Фала ви на сите за честитките, сегде убавини само. И денес убаво поминавме, само дека дедовците и бабите беа дојдени сите збесна малово, не знаеше што да направи. Заспа изморен од ко заминаа. Мене еден куп садови ме чекаат сега, се мислам да оставам за утре. @danichap се надевам подобро си сега, чувај се. Добра ноќ.
Добра ви вечер женички Еве јас конечно си легнав. Денеска ништо посебно. По дома цел ден. Сакав малце да го прошетам бебуш имаше сонце ама некако ладничко па се предомислив, си останавме дома. Кога дојде мм го бањавме, пиеше млекце и си заспа. Јас се избањав и се средив и сега конечно си легнав и ве читам. Добра ноќ од мене
Конечно ве дочитав. @kristina.k среќен роденден на лепотанот голем да расте и да ја слуша мама. @danichap дани сваќе јас додека пишам се надевам дека си оздравела. @Mari* со лесно мамичке чекаме убави вести. Ние демек на викенд до кај моите заминавме саботата и да и помогнам на сестра ми има слава благи ќе правиме,неделата цел ден синко кенкав,тт до 38 и пролив. Вечерта едвај ја поминавме шуруп,облоги,туширање и сабајлево автобусот и право дома едвај стигнавме. Се залеше на главата,плачеше од светло,тт 39,пролив....не сум жива ако не дадам дијагноза ми се заврте во глава менингитис Ајде кај матичната таа ми се чуди,крвна слика и мокраќа проверивме добри се во граници на нормала,електролити,линекс,шуруп за тт и главоболката и Лидаприм шуруп ни препишаа 3 дена да му давам ако има подобрување да го прекинам.Ако се влошела ситуација ми ја,даде крвната слика да одам на детско. Ко дојдов од раб.глувчево умаше 38 па набрзо стигна 39 му ставив чепче и после 1 саат се искака пролив бијеќи има.Незз колку ќе има ефект.Еве го заспа пред малку па да му мерам да видам дали почнала,да спаѓа 1 саат му седеше 39 ни горе ни доле. Од тт имам уплав крева 41 ко од шала. Добра ви ноќ лавици јас уште една непроспиена во низата ќе имам ама само нека е подобар. Позз се читкаме.
Добро утро. Стигнав на работа, па да ви пишам пред да правам кафе. Ко навика ми стана хаха. Вчера турска серија ми се случуваше кога оставив дете во градинка. Му текна на акумулаторот тогаш да откаже, на сред улица паркирана, без клеми без ништо во 9 кога сите или спијат или се на работа. Среќа брзо заврши драмата, налетав на таксист од мајка роден, ја запаливме, ама 40 минути дреми во кола зошто мора да е запалена. Нит пазарење нит ништо. На крај порака дека морам да се вратам на работа што поскоро, и ајде зедов дете и шпринт назад. Денес со количка ќе го носам , а викендов акумулатор да си купам Бебе пројде добро во градинка, плачеше на влегување ама тоа секогаш се случува кога ќе е надвор и треба да влезе внатре било каде. Мм вели уличар станал малиот потоа плачеше за дома влегување и така. Се напи сок и заспа. Кога дојдов од работа демек ќе шетавме ама ништо од бизнисот. Ај го избањав, дадов вечера и заспа. Сабајле кога стана одма проверувам кашлање кивање температура, пак да не закачил нешто немаше ништо, па да видиме до кога.. Кристина среќен роденден мила со мало задоцнување. Даничап држ се мајка. Мари... ти само роди , јас ќе пуштам мекици овде од твое име
Добро утро мајки Чекам 08 да дојде па да ја будам големава за во градинка и да се јавувам по доктори. Малово се исцеди од повраќање цела ноќ. Малер над малерите маж замина од 03 на работа, состанок во многу далечен град, па дел од драмите окркав сама. Толку и од мојот одмор. После второто повраќање се откажавме од менување постелнини и вреќи за спиење. На спална, помеѓу нас, пославме од подлогите за преслекување и ја легнавме тука. Среќа потоа, кога останав сама, не повраќаше големи млазеви(а и како би, ништо не остана во неа) па на неколку пати само подлоги менував. Аман. Како не спотера. Кузнее каков вирус е ова, без тт, ама се што внесе исповрати. Белким и за тоа нема са речат само од себе да чекаме да мине, дека ништо не е. Како ќе станам сега од постела и јас не знам, на две или четири нозе. А како би се стуткала и не би мрднала со саати. Белким ќе се управиме во текот на декот. Поздрав до покасно мајки.
@danichap елекѕролити пробај, лажиче по лажиче, течности. Не форсирај храна битно е да не дехидмачку побргу да оздравете @Mari* мери притисок, главоболка пред породување не се занемарува, оди на контрола побргу. Со лесно Ете како постара да испопувам млку од сабајле ама мора да се пазите
Добро утро Бебе беше многу добро ноќеска. Синоќа пиеше млеко во 10 и заспа , па дури во 6 сабајле се разбуди за млеко и пак си продолжи до 8. Се наспавме и јас и мм. Сега пијам кафе, бебе во релаксатор си игра. Почна да фаќа и сега се што е околу него сака да фати , многу е интересен. Се мислам што ручек да правам денес, најтешко ми е додека смислам што да правам, веќе се помина на ред сеа више немам идеи . А може и ништо нема да направам ако не ми текне и така кога ќе дојде мм ќе го носиме бебуш на контрола. Убав ден
Добро утро жени @kristina.k никако да стигнам од вчера мислам,Среќен роденден на дечкото,да е жив и здрав ,голем да расте и да слуша @danichap леле мајче се изнамачи,Господ нека ти дава сила ,да поминува брзо само Јас на работа се кафесувам,па и подработувам.Ќере е веќе во филм за роденденот, а имаме скоро месец и пол,кажува кои другарчиња ќе ги викнела,па тортата да и била со принцези,а сега овој месец има дури три родендени од градинка на другарчињата со кои најмногу се дружи и ја фатило роденденска треска,само пее хепи брдеј.
Добро утро! Денот со чај го започнав, ми годи на грлото! Дете во градинка, ММ самошто го испратив на работа! Вчера се префорсирав со работа низ дома, чистев фрижидер и рерната, а тоа богами ми одзема време, па средував коса која дури да ја испеглам исто ми одзема време и енергија! На крај од денот папсана, уморна, и легнав порано! Ама се изнервирав кога се подразбудив во 23:30 и гледам малата ни пижами облекла нит пак атмосфера за спиење. Значи да му се сневиди, една вечер ќе препуштам на ММ и мора да и го изремети редот! Ми вели - па не и се спие, расположена е за игра! МОрав да сповикам по нив, па ајде ја спрема и презедов јас да ја заспијам! Утрово знаете, едвај ја разудов за во градинка! Тоа мамици! Убаво ви денче!
Хелоу женски, да свратам да ве поздравам. Ја читам Дани и се мислам што е потешко, болно дете или болна мајка? Па уште со две, па и бремена... да му е срам на човек да се пожали покрај таква жена. Се надевам ќе оздравите побрзо сите. Нас некој вирус не сврте, и баби и дедовци, се живо освен детево. Два пати се накашла и толку беше. А мене ме тресе, се ме боли, само сакам да лежам под ќебе и да не станам со денови. Ама дете сака да си игра, да паркира коли, да "прави ручек", нели се тоа со мама. Затоа реков, не знам што е потешко. На запад ништо ново, некое типично есенско меланхолично расположение. Времево го мразам, а и оно мене На моменти ке ми кликне нешто во глава да се тргнеме од градов загушлив ама ќе ми помине па ќе почнам да гуглам прочистувачи за воздух... и така. Инаку ако некоја од вас има некој добар ќе ја замолам да сподели. Бидете ми здрави и силни, чувајте се и не заборавајте гушкање.
Добро утро.. Кафе на маса од 8ч ама нема раат да се пие.. Малово има скок во развој 6 месец, недела ипол е како новороденче.. На саат ипол нишам, дојам.. На раб на живци сум.. Големиов му се спие на утро и со плачки се молиме, преговараме да стане да оди чиниш спорот со името го решавам.. Најавени гости деновиве со повојница за бебево.. Реков едни кифли да зафатам и кројам план да ги почнам меѓу преспивање на малово за да печам во ефтина во 14ч..абе домаќинка леле леле.. Како идат поладни месеци коса ми се крева кога ја отворам сметката за струја... Ама тоа е.. Го обновив кредитот.. Од кога сум вработена подземам по малку.. И крај нема... Ама направивме есап со мм.. Ако сега не земеме поново количе, понатаму тешко.. Дури се помали црвциве за да можеме ратата да ја издржиме.. Фала богу, пголемите работи горе долу ни се средени а и колата што ја имавме полнолетство прослави.. Новава да не служи како незе супер ќе биде Се канам на вакцина да го носам беблаков.. Си велам ќе биде добар.. Се нешто искрснува... Оздравување побрзо Ви посакувам на болничките.. Држете се, времево е никакво.. И вируси и настинки во комбинација со "чистиов" воздух... Убиство... Среќни родендени на славениците.. Честита слава Митровден денеска, за многу години.. Господ рака да става, сите да не чува и убавини секаде да дава.. Поздрав убавици
Добро утро и од мене мајкички. Јас уште два дена на боледување па после ако дадат допуст на работа Малава во градинка, мм на работа, јас јадам колачи и после ќе се жалам дека сум се направила 100 кг Мојата вечна борба со јадењето на ќере заврши вчера со тоа што пред спиење ја најадов со зелка манџа . Цело попладне ме зафркаваше, јас исчисти овошје, дојде мм со хамбургер, па им се нафрли на компирчињата, после и направив вечера, дојде дада и со киндер јајце и лижавче, на крај се заканив дека ќе заклучам врата и никого не пуштам дома додека не се изеде ручекот. Ме збеснуваат , а не мислат лошо. Ние се заспиваме веќе во 8, летоска не фаќаше и 9-10 ама сега се стемнува порано и директ во кревет. Синоќа се закашла во сон и како да поврати, не се ни разбуди ама со мм двајцата се извадивме од памет, сабајлево пак, го испи млекото и доаѓа ми вика, мамо јас појатив одам да видам, ништо немаше ????? носето и е затнато, веројатно е од тоа, само се молам да не фати некој стомачен вирус. Убав ден девојки
Dobro utro zenski. Ova utro mi trgna basso kavgauste sabajle so maz mi neznam dali deka dobiv ciklus abe nervoza me fati pocnav kavga za rabota sto nema vrska so muabetot sto go praevme nego aj. Inaku vcera napolnivme sedum meseci I malava mi dade pricina za nasmevka, kukla mala samata pocnala da se diga od krevetot da sedi.Koga ja vidov presrekna bev. Denes neznam sto ke pravam ko sto mi trgna vajda so site po kuka ke se iskaram mi treba edno jako kafe I dase najadam ubavo pa posle ke vidam kakov e planot. Ajde so ubavo denot na site
Добро утро женски Оваа утро се разбудив со ужасна главоболка.Испив турското со надеж дека ќе помине,ама не било така.До градинка и назад,ужасно ме заболе и на гладно срце се напив едно кафетинче(само тоа се наоѓаше по дома,а обично пијам бруфен од 400)До толку знае да ме заболе глава.А и како не,времето е ужас. Додека глава се предава,ставив јадење да се крчка,спанаќ со ориз за малата,пилешко со месо за татко и.Се брзам денес дека сум втора смена,а мора и да се избајнам.Па да умирисам се живо дома,потоа на раат да си седам.Живот,брзање,надеж за подобро утре Ноќта помина со дури три разбудувања на ќерка ми.Сакала млекоА спиеше 12 саати! Се однесува како новороденче Вчера си дојде плачејки од градинка,некое дете ја тепало,па едвај се смири после 1 саат плачење.Што разбираат на 2 години,па се тепаатАма и она не е поарна,секој ден некој колега ми се жали од неа,дека претежно сите деца или се на комшии или од работата колеги.Ми велат она твојата го удрила моето.Е сеа што да правам јас де,карактер е,неможам да ја променам,јас и зборам се убаво,она оди на градинка и ми вели*сите деци тепе сега јас*Ах Боже на кој ваква се метна....Па кога тепа нека ја тепаат да види како е Денес е убав ден,мојата најдобра другарка има роденден.Нека и е среќен Другаруваме цели 25 години без ниеднаш да се разделиме.Дури и заедно работиме.Ја сакам многу. Имајте убав ден,повелете на кафе.
Добро утро! @danichap мило ми е што ти си подобро, ама кога те прочитав сега проблеми со малото,посакав да можам да ти помогнам некако. Искрено ти посакувам се најдобро и да оздравите побргу. Како беше она животот ни товари онолку проблеми колку што нашиот грб може да издржи. @kristina.k нека ви е среќен роденден со задоцнување, се редактирав само за да посакам се најубаво! Јас успав дете, деновиве со спиење сме хаос, многу малку спие а навечер кога спие се буди и плаче. Вчера преку ден само еднаш спиеше и секако и се приспа рано, за прв пат од кога е родена заспа во 20 часот. Јас веднаш на ум романтики, си реков ајде да приберам во кујна па ќе запалам свеќи, може и филмче да пуштиме, кога не поминаа ни дваесет минути ете ти ја госпоѓицата станала и си игра во креветче. Наспиена свежа не мафташе до 23 часот. Убила ме романтика Попладне ќе одиме пак на доктор, не би сакала сега да зборувам, се надевам не е ни што ама мислам дека ќе мораме и на ортопед. Веќе нема крај одењето по тие врати, наредно па јас ќе одам и се така. Ајде јас да доручкувам дури бебе не стане оти потоа кој знае дали пак ќе спие. Убав ден.
Хелоу лејдис. Еве ме и мене да шкртнам нешто пиејќи кафе. Бебе заспа. Појадував омилениот појадок од детство - лепчиња испечени на тостер, премачкани со путер и домашен мармалад од сливи и чаша млеко...мх мх...да не беа вишокот кг ќе станев ќе си доправев уште едно, две ама се префрлив на кафето Бебе периодов турбуленции ни прави, го поминува скокот на три месеци, среќа со преспивањето преку ден уште сме океј. Ама и како не би кога спие од кај 12-8:30 или 9 со милион будења за цицање. Потајно се надевам од овој скок дека ќе излеземе со цицање и ќе го фрлиме шишето и пумпата ... засега имам нерви и трпение на сите негови одбивања : )) Инаку викендите ем едвај ги чекам ем кога ќе завршат ги мразам што ми ја нарушиле неделната рутина и спокој со бебуш. Некако се форсирам да шетаме, да се видиме со роднини и пријатели и турбо од утро до мрак надвор..а бебе некако не ми сака многу луѓе иако се трудев од најмало да го учам на галама и гужва... Вака преку недела кога го тераме цел ден дома и само навечер шетнуваме или имаме гости забележувам дека повеќе му годи...Мислев ќе ги прилагодам бебе на мојот животен стил ама изгледа јас ќе треба да се прилагодам на неговиот ако не најдеме барем средина Утре го носиме на контрола на педијатар, па ако е добро потоа следи вакцина ... На мм му е месецов роденден, од сега мислам за поклон и торта... Се одјавувам додека постов не станал реферат : ))) Поздрав
Здраво од мене. Времево катастрофа, мрачно, матно, а сакав да излезиме, ми е жал на вакво време да го вадам. Се мислам за прочистувач на воздух за дома да земиме, ама не знам дали воедно и навлажнувачи се сите, кај нас е доста влажен воздухот, имавме лани доста кондензација. Исто треба и вреќичка со ногавици да му купам, најдов потенки со патент како скафандер изглед, класична вреќа нема шанси, а нонстоп е отскриен ноќе веќе немам нерви да го покривам. Па уште ова чудо да го пробаме. @danichap и кај моето исто се манифестираше стомачниот вирус без температура, прв ден повраќање константно, па нареден ден и пролив. Среќа кратко траат, многу е исцрпувачки, а и тоа со постелнините и алиштата ми е познато. И многу е пренослив нажалост. Електролити со лажичка и пробиотик му давав јас, само така му се среди мешето. На раб на дехидрирање бевме, почна и портокалово да мочка. Внимавај само на електролитите да внесува доволно, ама се надевам веќе подобро е. Поздрав до сите, имајте убав ден и фала ви за честитките уште еднаш.
@danichap и ние без температура поминавме. електролити, пробиотик, течности, супа и апла ако не повраќа и од вода тек тогаш двопек во супата. максимум 48 часа држи, потоа е подобро. со лесно.
Добар ден! Веќе пладне стана јас сеуште во круг вртам и ништо не завршив работа. Време матно и јас таква, како ќе се прекарува не знам. Пак вируси велите, аман веќе. Синоќа малото еднаш поврати ама викам ај можеби е прејадело, белки на тоа и ќе остане. Ноќеска едвај око склопив, прво не можев да заспијам, сум поспала час, два ме разбуди пронижувачка болка во стомакот, едвај станав, некое глупо чувство а ни пролив, ни повраќање ништо, само како некој со нож да ме боде. Утрово немаше болки, вирус ли, што ли е не знам, не знам дека ми е стужено по доктори да се мавам па белки ќе мине, ако не ќе мора да се оди. Побрзо оправување мајки и нема предавање.
Добар ден жени, ќе почнам од ноќта. Ја заспав малата околу 21:00, добро спиеше до 02:00, ( читај до тогаш се разбуди 2пати за цицање а во 02:00 и беше трето станување), па беше полубудна до три, склопи отвори очи, циц миц, фрц прц, видов не видов ја земав во раце ја нишкав и заспа околу 03:00. Јас до кај 04:15 не спиев. Таман заспав ете ја се открива не дава да ја покријам, се откриена да спие сака, мислам топло е во собава ама не е за откриен да спие човек, ама со неа оди разбери се, па на финта ја фаќам, заспиј ја остави ја 15минути непокриена, па ја покривам за да не стане пак. Јас целата под притисок и стрес, сабајлето требаше да полагам полигон. Го слушам алармт си свири во 06:50, цуца стана врт сук пак на цице. Станав, за среќа дојде мм ме праша дали сакам кафе да ми направи, прави му викам, главауште од сега ме боли па и под притисок сум. Слегувам долу, доручкував, кафе успат испив, се спремиви му викам земи сега една чаша вода да ми истуриш кога ќе дојде инструкторот да ме земе, демек полагањето да ми оди како вода И човекот вика ај додека го чекаш инструкторот да те земе, јас ке ти правам друштво надвор, а овој демек ми рече биди точна,и јас стварно точна пред 08:00 си чекав надвор. И стојам гледам 08:03 и викам а да не требаше јас на полигон да одам наместо он да дојде по мене, му се јавувам ми вика каде си, јас сум на полигонот те чекам, ми идеше да се убијам и ајде мм зема колата ќе ме носи и го земал свекор ми, му дал чаша вода и тргнавме. Стигнав таму, пробав, не иде работава, цела нервозна, збунета, се тресам, неееелуѓе мислиш прв пат во кола влегувам. И ајдеизлегов, со еден дечко се размуабетив, тој во Италија живеел ова она и малку се растеретив. Секогаш сакам да сум прва, за што и да се работи, овој пат непо моја вина, бев претпоследна. Ајде седнавво кола, доаѓатипот од комисија и му викам здраво, јас вторпат полагам, се надевам последен на полигон и тој ми вика ајде не се секирај ќе ти држам среќа, му викам и ќе ми треба. И си викам, збунко, смири се, диши, јас ја контролирам колата, се е во мои раце, фокусирај се, соземи се, батали се. И положив, сеа ќе се спремам за град. После частам кога ќе земам возачка. И така на работа, рандом каснев, па обврски ме чекаа, излегувај од канцеларија, трчи по ова по она, тел звони, и сега седнав едно кафе да пијам. Незнам по колку бедоксини може да се пијат на ден, од сабајле мавнав две, дупла доза дееееееи еден магнезиум од 375. За утре набиена агенда, ќе патуваме во др град, на гости, кој знае цуцето како ќе издржи, ќе мора некако мајка и планира и шопинг Извинете на долгиот пост. Поздрав лепотици. Честитки на сите кои нешто слават.