Добро утро женски. Ако денот по утрото се познава денес ќе биде прекрасен ден сонценце топлечко недела топ. Ќе идеме да шетаме само малава да ми стане ќе кркаме се спремаме и бришкаме некаде. По тоолккууу мислење за џампер купивме вчера и си викам конечно ќе има занимација да седи сама за да привршам некоја работа по. дома ја ставивме а малава се плаши од него олаче ич неќе да седи и ништо ќе чуваме џампер здравје за бато или дада хахах а мама ќе си загрева раце уште. Поздрав до сите нешто слабо време имам да ве читкам имам многу страни непрочитани но ве следам. Гушки мамички ја ќе припремам јадење малава додека спика за да крка кога стане.
Хелло мамичкии.. Денот почна на клиника. Цела ноќ се жалеше на уво и грло. Потврдија само црврно грло и отечени крајници. Среда имаше ларингит, Т. Петок као подпбра а од вчера ова Во градинка не оди од вторникот. Незнам од каде оваа нова "состојба". Иначе малаксана е многу, плаче цело време. Сега заспа, а јас со кафе во рака Капак на се мм вчера замина на пат и сама сум. Вчера ме фати малку паника како ќе се снајдам ако треба сред ноќ да трчам на клиника. Па си направив филмови 2 деца ако имаме како ли ќе се снаоѓам кога мм ќе патува а деца ќе бидат болни
@Kitten ,од човек ги зедовме кој веќе ги чувал година дена .Затоа се толку мирни. добро утро од мене ништо паметно немам да кажам.Недела ден за домашни обврски,туширање,домашна и некое филмче.Нешто осеќам се дешава со мојот организам но незнам што.А страв ми е да тргнам по болнички врати на испитувања
Добар ден и од мене. Синко ноќеска ме извади од памет. Ќенкаше за цицање, станувам да го земам и што да видам, утоп се направил, повратил обемно. Срце ми се стегна. Незнам дали му е од терапијата што го клукаме или нешто му е од рацете што ги пика во уста. Се надевам само инцидентно беше. Го пресоблеков, дадов да цица и го легнав, ама будно го следев едно два часа да не ми поврати пак. После два часа бдеење сум задремала. Повторно ме разбуди за цицање, жива среќа немаше повторно повратено. Ама затоа од 4 наваму цело време кенкав и на раце сакаше да се држи. Го разбудив мм да го погушка зошто душа немав, а и рацеве ме болат. Втор ден како многу време поминува на раце. Жива среќа што бевме договорени со мм он да го причува до 8-9 часот, да поспијам па да го превземам, он на Водно сакал да оди. Еве сега прв пат после два дена ми успева да го оставам да спие во релаксатор, а јас да потфатам нешто. Денов личу многу убав. Чекам маже да се врати па да го искористиме за шетање. Имајте убав ден мамички.
Добар ден, Дете ме разбуди а толку ми се спиеше, ама морав, па се заигра со играчките, па некои детски емисии, и еве сега ги испратив надвор со татко и да искористат сонце, а јас за тоа време ручек да спремам, сакам и на баба ми да однесам да си касне. Ние кај моите цело време чувавме папагали ама дека се многу нежни и ни умираа, па многу тешко ми паѓаше и реков веќе не зимам, освен ако ќере изрази желба некој ден. @joy1, иста сум и јас, веќе подолг период чувствувам дека нешто ми се случува со телото, не сум ова јас, а никако да појдам на лекар, прво мора тироидната да ја проверам, многу замор осеќам @chocolade ако ти треба нешто дур се врати мт викај, тука сум
@chocolade ако ти треба нешто дур се врати мт викај, тука сум[/QUOTE] Фала мила многу ми значи ова @joy1 тука си? Ми треба совет итно. Не можам ЛП да пишам
Знаеш што е зезнато, како растат така се соочуваат со реални стравови. Лесно е да одговориш дека не постојат духови, зомбиња... Се прошетавме, се прибравме вајда ќе заспие малово, бараше да спие иако во 9 стана веќе и е време. Пак се растрпале во комшии, смачено ми е, разбирам дека се има работаа по дома, ама ова трае континуирано, треба да им се каже ама ај да не расипуваме односи. А знаат обично кога спие малово можат бар тој период да направат пауза малку. Денес решивме на готова храна да тераме, само на зверка нешто ќе и спремам кога ќе стане. Треба големиов уште домашно да допише, сабајле зачистив, доста е за денес
Здраво од мене! Топол , сончев ден... ќе го искористам, ама не за шеткање, туку за пружење алишта на балкон, па да се исушат без да го апсорбират чадот од надвор, се надевам комшиката нема да направи ручек денес та да ме поштеди од запршката која редовно секој ден во 15 часот си ја прави на балкон! Не е дома, штом уште не мириса цело маало! Малата спие, ММ на работа, ручекот во рерна, јас подсредив низ дома (пружев алишта, бришев прав, вклучив садоперка) и ете сега време е за кафе, прво од сабајле. @M&M @Kitten Не знам што е полошо, да има страв од нешто или да нема! Оваа мојава плаче оти не можела да го види волкот од Црвенкапа, ми се случило да ме тера полицијата да ја викнам оти била немирна, па инсектите со рака ги гмече, куче,маче не поминува покрај нас без да го погали... Страв од ништо! А сум се служела со ,,муабети,, дека лошиот чичко ќе ја земе, ама од ова мое залажување најчесто излегува приказна со која се заспиваме! Да да, со вакви приказни некогаш се заспиваме и мака нема! Гледам страв има од автомобили и исклучиво по тротоар сака да оди и има страв кога ја минуваме улицата!
Откако се помести саатот и станувањето му се помести па сега место седум будни сме во шест секој ден.Сега сфаќам колку сум била среќна кога станувал во седум.Со нејадењето иста мака мачиме вчера бевме на гости па ајде му купивме готова каша ама таму начека пржени компири и ништо од кашата.Денес без идеа за ручек мм вика дај му ја кашата што ја купивме и викам ај ќе пробам.Кога ја пробав мислев нема ни да сака да ја помириса ама дете изеде 200 гр.Сега почнувам да сумљам во моите кулинарски способности.Маже само што отиде на раб ние пак дома сами Денов досаден предосаден а времево бонбона.Тоа е....
Здраво и од мене. Убав ден денеска, се согласувам. Уште поубав оти либето ми се враќа. Спремив ручек уште од сабајле, прошетав деца во двор и во паркче, ги успав и сега ќе ставам кафе, ќе учам и ќе го чекам. Конечно при крај ми е и циклусов, ме измачи ептен. Одамна не ми бил вака ужасен со јаки болки, уште појаки нервози и плус цело лице ми се изнафрла. Како издржав не знам. Сега не може да ме изнервира ништо, толку што се истрошив. Нормално, до следниот циклус
Дете пак спие.По малку и Т си има. По втор пат на клиника бев денес, но овој пат за мене. Си ја исеков раката и си добив еден тетанус. Мм тргна дома уште кога му јавив за малата. Среќа ќе стигне кај и да е. Не можам ништо од раката, ме боли кога ја мрдам а не па чашка да кренам. Го гледам ножот во кујна и уплав сум добила, не можам да го фатам
здраво мајки! Се прибирам дома. Денов убав, се шетнавме, ручавме кај свеки и тргнавме за кај мајка. По пат се јави мајстор, пред куќа бил. Ќе го убиев мм. Како бе во недела поручек прибира мајстор не знам јас. А тој па се правда, уште поразочаран бил, во план му било цигарче и ракија как мајка ми, а сега му се скрши филмот.За наше добро, жртва оди Сепак свртив до кај мајка, вечера да си земам @Kitten Мајче на гости ќе ти дојдам кога ќе одлучам да се самоубијам штом чуваш ѕвер дома @snegulkata Со муабетов за бестрашни деца ме потсети на сестра ми. Таа беше толку немирна што еднаш кога мајка ми и се закани со баба рога, сестра ми онака милозвучно вика кај е баба рогичка да си играмеD @chocolade Со помин!
И јас ја викнав мајка ми да дојде да го почува синко, сакав да и речам да донесе од ручекот ама срам ме фати. Па така извадив ребренца, ќе печам покасно со компири. Денес имав милион работи испланирано дека ќе завршам, ама испадна ден за одмор и легачење. Ми требаше ова. Мм ме тера да излеземе во град на кафе, ама некако не ми се спрема. Да речеше на вечера може ќе ме убедеше, ама пред плата само за кафенце има.
Здраво и од мене. Беба спие, ептен се разаспа денес. Мм отиде на "кафе" кај еден братучед, јас се досадувам. Ручекот за бебе готов, ама вечера се направи додека се разбуди. Вечер ќе се журкаме, кој знае кога ќе заспие Попладне бевме до на едно кафе со блиски особи, супер си поминавме. Има една личност што на сите ни е одбивна, и секогаш кога ќе се собериме заедно таа ни се лути што не сме ја викнале. А ја викаме и еве сега мене ми досадува, не знам како да се справам со неа. Имам спомнато низ темава дека ме крадеше, ама па и многу услуги бара од мене. Ќе пукне некоја караница изгледа Како и да е, да не мрчам многу. Да дојде маже и да се истуширам, долга ќе биде ноќва со малава Имајте убава вечер.
Добра вечер мајки. Да шкртнам некој збор додека ме држи снага, и така лежам во постела. Вчера тежок ден. Омалаксаност и вртоглавица, немав сили од кревет да станам. Вечерта посетивме и дежурен лекар. Рече бебето е ок, мене доколку не ми е подобро во понеделник кај матичниот. Хоророт почна после полноќ. Проливи, повраќање, константни грчеви и болки на онаа граница дали да се оди на доктор или да се трпи... спиење на епизоди и чести посети во веце. Таман се наканивме во 06 да одиме во болница, сум задремала. Викнавме баба/дедо за јас лежам и одмарам. Да немав дома две мали деца уште одма, на полноќ ќе тргнев по тие врати. Вака вага, премерува, набјудува човек. И децава како да осеќаат дека нешто не е во ред, континуирано вриштење со саати, одбиваа храна од друг и ништо не им е погодено. Или едноставно си ја сакаат назад онаа мама која ја знаат. Насмеана и ведра, да играе со нив. Не пребледена и легната во постела. Големата три пати идеше во постела и ме тегне да станам, да одам со неа во дневна. Пладнево сепак бевме во болница. Морав да потпишам дека на своја одговорност се враќам дома. Сакаа да ме задржат неколку денови. Без да меностават да лежам не сакаа да ми дадат ниту инфузија, море ниту крвна слика да направат. Како дух сум бледа. Се исцедив целосно. Се молам на полноќ да не мора да трчаме назад. Оф леле. Како ќе се тера до крај кузнее, се плашам. Нека мине побрзо. Капак на се малово поврати и кашата и двете флаши млеко. Никогаш ова не и се случило. Уште оно да се разболи ни фали. Маж утре со важен состанок и термин, уствари и вторник и среда е така. Пред очи не му се гледа, не може да престаса... Сите сме кој од кој. Фала им на свекрва и свекор што ги чуваа децата додека бевме болница. И ручек направила и раскренала. И мене неколку шољи чај ми направи и ме нуди де кекс де двопек. Се надевам од утре, понеделнички, ќе бидеме подобро. За сега ќе се молам да имаме мирна ноќ, без трчање по болници, и јас и малово. Пријатна вечер на сите.
Mami povelete nie umorni neimorni so mm nekako gi stutkavme slatkite..arni se ko za doma aaaa i dechinava inache pomognaa po malku (shlakutnici)
@danichap нека поминува побрзо Ама и ти бе женче чувај се. Многу си оптеретена Фати таму мирувај дури дојде бебушко на свет. Дечињата и тоа да ти биде. Ние денес на доручек, па парк, па џамбо мн.кратко . Вчера ми беше поубав денот. Си бевме на кафе во кафичот до нас и после домче па со гости. Вака кога шетаме натаму наваму после не ми се фаќа ништо низ дома. Сепак пеглав на синко и маж , 2машини и за мене награда маска на лице и лакирање Ручек јуфки варевме Вчера пак ништо.
Денешниот ден испадна многу исполнет со шетање и напорен, имаше една непријатна ситуација што ни го поремети раатот, ама тоа е на тоа нека оди лошото има и полошо. Се молам за закрепнување на една личност што многу ми значи исходот да биде добар. Инаку и јас и малата имаме исти спимптоми попладнево по малку слевање шлаем, а мене ме боли интензивно грло ќе пијам еден чај и ќе си легнам, се надевам понеделнички ќе ни тргне полесно и повесело. Не знам како ќе ја издржиме оваа почетна фаза во градинка една недела оди две дома, си дадов рок до нова година, ако се издржува со разболување ќе продолжи ако не ќе бараме чаре а толку убаво се вклопи во групата @danichap држи се мајка искористувај помош од свекрва и одмарај максимално, со лесно да поминува
Одамна не сум пишала ама па и немам што, тоа е таа рутина на животот што не завлекува. Викендов ни помина по гости, со мала разлика што денес прошетавме до зоо и парк. Преубаво беше времето ама штета што ќе се расипе. Народ колку ти душа сака Од утре пак иста рутина, дома по цел ден ќе се досадуваме со дете дур е маж на работа, ама па тоа е. Сакам да сум како некои жени да излезам и сама да се акам негде ама некако не можам, а и како поминува времето ми станува потешко. Еве денес што поодев ме боли секој милиметар али тоа е, тражили сте гледајте Добра ноќ!
Здраво на сите! Си легнав, сакав само на кратко да пишам, да не ме заборавите Немам многу што да кажам, викендот стандард шема, вчера цел ден по продавници, требаше и денес да се шета, ама работа по дома еден куп, плус неодморени со сопругот не ни е до шетање баш. Скоро цела ноќ со плачки и неспиење, еве втора ноќ по ред, ама ноќеска ми се чини беше врв, едвај заспие, ете ја за пола саат пак се буди. Таа фаза ја имавме пред месец дена еве сега пак. Тогаш никнаа две нови запчиња. Се надрвам дека пак се заби и дека не е нешто друго, денеска еве ја цел ден си игра и весела е како ништо да не било. Ама само еден час спиеше и денес, почна многу да ми крати на спиење незнам дали е нормално за оваа возраст или и таа ќе биде како мајка и која спие од што мора и смета дека тоа е губење време И тато не е некој спанко така да има на кој да е. Тоа мами, веќе сум готова, срцево ми спие, лека ноќ