И бебо заспа, а јас со кафето. Од денес почнувам пак со хроното и сабајле пиев лимон со ѓумбир, па појадок после пола саат, бебе изеде каша и заспа, дури сега може да се релаксирам малку. Обично прво пијам кафе па после кога ќе стигнам тогаш јадам, со ова режимот ред имам барем. Уште малку на работа па да симнам уште 2-3 кила до тогаш. Додека да спремам појадок, па на бебе да спремам каша, за тоа време му дадов играчки да се заигра тоа кенка, па му дадов од кујна пластични садови, радости, се заигра, глас нема. А полна соба играчки од сестра му ама ете тоа му се виде интересно. И на балонче се радува многу. Кога е сестра му дома се заигрува повеќе, го ставам во дубак и право во детска оди кај нејзе, кога сме сами околу нозе ми се плетка, а ако отворам фиока или фрижидер ќе скокне од дубак мислам.
@azelea нема што да се коментира. Од страната на мм нема баба и дедо. Има некои подалечни (чичковци и стрини на мм), а моите како да ги нема. Од моја страна немам роднини на место, од кај мм само сестра му е супер, ама она живее во Австралија. Така речено, децава одвај да имаат и роднини воопшто. Ама тоа е. Не можеш да го смениш човек. Пробуваме да смениме состојба. Леле треба да добијам и цела недела сум за никаде. Лицево не ми се нафрлало од пубертетските денови. Нервоза над нормалното ниво. Утре мм заминува за Хрватска на неколку дена, јас пак сама. Ама ако, и онака не сме многу при пари, нека оди нека подзаработи уште нешто. Нас не ни е ништо ново да сме сами дома. Понекогаш дури и поарно ми е, полесно се справувам и со деца и со дом.
Добар ден. Пијам второ кафе денес. Бебе заспа, јас седнав да одморам. Од сабајле се фатив за работа,на втор спрат генералка треба да правам уште завесите и прозорите останаа за чистење, ама тоа од утре здравје. Никако раат нема во голема куќа бар на два спрата да беше Денес ке одиме кај золва мѝ, одамна не сме биле таму. Бебе ќе се подружи со ќерка ѝ, многу ја сака и ѝ се радува кога ке ја види, мислиш ќе и скокне над неа @augustd нека почива во мир, татко е еден, сеќавај се на убавите моменти што сте ги имале заедно, лошото нека остане назад Убав ден мајки
Здраво мами. Во едната рака ми спие син ми со другата куцам. Не можам да му се изнагледам, изнагушкам, изнарадувам. Мајка ми ме зафркава дека сум била себична. Не сум го давала на никој, ама што да правам после борба за бебе и инвитра не ми се верува дека ми спие во раце ваква љубов. Инаку ние почнавме да реновираме кога бев бремена и од едно во друго еден куп крупни зафати направивме, изолации, струја, под итн и малку ни се пролонгира вселувањето. Дури пред десетина дена конечно целосно се средивме. Ама имам еден куп работа. Цел шкаф преперен предиплен. Се ми е ново вчера се утепав од барање каде сум го ставила фенот Многу нервозно е реновирање ама барем убаво ни е дома сега Поздрав мами.
и денес ко вчера,досадно и еден исти тек на денот во врска со она вчера што ве прашував поминав подобро од што мислев.Немам сеуште конкретен одговор ама се надевам ке излезе во моја корист. гледаме цртани,муабетиме ,јадевме супа и чекаме дада и да дојде од школо
Од муабетење веќе грло ме боли Гледам дека и на детево му е смачено те само со мене иако цел ден измислувам активности. Едвај чекам да си дојде мм, да преземе малку, а знам дека ќе биде преморен. Сега веќе се договараме што за вечера.
Добра вечер. Ме нема, не по моја вина. Имаше некој ерор, не можев ништо да пишувам на форумов со денови. Денес цел ден дома како во затвор. Дете не отиде во градинка, вчера пет- шест пати се искака и газот партал, па остана дома да го лечиме. Во саботата се прејал грозје без да го видам, па сметав од тоа е. Но сите ми викаат имало стомачен вирус низ градинкиве. Зар вирус само еден ден и само со потечна столица (не го сметам за пролив). Давам пролајв. Денес е супер. Дајте ми совет колку дена да давам пробиотик. @Mari* моите се разлика две години. Искрено, напорно е. Бар почетокот месец два ако имаш кој да ти се најде, дур се уходате. Јас тешко поминав на рагањето, па првите неколку месеци беа многу тешки, иако поголемото одеше во градинка до 12. Но пак ти треба некој да го земе, да го донесе, па после уште пола ден. Грев е да речам дека бабите и дедовците не се најдоа. Малку на гурање, ама излегоа во пресрет. Е сега сме веке сами на себе скроз, сега не можат да помагаат. И кога големото не е во градинка скроз сама ги чувам. И да напорно е, ама се постигнува. Но кога сум сама со двајцата само деца гледам, ништо друго низ дома. Најтешко ми е успивањето и шетањето. Еве денес мали заспа, земав да го успивам големиот, но бебево вресна, го разбуди и големиот и после беше весело.
Здраво од мене. Ние се заспиваме, како што тргнало јас прва ќе заспијам. Вчера бевме на роденден во игротека, се изнаигра малово, па денес некако досадно му беше, екстра нервозен цел ден. Голем лутач е, мора се по негово да е, ако не е рачињата на половина ги става и плаче, не знам од кај видел. Уште нема прозборено на македонски салам, не спојува долги реченици, ама ги запамтил боите на англиски од видеа што гледаме со деца некогаш и цел ден ми кажува, пинк, бву, гвин па и точно покажува. Како сунѓери се децава, многу брзо учат. @TheSecret многу се убави, лесни чекорчиња. @augustd прими сочувство. Имајте добра ноќ!
легнавте сите? јас уште сум будна,на тв има некој досаден филм со Леонардо Ди Каприо.Средив кујната и сега легнувам.До сега кори тегневме по дома со мм
@augustd сочуство. Јас може да се каже дека сум блиска со моите. Иако не се согласуваме за одредени работи се гледаме често и се слушаме. Јас неможам да замислам да не комуницирам со нив. Гледам колку напор и време трошам на моето дете и си помислувам како би ми било мене ако утре не комуницираме....а го гледаш од парче месо што се вика. Но сепак има родители кои стварно не ги разбирам....како да не се радуваат на успехот на децата. Ама тоа е друга тема. Друго сакав да ви напишам ама еве ваков пост излезе
Жено какви кори си тегнела на полноќ, јас после 22.00 не функционирам за ништо а не па кори да тегнам Дете отиде во градинка, јас пијам кафе. Па ќе искачам за на работа. Туку вчера си играше со едно детенце а тоа па кашлаше бајаги, денес малава стана нерасположена и поткашла 1-2 патии Се надевам дека не се разболува. Утре треба да патувам на еден ден. А и минатата среда требаше да патувам па нели качи Т и не отидов на пат.. @augustd не постојат зборови што може да те утешат. Прими сочувство, вие да сте здрави и живи.
Здраво мамички најубави Денес ич не ми е денот.Вчера носејки ја малата на лекар ја прашав докторката да ми го виде папокот,дека последните 3,4 месеци почна да ми се познава низ облека...И ми вели папочни кила ама мали,следи ги и врати се пак ке ти дадам упот за хирургија за операцијаСе исплашив многу и едвај заспав синоќа. Денес се таму ми е умот,се утепав читајки за тоа.Таман кога мислиш се е во ред,животот задава нов удар. Ама ќе се потрудам машки да го издржам и ова. Друго исто.Се умам денес да поминеме со печени макарони,ми здосади секој ден манџи да правам. Стандарт малата на градинка,јас сама.Ќе си направам сега еден нес и ќе уживам на тераса. И да,ви кажав,сериозно размилувам да ѓи откажам цигарите.Само бирам дата од кога да биде Имајте убав ден
Добро утро мајки Се гостирам со кафе и одмарам Гостинките ми се уште овде па да искористам да се одморам Нешто многу за кажување немам,поголемиот дел од деновите го поминувам во лежење Ми се здосади малку ама и не е така лошо Дете се занимава со дадите,не ги остава ни секунда,нон стоп трча по нив Тие ја шетаат,си играат со неа супер се Уште некој ден ке се овде и почнуваме со старата рутина Јас,кере и хаосот наш колку и да е страшно ми недостига @augustd прими сочуство,вие да сте живи и здрави Толку од мене мајки Имајте убав ден hug:
Добро утро. Јас на работа деца во градинка и маже на работа. Туку денес треба да кажам на работа дека веќе нема да одам ама ептен сум како џои пред некој ден и она што пиша ич не ме бива се нешто ми е страв трема имам незнам како да почнам разговор уфффф. До 3 саат ке морам да кажам и дај кажете некој совет како да го изведам тоа. Едвај чекам да си останам дома да си средам салам се некако набрзина раскревам ама од утре почнувам. Вчера на синко му купивме јакна а за бебе имам кога се роди и донесе една роднина ама сега изгледа уште ке и е голема. Уште малку па ке спремам родендени на децата пауште сега ме фаќа еуфорија. Вашите бебиња на колку месеци почнаа да лазат оти моето утре 11 ке направи а не лази сака да стои само. Имајте убав ден
да знаете само како ми треба психичко опуштање.Да ги извадам сите стравови од мене и да живнам малце.Година и пол наназад живеам на некој начин механички.Од како почина мајка ми се некако на штретк спијам и седам,а незнам зошто. сакам и снег да падне,да излеземе со санките надвор.И нов година ја сакам и со душа чекам. се мислам што за ручек,ама рано е допрва ке видиме.Малата месец дена забушава со јадење,се нешто она не сака да јаде. имајте убав ден @chocolade не спијам до 2 секако па морам со нешто да се занимавам
Добар ден. Бебе со дедо ѝ се занимаваат, јас да го шмркнам кафево дур е топло Па да се спремаме на брзина, треба да одам да купам намирници, пешки ке одам, убаво ми се гледа времево, ќе ја прошетам и малава успат, да земе воздух Денес ништо не правам, вчера спастрив скоро се, пауза малце. Можда и моите ке дојдат кај нас, ќе имаме друштво. Убав ден на сите
Добар ден мајки. @augustd сочуство Овие три денови кај нас е празник па нема градинка. Се шизнав дома Неделата ја однесовме момата во игротека. Радости. Во село мое, а и блиску, нема игротека, па возевме 30 минити до едно гратче каде најдовме една, ама се исплатеше. Затоа сакам и да ја запишам на гимнастика, тука во селово. Барем еднаш неделно да рипа скака зимово. Ама таа меретна листа на чекање. Кузнее кога ќе ни се јават. Вчера празнично демек, сите дома. Аиии, здивевме. Големава проливче имаше. Уствари проливе е неколку пати во еден час, не е пролив кога е неколку пати во цел ден како кај нејзе, ама не и беше погодено да речеме, малово ми одбиваше и млекце и храна, се што пробав да играме не им беше по ќеиф. Едната вришти, другата вришти. Едната сака да јаде што не треба, криј, другава со сила пилај а не сака да укуси, со еднава пробувам да играм а ми бега а другава џапа делчиња од играчки за кои е премала... Маж за беља на 08ми имал да предаде не знам што, требало да работи, па освен помошта околу спремање на децата после будење и појадок, не можев да очекувам многу во телот на денот. Барем да не е дома, да не го гледам пред очи, знам не може да помогне бидејќи физички не е присутен. Вака не дека не помага, ама ниту он фокусирано може да рачуна ниту јас асално да завршам со двете. Ама рече ќе ми надомести после тоа . Секако во такво лудо расположење не ни заспа големава, па синоќа во 20.00 во кревет. И двете заспаа одма и мир. Се вратив назад во дневна кај мм, па на раат апнавме овошје, се напивме чај, пами неооја свеќа(оти нели, се наредена, па до свеќи ни дојде) Ама кај смее да зуцне да се пожали на очајната потреба за романтика после долг ден. Денес како нови. Малото јаде/пие, големава кротка и расположена, маж од 06 станал да одработи голем дел од обврските, јас со хормони на место. Дури два часа издржа големава да игра со мене на подот. Малото на жалост во монтажното креветче, ама последнава недела две не е изводливо со двете. а толку мал период толку се смени. Сите играчки на дада и' се со ситнурии а ова лази и право кон нив. После сите три на маса, јас сецкав зеленчук, они се радуваат, лапкаат малку од истиот. Како други деца, не оние од вчера. Во 11.00 дојдоа свекор и свекрва(нарачани). Вчера беше ептен напорен ден, па плашејќи се да не се повтори истиот мм ги замоли да дојдат да ја прошетаат големата. Не затекоа на маса. Ја спремивме големата и испаднаа. Ставив ручекот па ај до малото. Грижа на совест изеде што го оставив во монтажно за да играм со големата. Важно и малото поигра, и големата се истрчала, и сите седнавме ручавме... Се повлеков во соална со големава, да спие божем, ама уште не се предава. Малото спие во другата соба. После со мм се мислиме да испаднеме по ливадите со двете моми. Убав ден, штета да не се искористи. Реферат цел испишав