Добра вечер жени.. Еве ме .. мртва уморна.. што психа што физички. Бебево супер ми беше ама се до пред некој период. Што бидна што не бидна секоја вечер станува по 2 3 часа мижи и кенка, се превртува, рита, се искачува со нозе а главата ја пика под перница.. и се така се додека не го земам и не почнам да нишкам асално цели 2 часа дур заспие убаво.. Секоја една вечер е така.. Рацеве ми помондреа од целодневно нишкање за спиење.. Имаме огромен проблем со спиењето! Но сепак на крајот од денот или измеѓу "клишето" едни се тие највредни очи е тоа тоа вистинското и најдлабокото во нас. Без него животот не можам да си го замислам. Сама го чувам од прв ден.. се сама.. и тоа ми годи иако понекогаш кукам но тоа се оние најприродни моменти кај секој од нас. Помош нит сум имала нит сакам да имам, сами.. па како така! Најубаво ние ! Во однос на исхрана после икс случки кај познати и непознати сум воочила дека навистина храната е една од клучните работи за здравје каки психички така и физички. Детево си го ранам исклучиво дома по мој терк и терк на нас што исто така го владееме в кујна. За исхрана не штедам никогаш. Сметам дека исхраната е клучна за нашите животи во иднина и тоа е фактот. Макар што некокој некогаш одмазад ќе рече " де де" јасно и гласно секогаш стојам позади тој факт. Што сееме тоа и жнееме.. Јас чат пат за себе ескивирам што од немање време што од немарност но секогаш се враќам колку толку у колосек. Периодов страшен. Секојдневно умираат блиски луѓе.. солзи, тага, стравови, мисли.. еден куп И постојано му повторувам на мм, живи и здрави другото како е така е, се се постигнува повеќе или помалку ама животот не. Само да сме живи и здрави другото ... Другото само по себе како е така е! Секојдневно куп млади луѓе умираат и напуштаат млади дечиња.. Колку е само лош животот, очаен и полн со огромни стравови кои ги доживуваме и се соживуваме! Сите да сме живи и здрави.. нека е по ред.. Ставот за иахраната се повеќе ми завзема огромна страна кога гледам од страна како луѓе се хранат и живеар толку нездраво.. Ама баба викаше" сине манџичка со кромитче морковче и оривче најслатка била, и здрава и ефтина" еве денес дојдов и јас на тоа. Здравје господе давај секаде.. луѓе чувајте се колку што можете.. живејте здрав живот колку толку.. Оти.. Оти животот е толку многу суров. Поздрав мајки! Ве читам.. ама да типкам се повеќе и повеќе не можам ..
Добровечер мами, одамна немам пишано, ама се нема време, секој ден турбо ни е со синко. Срека преку ден што е потопло па шеткаме, навечер збеснува во соба. Денеска се подновивме со ново капче и јакна ни останаа уште чизмички ама нешто не ме бендисуваат во Кеги, сакам на крем или кафено , па ако знаете каде има штосни чизмички за момченца кажувајте Друго..утре попладне сум на гинеколог, циклусов ми е катастрофа, од една страна ми е страв да не имам нешто страшно од друга да не сум бремена боже колку страв имам од бременост , мм само се смее дека се глупирам дека од воздух не се останувало бремена уште ме заебава се надевам дека се е во ред Не се чувствувам целосно кога не е тој тука, фали еден дел од мене, само го молам Господа да ми го чува таму каде што е Ај да го успијам синко, па да се пролепшавам за утре
Хелоу мајки. Ме фати стрв за тиква па две печев. Малото го чуваше татко му, јас настината , па ги гледам и двајцата заспале И радосна го спуштам бебе во креветче, нормално отвори очи и еве сега се гушкаме а кај и да е ќе заспие. Очите му се на пола Носе опет затнато Не фати од татко му изгледа. Пијам парацетамол и чаеви. Малово станува се попргаво А и голем лутко е ( ист на мајка му, само не признавам пред маж ми )
Леле јас денес го натерав мм тест да ми купи. Минатиот месец т. е. во септември добив, а сега не. Толку се плашам од бременост, тоа е чудо едно. И само го избегвам мм. И јас се мислам кога да појдам на гинеколог. Колата ни се расипа, па сега нема шанси да отидеме до град. А сама да одам и да го оставам бебе не се решавам. Сигурно 4 часа ќе треба додека се вратам. Го заспав малото и сега се мислам дали да спијам или да гледам филм. Вечна дилема.
јас денес поминав до пет аптеки и страв ми беше тест да земам после си викам ај што ке давам пари и така утре сум на гинеколог инаку јас добивам ама многу оскудно и многу долго трае, вака и летово ми се деси со циклусот.. реално нема шанси зашто само еднаш имавме без заштита и не го ни довршивме до крај малото се разбуди не ми е прв пат ова и зимоска вака исто ми се дешаваше, мажле во странство јас сама дома си увртев трудна сум, цел месец се канев тогаш тест да купам , викам пре ке се породам него тест да купам
@НаталиЛили ,зошто заштита не користиш ако се плашиш од бременост?Барем психички нема да се оптеретуваш
Добро утро мајки Да шкртнам пред да започне денов турбулентно како што се очекува за петок. Дете стана пет минути пред да одам на работа. Се врткав се шуткав станата од 5 и пол, и на крај само пелена му сменив и отидов. Му направив млечен гриз со цимет и мед за утрово и толку. Синојќа нешто ми се тресе креветот , отворам очи тој станал се држи за креветчето негово и игра Ела ваму велам, 2 саат е, што ќе правиме. Па си презаспа. Некогаш ме фаќа страв да не си седи станат а јас да не го осеќам Па си се тешам ај знае да се симне, ако има проблем ќе вика хахахха. Се надевам не сум до толку заклана во спиењето Вчера ме изнасмеа, зема косата си ја потрга, му смета долга му е ептен веќе, сите женско го прават а тој во војнички тренерки. Имаше еднаш еден ми рече-па дека нежен е затоа помислив женско. Велам-па бебе какво да е? ко старче ли? Не дека си ставам при срце, ок , му заличел на женско косата буни јасно ми е, но не мора глупи изговори, во ред е и без тоа И така мајкички. Гледам на петки се радувате, да им се нижат само успеси Одам јас да ставам кафе, кај и да е ќе дојдат колешките. Убав ден на сите
@LiliBoz наздравје кафе Јас еден чај со мед прво. Пружав алишта, бррр ладно 3 степени На бебе почнав по 2 машини неделно да уклучувам. Инаку, тој се отспа попладнето и синоќа журка Сакам палачинки да праам ама зависи од него. Сам седи само 15 мин во релаксатор Синоќа ме извади од памет. Како што мрдал , се спуштил во креветчето и перничето под глава ( повеќе е ко тетра) го ставил на лице и спие. Незнам како успеал , изгледа рачињата ги става под неа и му се обрнала врз него Како скокнав половината ме боли уште. Изгледа реагирав на време, леле секакви мисли во памет ми одат
Добро утро мамички! Постои скок во развој во кој бебињата спијат повеќе од обично? Моево повторно заспа околу 9 (овој пат избањато) и стана утрово околу 8. Реално пречесто ми се будеше во текот на ноќта но сепак сум сеуште изненадена од спиењево Особено што еве веќе ја тера првата дремка за денес До сега се занимавав со него, пелена, доза д3, аспирорање носе, хранење малку играње...пресладок е наутро дека најрасположен најмногу се смее и гуга. Сега е време за мене. Ќе се истуширам, па следуваат кафенце и појадок .... многу ми фали да имам преку ден со кого да испијам кафе...сите другарки на работа :/ Денес планирам половина час да го ознесам надвор...уште се мислам како да го облечам... други планови нема... Викенд во најава... и за него нема планови но сигурно ќе излезат неколку спонтано @eli25 јас ја тргнав таа украс перница...и моето рачињата под неа па директива на лице... плус моето на стомак спие...кога го видов се преплашив и јас... А и мојот сам најмногу толку седи во релаксатор, но јас почнав да го ставам до мене во кујна ако мијам или работам и паралелно му зборувам па седи, или во спална раскревам он во релаксатор до мене...вчера пеглав он до мене и го занимавам во исто време... така ми успева подолго да е мирен...пробај ако лесно ти се пренесува релаксаторот... Убав ден на сите!
@Igle ми успева во кујна и мене. Ама по 15 мин. Ме гледа и сака да го земам Ама за во спална научна фантастика.Горе на спрат ми е. Гледав едни даски за пеглање во икеа, таман во дневна ќе ми стои ќе ме гледа и ќе си пеглам Повели кај мене на кафе, преку мовчето и тука си
Добро утро И овој ден како и претходните. Станување, средување бебе, средување по дома, ручек и тоа е. Мм денес не е на работа, ама па отиде приватно и мн се нервирам зошто никогаш не е дома. Него да ве прашам нешто. Бебе има 4 месеци и веќе престанав да му ги пеглам алиштата. Само свекрва ми знае да промрчи дека уште требало. И некогаш она кога ќе ги собере од жица неговите алишта ги пегла. Мене тоа страшно ме нервира. Демек јас не сум добра мајка не сакам да му пеглам ма детето. Не ми е мене проблем да му ги испеглам, ама не сакам да го правам многу нежен. Што мислите вие?
@Skorpija989 јас тргнувам од мене. Се пеглам и за по дома ( освен постелнина-ретко оти ме мрзи), а не па бебе. Мислам дека секогаш ќе го пеглам. Му пеглам се-и лигавчиња и чорапчиња. Малечки се и брзо се пеглаат.
@Skorpija989 јас не му пеглав воопшто. Се роди порано од планираното и јас дома немав ништо ни испрано ни средено. Кога дојдов дома немав сила ниту воља да пеглам и еве до ден денес ништо не сум му испеглала. На првите две им пеглав се, до некои 6 месеци и потоа не. Мразам да пеглам и за нас не пеглам, освен она што мора.
@eli25 фала на покана, можеби ќе дојдам некогаш Отворена покана и до тебе кај мене. Ќе ги дружиме малите, ден разлика се секако @Skorpija989 јас па не му пеглам уште после првиот месец. Само ако нешто е изгужвано пеглам инаку не. Искрено многу ситничава работа ми се виде, и ми одземаше многу време, сама сум и не можам да пеглам баш се, не дека не сакам... пеглам само за мм однпред, а за мене пеглам во моментот кога ќе решам да го облечам нештото.... Туку синчево кога цица, цица само од едната града...уште од сега таа ми е поголема од другата...има ли шанса да се врати во нормала со другата после престанок на доење? Лошо изгледа ептен
Ја пошо сум обратна од ели, престанав да пеглам кон 3 месеци. Алишта на дополнително плавење и ќе си е супер
Ова со пеглањето мајка ми ми го наметна.Си одев јас гужвана по дома, а стално ми викаше дај соблечи се да те испеглам И ете ти сеа, комплекси
И јас не пеглам. А мајка ми само со пеглата в раце е. Ми беше мене релаксација пеглањето дури не се омажив. После ми стана напорно.
Добро утро и од нас синко цела вечер кемкаше па мама не спана вчера шеткавме по комши со количката и му се изремети спиењето. Јас се му пеглам 2 месеци сме и секој ден нови алиштата ретко му ги облекувам по два пати и го капам преку еден ден и планирам да му пеглам до една година. Синоќа имав гости утре сигурно пак ќе доаѓа сестра ми а уште еден куп луѓе треба да дојдат за бебушов . Денес реков ќе излезам до град со малиов ама времето се расипа ако не е ладно ќе одиме не сум излезена надвор да видам убав ден на сите