Добро утро! Едвај станав, очајно сакав да спијам уште ама нема. Децата станаа и одма во полн погон, едното едно сака, другото друго, што попрво. Сила воопшто немам, настинка ли е, вирус ли не знам, но не се чуствувам добро, башка и добив па тоа уште толку ме исцеди. Време никакво, ние настинати сигурно дома се седи. Замесив тесто што ќе испадне не знам, како се да е средено па до него да дојде ама морам да работам нешто така побрзо денот ми мине. Маж искочи рече за саат дома ќе е, во план сум до маркет да го пратам ми требаат некои ситници. Децата играат, едно кукле и двајцата го сакаат па оди разбери се, туку да сменам пелена на малото, па да потфатам уште нешто, секогаш има за собирање.
Извини на @mariz сум се префрлила Ајде со лесно само и двете да поминете Штом си во 36 та влезена, гајле да си немаш. Ќе си расте после бебуш во раце кај мајка а и сигурно му се брза да те види Маже прави доручек, јас успивам дете па ќе се гледа cars3 Надвор сонцето со заби е, се симнав до продавница по тренерки и измрзнав. Ништо од планот мој за надвор movie day ќе биде денес изгледа
Добро утро и од мене. Денес се наспавме до 8:30. Мм го зеде бебуш, а јас се фатив за работа, прашина, прозори, алишта со куп. Сега се заспавме со бебе, па да јадам. Свеки месила банички. Месецов само тоа јадеме. Два пати јас месив, два пати таа. Многу сакаме месено дома, секок викенд има по нешто. Брашно земаме вреќа цела на плата и раат сме месец, два. Зелка, праз, компир, се имаме домашно, па банички ни се најчесто на мени. Си легнав сега не можам да станам. И јас не сум наспана. Не дека бебе не спие, ама јас касно легнувам, 12,1 ме фаќа секоја вечер. Надвор дува, нема излегување денес. Зедов книга од библиотека, па ако ме остават ќе читам, ама по се изгледа не отворена ќе ја вратам. Имајте убав ден.
Јас се породив во 36 нед. Се роди 2640 тт 47цм 8/9апгар мало ама витално така ми рекоа во болница. Сега е веќе 9м и 1недела и одлично напредува. НЕ СЕ СЕКИРАЈ☺
Мојата е мајстор за исмислување дека ѝ е нешто, често лаже дека ја боли стомак или дека ѝ се повраќа, а ништо не ѝ е. А пак свекор ми е мајстор за давање дијагнози Маж ми му вика: докторе, ај олабави. Јас сум во некое расположение на непишување, а стално ве читам. Се надевам ќе ми помине овој период кога ќе ме олабават мачнините. Маж ми инсистира да си зеам боловање и да се одморам, да соберам енергија. Се надевам ќе ми даде докторот па додека е ќерка ми во градинка да завршам некои планирани работи кои никако да дојдат на ред од немање време, а секоја вечер дум нефункционална ради гадењето. Едниот план е да купам големи кутии за играчки и да ја средам дневнава да не изгледа на игротека, и конечно да отидам до салонот за мебел да го нарачам креветчето. Уште не сме го купиле а го зборам цел месец Малово што спие со расчепатени нозе секоја вечер ни е во кревет, ненаспани и искривени сме скроз!
Ооо @Kitten не се мачи допрва ќе ти изгледа како игротека . Јас отрпнав префрлам од време на време во детска ама пак се тука играат. Нас се ни се одвива во дневна . Детската е мала и слабо играат таму, повеќе е ко магацин. Ме земаа мм и малово од работа, ми заспа у кола по пат па еве уште спие. Успеав да направам ручек брзински и да средам кујна и скапав. Многу бргу се заморувам до годините ќе да е . Си сварив кафе ако успеам да го испијам да не стане зверка. Големиов е во кино мм ќе го прибере да ручаме па планирам да го буцкам малку да поучиме што пропуштил во школо. @mariz да се пријави да не се породила без да каже тука чекаме мекици. @Mari* е редовна нема да ја пропуштиме сигурно
Добар ден мајки. Деца заспаа, јас фатив креветот. Не дека нема низ куќа работа, како бомба да паднало во дневна и кујна, ама немам сили. Не е тоа приоритет во моментов . Вчера чистев. Кога завршив седнав, си сликав..и си реков барем на слико да си гледам. Џандаркава моја кога се враќа од градинка и со едно влевање во кујна се е како ништо да не е фатено цела недела. Малово уште ни се буди навечер. Двата кецови се пробиени, оти сеуште се буди кузнее. Таман престана ноќното будење кај големава предизвикано со тргнувањето во градина, сега она. Па капак на се кога ќе ми го сецне сонот, еднаш уште еднаш, не можам да презаспијам. Навечер, во тие ситни саати, почнав и малото во мешето да го чуствувам . Ме држи будна, ама ако, радост е. Ќе спијам деца кога ќе пораснат . Сабајле заеднички, фамилијарен појадок. Едниот деца спрема, другиот во кујна сецка зеленчукот за омлетот. После едниот кафиња/какао другиот сокови цеди. Фамилијарната идила, односно појадокот, заврши, мм замина на работа и јас останав со момиве од кај 08.00. Па и малово лази, и тоа салам. Не е како порано кај ќе го седнеш таму ќе го најдеш , за јас со големата да играм игри. Сега морав да бидам иновативна. Де во скут, де во раце, де зад мене, де пред мене, поскака и во џамперот малку... Големава во елемент. Играше додека играше, после почна да збеснува. Балансирам некако со менуавње пелени и ранење, односно сите на купче кога менувам или ранам една. Мир да биде и да ми се двете пред очи. Прееска срце ми се стопи. Големава дофатила од бебешките кекси и оди еден му дава на малото еден за нејзе. А малото душиче. Ја гледа со милни очиња и и´ се смее, радува. Дај боже цел живот да си се пазат и чуваат, сите три здравје боже. Една за друга да бидат секогаш. Тоа ми е најголема желба. Сестри и најдобри другарки, да не се почуствуваат сами... Со акробации, на масичето во дневна, додека малото ми се препелка околу нозе а големава ме јава на грбот исецкав и зеленчукот, после 1-2 саати бидна и ручекот и конечно сега мир. Грбов ми зина што викаше мајка ми. Во искушение сум кафе да си ставам, да спијам, да лежам и читам на нет....за што попрво овој магичен час. Убаво саботно попладне мајки
Конечно седнав! Си дојдов од работа и одма се фатив со доведување во ред на домот. Не ми е јасно што уствари прават татко и ќерка додека јас сум на работа та во таква сотојба го наоѓам станот. Облека на соте страни, плакари отворени, играчки, коцки, боички, остаток од оброкот, грицки, 10 чаши извалкани... Не знам, стварно не знам, а во сабота сум 3 часа на работа, ете ним им биле доволно за се да направат хаос. Ок, раскренав, заспав дете, направив ручек и сега кафе си сварив, прво за денес. А толку ми се спие, па си велам дали поарно ќе беше да спијам дури спие и малата. Ама па и кафе ми фали, и овде сакам да читам, и некако се одлучив да го одлжам спиењето за подоцно кога моите ќе ја земат на гости малата. Инаку малата спие ама многу кашла, веќе нерви кинам штом ја слушнам да се раскашла, аман! Знам што следи, инхалации, сирупи, претпоставувам дека и бронхитот не демне. Ми скисна од тоа кашлењето. Нос чистиме обавезно 4 пати на ден со капки и дуваме, воглавном е чист, ќе почам и до инхалации. @mariz и @Mari* ве мислиме, пишајте кога можете што се дешава!
Dobar den. Nemam ic vreme da pisuvam samo edno prasanje do vas. Dali do sega im imate proveruvano holesterol na decata? Od kolku god.moze da se pravat ispituvanja i koja e granicata za dete ako znaete bi sakala da spodelite. Odnapred blagodaram i ve pozdravuvam site do edna....
Тука сум ви јас се трпи уште Овој пат не одам во болница дури навистина не осетам болка Не ги сакам болниците Кога ке ме нема ни да ве читам е дури тогаш нешто биднало друшки,драго ми е што ме мислите
Добар ден Си легнав малку да одморам во спална,ќере си игра со пластелин а мм на кревет филм си гледа. Денес се осеќам некако омалаксано, од сабајле чистев, па машина пуштив, ручек и сега во хоризонтала . Еве ја слушам од другата соба му вика на татко и да одиме надвор а он и вика дека е ладно, на што онс му одговара дека ќе се појави сонцето . Е ајде сега де, кај ќе одиме цела зима @Mari* па ти си стигнала до крај а јас те мислев дека до декември ти е термин како и да е со лесно да ти е @Kitten те мислев деновиве, дека те нема нешто, а и јас бев таква во бременоста до кај 13 недела, само лежев и немав енергија,и се убив од повраќање
@kallias не знаев, ама пребарав и на страната на Систина за холестерол кај деца пишува, кај тие што имаат ризик фактори може и пожелно е најрано после втора година, а најдоцна до 10 години, а кај децата кои немаат таква историја со висок холестерол во фамилија, или прекумерна тежина, се препорачува еднаш од 9-11 години, па ако е во ред, да се испита пак дури подоцна од 17-21 година. Поздрав и до тебе.
Хелоу Арни ние, еве си седиме на под, играме, лазиме, се криеме зад кревети Денов не беше толку лош, само да не дувкаше ладно ветре. Сепак излегов, зачистив набрзина низ куќа и да ја извадам цуца надвор малце, уживаше во прошетката, и годеше. Бевме по чорапчиња, свртевме некое кругче, ги посетивме моите и така. Сега пијам второ кафе, ова време обавезно ме фаќа дремка, па да се расонам Да дојде маже и да се прибериме, треба бебе да се капи Имајте убава вечер
без некои посебни обврски денот си помина.Излеговме малце,па поиграа со коцки дома и еве ги сега сите задремаа само јас лежам ококорена .Вечер обратно ке биде,јас ке дремам они ке се журкаат проја направив за денес и толку беше од мојага работа.Отидов филм да барам и кафе да варам
Решив ќе ја носам утре на роденден кај едно детенце од градинка, заедно со една пријателка-комшика со нејзиното девојче. Мојава е веќе во еуфорија, мислам дека момчево што ќе го прави родененот ѝ е симпатија Кажува дека со него во градинка се гушкале Кога ја прашав за подарок одма како од пушка- да сме му купеле играчки"Супер крила" @azelea ве и јас, да ни дојдете на гости, не сме веќе болни
Цело попладне малово си играше само, ама толку убаво да ти е жал да ја прекинеш. Ме тегнеше прво ама и викав да ме почека да завршам учење со батко и и виде невиде се заигра, после толку беше занесена не ме ни бараше. Големиот отиде во комшии јас средив еден куп ситници по дома, дел од алиштата и шанкот конечно заличе на шанк ама пак друго се растурено, нема крај. Луѓе ова девојчињава многу лоши бре, како го мава, гризе, скубе брат и тоа не е нормално. Ај некогаш ја закача па се брани ама некогаш само сака да ја гушне кога ќе му се пушти да се чудиш. Ама затоа ми се најслатки кога се гушкаат Вие што сте со 2 и повеќе, се закачаат децава ваши? И јас и брат ми мбогу се тепавме ама мислев овие голема разлика нема да се рчкаат
Моите се мала разлика, помалку од две години. Не се тепаат, некогаш знаат да се закачат за некоја играчка и само се караат. Или едниот го задева другиот, а овој не сака па има викотници. Ама најчесто си играат и се сакаат ептен. Не можат еден без друг. Инаку како близнаци ми се мене, се заедно правиме. А карактер различен 100%
Добро утро(накај добар ден) мајки. Ве нема, се надевам го користите неделното предпладне со фамилијата. Кај нас денес релаксирано, сите четворица сме дома. Брзински помина појадокот и спремањето на момите. Четири раце кога ќе фатат одма друго е. Не сум во хаосот кој континуирано ме следи. Малото лази а големата се заигра сама. Денес малку порелаксирано, едвај еден час само заеднички поигравме и ја оставив по нејзино. Малку колички возење, малку ранење на куклите, па де точак вози, де магаренце јава...и така се во круг. Само нека не растура Сабајле малово стандард, уклучи сирената во 06.30, па мм ја зеде со него во дневна. Ем он да поработи додека спиеме со големата ем да ја тргне да не не´ разбуди. Кога се разбудив по смс му пишав да ми донесе лате во постела. По некоја минута иде со шолот кафе и ми вика знаеш ама што значи лате( ), па и во постела . Мала утринска шала си направивме додека го шмркав кафето. Времето не е најсјајно па решивме денес да одиме во игротека. И ручекот брзински , па се спремаме и пут под нозе. Ептен легачка неделава со брзинсково. Еднаш и јас така Вчера здивевме дома додека дојде татко им од работа. Касно беше веќе за било каде да се оди, па ај во еден дуќан за играчки за деца и до паркчето позади него. @zuto и кај нас е полн подрумот, на тераса(леле студ фаќа ќе треба да ги прибираме, најверојатно во на свекор/свекрва подрум) оставата е со повеќе кутии, во дневна ставив две кои и се омилени. Арно ти во село или на два спрата . Убав ден на сите
Добар ден и од мене. Сабајлево напишав еден реферат и таман да стиснам испрати ми се исклучи телефонот. Еве сега ја ставив малата да спие, ручекот се крчка, набрзина ве читкам, па да работам додека спие. Малку нервозно ми почна утрово, што со причина што без неа(ПМС и се е можно): Ако не врне после на гости ќе одиме. Едвај чекам да се опарам па правец шопинг терапија. Се решив да потрошам повеќе пари за мене.Си купив поскапа кошула, ( а под поскапа мислам 900 ден, па видете сега) решив и поквалитетна чанта. Доста се 30 год стискање а пак се да биде за џабе. И на ќере сакам капутче да и земам. Ете така Бидете поздравени и имајте убав неделен ден
Добро утро и од мене Овој луксуз што ми го даде синко долго ке го памтам Не памтам од кога не сум лежела вака Момиве помагаат многу,ручек и останато е мое ама детето го занимаваат по цел ден,тоа и ми беше потешкиот дел...иако ми недостига да ја земам и да се гушкаме Избегавам дека сака да скока врз мене и да изведува бесни глисти ама ке дојде брзо и тоа Бебо се бори во меше ама ке издржиме уште некој ден...се надевам Чепот од вчера се топи,поголемиот дел излезе денес па возбудена сум многу, уплашена исто Почнав многу да се плашам како со две сама @danichap и останатите просветлете ме малку сигурно ке се навикнам ама колку време ви требаше да створите ред со две дечиња со мала разлика Убав ден мајки