест пола од времево на телефон малово го помина ама морав да исчистам. Се заигра со татко и па се срчнаа со брат и ми дојде со плачење. Ај и го дадов рачниот усисивач демек со мене да чисти 5м и толку. Имам работа еден тон ама бар исчистив другово колку ќе стигнам толку. Заспа сега одам да си направам едно кафе да го подружам синко и да пробам малку детската да ја турам у ред. Супа направив другиот дел од ручекот мм ќе го среди. Сакам уште дома малку ми беа 3 дена, башка како ме изнервираа вчера од рабита на телефон ми иде се у ПМ да отерам и да излезам од таму еднаш засекогаш. Уште да можев Едит @Nikita7 среќен роденден на цуцката, жива здрава весела
@Belabelinakinder venge e(iverka).Na lik mnogu si ja sakam kujnata, ednostavno a ubavo. Ama za cistenje kosa mi popagja od nervoza. Vikaat medijapan polesno se cistelo ili???? Glavobolka pak. Koga mi e loso odma me fakja nervoza i avtomatski odma se karam so mm. Dorucek zavrsen kaj baba, rucek se pece, doma uste kupatiloto mi e za cistenje. I od utre "copy-paste" Ubav den p. s. @Nikita7, so zadocnuvanje, sreken rodenden na Darija. Golema da raste i poveke da ve slusa
Готово, ни се расипа времето, од сабајле низ дома, дете збесна. Па ми текна дека децава не се на школо и ги викнав дадите од маало да си поиграат малку со него, па се расположи. Од утре како ќе биде не знам. Туку мора детската соба да ја спремиме за да може таму да си игра, малото ќоше во дневната кое е наменето за него веќе не му е доволно. Секаде оди, само таму не седи. И нормално играчки на сите страни. Мојот став за играчките беше да не се купува многу дури не почне само да бара, ама зимава е долга, а детево мора со нешто да се анимира по дома, па така овие денови докупивме некои нови. И така мами, вие кои одмарате и денес блазе си ви, јас отидов да се спремам за работа, имајте убав остаток од денот.
@eli25 вирусот се пренесува ако е во контакт ко ќе почнат симптомите, ако почнал да повраќа после тоа мислам дека нема да префати. @M&M леле се изнамачивте вие, побрзо да оздрави синчето. Воздухот е катастрофа сегде, и овде во Бт сме за жалење. Ние на ручек стигнавме, малиот шета со баба и дедо. Свекрва ми му купила воз со вагони по шина што вози, со музика и светло, живи радости е. Се чувствувам како недела да е, ама барем времето да беше поубаво. Имајте убав ден сите
Богами се измачивме. Знам дека скоро секаде во земјава е воздухот ужас, Грчка ќе бегам . Малото заспа пишував домашно со големово, математика супер му оди дури ме изненадува. Годинава почнуваат турбо со пишување и читање, добар е и со ова ама побргу се замирува кога пишува и почнува бргу да се нервира. Препишуваше еден мал состав на последната реченица почна веќе да греши, нормално мали се уште. Важно полека полека совладува се. Само што завршив со него цуцка се разбуди па сега лежам до неа да се доспие . Гледам јас детската ќе остане пак хаос
Добар ден мајки. Едвај го дочекав понеделников. Барем големава е во градинка и можам на раат да исчистам и зготвам. Сабајле додека раскренав машина за садови, прираскренав се околу и во умивалник, па повторно ја наполнив со оние од вчера. Нив одкако ги сортирав се лом направив од сецкање и готвење појадок/ручек за малово и за нас јадењето. Едно пире, па лупи компири, па моркови, па еден друг корен, па зецкај зеленчукот за супата, па за салатата, па пржев месо... Па капак на се зедов и тиква да чистам за после да сркнеме. Мм ми вика што не ставиш барем од готовите кесички пире илинготова супа и готово, душа ли да ти испаѓа. Е што де. Не паметам кога последен пат, пред колку години, сум купила и веќе механички функционирам, не ни мислам. Си викам ај, и детево кога ќе дојде од градинка да апне ако таму не бендисала ручекот. Дома барем додека сум да им пружам нешто подобро од кесичка готова храна. Не сум многу по благото, еднаш на неколку недели дали јадам, ама ми се увртиле во глава едни ситни благца, брзи демек. Па и тие да станувам да ги правам оти мир ќе немам цел ден. Трудна жена, да не и се уврти нешто во глава. И официјално не ги сакам неделиве. Ај тоа што мм по цел ден на теренска работа ( не дека саботата не беше), и јас сама со маливе, па и времето неубаво и дома буквално здивуваат. Помеѓу играње, вриштење, думкање, менување пелени, готвење и ранење... куќава ми прооде. Не дека ставам приоритет на тоа, далеку дека така размислувам, ама имам впечаток дека веќе се распаѓам само за да се намирени и ставам се друго на резерва а на виделина како да нема ништо. Кашлицата малкууу се намали, ама пак буфта кашла. Малово око не затвора навечер. Оно вришти, а богами и мене ми се вришти и плаче од умор. Не знам колку пати во текот на ноќта стана со плачки и солзи. Заби вади, сеуште е без забчиња, па се мачат првите кецови додека испаднат. Малово да руча и да го пресоблечам, да го тргнам од дневем ред, па големава да ја зедеме од градинка, таман да апне, па продолжуваме на логопед. Татко и дома демек денес, ама од бирото не е мрднат. Ни мене ни дете видел. Ќе се чуваат дури еден саат. Наредниов месец ќе му бил многу напорен на работа немало да може да ми помага како порано. А знаејќи му ги ангажманите кои веќе ги зеде за потоа и што се не чека...мислам дека очи нема да му видам и поѕоа а не па помош да чекам. Толку од паузата моја. Убав ден мајки
Денов денес, излези надвор ветер и дожд, влези дома сонце излегло. Ние битно оганче цел ден си имаме, додуша и точак повози мали па шлапкаше во калливите вирчиња на Пепа Јас со главоболка, кај по цел ден сум на нога, дете решило мајка му и татко му да не се доближат еден до друг, па ноќе спие меѓу нас, еве веќе подолг период, се открива, мрда, се качува нагоре...и така мајка и ноќе не може да дремне. Ручек денес како денов мрзлив, шопска, туна и пиперки печени со многу лукче. Се мислам да тркнеме до кај мајка после, една недела ги немам видено а и се лутат ако не појдеме, особено брат ми. Имајте убав ден.
Исто е и мене јас сама си ја нацртав медијапанот е многу лесен за одржување ова со политура го чистам па после со чиста крпа до кога додека си дојде мажот ми дома и не фаќа на рачките на секаде и се познава
Добар ден. Овие два дена си одморивме саглам. Две машини вчера што пуштив и плакарот од децата го средив, и цел ден нозете во вис (додека спиеше бебе, се разбира). Цел ден со мм грицкавме семки и гледавме фудбал. Не дека сакам да гледам, ама ајде. Денес мм за доручек правеше палачинки. Секој ден викам помалку да јадам, ама не бре, бетер од трудна жена сум. На мајка ми и нарачав слатко од киви да ми прави Не сум кој знае колку дебела, ама се ми е околу стомак и се нервирам со облекувањето, ништо не ми стои како што треба. Ќерка спие, сакав и бебе да го заспијам да дремнам и јас, ама тоа не сака. Вечер на репертоар пак семки, ама овој пат сама и со филмче. Поздрав.
Се нишкаме на столот-клацкалка и спиеме во раце, еве трет ден исто сценарио душиче спие и цвили. Цуцла ни да види, само на града цееел ден. Наместив лаптоп до мене, барем еден филм да изгледам. Ручек направен, маж на работа пред малку замина, ние пак сами до ноќеска. Веќе здосадено ми е по кој пат, на малиот да не му е добро и јас да сум сама со него, раце ми паднаа носејќи го, а машала цели 10.300 е тежок. Свртевме еден круг пред зграда пред да заспие бебе. Надвор дува ли дува, а и на Алпите снег си има, така да топло временце тек на пролет ќе си чекаме. Го сретнавме комшијата, ме извести за грабежот во соседната зграда, среде бел ден влегле и им изнеле се што нашле, дури и си отпоздравиле со комшии јас уплав, од сега веќе на никого не отварам долу влезна врата. За вечера и мене ми се во план палачинки, ако остане тронка снага во мене и малиот ако порано заспие. Многу ако за едни палачинки, изгледа дека тешко ќе дојдам до нив Тоа е мами за сега, имајте убав ден!
Здраво мајки! Дремам дома со второ кафе. Беба спие. Многу е нервозна на моменти. Ако не е по нејзино одма плаче, вреска и тоа. Најново е што не сака да ја легнеш да спие, а очи трие, паѓа за спиење. И 2 дена веќе во кола ја заспиваме. Многу сум против, но мм попушта. Од утре не е дома, колата во него и јас ќе свирам Приметив дека многу се плаши, наеднаш ќе седи сама и со брзо лазење се пика во мене Сношти така се исплаши од една реклама политички маркетинг и почна да бега и да плаче. Од една страна смешно ни е, ама и греота Се мислам кифли да правам, уморна сум, ама мајка ми даде неколку тегли лутенка, па греота е без топли кифли да се јаде Жената е специјалист за зимница, со мм се караме кој да изеде повеќе. Вчера си изеде едно мало тегле за мезе со вотката во двор кај моите, цело Ручек се спрема, пилешка супа и ориз со копанчиња. Ќе правам и салата од модар патлиџан, лук и урда. ДомаЈЧинка Друго, гледам малку на див чоек ко да ви сум оставила впечаток Во однос на дружење со луѓе и беба, ние сме скоро секој ден излезени, се гледа со баби, тетки и чичковци. Во кафичи на кафе се ѓиба со луѓе од масите, а во еден кафич си има и омилен келнер. За игротека сум категирично против на оваа возраст, но тоа е друга работа. Плашењето и врискање од луѓе не е од изолација, тоа настана после систематскиот преглед пред 2 недели. Ми се преплаши детето и сега никој не сака. Ум немам што да правам. @vitamina Фалеше мајче Горе долу се пронајдов во " редот" за спиење кој го имате. @Lolipop23 Какви играчки земавте? И мојата се изгустира, требаат нови. Ехеее постов од кога е почнат, сега дури завршувам. Кифли направив и топли се прејадовме, од што се погодија толку ручекот речиси и не го допревме, ќе стане вечера изгледа Ама неколку пати мајка си карав што почнав, оти бебе на сред месење стана, па за прв пат месев со една рака. Напорно! Беба тера второ спиење, пак во кола ја заспавме Јас си купив книга вчера и сега со тоа ќе се релаксирам, мм си работи на лап топ. Да уживаме во тишинава уште некоја минута...
со децата бевме во кафана денес .Да ви кажам искрено некогаш си велам чекај Јоу стрпи се има време за се.Некогаш спротивното.Си велам живеј Јоу ,децата цел живот ке бидат ‘деца’ ако чекаш сите коцки да се спојат за да уживаш крајот далеку ти е.Па така сега се прибравме и одмараме секој на свој кревет.Денот помина прилично брзо. за вируси ич не ми се збори.Јас како дете никогаш не добив стомачен вирус.Денешните деца и по три пати годишно фаќаат.Некои мутирани вируси се изгледа.Што да речам освен радувајте се на вирус и настинка кој поминува за 3-4 дена,постојат и мн полоши работи. Побргу оздравување на сите и враќање во нормала.
@joy1 за стомачниве навистина и јас не се сеќавам да сме имале некогаш, баш и моите ги прашував бидејќи брат ми е 10 години помал, и тој немал никогаш фатено. Летово вриеше стомачни вируси, а еве уште има. Да се чуди човек.
летово вриеше јануарот знам беше полно по сите болници(и моите имаа тогаш),пред два месеци имаше и сега пак.Не е нормално
Ние моментално сме со стомачен вирус @kallias. Почна со повраќање, после 3 дена дијареа. Вирусот е многу заразен и ретко кој останува имун. Среќа помина. Не боцнаа малку за да ни стават инфузија, ама сестрата имаше лека рака, па не поминавме стресно, иако самата состојба на малото беше донекаде стресна за сите.
Демек дома ќе седевме. Малку сонце се виде и ајде брзо брзо да го искористиме барем за едно кафенце надвор. Па кај мама навративме и еве сега дома се прибираме. Ништо од моите планови од сабајлево...да стигнам барем нешто да подсредам од планираното и ќе бидам задоволна
Сега се прибравме од шетање. Малава во кола исповрати. Еве ја со Т 38. Толку се пазевме јас и мм од соба не искачавме да не се разболи. Тетка и на гости ја однесе во петок кај другарка и', а таа вечерта качила температура. Чекав да ја фати и малата. Значи џабе чување, кога треба да биде ќе биде..
со помин нека е. земи хипп орс. нам тоа ни помогна, дури и мене ако ти се верува бидејќи дехидриравс. малиот поврати прво 4 пати во рок од два часа ако не и помалку, јас 13 часа константно на петнаесет минути повраќав..
Мислам не и е стомачен. Туку оној вирус со Т. Ако не се лажам поврати зошто само што бевме на јадење, па се исклацка во кола а не и е арно. Сепак ноќта ќе покаже подобро што е.. А имам ОРС, ало треба ќе дадам. Фала многу