@augustd Дојдов да шкртнам 2-3 збора, но после постов на Аугуст искрено не ми остана ништо за кажување
Бебе заспа, мм исто. Јас се испружив малце да одморам па да досредам сто остана од вечерата и јас во кревет. Имам среќа што бебе се буди само еднаш во текот на ноќта, а и претежно мм станува да му даде млеко па јас сум наспана и имам сили за наредниот ден. Денеска бебе беше умно па не сум нешто многу уморна, имам сила да досредам по дома. Поздрав женски, добра ноќ на сите
Извини што вака ќе упаднам,ти имаш сериозни здравствени проблеми,ај ќе речеш свекрва ко свекрва,но кога се работи за здравје ни еден ден не може да стегне заби и да ја земе малата? Исто важи и за твојата мајка,нели мајка е ке се жртвува малку ако треба... Навистина се сочувствувам со тебе,зошто јас се најдов во ситуација на привремена неподвижност и не знам што би правела да немше кој да ја причува малава.... Тешко е навистина кога човек има нарушено здравје ,а е препуштен сам на себе. Едит: мажите не ни помагаат со тоа што ќе ги причуваат,прошетаат,нахранат децата,туку ги исполнуваат родителските обврски исто како нас мајките,детето е обврска на двајцата и затоа малку ми боде во очи реченицата " мм ми помага".
мене во тие моменти кога ми е лошо или сум болна тоа ми е најголем проблем.Тоа што нема каде да ги оставам за да одболувам на раат бар еден ден.И секогаш ме фаќаат паники дека нешто ке ми се деси а сум сама со нив а нема ни кој да дојде за нив.
И јас бев секогаш сама,некогаш ми било многу лошо,а сама со детево дури и паника ме фаќаше,па одев кај моите додека да ми дојде подобро. Но,последниов пат , навистина , рака на срце, многу ми се најде свекрвата. Сакав да кажам дека грев е за сериозен здравствен проблем никој да не ти пружи рака .
Мојава од брат и фаќа се, не ја ни носам во градинка почна и ја баталив за до пролет. Ја носев на контрола дека беше до вчера едно 24ч со т, плуќа чиста фака богу, грлото црвено вика од тоа е сигурно, испиен антибиотик, покриена не треба ништо понатака, сега сум малку по раат се надевам за подолго време. Муабетов околу помош баби дедовци сме го правеле и др.пат. @snegulkata немаш појма колку ти завидувам, како шти вика @zuto во службен весник нека објават да се пофалат, само да имаше кој да ускокне. Свекрва ми не живее тука, 1-2 пати доаѓа годишно на неколку недели, колку и некои работи да му сметаат (мајка да е ќе ти смета, различни карактери, генераци, навики...) многу сум по раат кога е тука. Еве пак сум у шах мат позиција, болни ги оставав одам на работа ама ете жена ги чува, еве ја она се повреди денес ми се јави во 10 дека ја боли ногата мора бар еден ден да одлежи не може да дојде утре. И сега седам и блеам ко теле се мислам што да правам утре, единствена опција е да не отидам на работа, среќа имам едно 2 дена што не ми се искористени, ама чекам превртување очи, мрштење и генерално се поголема тензија дека ми се собира одсуство повеќе од што се научени јас да одсуствувам. Не знам ни дали се нервирам веќе во вакви ситуации, некако почнав да станувам *numb* . Така да ако ви помагаат какви се такви се, проголтајте мани, преќутувајте и радувајте им се . Малово пак ме дриблаше пред спиење на крај ја искарав со плачење заспа, сега ми е тешко многу ама ем ме угњави ем бев напната пукнав. Многу тешко се смирува пред спиење, и се спие а беснее и после станува нервозна па кенка. Пеј раскажувај гушкај никако не си, зверка, а мене ми е сигурно потешко што се расплака него неа
@chocolade исто, исто. Што да се каже после постот.. @augustd колку може една жена да е силна, и од мене имаш и виртуелна, од срце сакам здравјето да ти е во најдобар ред од сега. Не навлегувам за помошта, зошто и како, ама ако се во можност да ти помогнат не оправдувам да си оставена сама. Барем некогаш да ви се најделе во такви ситуации кога мора да ја оставиш или да прашаат, да се понудат...
Свесна сум дека имам многу помош и мислам дека и овде сум пишувала дека ми помагаат ептен, па често совети имам пишувано да ги оставате дечките на чување со баби и дедовци за да наполните батерии, да се одморите, да излезете , плус нели и детето да ја чувстува љубовта на баба и деде... Значи не мислам дека им е полесно на оние кои немаат помош, туку само сакав да споделам дека и таму каде што помагаат има ,,нешто,, не толку идеално. Колку повеќе помагаат толку повеќе си дават за право да се вмешат, а за ова сите сме едногласни дека не нервира и немаат право старите ред да ни стават. Јас одма ги сецнувам, ги потсетувам дека немаат право, и осеќам дека ги нервира тоа. И како што пишав претхдно, де ќе се пофалат, де ќе заборават кога ти им помагаш, де ќе го разгалат детето... и така. Или ќе си преќутиш, или ќе начекаш момент да ги поправиш каде грешат, некогаш ќе те разберат, некогаш не сфаќаат...и така. Ама признавам дека е огромна предноста баба сервис и не ме сфаќајте погрешно дека на толку помош јас сум сепак небалгодарна. Само сакав да споделам дека има и овде некои негативности кои секако може да се изигнорираат, ама некогаш и да се спомнат вака анонимно на форум.
Денов завршииии конечно, беба станата од 6.00 на нозе, цел ден дрембати сме два пати по пола саат, вечерва имавме гости правевме ориз за забчето и цела вечер ја преплакавме од луѓето, сите познати со сите е секој ден таа уста не затвори со солзи да липта тоа чудо едно, на крај млеко и во кревет е арно ама се ќе беше добро да не ми повратеше два пати обииилни млазеви така никогаш ми нема повратено и си заспа гладна, мм ми мивика да не ја будам да и дадам да се смири стомакот вика ако е гладна ќе стане сама и ете незнам што да правам а и се чудам од што поврати така дали оф плачки цела вечер или пак прејадена беше незнам? @augustd те гушкам силно и ме расплака жено, ми го откорна срцето, да сте живи и здрави со ќере цел живот и цел живот само бабите и дедовците да бидат тие шо ќе фалат друго ништо ама баш ништо да не ви зафали, бидејќи без нив се може
@Надежна и мојов така плачеше секогаш со луѓе. Почнав почесто да го носам по гости, да го мешам во луѓе. Сега е супер и на гости и дома со гости. Посебно ако има деца многу им се радува.
Se razbudiv lipajki, lipav vo son lipav i na jave........placev placev placev ja molev da mi se vrati zivotot ne mozam bez nea da si go zamislam.......samo i go slusnav placot i vikase mama mama......normalno, sto drugo da mi rece koga seuste ne zboruvase, kako me vikase taka i ja sonuvam........ Tesko e.....premnogu e tesko...... Go isprativ maliot vo gradinka. Se navikna zlatnoto sto da pravi. Edvaj stanuva mu se spie koga go budam mi vika mamo mi se spie.....kje spies vo avtobus mu vikam dodeka stignes tamu. Ladno e denes povekje od vcera. 8 stepeni momentalno, a i plus vlaznost ima mnogu od moreto i uste povekje e ladno. I vcera bese ladno ama duvase mnogu. Denes nema veter, stud i vlaga. Toa e. Den za den drugo nisto ne gledam. Pozdrav na site..
Мене па најголем страв ми е да не и се случи нешто на мајка ми дури го чува малиот додека сум на работа. Не дај боже да не ми крене и да не се јави во рок од 15 минути. трчам дома одма. Анксиозна сум, си знам. Но бидејќи ич немам време да заседнам и замислам повеќе-се држам во контрола. Нешто слично сум и јас ко Аугустд околу начинот на живот. Свекрва еднаш у месец да го види и тоа на два часа. Мајка ми го чува само додека сум на работа и фала и на тоа. Стварно го гледа убаво жената. Но после работа и за викенди важи -сам па како знам. Пазарење исто со дете, влечкање нагоре... @augustd точно знам како ти е со кесите и детето у рака по скали, некогаш и на два пати, остај пола во кола за едни да качиш па потоа други. А купувам за цела недела. Жими се ќе почнам на пауза од работа да пазарам секој ден по малце само за да се поштедам од носење дете и кеси во едно. Но крај краева си велам, барем сите сме на број. Немам фала богу здраствени проблеми, малиот од вироза полошо не видел, така да се тешам дека кај и да е ќе појде во градинка по 8 часа и полесно ќе е и за мајка ми и за мене. Крај краева затоа она му е баба а јас мајка, реално јас треба да си го гледам повеќе нели.. Добро утро од мене Дојдов на работа, ќе правам кафе сега, ќе чекам и колешките да дојдат да си помуабетиме. Вчера малиот нит ужинка дочека нит вечера. Ручал во 2 часот му дадов само сокче накај 4 си велам ај вечера во 6 бидејќи го приметив дека сака да спие уште рано. Откако се смени часовникот детево се утепува од спиење, ко онака малку да спиеше. Дали и дека не беше добар па му се собра... И не дочека вечера. Отидов до продавница, се враќам маж ми го легнал. Вика на земја се спружи заспа. И млеко само вечерта во 2 се напи. Станав и чај да му земам за секој случај и само слушам едно БАММ!!! И вриштење. Јадното дека се бута во мене кога спиеме, се бутал и не ме нашол и на паднал во сон. Џумка на главчето има. Па го пратев саат време , но не го држев буден, грев ми беше му се спиеше. Го пратев дишење , да не отече некаде абнормално и сл и накај 4 си легнав. Денес се е во ред. Се тешам сабајле , епа време беше и твоето да падне, сите паѓаат, само он беше поштеден. Инаку знае да се симне од спална, нема потреба да речеш да го пратам да не падне кога е буден. Се качува, симнува без проблем. Стана жив гладен во 6, натопивме овес со бадемчиња мед и млеко се накрка и сега игра со баба му. Се распишав, начекав шанса хахаха. Ве поздравувам сите до една, бидете добри
Добро утро дами Со бебе станати од 7. Направив кафенце и уживам. Бебе во релаксатор гледа цртани. Гледам што помалку да го оставам пред тв, ама па кога морам да завршам нешто само така ќути. Денес малку ке одморам од правење ручек, имаме од вчера. За вечее ни се најавија гости па ќе го чекам мм да дојде од работа и да одиме да испазариме. Ве читам како сами одите на пазарење со дете. Мене страв ме фаќа и само да помислам. Скоро секогаш одиме заедно со мм а малиот го чува свекрва ми, а некогаш кога треба сама да тркнам до продавница гледам што побро за бебе да не се распишти, не сака многу продавници . Убав ден мамички
Јас не можам да кажам зошто е тоа така, најверојатно карактерни особини се во прашање. Мојот маж го чувала дадилка скоро откако е роден, па нормално е дека и свекрва ми нема да чува мое дете. Имам кажано, не сме блиски. Таа не го сака фактот што сме самостојни. Повеќе би била среќна да зависиме од неа. Никогаш не се понудила да чува дете, она е секогаш зафатена, па морам да читам меѓу редови. Мајка ми откако се разведе е во некој би рекла втор пубертет, но и онака не живее во ист град. Во кратки црти. Околу бодењето очи, пишав мм помага, но не мислев околу дете. Средување, чистење и тие работи. Нормално е ако јас идам дома во 14 часот да испазарам нешто и да качам дома, нема раце да ми паднат или да го чекам него до 18.Секој знае како му е дома. Околу детето што да кажам, навечер и да сака, а сака не може да ја успие оти трча по мене и плаче мама мама. Инаку, јас се вклопив во секојдневието и не гледам на тоа така дека имам сериозен проблем, туку дека таква ми е состојбата. Си водам нормален живот оти не сум тип на човек што ќе легне и кука како му е лошо оти така повеќе лошо би си правела.
@augustd ,ме растажи бе мајка. Многу сила има во тебе. Чувај се само, заради тоа мало зверче.... Ама кога ќе дојде тешко, мора да продолжиш. Ќе се снаоѓаш ќе црпиш сили, ќе туркаш.... Желбата за живот е посилна од се. Мене ме замислува малово. Му се случува во сон одеднаш да вришти, ама многу. Прееска ја гледаше вртелешката на креветчето се смееше, одеднаш вриштење! Го земам се смирува. Др. недела прави 3 месеци? Што може да е? За помош, да е жив и здрав маж ми! Имам огромна помош.. Ако може да се нарече така- зошто ова се заеднички обврски, не е помош баш. Мајка ми исто помага. Ми вика онојпат го сакала внучето повеќе од нас Го чува, ми зачистува, пегла, ручек некогаш.... Другата страна ко да ја нема. Битно дојдоа го видоа, се сликаа покажале пред народ, после дојдоа уште еднаш, ама кога ја видоа мајка ми баш тогаш беше тука- патем не се ни поздравија ко некој дух да е она, е оттогаш не се ни јавија ни па дојдоа нити сакам. 1 година немавме комуникација е сега тешко дека ќе им простиме некогаш. Штом маж ми смета така, што да кажам јас. За другото внуче секогаш биле тука. Максимално посветени и двајцата. За ова не се јави свекрва ми да честита, битно праела мекици бе! Не ни дојдоа во болница. Битно му донесоа куп подароци па и золвата сликала пред да дојдат и се пофалиле на фб! Ама искрено, раат сум и убаво ми е со маж ми што функционираме сами
Јас дете сама растам. И кога бев во брак, немав помош од никого. Баба му повеќе одмагаше и правеше драми, отколку да помогне. Со температура, болна, што и да е, се сама. Татко му кога како, ако беше дома помагаше, го шеташе, бањаше, хранеше. Ама генерално се на мене. Кога се враќав од работа и креветот стоеше не дигнат, подместен чаршавот за да не седат врз него. Ова во случаи кога малиот беше болен. Иако штом качи и 37 т, ме викаа од работа. Се разведов и сега пак сум сама. Детево мое од бебе шета и на +40 и на -10. И на гинеколог одеме заедно. И навикнав да ви кажам. Функционираме супер со син ми. Живееме на 5-ти спрат и влечкам ќеси и тротинет плус. И да ви кажам не ми е тешко оти прифатив дека така треба да е. Моите се во странство, па среќа сега сестра ми е овде, иако бремена го чува во итни ситуации. Човек се учи да живее според условите, сеедно дали има помош или не. Јас грижата околу син ми воопшто не ја доживувам како тешкотија, туку напротив. Затоа прифатете и уживајте во мајчинството. На крајот никој не ви е должен да ви го гледа детето ниту да ви помага. Си има тоа дете и мајка и татко. Ако имате потреба и финансии, дадилка е одлична можност. Јас го праќам во градинка заради него и зарди себе, за да можам да испазарам, да платам сметки и слично. Начини има и се наоѓаат.
Добар ден мајки. И мене срцево клопче ми стана читајќи ја @augustd . Една искрена виетуелна прегратка од мене. Мајка... се е кажано со само еден збор. Знам дека колку и да е тежок денот, колку и да се чини дека е неиздржливо, погледот во очите и прегратките на нашите мали ни даваат сила и се неисцрпен извор на енергија. Стравови тон... Некогаш се прашувам каде е онаа решителна и бестрашна јас. Која со еден збор можеше да пресече и да сврти грб на се и сите. Секоја одлука во врска со децата ка преиспитувам по сто пати, сама себе се преиспитувам дали сум доволно добра, дали грешам, што кожам да сменам и поправам. Си наоѓам мани и се критикувам како никогаш порано. Се плашам за моите деца... Дали ќе биде се во ред, дали можам да дадам се од себе за да го постигнам тоа, дали сум доволно добра и успешна во истото, дали ќе биде доволно, дали дали дали... Толку мала и беспомошна. Толку совршена а чекори по потешкиот пат. Моја принцеза. Се плашам за нероденото во мешето. Целиот овој физички напор да не е премногу, ритамот со кој ми мине секојдневието да не и наштети. Малото, или во иднина средното, ми паѓа жал да не го занемарам, да не не' добива доволно внимание... Од време на време, триста мисли. Но ноќта ќе ги однесе сите лоши мисли и стравови, на крајот на демот прегратките на моите малечки ќе ми дадат сила и енергија а мажето гледајќи ме како тонам во моите мисли само ќе дојде до мене и ќе ме гушне. Ќе ми рече затвори ги очите и замисли ги нашите три принцези како трчаат низ нашата куќа од соништата. Јас ти и они... Љубов на тони. Зарем има простор за сомнеж или страв. Едно се ќе биде ок е доволно да ги избрише лошите мисли и да ги избрка демоните кои знаат за мало делче од денот да ги опседнат моите мисли. Тоа значи да се биде мајка. Да се сака, да се грижи па и да боли до коска. Убав ден мајки. И не заборавајте, ќе биде се во ред
Јас вака ќе си земам за право да и кажам на @augustd , мислам и дека финансиски може, жена или дадилка да си земеш. Не се преморувај. Штеди се. И требаш на малата здрава, а малку помош ќе ви дојде супер на тројцата. Кога се нема баба сервис, ова опција е одлична, ако не и подобра. Си плаќаш за услугата, па не дозволуваш и вмешување. Оти и @snegulkata е скроз во право, помошта е супер, ама верувајте си има своја цена. Оние кои немате помош, мислете дека што сака нека зборуваат, да помагаат само. Ама подобро да трпете физички напор отколку психички. Подобро физички преморени отколку психички.
@JuLleE не е работата дека некој гледа во обврските околу децата како тешкотии. Збориме за ускокнување во ситуации кога нема кој да ги чува а имаш обврски, одење на работа пред се. Инаку најуживање ми е кога сум си дома, денес сум дома и како мелем ми дојде цело сабајле си играм со малово и се гушкаме, ама ми тежи проблемот со почести одсуства од работа и последиците од истите. Не сум излегла навечер со години, искрено не ми ни фали, секаде идеме заедно сите 4ца научени сме и ние така да функционираме и не ми е тоа ич проблем. Малово заспива да смислам нешто за ручек иако супа направив вчера ама нема да е доволно, па после да одиме по бато. Тамам да искористам да се видам со учителкиве не сум се појавила во школо од кога е тргнат којзнае што си мислат
Те разбирам, јас од работа се откажав. Приватен сектор, дете болно, не можеше да се опорави, а јас морав да работам. Знам како е, ама сите се соочуваме со тоа. Ти иде на момент да пукнеш, да излезеш сама, знам. Ама тоа е, ни останува да најдеме начини додека да пораснат.