Бевме на лекар. Дијагноза-Вироза. Црп 25.80 и нешто. Леукоцити мирни. Брисевите ќе се во понеделник готови. На гради нема ништо, грло мирно, а темпе моментално 37.5 . Заби сите отечени и горе и долу, ко минатиот пат. Инхалации и чепчиња само. Лесна храна, течности и тоа е тоа. Време мора значи. Да не не мислите, еве пак е на пола очи ама сега барем си игра. Му ладам супичка да касне малку. Даничап мило ми е што сте подобри сите.
Здраво мами! И јас да чкртнам збор два. И мене ме фати некоја монотонија, досада, не ми се оди никаде,немам волја, се надевам нема во депресија да паднам. А и мислам на сите ова на есен ни се дешава. Се е исто, право да ви кажам од понеделникот не сум излезена од дома. Ќе се мрднам, како во затвор. Но, каде побрзо, два, три дена врнеше, дома со бебе, па на големото да му посветам внимание за нашколо, па ручек, вечера и се стемнило. Аман. А и деновиве сме на ратна нога со мм. Овој пат има да ме слуша, ако сака да бидеме ок.Значи сите кавги ни се заради неговото трчање за други да помогне, а за нас време нема.Акога нему му треба некој, се не се тука сите, дури и најблиските. Се надевам ќе се освести. Епа се ми дојде преку глава, И мене некој пмс ме мачи изгледа, јас скоро една година ќе прави бебе а немам добиено. Бев на гинеколог се е ок, ама нерва ме мава а и стомак ми се дуе. Не ми се верува дека уште малку треба да се спремаме за прв роденден, како вчера да отидов на пораѓај. Инаку, ова ефтината струја преку ден топ, дека сум дома, тој период ручек, машини ако треба правосмукалка, олеснување за во недела да најдеш време за себе а не роб на струјата да си. И мајки, сакав да ве прашам, онака информативно што мислите за едукативни центри за деца. Се ме мава некој филм за работа, но сакам да биде она што го сакам и учев, да работам со деца. Идејата ми е, нешто како учење, помош за домашни задачи, но јас сум од мал град и незнам колку би ми успеало,па ако не ве мрзи кажете мислење . Тоа е тоа, бебе ене го се влече по земја, другиот нашколо. ручекот за бебе е при крај, денес решив за сите лесно јадење, занего компир, тиквица, брокула и жолчка, за нас пржени компири и поховани посни тиквички. Малку нездраво ама ајде, да смениме. ПА убав ден мамички!
Времево ни влијае на сите, и лани беше исто. 16 часот, а надвор стемнато. Мм во Ск од работа, јас имав работа низ град, го оставив малиот кај моите, па ручавме и еве го сега се разбуди од преспивањето. Сега ќе се занимаваме некако до вечер дома. Со помин да е кај сите дечиња со вируси, со лесно да поминуваат.
Здраво мајки! Денес подобра, освен што ми студи не се жалам, затоа се наоблеков плус топло пуштив, децата од што играат се препотија јас се згрчив и се греам во ќошот. Печам тиква и јаболки па еден убав мирис се шири низ цел стан. Чекам маж да се прибере, да пиеме чај таман и тиквата ќе биде готова. Врне истура, од градинка до дома мачиња не направи а близу ни е градинката, ама како некој до кофа да истура. Ќерката ми скрши едно стебленце од орхидеите па ми криво, полно со пупки кај и да ќе расцветаше. План за викенд нема, се надевам дека нешто ќе смислеме.
Виртуелно да ве почестам торта Денес е роденден на моето злато! Порасна дечкото, 3 години цели со денови вежба со прстите како полесно да ги покажува Убав ден на сите!
Здраво мајки! Еве ме денес нешто покасно од вообичаено, со трето кафе, локум и испружени нозе после зготвени ручеци за нас и беба, измиени тави и тенџериња и поминати 300 км низ дома во нишкање бебе Таман се фати еден ред горе-долу, марфи пак ме посети, бебе не спие повеќе од час, а што убаво сврзуваше 2 часа на едно спиење и 1 час за друго. Мала е да не спие до толку. Вчера беше само 1 час спиена и вечерта пак ме тероризираше. Од 8 почна да трие очи, ја легнав во 9, а заспа дури во 11. Ја оставив на мм и го слушам ја прашува, цитирам: Ама што е сега, еве искапена, најадена, ви раце не сакаш, да лежиш не сакаш, што ти е бе татино? Хах, му велам се чудиш за 10 минути, а јас цел ден што да правам, од што сум вака нервозна Како и да е, го истеравме скоро и овој ден, ист како сите други. Со мм лута сум, не можам да дојдам на дневен ред од неговите обврски. Па и време за релаксација наоѓа човекот, фитнес бе, село гори баба се чешла. Да си дојде и ги оставам, што сака нека прави, ќе си ја почува малку. Си ги гледам рацеве, со сите бои на овошје на нив, ко во индискине филмови. Најмногу со вишните и боровинките се запустив. И цвеклото. А од што ми се во вода постојано, салам почнаа да пукаат. Од готвење сум исечена и цела гребам со палците поготово. А кога да се средам, не можам ни крема да ставам, нон стоп ги мијам @Monella Среќен роденден на баткото, јас мислев поголеми сте @TheSecret Среќен роденден и тебе.
@BirMelek , да не се близнаци нашиве. Исто скроз прави и мојов, таман си реков готово ближиме година и фативме ред, ете ти новитети. Како навиен спие од 13 до 14и нешто, и после во 6 го фаќа дремка ама не заспива, или ќе предреме цицајќи и до 11 седи а само кенка. Тоа е, инаку досадно ќе ни е нели
Од сабајле се обидувам да пишам но никако да напишам. Синко е в соба кај баба и дедо јас малку да ве ѕирнам. Сношти поминавме супер со гостите.Мм правеше скара ама му дојде набрзина,на работа па приватно си дојде и одма се фати за скарата. Колку убаво ми дојде се немавме видено вака на рајат едно 5-6месеци. Но,стариве како ме нервира а дојди некој како лепак да имаат на столот а инаку само излезени се.Ама што да се прави. Кај синко последно време има само некој новитети.Секој ден учи нешто ново. Почна да каса ,да штипка незнам дали е нормално имаме 14 месеци. Блузата ми ја трга,раката ми ја пика кај градите и шлапка со муцето.А не цицаше,несакаше да фати секако пробав. Еве го ми го донесоја,сега да ги направиме сите ритуали и во 9 вкревет. Среќни родендени на тие што слават. И побрзо оздравување на болните. Имајте убава и мирна вечер.
@Monella среќен роденден на дечкото, здрав весел умен. @TheSecret среќен роденден се најубаво Добро вечер петочки релаксирано и покрај тоа што сум и утре малку на работа пак е друго чувството. Ги извадија децава сите плишани играчки на сред дневна и збеснаа ама убаво се изнаиграа. Да ја заспијам малава синко ќе спие со татко му малку да се раширам на спална.
Нема врска. Јас со двете добив одма на 40 дена од породувањето, имав нормален циклус и ги доев по 17 месеци.
Добро вечер друштво! Петочка вечерна треска? Само што заспав дете и чекам чај мм да направи нешто ми е лошо. Веќе една недела навечер сменивме начин на заспивање, па одиме на спална во целосна темница и ќутам го чекм да заспие. Ама точно 1ч му тррба да заспие, до мене, над мене, врз мене, секако! За на крај да легне и да заспие веднаш. Штета што вака преку ден не можам да го успивам. Се друго е едно те исто, нр фаќа досада дома а детево особено, не знае што со себе па за се нешто плаче. Добра ноќ од мене, да не должам многу оти се расприкажав
@Monella најсреќен да му е роденденот на зетко мој голем да расте и паметен да биде @TheSecret Гооолема да растиш Секако пишав па ајде уште еднаш да ве поздравам Ние вечерва тешко дека рано ке заспиеме не е ни близу до уморна ми прави салто уште на кревет па пее еј еј оу ае (rain rain go away) Колку и да е напорна неможам да и се лутам
@Monella среќен роденден здрав среќен успешен @TheSecret среќен роденден сите желби реалност Го заспав малото и лежам до него,нешто се штрека во сон мрда и силно вика од време на време.а големово слуша песнички кое чудо до сега боботеше со 300 на саат.ги бањав и 2 та. Цел ден ме боли стомак половина бубрези јајници и на пола саат во вц,сум се измрзнала 100%. Добра ноќ...
Добро вечер женички Ништо ново нема од преска. Бебуш заспа јас се испокарав со мм и си легнав. Претерува секој ден осѕанува на работа до 10 вечер. Јас сама цело време со бебе раце ми паднаа, половина ме боли. И сеа ми кажува дека и утре ке идел . Мн сум му лута. Добра ноќ