Те разбирам душо,во право си,но најди начин да се поштедиш. На тоа дете му треба здрава мајка. За средување чистење,доколку сопругот не е во можност да го прави тоа, плати жена,мислам ако си финансиски подготвена,одмарај,чувај се. И јас поминав доста тежок период,бев закована за кревет со тешка операција на ногата,цела нога ми е со армарури,штрафови ,шипки,сама со мало дете ,а капак на се и реновиравме дома. Но,не се замарав толку гледав да го опраам здравјето ,заради детево. Имав помош од сите,од мајка ми,свекрвата,јатрва ми,сестра ми и.т.н .За маж ми се знае,тој го сноси најголемиот товар ,како што рекле стари "тешко на тој што лежи,но уште потешко на тие околу него". Максималсамо се штедев и гледав само да се кренам на нозе и да почнам повторно да одам. Фала му на господ успеав,повторно се вратив во колосек, повторно ја гледам малата како претходно и ги извршувам сите обврски ,иако со тешкоти,ме боли ногата,кривам, барем одам,на нозе сум. Штеди се женче,нема ништо подрагоцено сопственото здравје и здравјето на саканите. До пред некое време , со мм се радувавме за нова кола,за покачена плата,за матријални ствари што не вредат ништо,а сега научивме да се радуваме на еден чекор,научивме да се радуваме на едно самостојно станување од кревет,без никој да ми подаде рака,научивме да се радуваме што можам да се симнам по скали,што можам да ги завршам основните физиолошки потреби сама,а кога прв пат ме виде како одам без тие ужасни штаки дури плачеше од радост,а ќеркичката како мајмунче скокаше околу мене "јееее мама оди!" Тешко е едно мало човече да ми ја бацува ногата надевајќи се дека ќе ми помине,да ми подава раче со надеж дека ќе станам од кревет и да ми ги подава штаките ,да ми отвара врата , да ги собира играчките да не се сопнам,да ме прашува дали сакам вода зошто не можам сама да земам. Децата уште потрауматично доживуваат кога на мама не и е добро. Чувај се!
Hrabra zena !!! Me potseti na majka mi, posle operacijata ucese se od novo, ko malo dete. I celo vreme imase griza na sovest sto "ne maltretira" i sto ne moze sama. Fala bogu, se krena na noze. Bravo za optimizmot i hrabrosta. Kerka ti ke se gordee sto ima vakva majka
Вака ко шо ве читам, сррав ме фати од помислите...недај Боже да имам нешто да ме врзи за кревет , немам дете кој да ми почува. Жими татко ми, но и тој е преморен та физички та психички максимално. Сестра ми си живее во друг град, еве некако дојде три - четири дена да ми помогне за да ги почува а јас да се вратам на работа да го прекинам боледувањето. Мајка немам, ни баба/дедо/тетки/стрини...никој. После разводот освен со мм прекинавме контакт и со неговите. Кругот на "пријатели" се сведе на пријатели, кои се бројат на прсти. И уште пред да родам, а со тек на време се повеќе и повеќе ме води една девиза - напротив од она 'за децата животот ќе го дадам' -туку баш за децата со се ќе се изборам но жива да останам, зошто моето физичко присуство им е најнропходно! Држете се мајки
Здраво мамички борци кога имам повеќе време ве читам за малиот сама си го гледам себична може сум ама уживам и неспана сум и не одморена ама не ми смета. Свекрвата не ја сакам и затоа се сама правам и не сакам да го оставам со неа и кога го чува ми се вознемирува и мажот ми го запримети тоа што е добро да не рече дека измислувам. Еве ме 3 ден на диета сум на ун решена сум да ослабам 30 кг здравје кога ќе правиме крштевка и венчавка да можам да си сошијам фустан како што сакам. Се спасив и со релаксаторот што го земав многу ми се олесни работата во него заспива и на меше го ставам кога го боли . Тоа е стандард обврски секој ден навечер си легнувам порано за да се одморам работите како пеглање, средување ги извршувам кога маже ќе си дојде
Здраво мамици! Прошетав, пазарив нешто, се напив едно кафе со друштво и ете ме сега дома, да одморам и да фатам нешто по дома! Знаете, малата во градинка, ММ на работа... исто секој ден. Ручекот испланиран, ама рано му е, ќе го правам покасно! @ilyan Во право си за муабетот ,,мажите ни помагаат,, Ние мајките некогаш сами се ставаме во улога главни и одговорни за децата, а татковците во улога помошници. А не би требало да е така, детето е заедничко, и грижите и обврските околу него треба да се заеднички. Ама некогаш е стварно спрема ситуацијата, ние со ММ не можеме да бидеме еднакво ангажирани околу детето кога тој работи 10 часа (некогаш и повеќе) а јас само 4 часа. Искрено ММ баш и не се снаоѓа со некои едноставни обврски околу детето, ме нервира тоа, сме се расправале и делумно сум успејала да го поднаучам и да го активирам во чувањето. Најлесно е да му ја спремам малата и да излезе на прошетка со неа, или да се затворат во детска и да играат со часови. Во тоа е супер, ама да ја заспие? да ја спреми за во градинка? Одма треба да си планирам дека му е потребен цел час. @JuLleE Ме сфати баш тоа што сакав да кажам. Помошта има цена, најчесто е тоа префрлување, фалење, вмешување каде не им е место на старите, ама па за сметка на тоа имам и слобода кога и колку сакам. Ова сега малце нескормно, ама јас сметам дека сум паметна и знам како да ги држам работите под контрола, кога да ги сопрам и како да им укажам на тоа што ме нервира од старите , па можеби тоа е клучот на досегашниот добар соживот.
Имам жена, од 9до 2 ја чува. Ама јас морам да оставам доручек, ручек за двете. Во 2 си оди. Детето спие од 12 до 2, така да баш јас кога доаѓам се буди. И женава не планирам долго да е тука, ќе ја пратам во градинка пак .А, и да сум дома, од малата не можам да легнам да одморам. Ми доаѓа во спална мама мама, ми шепка нешто, ме тегне. Ако и ја затвори татко и вратата седи пред спална и тропа . Па немам друг избор освен да станам. За жена за чистење ок е за генералка, ама реално сите знаеме дека во домот секојдневно се средува, едно јадење да направиш треба да чистиш. Со мало дете така е. Ама ќе порасне. Т. Е. Мене ни сега не ми е тешко, напротив ми е задоволство што сум до неа секој момент.
Мамички храбри! Само да ве поздравам и да ви се поклонам на храброста, истрајноста и издржливоста. Редовно ве читам. Мајка... сега знам како е да сакаш како мајка. Да бидеш мајка. Ја сфаќам храброста и силата на мама што ја гледав низ годините. Ја сакам уште повеќе од било кога. А тие деца се наши ѕвезди водилки, за нив сме способни за се... Еве бебе спие, јас пијам кафе па имам време и да пишам. Сабајлечки беше свекрва ми, донесе ручек, го почува малото па јас успеав да зачистам. Тоалетот остана ама тоа секогаш е обврска на мм. Обврска е и правосмукалка ама ајде денес имаше кој да го чува малото па јас направив тоа.. Жената премногу помага, не можам збор да речам. Живеат во друг град па од далеку супер функционираме. Засега дома сум, уште од сега не сакам да тргнам на работа и да си го оставам синчето дома, а од друга страна ми фали работата, колегите, смеите и времето поминато на работа...живот раскрсница на секои стотина метри! Немам што многу да кажам, секој ден заблагодарувам за се што имам и молам така да остане, не ми треба повеќе само сите здрави и живи. Попосле ќе ја соберам сестра ми од работа и ќе одиме кај мама...така ми е испланиран денов. Мм останува дома, ќе дочисти и ќе си одмори малку сам без нас. И него убаво ќе му дојде. Е алиштата ќе ми останат непеглани ама ќе причекаат до утре, не се итни. Имајте убав ден, можеби студено ама сонцево дава енергија. Користете ја!
Добар ден! Денес нешто во студ ме тера, пуштив топло, направив чај, малото уште спие. Уште малку па ќе го будам, таман да се расони па мора поголемата од градинка да ја земеме. Жал ми е што мора да го будам но не можам само да го оставам, немам друг избор. Ручек направив, немам некои други обврски па после градинка ќе играме, ќе се занимаваме нешто. Многу не ја сакам зимата, но сакам кога сите сме на купче во ладните зимски денови, од прозорецот го набљудуваш ветрот кој безмилосно дува или снегот кој полека се трупа а внатре топло, чај кој сеуште чуре ти ги топле дланките, на шпоретот крчка ручек, деца внесени во некоја игра, ние опуштени и задоволни.
Сте се распишале се изначитав јас дури сега седнувам од сабајле. Половината ме убива од болки, а што сум направила? Ништо посебно секојдневни обврски. Машини, ручек, раскревање. Сама сум скроз па се правам дур спие бебо. Па и тој нешто почна многу да ми повраќа деновиве. Од сабајле три пати цел го пресоблекувам. Последниов пат и него му се здосади па се расплака душиче ме гледа со тие окцата и се жали. Што се однесува до помагање од моите имам безрезервна поддршка и помош во секоја смисла. За другата страна ноу комент да не си поткревам јадови. Здравје боже кога ќе тргнам на работа знам дека можам да се потпрам на мајка ми за детето па една грижа помалку. Тоа е мами, убава и одговорна е улогата на мајка. Напорно е ама и привилегија е. Поздрав.
Ако ти е мерак носи си го. Добар ден правев кратка пауза од пишување. Но често ве читав тука што и како има. Добри сме малиот кога јаде кога не битно цел ден на по малку куснува редот ни се помеша цел после вирусот ако може да се нарече така. Мм ќе си дојде недела па уште сега почнав со спремање едно друго што се фали за дома и така. Поздрав.
Добар ден,убав ден мајки Денес малце сонце видовме па искористивме да прошетаме на воздух со бебе малце ,сега он си спие па и јас одмарам малку покрај него .Времево лета ептен брзо па некако оваа година уште од сега ме зафаќа новогодишна еуфорија .Уште лани си реков дека оваа година ќе купам нова елка голема и ќе украсувам повеќе низ дома ,дури и на синко му порачав два новогодишни комплети од алиекспрес.Си викам маж ми некој ден развод ќе ми побара ради алиекспрес секакви ситници си порачувам .Сакам годинава пошто на синко ќе му биде прва нова година да му направам фотосесија ,знаете ли некој што слика и од прилика како се движат цените ? Поздрав и убав ден на сите
Многу е мало. Пред три години тешко задржуваат внимание. Мојава прв пат ја носевме во кино да ги гледаме Мињоните, и тоа со веќе полни 3 години, издржавме 45мин. и си станавме си отидовме @augustd сочувство за татко ти
I jas toa pomisliv, na pola ke si otideme haha plus ic ne e miren pa veruvam deka site okolu nas sto ke sedat ke bidat kolateralna steta kako i da e ke razmislam
Zdravo mami konecno ve iscitav site okolu 15 stranici mislam bea. So vasite postovi me rasplakuvate do vas.
Здраво мајки. По 100 пати на ден се канам да пишам, ама никако да го сторам тоа Денов турбо, во главното спиење на беба, 2 саати не седнав, ручек за нас, ручек за неа, сецкај, вари, во меѓувреме миј искористени садови да не се трупаат.Душа ми излегува секој ден, ништо ново, како и кај сите вас впрочем. И кога нркој ќе рече побрзо второ, заедно да растеле ми иде да го задавам. Се повеќе ми се зацврстува ставот дека не сакам второ дете. Помош така-така. Мајка ми на работа долго време во денот, свеки помага, ама искрено напорна е. Леле не јаде, не моча, дај вода, дај млеко...Секогаш мора да наметне став. И обично пред мм тоа За да слушам де Викендот и почетокот на неделава ни беа во движење, шетај со бебе, шетај сама, па на мм роденден итн. и сега денес не мрднав од дома, така ми е во план и за утре барем. Напорно е со бебе, влечкај алишта, торби, пелени, зеленчуци, тенџериња за кај бабите кога ручаме, си носам сама ручек за беба и едвај се доносуваме. Беба спие, ја чекам да стане да јаде ( ако јаде), во меѓувреме да си дојде мм, па да играат, а јас да пеглам. Нема бегање повеќе, денес го пуштив на работа со туткана кошула Еве на сред пост беба се разбуди, пола саат нишкање за 15 минути спиење А мм уште го нема, господинот после работа на фитнес одлучил да оди Уште од сега се мислам како ќе се издржи до 11 саат за спиење, не ми се спие, но лежење во тишина ми треба. Еве го мм си дојде. Лута сум @augustd Сочувство Загубата на татко ми е најголемата болка што ја искусив, никогаш, додека сум жива, нема да помине ни ден, а да не помислам колку ќе ми беше животот убав и далеку полесен ако тој ме држеше за рака. Отсекогаш бев поблиска со него. По марфи први не напуштаат најсаканите. Отидов да го игнорирам мм
Вчера вечерта крш дете станува нон стоп плаче кенка спиеше цела вечер на мене т.е врз мене.Ајде се издржа некако дојде утрото.Се спремивме и отидовме на гости до кај свекор ми свекрва ми.Инаку они живеат заедно со деверот јатрвата и малото(малото е 4 години).Толку бес толку гнев во едно дете немам сретнато.Не си го сака братучед му(син ми)за жива глава.Само што се врати од градинка го виде со неговите играчки почна да вришти.Сака да го удри се му зема од рачиња.Два саати седевме два саати вриштеше.А се гледаат еднаш месечно.Ова па нашево му оди го гали што и да му земе си се врти зема друго нешто си се занимава.После толку плачење го растревожи и него.Многу се налутив многу.Не дозволува храна да му дадат ќе му ја изел целата.Јас знам дека се деца ама вакво нешто немам видено.Толку недружељубиво љубоморно дете немам видено.Пробувам да игнорирам ама неможам па ме боли за своето да биде тегнето мавано,му ги стиска прстињата го сопнува влече а два три пати имам спречено бокс да му мавне. и реков на свекрва ми дур е таму детето не го носам кога ќе порасне и нема вака да му прави ќе си играат.Фино лепо и се извинив и реков знам двајцата ги сакаш за двете те боли ама поинаку неможам сега за сега стварно не оди.Пробавме на секој начин.Кога ќе дојде кај нас му ги крши играчките.Многу бес има во постов знам којзнае како звучам ама се наполнив со нервоза.Ми вика јас сум скржав и не се радувам дека го гледам братучед ми.Немам што друго да кажам.Можеби ми е чудно дека нашево питомо тивко.Е не решив веќе нема да дозволам некој да му се дере во фаца за да се расплаче.Извинете све што имав исфрлив тука потребно ми беше.
Domasno vospitanie e toa, roditelite taka si go naucile, od kaj bi znaelo malo dete deka e skrzav, da tepa i sl
Абе детето беше растено слушајќи караници гледајќи разделби до одреден период.Две години се ок живеат заедно ајде некогаш тој бес на тоа го препишувам дете е греота и оно додуша е многу размазен сите си го признаваат тоа дека погрешиле ама моето дете не е виновно нели?!