отвори сезона крисмас а? и јас кај и да е ќе почнам, секоја година едни те исти. си ги чувам во лап топ не ги ни бришам хаха
Ооо машалааа, касно палам . Ајде со лесно (крајот е најтежок нели) А за цените се согласувам, и мене прво на тоа ми текна..
Добар ден! Успав дете, чекам маж од работа да дојде, ручек нема, тоа е накусо биланс на денот Денес не ја прошетав и се осеќам виновно, ама ме мрзеше и згора на тоа стомак ме боли, па се тешам оправдано. А време убаво веќе најавија дека ова се последните убави денови од есента. Во меѓувреме ставив едни тестенини да се сварат и некои пилешки месца да се испечат од тие полуготовите, јас не ги јадам ама гладен маж се јаде Да ме прочита што пишувам пак ќе каже дека сум разгалена и дека неможе да свати како попрво би седела гладна отколку да јадам нешто кое не ми се допаѓа. Ама тоа е секој си е различен. За пушење да кажам кога бевме студенти пушевме во соба и се чудам како сме се издржувале, колку и да водиш хигиена и парфеми и се тоа корне, тој мирис не се искоренува така лесно. А најинтересно е што се криевме од дома па кога ни иделе на гости сигурно се правеле мутави Откако се задомаќинивме пред да имаме дете гости пушачи можело да пушат кај нас кога сме имале седенки, а многу често и сите на балкон си пушевме. То е културни кога сме си Сега веќе нема шанси дома цигара ни под разно некој да запали, а навистина и луѓето со кои дружиме имаат осет. Јас еве две години цигара само еднаш имам запалено, скоро беше и мислам дека нема веќе да пропушам. Тоа благодарение на мојата бебушка Убав ден
Јас ич не ае нервирам што не спие таа откако е родена не спие, бебиња спијат цел ден таа откако е родена ич и тоа не ме секира, највеќе ме секира што ја заспивав во количка си ја возев си чутеше а овие три дена плаче се корне се дере мислиш некој со нож ја боде тоа ме чуди и плаши а неспиењето ич јас сум веќе навикната на ова темпо и дење и ноќе турбо да сум
чим толку плаче значи нешто не и е во ред. може е скок, може заби...гали, гушкам и чекај да помине. еве не и нас, 13ти ден заспива во раце и само врз мене спие навечер. но дур оздрави таков ќе е си знам.
Здраво од мене. Немам што да кажам, само да ве поздравам сите. Извадив еден куп играчки и играме на сред соба, и се мислам што да му спремам за вечера. До сега скокавме на песни на youtube, ме одржува во форма малово. Мора да се троши енергијата некако, се тешам утре ќе било топло па и подолго ќе сме излезени, се надевам. Имајте убава вечер.
Хелоу женски, се најде време и за дремење на телефон У ствари и работам додека ви пишувам, еве цела милка смачкав. После пукаат пантолони, е да. Не знам дали и на вас ама мене времето ептен ми влијае на апетит и исхрана воопшто. А залади мене ми се јаде некое топло тесто, нешто печено од рерна и мноогу благо. А лето можам само на овошје да живеам. Е за тоа стално варирам со килажа ама од кога родив болна ми е темата па ја мењам Денес малово ми поврати а ништо друго не му е, а и ептен се изнарипа после јадење, се тркалаше по под со баба и дедо и се си мислам дека се искљумкал па од тоа е. Ама во секој случај си се пуштам од работа утре, ќе си се чуваме. Успеав денес да средам нокти, бев на фризер вчера, утре на депилација (конечно) па пак на жена ќе заличам Бар се надевам малку ќе ми се поправи перцепцијава за себе иако нели на мм сум му убава секаква. Yeah right! Дојде денот и јас филм да изгледам иако секој пат ме гледа он мене на крај ама бар ќе се успијам. Лека ноќ на сите.
Два три збора пред спиење да шкртнам. Мислев да легнам со децава ама имав машини за пуштање (дека многу домаќинка па на ефтина мора да се пуштат ), и се зачитав по форумов па 11 ме фати. Вчера касно легнав денес цел ден сум ко тепана. Децана секојдневна иста приказна, малоно кенка за спиење и кога ќе си легнеме се ресетира па беснее по 1 саат дур заспие, големоно трупче за 5м. Храбар на мајка беше со татко му на забар супер прошле, мислев ќе прави проблем ама ете многу муабет и убедување имало корист. Му ја пукнавме главата дека сега кога е малку расипан забот нема да го боли многу поправката а ако многу се расипе ќе го боли и дома и на забар па како што не трпи болка си го зема ова здраво за готово и си отиде ко попче на забар. Плус ќар, се помалку благо јаде го фаќа страв да не треба нон стоп да е по забари. Ајде добра ноќ одам да ги гушнам децана и да де наспијам малку
Фризер, депилација, забар, се тоа ми е на дневен ред, некој убав сончев ден во блиска иднина. Ако не, пред да појдам на работа ќе морам да се средам. Мрза сум невидена. Кога одев на работа секој месец одев на депилација, на два месеци се шишав. Дома се тинтрав со маски, креми, лосиони, шминка за на работа обавезно. А сега само за родендени и свадби. Два дена пред тоа ми требаат да се ставам во нормала, да заличам на нешто, да се дотерам. Некако со ентузијазам чекам да дојде време да појдам на работа. Ќе ми недостига бебе, нормално, но ми треба време за себе, а сега дома го немам. Од утре си ветив ќе се посветам малку на учење, да повторам некои работи од факс. Ќе си извадам книгите и колку ќе можам ќе си читкам. Ми се чини дека отупев дома седејќи. Од друга страна уживам со бебе. Се топам со него. Се мазиме, се пазиме, играме, се смееме. Ќе ми недостига бебешкиот мирис. Бебето набрзо ќе си стане мало маже. Затоа го користам секој миг до максимум. Со ќерка секој ден имаме третмани за разубавување, се чешламе, ставаме лабело, па она се спрема демек ќе одела на работа. Па ручек прави за децата, ептен домаќинка ми е. Големиот е во некој негов свет. Доаѓа од школо, јаде, пишува домашна и на компјутер. Треба да чекам до полноќ за сируп да му дадам на малово, а ми се спиеее. Ќе пуштам некој филм. Добра ноќ.
Добро утро на сите. Вчера денот не ми беше баш најсјаен. Од нервоза се нешто јадев само и вечерта ми се слоши. Хаосот полека полека го средувам, се гледа крајот. Само мм малку зафркава работа, откако се вративме од Турција само на компјутер седи и видео монтира. Како тоа да е поважно од се друго. А јас малку олабавив со учењето и ми треба помош од него. Инаку замислете мајка ми ми се најави за во недела дека ИМА ШАНСИ да дојде на гости. Без некој повод како роденден, крштевка или слично. Може и затоа ми се слошило вчера, а не од јадењето. Не можев да поверувам дека го чув тоа. Па останува да видиме. Внучињата ги нема видено од мај, од последниот роденден. И така јас денеска сама со децата, ќе се дружиме, ќе шетаме некаде. Имајте убав ден сите.
Добро утро! Дневен ред скоро ист како вчера е место кафе чај се напив и баш убаво ми дојде. Веќе извесен период ниту сум наспиена како што треба, постојано некои стресови, нервози и кафето некако приметив како дополнително да ме растресува, некако целата треперам. Си велам ај што си будала маани таму и кафе и се што не ти прија, само уште од благо да се откажам и мислам ќе се преродам инаку на добар пат сум во неколку дена каснување по нешто и задолжително темно чоколадо со голем процент на какао . Денес празник, среќна слава и име на тие што слават. Петок па и празник решив на мени посно да биде, не дека пратам многу ама ќе правам леќа или грав, уште размислувам и ќе печам тиква и јаболки. Кога смислам што за ручек пола работа сум завршила. Големата во градинка, денес и играчка однесе боенка со стикери, нај се радува на петок сите дечиња носат играчки од дома и си играат. Исто голема е радоста и кога се слави роденден на некое детенце а за својот да не кажувам колку нестрпливо го очекува. Малото си игра, местеме сложувалки од оние дрвените, ме нервира што многу брзо се лути, ако не го намести од прва со убаво, ај уште еднаш пробува и веќе трет пат ако има почнува да се лути и на сила да ја месте а така не ни успева. Доручекот пола изеден, пола растурен. Прошетка нема, многу ветер има, утрово што ја одведовме ќерката до градинка му се насолзија очињата, следно излегување кога ќе дојде време да ја земеме.
Добро утро. Станати од седум. Бебе сега заспа. Се мислам и јас да дремнам. Некако не спиев убаво ноќва. Ќерка со татко и јадат макарони, а јас се мислам што да зготвам за доручек. Фрижидерот празен, макарони ни никнаа во стомак веќе. Ајвар и леб ќе се јаде по се изгледа. За ручек се знае денес грав на мени и тоа тавче. Отидов да дремнам ако можам. Имајте убав ден.
Ноќ лудница.. Се чувствувам како после студентска забава во среда кога си останал до доцна, а наредниот ден имаш предавање во 08:00!! Бебо или вади заби, или некок скок има или едноставно е решен да ме полуди.. Легна во 21.00,па нишкав во 22.30,па 00,па 01:40,2:50,4:00,5:20,6:00,6:30..и веќе се предадов и го оставив така... Се разбуди и правец да го скорнам големиов за вградинка.. Ги облеков двајцата, јас со брзина на светлината се средив, бабушка кај комшивката и правец вградинка.. И кога се враќав назад си мислам ова е единствениот момент кога сум сама!!! Јупииии.. И во вц одам инаку со некој.. брзински си влегов во една пекара топла кроасанА со јогурт си доручкував и дома... И пак во реалноста... мм си доаѓа денеска, ручек ке правам.. Да си го пречекам ко домаќин Позз
Добро утро. Мојов цела ноќ се вртеше. Обично мирно спие, ама во сонот ми покажуваше бо на стапалцето. Неколку пати станав да го видам, еве го сега оди нормално, растрчува низ дома, не знам што беше ноќта. Баш ме замисли, сигурно не лаже штом стануваше поради тоа. Јас уште не сум како што треба разбудена ми спие телото. Сами денес, долг ден не чека. Убав викенд и убав ден.
@zuto обично на меше спие, а баш не видов како беше ко се будеше, се вртеше цело време. Горе кај прстите ми покажуваше од назад, може и во текот на денот некако згазнал, еве го сега не се има пожалено. Се надевам не е ништо.
Добар ден и од мене, ноќ хаос а бе тотален хаос беба ми крена некоја безвезна температура од 37 до 37.3 не е тепература не е за сируп а ја мачеше до бескрај и се спие и си спие и во сон кенка плаче се врти незнаев што да правам, не верувам дека е од заби бидејќи првото забче го извади без тт незнам од што беше еве ја денеска е нормално 36.6 до 37 незнам која мака ја имаше и заспа саглам накај 3 ама јас после на секој пола саат станував да мерам тт, мм рече дека ќе ме одмени и тој ќе седи до покасно арно ама си легна и ме остави на цедило и така на секој пола саат стани мери легни ама ич сон не ми се фати и од 7.00 сме на нозе а јас се чувствувам како воз да ме прегазил и си викам подобро ич да не спиев одтколку легни стани и сега се ме боли секој дел од телото. Толку од мене убав ден на сите мајкички денес нит ручек правам нит јадам немам сила ни ди вц да си појдам само за беба ќе сварам а таткои нека се снајде сам.
мајки! Сабајле синко стана кога се спремаа за во градинка, па презаспа и јас со него викам ќе поспијам уште малку, ама после пола саат ѕвонеше поштарот два пати. Стигна пратка од Алиекспрес, мала лед лампа со штипка што се закачува на книга, секоја вечер кога читаме пред спиење ќерка ми ме прашува кога ќе стигне лампата, па после ќе се израдува. Во врска со спиењето бебе спие, од еден месец ја преспива цела ноќ со едно будење за цицање околу 7 сабајле, првите недели го будев за цицање потоа го оставив. Со ова бебе сум наспана па и затоа покасно легнувам, од 23 до кај 2 по полноќ ми е време само за мене. Сега пијам кафе па ќе стане батко, малку се галиме, па додека се пресоблечеме, ќе поигра малку, јаде и само што ќе ја изеде кашата го фаќа дремка и пак спие уште 2 и пол саати. До вечер има уште една пократка дремка максимум еден саат. После првото спиење ако се оди по план може да излеземе да прошетаме, за три недели почнувам со работа и ми треба капут, ќе одам низ трговски ако најдам нешто, немам баш идеја кајде да барам. Ручек асален изгледа и кај мене ќе нема денес, може јуфки или шпагети да се јаде.
Здраво жени И денес како секој ден,реприза. Исчистив,направив јадење,испеглав...крај нема!А после сум втора смена,право изморена одам на работа Ќерка на градинка е,едвај чекам да ја земам,да ја помирисам барем еден саат.Ми фали многу Решив да тркнам до еден беби-шоп да и купам микрофон.Обожава да пее,па барем ќе има занимација. И последните пари за неа ќе ги дадам,за таа насмевка неодолива. За спиење навечер јас сум хронично ненаспана.Кога се роди уста не затвори првите 40 дена,а и сега не е подобра.Ако не е наспиена плаче,ако сака нешто плаче,ако и облечам едно а сака друго пак плаче.Абе нон стоп истото.Навечер сеуште се буди за млеко,мах 2 пати,и тоа бира кој да и стопли и пак плаче.Такво ми е детето и едноставно се навикнав.За се има замерки луѓе.Кога е во кола ме тера пополека да возам,кога ја бајнам водата да била потопла,кога јадеме,јас каде ке каже таму треба да седам.Вчера на земја ме тераше да седам а она на маса.Шефица од мали нозе.Затоа кога ја прашуваат што си ти на мама,вели шеф! Она ми го диригира животот а впрочем и за неа живеам Имајте убав ден