@LiliBoz alal da ti e... i jas kao na nekoj vid restrikcija so hrana sum, ama sakam da ja probam. I preeska ne pisav,ne znam za sovet sto da kazam, ama @ ♡BuBaLe♡ pobrzo da mu mine na sinceto tvoe. Da ozdravi brzo, dusice malo
Како е мамички? Нешто ве читнав, нешто не, ама имав многу стресна недела, загуба на родител. Од една страна боли, од друга... Не знам... Многу бевме оддалечени овие години. Огромен гнев во душа носам. А, баш пред некој ден ми прокоментраа во една од темите дека не ми се добри сликите,.. Тогаш сакав да одговорам дека сликам со телефон стар скоро 12 години, последен подарок од татко ми... И, така би.. Навистина е сега последен. Така, да не ми замерувајте за лошиот квалитет. Емотивното има многу поголемо значење од мене од материјалното. Неколку дена останавме кај мајка ми. Еве, конечно сме дома. Како дома нема друго место. Детево секој ден ми е се поголема радост во животот. Често ми се чини само за неа живеам, а едно сум сигурна - силата сигурно од неа ја црпам бидејќи ми се насобраа толку работи кои ни камен не би ги издржал. Толку е темпераментна што мислам само за спиење е во кревет, останатото време е на нога. Сите песнички со раче ги имитира, да ја изеде човек. А, пак колку слатко вика мама... Е, тоа е непроценливо...
Ако веќе си решила да држиш диета, ти ја препорачувам УН. @LiliBoz рецепт, зачуван Баш си велев денес, откако сум овде не сум направила ништо, а порано бар на два дена ако, ако не повеќе, кифлиња месев. Сега немам мерак за ништо Дури ни брашно не сум купила бар да има во фиока да стои @joy1 зависи за какво соопштение станува збор, особено пред која личност треба да го дадам и каква улога за мене игра реакцијата од таа личност. Не е исто да разговараш со претпоставен на пример за да бараш покачување на плата или да соопштиш дека напушташ работа зошто си нашла подобра. Или со брачен партнер или друг член од фамилија ... За што и да се работи, ти посакувам позитивна за тебе реакција и остварување на што и да си имаш идеја Порано бев поголема тремаџивка и емотивно покажував слабост, но со тек на време се зацврстив и пристапувам поладно кон све. Она дека лошите искуства не прават појаки, се покажа кај мене во пракса. Во себе си тлеам, но пред светот покажувам се почесто заби и тоа не само за насмевка. Некако да се наканиме да си легниме. Утре не чека акање по болници пак...
@augustd соочувство за татко ти.Каков бил таков,боли секако.Гневот надмини го,сега веќе џабе ти е и да си гневна ,само ке ти расте нервозата внатре
@augustd прими сочувство. Каков и да бил, родител си е родител. И јас не сум воопшто поврзана со моите родители, ама не ми е сеедно за нив. Баш денеска имав случки со мајка ми за кои ми беше многу непријатно и жал. @♡BuBaLe♡ поздрав и поддршка до синчето да оздрави што побрзо. @Mari* на почеток ќе ти биде малку тешко и чудно, ама ќе фатиш ред. Ако имаш помош супер. Јас без помош издржав, еве сум жива здрава (ова второво ќе видиме во иднина колку е веројатно). И на крај да кажам како помина денов. Мајка ми денес ми беше вистина на гости. Нема многу да навлегувам во детали. Само ќе кажам дека страшно ми е жал што моите деца никако не можат да научат што е баба. За нив таа е тетка како секоја друга. Жал ми е за децата, жал ми е и за мајка ми, иако вината е нејзина. Јас колку и да им зборувам, тие се во таа возраст што не можат да замислат некои работи без да ги видат. За нив "баба" е апстрактен поим. Страшно ми е жал, ама тоа е. За нашиот однос како мајка и ќерка воопшто не коментирам. Не е ни важно.
@augustd искрено сочуство. Јас нешто посебно и немам да кажам, се мислев и дали воопшто да пишам. Вчера цел ден другарка на гости, вечерта на слава. Не дека ми се одеше ама ајде ради реда. Денес цел ден кај моите со малиот и помина викендот. Мм имаше работа цел викенд па мораше да најдеме занимација. Едино ми е криво што не искористивме сонце, ама тоа е, следна прилика
Добра вечер! @augustd прими сочуство! @♡BuBaLe♡ незнам што да мачкаш ама душата ме заболе, ќе помине ама кога го гледаш такво како се мачи сигурно срце ти се кине. Ме потсети на нас на еден неубав период кога бебе беше само две недели старо и моравме назад во болница. Па боцкање во рачиња, во ножиња, се откинуваше од плачење а со него и јас, многу тежок период. Среќа имаше многу коса па неможеа во главче да ја боцнат. Останавме две недели место да се гушкаме и уживаме дома. Уф се расплакав, срцево ми се растрепери. Се извинувам ама така ми дојде да си се искажам, се надевам не вознемирив некого. Планирав поинаку да го почнам постот ама не е важно. Животот е таков исполнет и со неубави и со убави моменти. Мора да сме силни и да гледаме напред. Денов гости пречекував и се уморив за сите пари. Дека овде слабо ни идат гости еднаш во месец дали и немам кондиција. Се утепав од готвење, на германциве им правев наши специјалитети, уште рано сабајле засукав ракави. Е за десерт немав сили па купечко благо послужив. Моево бебе денес се покажа супер , се заигра со гостинката, на иста возраст се, разлика месец дена, си делеа играчки, лазеа една по друга, се на се супер и беше. Само напорно ми дојде и дете да пазиш и да послужуваш. Па едно време и се приспа ама слушаше гласови од гостите и не можеше да заспие и така денес поминавме со едно спиење само. Кога дојдоа мајката на девојчето извади книга, им била омилената книга, а таа истата како нашата омилена, леле кога ја виде моето помисли нејзината е, па се даде веднаш во поход да си ја земе од детево, абе циркуси беше, дрш не дај работава, додека и ја најдам нејзината иста потоа се намири. Тоа мајки, овде празници се вторник и среда, сопругот има споено па до четврток е дома, се радувам за времето што ќе го поминеме заедно, оти девојченцето многу му се радува. Лека ноќ.
@LiliBoz влегов да пишам за да барам рецепт. Ова изгледа предобро. Браво мајка. Кога веќе пишав, денот онака. Бевме малку до парк, па ручек, машини ,пеглање, туш и конечно синко заспа. Се шириме сами на спална Ветер дува, корне. Дека сме најгоре синко само се штрека. А богами и на мама и е страв @augustd бог да го прости. Јас сум без мојот 9 години
Татко е еден. Загубата боли, ќе се сеќаваш на убавите моменти поминати заедно. Сочувство @augustd Денес бевме низ маркети. Детето до сега не ми плачело така без престан. Сакаше се што ќе види, се трескаше се распукнав. Дома кога дојдове почна носот да му тече и топол е, ваљда тоа бил проблемот што не му се погодуваше. Мирна ноќ на сите!
Добро утро мајкички. @eli25 имаш лп со рецептчето. Се извинувам на модераторите што им отворив работа. Да пратам една по карго ваква иста, ќе ми простите? Убав ден мајки.
Добро утро! Утрово ѕирка сонце но апе, студено. Викендот имаше невреме, силен ветер, дожд, кутнати дрвја, скршени коли.... Саботата ја минавме дома, добро минавме, децата се заиграа. Неделата имавме гости па денот некако ептен брзо замина. Утрово поспавме повеќе, маж ѕвони и вика си велам сигурно сте будни, ние само што се будевме. Ајде станавме и излупив јаболка да каснат нешто, сега јајца варам па ќе искомбинираме нешто. Ви саботата маж испазарува, но денес ќе треба нешто да се докупи конкретно овошје и зеленчук, земал не дека не, но се изруча. За денес немаме план, пола ден дома ќе сме, пола не знам белки ќеа искочиме малку. @Seline и ние со гости сме така, во неколку недели ќе дојде некој или ќе отидеме. @augustd сочувство @LiliBoz да прати рецепт или најдобро стави во рецепти од фемина инстаграм. И следен пат во доцни часови немој на маки да не ставаш
Добро утрооо! Сончев ден, секако не и топол, сепак е крај на октомври и нормално дека ќе е студено. Ситуацијата дома станадар, ММ на работа, дете во градинка, јас дома со планови да средам некоја фиока, плакар... Испланиран е и ручекот, ама покасно тоа... @augustd прими сочувство
Добро утро. Едвај ги држам очиве отворени. Малово решило да ме полуди. Од вчера скроз се смени со спиењето, се разбира на полошо. Не сака да цица, не сака цуцла и само пишти. Вчера 6 часа беше буден и едвај се заспавме. Никогаш не бил толку време буден, максимум два часа. Сега спие, пак со триста молења. Се мислам и јас дали да легнам до него, ама ако се разбуди брзо, цел ден ќе ми биде наопаку. Вчера во ниедно време јадевме со ќерка ми, па утрово проаѓав со правосмукалка и миев садови. Воопшто не ми се работи на сабајлето. А навечер што треба и не треба, си наоѓам сама работи. @LiliBoz и јас сакам рецепт од тортата. @augustd сочувство.
Добро утро Слободна сум конечно ама ништо не се смени дома.Пак истото.Ручекот се крчка јас да ве ѕирнам малку,да испијам едно кафе на раат и со добра мисла да затерам работа низ станот.Сва среќа што не треба 2 дена да мислам за работата.Од среда терам трета смена,ич што не ја сакам Малата освен што го скрши забот друго ништо посебно не направи По цел ден сега пее на микрофонот а богами и има многу песнички што ги знае.Прво не сакаше наши песни,сега и тие ги учиме.Секој ден по една,и по целллл ден мамичка пее а она учи и повторува по мене Сабалје се буди и ми вели ајде градинка.Злато мое,и фалат другарчињата.Едвај чекаше да тргниме,на врата ја облекував.Позитива ми е Денес денот ќе се тера на село.Ја зимам од градинка,контрола кај матична и директ село.Таму со мачќите! Имајте најубав ден @augustd Прими сочуство
Добро утро Бебе спие прва дремка ,јас пиам кафе и некако се осеќам како да сум преуморна искрено да ви кажам .Надвор ветаров мислам дека прозориве ќе ги однесе од што дува премногу .Викендов ни помина пребрзо некако по гости натака навака си летна .Мајки дали вашите бебиња се штецкаат се плашат ,моево е три месеци и дали е нешто уплашен,пример ако некој се насмее погласно ,збори погласно или ако нешто тропне многу се штрецка некогаш дури и почнува да плаче .Утре пак ќе имам гости на повојница ќе ми дојдат колеги на маж ми се убаво ама некако ми се смачи више од спремање за гости Не е дека не сакам да се дружам со луѓево ама мака ми незнам . @augustd Прими сочуство бидете вие живи и здрави ,таков е животот неправеден . Убава работна недела и убав ден мајки !
@elcezelce и моето е скоро три месеци и исто се плаши и штрекнува од нагли звуци...да штракнеш прекинувач за светло да пуштиш тоа се плаши... веројатно е нормално...
Добар ден @augustd прими сочувство,мене татко ми ми е слаба точка,иако не се гледаме многу често и некогаш ептен се расправаме дека сме исти карактерно и двајцата,ама за него чувствувам нешто посебно,како и скоро секоја ќерка за таткото . @zuto стварно за твојата ситуација незнам што да искоментирам,ти си знаеш најдобро,ама како што викаш жално е за децата да не осетат љубов и време со баби и дедовци. @LiliBoz што направи жено,стварно алал да ти е со ова рецептиве. @joy1 јас сум многу тешка за соопштување на одлуки,ич немам храброст,ми треба многу време дур смогнам сили за да кажам нешто важно и затоа незнам што совет би ти дала .Како и да е ,со лесно и да ти излезе на крај онака како што посакуваш Денес ќе ми дојде свеки на гости,конечно малку да здивнеме со мм,оти периодов ни е ептен напнат што од работа ,што други работи и ја викнавме малку на помош,а она со драго срце едвај чекаше да дојде,да смени малку средина и да си ја види внуката.Не за друго да излеземе на раат низ продавници,ми требаат некои работи,а со детево ништо не можеме саглам да разгледаме,само трча или фаќа низ бутици,па не ми се ни оди со неа освен кога купуваме за неа.