Добар ден мајки! Два-три збора набрзина да шкртнам и толку е време. Бебе е во двор со баба и дедо, а јас пијам кафе на раат. Ова вторава смена ми е ужасна, се ми е на трчање, дома е хаос, ручек се нешто набрзина, јас кога успеам да се средам, кога по пат со огледалото во рака ставам кармин.... За спиење барем е добро, бебе не се буди веќе толку често, па сврзувам по 6-7 часа сон. Ми се спие насабајле, ама тоа додека се расонам, потоа нормално функционирам. Поздравче!
И ние имавме една бурна ноќ (по моја вина) заборавив да му ставам пампрес на синко и се помочка во кревет. Детето веќе 4 месеци си кажува, немаме потреба повеќе од пелена ама на вечер уште не е 100% сигурен и баш синоќа кога немаше ме зафркна, така ми требаше кај ми е умот И така во 3 часот менував постелнина и вклучив фен да сушам перница, кујзнае што си мислеа комшиите Ѕверчето наместо да ме буди за одење во вц, ми вели стани мокро е ама ништо ќе се исуши За цигарите да си ќутам а? И јас запалувам по 3-4 на ден, мм исто е пушач ама за во туѓ дом, пред бебиња и трудни жени За деца што не спијат ме потсетивте на синко кога беше мал, колку само се прашував како е можно моето дете да не заспие ниту еднаш додека сме надвор на прошетка со количка. Се нема случено ни ден денес, нон стоп плачеше и на пазарење неможевме да одиме асално, еден го чуваше друг извршуваше обврски.
Две недели дома, три дена без преспивање на пладне, двете сме хистерични веќе. Секоја прилика ја користи да каже дека не сака да оди во градинка, а од понеделник ќе мора. Од одморот летото па до скоро беше многу смирена, и викав дека е послушна како другарка да ми е ама после месец дена настинки се размази страшно, не ја препознавам, за се нешто плаче сите ги брка, само мама да ја гушка. А се гушкаме 24/7 ретко ја оставав периодов зашто не беше добра ама пак се истрауматизира. А тамам реков ми порасна детето ќе се договараме... нели е веќе касно над две години сеуште да се буди навечер?
Здраво мами! Ноќта не преспиена, а и денов не е поарен. Не знам што му бидна на малово, ноќеска пет пати стана. Не беше за цицање работата... Денес исто кенкав, не сака да спие повеќе од 15 мин. Пак како уплашен е, како нешто да го буди. Може трето запче ќе ни излегува иако не можам да видам. Сега заспа четврт пат денес, легнав до него и јас, и така не можам да раскревам да не го разбудам, па да испружам нозе макар. Не ми се исплати да заспивам за 15минз, повеќе сигурно нема да спие... Уморна сум, ненаспана, деновиве сме за нигде... Ќе помине и ова, доаѓаат поубави денови Друго copy-paste, како вчера, така денес.. Ручек немам за нас, кој што најде. Еден ден може и тоа нели? Утре ќе е мм дома, па ќе пододморам, барем се надевам ќе ме остават да се наспијам! Тоа е мами од нас Убав викенд имајте!
Добар ден. Еве ме и мене. Ја заспав ќере пред 1 час, а јас да го допијам кафето од сабајле. Сега чекам една машина да испере и да ги спружам на сонцево дур е потопло да се подсушат малце. Вчера цел ден со гости, золва мѝ дојде па останаа до 2 на полноќ Јас не знам како не им се спие на луѓево ама оправдано, дојде да си се види со татко ѝ. На запад ништо ново, сакам да излезам, ама сама не ми се оди нигде едвај чекам недела да дојде, мм ќе е слободен и две недели прва смена, одма друго е. Отидов да спружам алишта. Убав ден
Женски добар ден, кафево ми е од сабајле сликано си мислев ќе најдм време да ја прикачам сликата ама еве дури сега стигнав, моментот беше да се пофалам дека иако е рано јас си купив новогодишни филџани и веќе си ги пуштив во употреба, сомерак ем тоа. Гледам кај повеќето синоќа бурна ноќ, деца неспиени, и кај нас беше така, некако ми се грчеше целата како да ја боли мешето. Земав и ги ставвив триците во торбичка што ги користев кога беше бебе, ги стоплив нормално и дете подзаспа, инаку раат не беше ни она ни јас. Сега едвај чекам да одам да ја видам, а и се рдувам дека можеби ќе имаме гости. Поздрав женчиња се надевам ќе најдам време за викенд да ви пишам!
Хелоу мамаситас Кај нас ништо ново. Дете само во раце спие преку ден. Сум пробала се, некој период спиеше сега јок. Навечер си спие во креветчето. Зашто така незнам? Па од жал, во раце го држам и спие Тато е настинат. Абе не слуша. Одеше до скоро по шорц и маичка , спие во пижами на кратки. Топло му било. Му викам ќе настинеш-и ете! Спие во дневна и многу му е криво што не се гушка со бебе. Ама сам си е крив. Жена треба да се слуша Малото е ок. Се надевам нема да го фати, веќе 5ти ден како го држи настинката. Попладне му реков-правец авицена. Му купував некои алиштенца од Зара, па ги менував. или е до малото или до зара. Купивме од 3-6 мес. и долниот дел куси. Сега земавме од 6-9. Е, h&m највеќе ги сакам. Броевите им се најточни а и памукот. Инаку мм има работа во Благоевград, таму во h&m се наоѓа, има избор? Да тркне и мама во шопинг
@eli25 баш вчера во некоја тема читав дека на повеќето дечиња од Зара им се куси алиштата во долниот дел. Јас попладнево како се исплашив, од памет се извадив, а сега сфаќам колку бев нелогична и смешна. Бевме излезени, па останавме со малиот кај моите, сами. Лаптопот ми е таму, не го имам земено дома, и искористи да го чачка и да му пуштам нешто да гледа. Седеше пред мене и грицкаше едни житарици благи, и по некое време гледам фали типка на лаптопот. Ја побарав околу, ја нема. Барам долу, под постелнина, во алиштата негови, ни таму. Го прашувам кај е, ми покажа во устата и ам вика, па во мешето. А тие тенки колку нокт, ама сепак не ми беше реално, продолжив да барам, кревети тргнав, под маса, под столици, го слеков да не ја има пикнато во алишта, не и не нигде ја нема. Е тогаш ме фати паника што ако стварно ја голтнал. Се испојавив сегде, ѕвонев кај педијатарот, кај другарки, кај мм, тој се запна носи го одма в болница. Барав уште еднаш сегде и ко решив да одиме, не знам што ми текна да го погледнам лаптопот и почнав да вадам типки. Луѓе под големата типка за празно место го имаше пикнато. Какво олеснување не можев да поверувам, никогаш немаше да се сетам. Мм и другарка ми после викаат немаше шанса да го има голтнато, на грло ќе го гребеше, ама во паниката мозок немав. Знам дека се пика в уста, па и сам кажуваше, лажго еден. Се изнапишував, ми олесна, секогаш велам многу внимавање треба, ама ете луѓе сме..
@kristina.k слична ситуација имавме вчера, го оставивме малиот кај свекрвата таму беше и золвата, ние ја однесовме малата на балет и да каснеме нешто. Кога се враќаме и двете испаничени си играло малото со едно гумено топче како јојо со гумени боцки и една подебела подолга гумена врвка викаат никаде ја нема. Се пребарале, и мене во мисла ми беше што ако ја голтнало. И си отидовме, после некое време се јавува свекрвата го пресекла топчето и внатре била врвката.
Убава вечер мајки. Ние денес бевме на сонце искористивме максимално, инаку ќе попукам малку цело време ни дава матичната погрешни атибиотици за на крај да го носам на приватно и да завршиме со панцеф! Целиот бил полн со шлајмови и затоа било повраќањето од цела недела. Дефинитивно ќе ја мењам, се мислам дали општ лекар смее да е матичен на дете 1.5год? Оти кај нас во градот нема аслен педијатар. Добра ви ноќ.
ти реков јас дека не личи на стомачен вирус давај пробиотик мајче,од мн аб да не фати кандида или дијареа
Лидапримот го стопирав одма т.е тој и го повраќаше одма значи не го ни пиел баш како што треба, па го послушав мојот матичен општ лекар и земав панцеф детето ми се смени да не го подречам сега за сега е супер. Инаку давам линекс и плус чајче од нане, цица почесто и денес касна за чудо малку повеќе од претходниот ден.
@Mayyya јас се исплашив дека пластично и со оштри врвови типката, да не направи проблем, косата мислам ми побеле дури барав. Балон има голтнато до сега, а многу работи му имам буквално истргано од уста. Многу се нервирам што се става во уста, ама тоа е да се здрави и живи ќе го надминат и тоа се надевам ко ќе се поголемки.
Се сеќавам пред 4 год кога секој петок ова време пред огледало се спремавме за во град, сега боичките, лепилата, ножичките, имаме Pre Haloween night. Си правоме тикви, си пееме песнички. Мм ми вика дека депресија ме фаќала за професијата, па со синко сум се релаксирала И не ми е воопшто криво ни жал ни копнеам по нешто од порано. Ова ме исполнува мене, а го радува него, плус не бара лаптопи, и денот ни поминува побрзо. Секој ден нова активност Ние денес си истеравме гости, празнично. За ставање ствари во уста, сум немала проблем од почеток, кога ќе кажев не, одма разбираше. Во најава врнежлив викенд, па мм го изненади синко со вреќа за бокс, му спрема некоја игра за по дома со топка, значи спремно сме @joy1 читам по вести голем број на затруени наводно од вода кај вас, како поминувате? Нека бега од вас само
@LaDyDoLl има труење ама наводно не било од водата .Ама од што друго може да се затрујат толку луѓе?На крај предизборно ке речат вирус било и ке затворат случај.Ама тој вирус не ке се шири само кај нас.Сеедно сега за сега сме ок па се надевам ке се реши проблемот што поскоро
Што убаво фамилјарно попладне си имавме. Излеговме сите 4ца малку да се прошетаме, јадевме сладолед се изнатрчаа децава, големиов дури не бараше друштво ептен беше рааположен. Па фо маркет на пазарење, не знам зошто малава супер маркетиве ко игротеки ги доживува абе збеснува скроз, се бркаат со брат и меѓу рафтови врискаат, срамотилаци живи сме . Дома уште некое време ги држеше лудилото па се смирија . Утре сум на работа малку, ќе се чуваат со татко им
Сите се жалите ненаспани од децата, а јас не можам да заспијам и покрај тоа што децата ми спијат. Додуша задремав со децава кога ги успивав, ама мм ме разбуди кога си дојде околу полноќ. Сега си мислам дека докторката на децава имаше право кога ми викаше дека ако сега не спијам, цел живот нема да спијам. Тоа ми го рече баш во периодот кога најмалку спиев, кога децата ми беа уште помали, малата бебе, а јас по цели ноќи спремав испити и дежурав над нив. Изгледа го фатив тој (не)ред и сега секоја вечер по неколку саати јас овци бројам.
Добро утро Вечерва добро поминавме,со неколку будења ама добро Наспана не сум,цела вечер станувам,ме мачат несоници,едвај одам...бебе е спуштено ниско и отворена сум па мора да мирувам макар една недела да издржиме Маже ми набави вчера помош за дома,ги зеде братучетките Мали се,имаат по 15-16 год ама небитно,малата сака со нив да седи а и знаат да измијат тањири и да усисаваат задоволна сум Последниве денови ништо ново освен еден ден поминат во болница во обид да го задржиме бебо уште малце и многу мирување Ми се излегува а не смеам многу да се шеткам Сега нозе во вис и да искористам одмор дури се момиве кај мене Убав ден
Добро утро! Станати од црни зори (за нас тоа е 7ч) не навикнати пред 8-9 да ровариме по дома, пиеме кафе, бебе игра и слуша музика За спиење јас не можам да се наспијам пошто касно си легнувам, никогаш пред 12, па после во 7 ми е тешко станувањето. Кога би си легнала со бебушко во 9, сабајле пред него би се будела Џабе е мм дома, пак јас станав со малиот, ама па јас сум млекарката не тој вчера да го пофалам ми помогна цела куќа цакум пакум сме ја средиле. Имаше предност да бира што сака да сработи, па така и беше сработено се како треба. Ако за нешто нема мерак, поарно да не фаќа, оти и јас ќе треба после да поминувам... Дупла работа до 12ч се сме завршиле, денес уште смукачката да заигра и денов надвор од дома да го поминеме пошто ќе биде сончев и топол, па да го искористиме! За утре дожд најавен. Со подароци купување официјално завршив. На крај излезе пола куфер подароци ќе се само нека се само живи и здрави дечињата, вака за убаво да носиме стално и паричниците подебели да ни се за да можеме да носиме стално @Mari* мајче со лесно! Рече пред некој ден дена рокот по менструација е сега веќе поминат така? Бебе вика, му се здосади сам да игра. Убав ден мами!