Еве ме со второ кафе, бебе седи со татко му. демек ќе шетаме ама му се приспива па ќе чекам да дремне па да одиме, да не му реметам сон. Каква ситуација имавме сега се изнасмеавме. Многу му е долга косата и запнавме ќе го шишаме со мм ама дома, зошто мирен нема шанси никаде да седи, проверено. он држи ја зимам ножици и кврц. не сечат. премека коса. ајде со машинка. мм вика ама два сантиметри ќе му останат коса. велам ок. и само што зеде да пројде викнав не! зимо е, не е за машинка. на пролет, сега само ножици колку да не му смета. и така ништо не бидна од шишањето. ете го сега стои како мунгос гледа тв преку комода, многу ми е смешен вака кога ќе застане. и така мамички. убав ден
Добро утро мајки По дома ние на топло.Пиевме кафе со мм,поголемово сега стана ама бебуш не ми ги сака овошните кашички овие 2. 3 утра. @LiliBoz се изнасмеав,и ние со мм на поголемково така му направивме кога беше бебе,имаше долга коса шишки му одеше во очи и јас земав со ножицата пресеков и го направив штрпки после го ишишавме лустерче,но на фризер го носевме сега има убава косичка густа. Доручек да направам и после низ дома. Планови ништо. Убав Ви ден..
Ние вчера излеговме, со тетка ѝ бевме во детски театар да ја гледаме Пепелашка. Издржавме магични 45 минути Треба да ја носам почесто, се осеќа таа детска еуфорија кога едно почнува да се смее на глас па продолжуваат сите останати, аплаудираат по 10 пати пред да почне претставата... Денес одиме на прв роденден кај едно другарче, ќе биде гооолем роденден во кафана, па и мајкава малце да се дотера еднаш во три месеци Уште сега си правам планови во глава како да се облечеме
не седи мирен, премногу мрда на фризер. на што сакаш играчки дај му џабе е. а и страв ми е да не го направам ко шилеже па кога ќе гледа слики за едно триесет години да ми збори-види каков си ме направила..
Еј што убаво, нареден пат одиме заедно, јас одамна се мислам да ја носам, обожава претстави и детски фестивали, пролетта на поточиња седеше, сега сакам и на златно славејче
Добар ден Ние во 9 станавме ама цела ноќ не спиени дете цела ноќ се вртеше и плачеше Напорна ноќ...помина Маже на работа а ние се забавуваме сами Каде интересно,каде досадно поминуваат деновите Се помалку сме надвор,немам воља за излегување а дете едвај чека да излезиме И нејзе и е потребно друштво,само чека некој да дојде и скока од радост и се здосадив изгледа По цели денови сме сами Мишко сега абер нема од излегување Де денес де утре и ништо,секој ден нестрпливоста расте Како и да е нема уште многу,мора да излезе За пеглање сте сте размуабетиле,и јас сум од оние што пеглаат се Дали е навика или што ама немам мир дури не испеглам Мајками никогаш не пеглала освен ако не мора,јас некој изрод сум Да правам едно кафе и да се фатам за работа Нема кај да се помине од играчки Имајте убав викенд мајки
Добар ден. До пред малку беше надежно дека ќе се искористи денот за прошетка. Во моментов и не личи така. Се надевам сепак дека ќе излезе сонцето повторно. Имајте убав ден
Ве замолувам прашања за што и каде да се најде и купи за малите да ги поставувате во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Каде-да-најдам-купам-за-најмалите.27568/page-25#post-3664771
@azelea да тој Орнел е инаку често сум мислела да земам од Грција омекнувач ама си викам сите исти се .Ама ниеден не мириса како омекнувачот на комшивката под мене ајде добро утро ние уште по пиџами јас со кафе во рака.Децата играат забар со пластелин.Ке одиме за Скопје денес да им купиме на децата папагали Да видиме маж дали ке биде расположен и капут да части
Времето денес права зима. Си уклучивме парно со синко, мм на работа и денес, ринглите во полн покрет ручек се крчка за сите. Утре сме на роденден и ние. Треба да се дотерам и јас малку, веѓите ми беа во фаза на растење сакав да им сменам форма ама треба да си ги средам до вечер. За пеглање, пеглам само тоа што е за излегување. Од омекнувачи користам ленор, коколино или фабулосо сини Зависи кој е на намаление @joy1 комшиката да не користи некој омекнувач од странција? Шала на страна сум забележила, во МК и овде немат исти мерис, незнам зошто. Кога ќе одиш во Германија, ако имаш место земи си прашаци и омекнувачи и така ги има секогаш на намаление Кога станува збор за шишање, не знам кој седи помирен тато или мали Синко е ептен мирен, седи цело време дури смешен е за гледање. Тој е таков за се. Не прави проблем ни за лекови, ни за доктори. Умен тој на мајка Убав викенд мајки!
Дoбaр ден мaми, денoв убaв гo искoристивме зa сaдење цвеќенцa и рaзубaвувaње нa бaлкoнoт пoсле сo бaбa и дедo дoјдoвме дo викендичкa дете дa се истрчa мaлку се измoри и зaспa oдмa сегa oдмoр мaлку и зa мaмa сo тoпoл сaлеп Вчерa нa гинекoлoг супер пoминaв, бременa не сум и се е вo ред , сaмo хoрмoнaлен дисбaлaнс ништo нoвo, кaкo ми oлеснa сo денoви мислев и се плaшев И тaкa зa некoј ден ни е слaвa пa мислaм дa пoчнaм веќе сo спремaње мaлку пo мaлку Убaв ден имaјте
Добар ден. Одамна не сум пишала, ама ве читам редовно сите. И да имам што да напишам, се зафаќам со работа и немам време. Ние конечно се преселивме во станот. Малку беше напорно, носење, преместување, диплење ама бидна. Не е уште се комплет, ама кога останаа ситните работи полесно е. Барем тука ми е се блиску, и пазарот, продавници, парк, лулашки... Одсабајле бевме излезени да докупиме што фалеше. Малата ја прошетавме, се изнаигра со деца и еве сега заспа, па јас ручек да ставам нешто. Денес пире набрзински Орнел бел и јас користам за нас, најнежно ми мириса. Ленорот го замразив уште во бременоста и неможам да го помирисам. За пеглање порано пеглав се на куп, и нози и половина ме болеа по 2 саати стоев. А сега пеглам по потреба само. Повеќе на мм, моите алишта претежно не треба да се пеглаат За чување на деца баби/дедовци скоро и донекаде се пронаоѓам со членката @augustd . Само ќе кажам браво како издржуваш со тоа темпо. Мм поголем дел од годината не е овде и јас и малата сами се чуваме. Помош од неговите никаква за ништо. Имам пишувано само го чекаат мм да си дојде за пари и ништо друго. Проблеми еден куп, и веќе не сме во добри односи и затоа се преселивме. Мајка ми се труди колку може да помага, ама и самата не може. Оди на работа, плус од скоро и е дијагностицирана болест што неможам ни да и речам да ми помогне. Се трудам колку може да одмара, да не ја заморувам. Дали дете ми е било болно, ноќеска по болници сама со неа. Пазарување, торби во раце плус и неа ја носам. Но потешкото помина, сега е малку поголема ( не дека којзнае колку де) , ама барем разбира по нешто и дури ми помага Сега мм се врати, имам помош колку толку Се распишував јас, да одам ручек да правам. Убав ден мајки
Сакам и јас да ја носам на зл.славејче ама мислам дека нема да биде изводливо со оглед на тоа дека има само од 12ч. Баш тогаш ја фаќа криза за спиење нема логика да одам и место да ужива дете да биде нервозна и плачлива. Се зазборевме со комшииве надвор, се жалеле учителките многу дека се агресивни децава, нон стоп закачки, тепачки, мали се бре многу. Па што муабет се изнаслушав за девојчиња некои колку се агресивни да се чудиш. Рекоа уште лани на една родителска дека се доста немирни ама рекоа сега не посочуваме никого конкретно меѓутоа има деца кои се издвојуваат по беснотилуци. Јас сум за тоа да кажат отворено и пред сите, и моево да е треба да се каже. Не дека го бранам ама верувам дека не е, секогаш се повлекувал од гужви и кавги и вајда ќе ми кажеле до сега, не ми се пожалиле до сега од него. Мали се многу сеуште може да се влијае на нив, треба да се превземе нешто со време, што ли ќе прават после 5то одделение не знам. Само колку прифаќаат родителиве кога ќе им се каже дека нивното дете прави проблеми
@alisijad јас добив после 3 недели доцнење. Ни се вратија проблемите од пред бременост? А баш се понадевав дека ќе е и кај мене како кај некои жени, што им се средуваат хормоните после пораѓај. Добар ден од мене. Се свиткав во клопче до малово дури преспива. Фучи со носето, се уште иста состојбата од вчера, си кива и ќе се растече од време на време. Подолго време нема настинато, ама Марфи нели, мораше пред роденден. Среќа нема ништо друго, се надевам нема да има и до утре ќе е добар. Мене стомакот ме боли, нели добиено по доцнење, па со сите салтанати да поминам овој пат. И за тоа се нервирам, утре втор ден најобилно, не ќе можам да се наведнам. Црни пантолони ќе носам и тоа е, само да е се друго како што треба.
Мојава денес ме радува. Со борби и закани ама сабајле изеде цел тањир овошје, а на ручек полн тањир спанаќ со ориз и павлака. Колку за себе имав ставено, ако не сака да јаде да го јадам јас ама ме превари. Она отвара, јас буткам хихи се накркавме. Кога сум викенд дома тоа многу ме оптеретува оти да може она цел ден ќе јаде кроасани и бомбони и лижавчиња, а богами и има кој да и дава, малку од дома, па и комшии кој ја види одма нешто благо и дава. Од такт ме вадат ама се се постари луѓе и не сакам да им кажам ништо, од милост го прават тоа. Попладне сме на роденден во игротека, ќе ја носам да се изигра, сега спие, се надевам ќе поспие за да можам и јас да одморам малку. Убав ден
Многу ми е на кеф искрено ама мора да го продадеме јас би си го зела ама во авион ќе умри толку време