Добра вечер од мене. Дур ја заспивам беба да шкртнам два-три збора овде и да си легнам. Маже се загледа некој филм, ќе му ја киднам побрзо вкревет,се надевам нема да дојде по мене одма ептен сум уморна вечерва Денов тапа, цел ден дома го преседавме, Така да немам ништо посебно да кажам. Темава ми стана омилена, и како некој ритуал во денот да пишам морам Бебе има нов збор "бау" што и да направи за неа е бау @Monella среќен да му е роденденот на баткото, радосен да е цел живот. @TheSecret среќен роденден, уште долго да славиш. Беба заспа. Отидов да легнам. Добра ноќ
@Monella среќен роденден на синчето, да ве радува цел живот. @TheSecret среќен роденден и тебе, се што имаш посакано да се оствари. Синко заспа, јас уште мм го чекам, по пат се. Мразам кога си тргнуваат касно, да го мислам дури не стигнат. Планирам чај да си правам и барам некое филмче, ама не ми се станува некако. Лека ноќ на сите, мирно да спиете.
Добра не е баш сега само што седнав пеглав алиштата на малиот добра не е вечерва бев на пазарење малиот со мажот ми на враќање ми излезе некое животно немам време за кочење на лево свртив па на десно од двај го задржав воланот брзо не возев само еден господ знае како не се превртев толку многу се прплашив што солзи ми дојдоа и само што си дојдов дома гости . И така ми заврши денов да пуштам машина и си легнувам
Да пишам и за добра ноќ некогаш а? Бебе само што заспа, исто како и повеќето овде. Се превртува, се качува на спална, паѓа, се качува на мене...Па ќе и текне плаче не застанува и се така додека не заспие конечно. Барем да спиеше по цела ноќ, друго ќе беше. Вака без 3-4 будења не сме, со нишкање простум Понекогаш толку ми е мака што заспивам пд простум и се штрекнувам после да не паднам да ја повредам неа. Оф бе кога ќе се наспиеме и ние ко луѓе... Еве ја сега ја гледам спие и сакам да си ја земам до мене да се гушкаме, ама тоа само во мислите, досега не сум ја зела на спална ноќе, нема шанси. Еднаш денски пробав и не сакаше А маза е, учи да се гали и гушка. Деновиве нова мода е силно врескање и мавање со раце ако нешто не и дадеш, ако и земеш или ако ја тргнеш од таму каде што сака да стои И за да биде комплетен хаосот, најчесто омилено место каде сака да стои е пред тв, па оди тргни ја ако сакаш да погледаш да те видам Ќе биде гоооолем лутач отсега се знае. Нема шетање по продавници со неа @supergirlmb По опишаново близнаци ќе да се еднојајчани и тоа. И мојава на поручек ретко преспива, а капната е за спиење, па додека заспие исто обично ококу 11 само кенка... Ај да одам да спијам, да не се жалам повеќе, ви оставам малку простор и вас Добра ноќ!
Хелоу мами! И јас му се налутив на мм. Вети ќе ме чека буден кога ќе се вратам, ама еве пак заспал. А имав нешто испланирано. Цела недела се немаме видено, само по телефон што се слушаме. Дури и пред синко заспал и не го покрил, и така е настинат, уште ова му фалеше. Како му светнав една кога видов, ама не бре, не се ни помрдна, топ! Па и од банка денес ме изнервираа, таман зедов плата, ми истекол рокот за минусот и ми ја повлекле цела плата. Секогаш автоматски ми го продолжуваат, сега требало да однесам документи. Додека ми ги средат во фирма цела недела ќе помине. Врснициве изгледа сите исто прават. И ние по цел час се успиваме, преку ден, навечер, исто е. Се тркала по цела спална, се качува врз мене, па се симнува, само гледа да дофати нешто од ноќната масичка, пред некој ден ја дофати чашата со вода и лом не направи и мене и него и перници, чаршави... @Monella нека му е среќен роденденот на синко, да е жив и здрав и само радости да ви носи! @TheSecret среќен роденден, жива, здрава и среќна!
Добро утро мајки Прво среќен роденден на сите вчера што славевте. Ние помирно поминавме синоќа. температура качи тек утрово ама 37.5 фала богу не е страшно. па презаспа сега. уморен е сеуште. јас одлучив да не го пуштам во градинка наредни 3 месеци. не дека се откажувам ама не можам периодов повеќе. два дена градинка две недели дома. кој пат е ова? четврт? немам сили психички попуштив. здравје, после празници, после ладно, а може и пролет ќе фати. тогаш ќе го носам. треба да тркнам да ги репетирам резервите со храна, ама да видам прво како ќе е денес. во меѓувреме дури пишувам стана, одам да го помолам да касне малку. убав ден мајки.
Добро утро Бебе се успа па и јас со него, сега станавме. Кафенце си пијам а бебуш си седи во релаксатор и се прави важен јас му зборам он не ме рецка. Ние си седиме во соба свеки го читри станот. Некако поубаво ми е кога сме си самички од сабајле (лоша сум знам ). Мм иако не требаше отиде на работа и уште сум му лута. Поручек договорени бевме да одиме кај една другарка моја на гости ама да видиме дали ќе се врати до тогаш. И така женички други планови немаме за денес. Имајте убав ден
@mariz да не одам оф топик по темине, пиши како сте, како е малата, бато дали се радува? срцка е, многу е убава, буцлеста..
Супер е сега за сега, ептен е радосен и умен Дада е умна како него, цица и спие само.. не сме ја слушнале да плаче гласно, освен вчера на вакцина Дали убаво го спремив, ама сега за сега за ништо не се буни.. дури мислев ке бара пак цуцла и пелени, но не бара. За цицањето, му зборев и за тоа и не му беше чудно. Кога ке заплаче бебево одма вика дај му мама млеко на бебето па беше на гости и рекол: бебето млеко пие од мама, јас несакам и гзрозена фаца имал Малку почнуваат грчеви, се витка.. ама ке се справиме и со нив. И јас сум доста добро.. раната ич не ме боли, малку само сега ме чешка што е и нормално, заздравува... Само еден апетит 0, има скакулец да станам, со сила само јадам за млеко да имам... а пијам и витаминчиња, б-комплекс... Толку од постот, станаа и двајцата во исто време Поздрав мајки
јас кога излегов од болница после три дена почнав да јадам, а таму немав проблем. после си пројадов и дома. Чешка дека заздравува. и тоа ќе помине. инаку баш ми е мило што лесно ја прифатил беба, срце умно.
Добро утро мајки Ви немам пишано 2 месеци но секогаш ве читав немам ништо испуштено. Дури пијам кафе да напишам и јас нешто да не не заборавите. Бебе си се ниша во Релаксатор јас седам, сабајле ми дојде циклусот и сум омалаксана многу. Сабајлево поспијав до 10 и 30 за прв пат. Бебе стана порано му дадов јадење цуцлата В уста и јас сум заспала. Па станавме пак го наранив пресоблеков. Насабајле ми е нај мирен. Викенд е ама ние дома ќе си седиме, маж вечно на работа, понекогаш ми се здосадува му викам да намали малку не мора секој ден да останува прекувремено ама тој не пари требале. Оваа недела претера секоја вечер си идеше во 9. Јади се тушира уморен е и си легнува. Има некој страв во него да не случајно останиме без пари, бидејќи имавме таков случај минатата година ова време, ама не верувам да се повтори тоа нешто не дај боже. Ми вели моите мене ништо не ми обезбедија јас сакам на детето наше да му обезбедам да има нешто а не да се мачи како мене. До некаде и во право е. Заедно работеа со татко му а пари не му даваше ама минато е тоа зад нас е. Бебево ми направи 3 месеци секој ден е се по интересен многу сака да му зборувам да му пеам песнички а мене мислам грлово ме боли од пеење ама бебе си ужива и се смешка. Кога ве читам за нишање за заспивање се плашам дури дека и тоа ќе морам да го правам по натаму сега од како е роден ниту еднаш не сум го нишалка во раце за да заспија. Иди 9 часот почнувам да го спремам за спиење го ранам и го легнувам си заспива сам. Среќа на ноќе ми спија мирно само 1 се буди некогаш и 2 пати за јадење и одма продолжува со спиење. Мирно бебе ми е. Денес ручек не правам имам од вчера па така ќе си седам цел ден со бебе ќе си одмараме и топлиме дома. Надвор има снег немаме излезено 3-4 дена. Страв ми е да не настини па да неможе вакцината да ја прими, редовно проветруваме дома. И среќа што имам дома готов леб за печење и брашно и квасец инаку и без јадење ќе останам, мм кога си иди се е затворено. На пазарење незнам од кога не сме биле па кога одиме секогаш купувам се дупло да имам залихи. Се распишав Туку уште нешто ај ве молам кажете ми лек за несоница секоја вечер не можам да заспијам до 12 - 1. Ама ноќеска беше рекорд 3 часот беше а јас уште будна незнам зошто вака ми се случува, си легнувам кај 10 часот и затворам очи да спијам неможам сон не ми иди па земам тел гледам нешто на интернет па пак се обидувам да заспијам и се така до кизнај кое време... И по 1 сат мижам со очите ама сон не иди. Насабајле одвај станувам ми се спија премногу. Подочњаци имам прв пат во животов големи се џабе и шминка и се се познаваат од далеку а да заспивам и јас со бебе околу 10 ќе бидам супер наспана ама не. @Monella среќен роденден на лепотанот здрав и жив да биде @TheSecret среќен роденден мајка жива и здрава Имајте убав викенд најхрабри најубави мајки
Додека да пишам добар ден станало. Синко заспа, па и тато со него. Туку сончевиве зраци што се појавија надвор ме радуваат. Ќе може малку да се прошета денес. Синко секој ден е нова приказна. Еден ден преспива, еден не. Еден ден бакче, наредниот плачко. И така забавно ни е по дпмс, зошто не знаеме што нњ очекува. Друго и да сакам да се пофалам, немам. Седењво дома се надевам нема да ме затупави. @Monella среќен роденден на малиот со задоцнување @TheSecret и на тебе срњќњн роденден. @mariz буби ја лепотицата и умниот батко од една форумска тетка. Ме разнежни сликата што ја имаше постирано од болница. И јас би сакала здравје боже таква сликичка за година/две откако ќе помине се. Штом пројде планирам одма да одам да си земам од замрзнатите и по можност њдна ќеркичка. Па и близначиња може, само да не ме чуе мм, зошто он уплав има Имајте убав ден мамички
Здраво мајки! Еве ме стандард со второ кафе, но со разбудено дете. Не спие Само се дофаќа за нешто и се исправа и си шетка околу маси и комоди. Многу се плашам од паѓање и повреди Ама во дел од секунда бега, не знам како да ја додржам. Сношти ич не спиеше, денес е неподнослива од утрово. Не знам и не можам крај да и фатам Инаку, понекогаш лутината од рајО е излезена. Вчера ви кажав дека му се налутив на мм, па фино лепо цела ноќ тој шеткаше и презаспиваше дете Утрово го прашувам што сака за ручек и ми вели денес ќе те извадам на ручек, моите ќе ја чуваат беба. Ете така Ама нема идеално - пак на работа отиде, иако е сабота. Како ќе се доседи со бебе не знам, ужасна е луѓе. Мајка не е тука, отиде во село кај баба ми ќе средуваат прасенце, па утре ручекот се знае Така ќе си седам и ќе си сварам бокал кафе, спиење и одмор нема @orhideea Лек за несоница еден е универзален. Штом бебето ти е мирно и спие, ти поредовно консумирај си од "лекот " со мажето. Ќе си спиеш како мече после И глава не боли. Ај да одам млеко да давам на ѕверкава, 5 мин. дури го пие да одмори од брбљање
Хелло Испружив нозе, пијам кафе Дете со мм сабајлечки ги испратив кај мајка ми но дур искочи од дома глава ме фркна. Денес се чисти генералка дома, па за беља се почна од нејзината соба. Леле кога виде завесата дека се вади, па тепихот го извадија збесна дете. Нејзини биле Едвај ја смирив и и објаснив дека откако ќе ги исперам пак ќе и ги ставам. Машини фрчат од сабајле, ако денес не се расипе арно ќе биде После сме на гости кај еден мој другар. Па детево се радува, има куче он и ќе си поиграат Да живеев во куќа ќе си земев и маче и куче и малава сака ептен а и јас.. Ама пустото јас куќа не сакам а мм па да му речам уште одма ќе се сели Тоа е мајки. Убав викенд на сите. @Mari* баш јас те помислив да не си породена Знам дека те напнуваме, јас се нервирав мн кога ме прашуваа ајде уште ли не се породи. Као божем со сила ја држев внатре
@BirMelek И тоа не помага Ќе пробам вечер да пијам чај од камилица може ќе помогне малку. Бебе спија јас си седам пред ТВ и си јадам благо
Здраво мајки. Се борам како со мечка за заспивање му се спие ама не се предава до последно.Само преку ден,а навечер одма заспива со шишето во уста. Да го засијам па ќе спремам за кај мајка на гости ќе одиме со спиење на еден ден и толку доволно ми е. Му се јавувам на брат ми да му кажам дека ќе одиме и му викам што правиш замина да работиш и ми вели: "Ми излезе мал проблем папагалот летна" Му го чистел кафезот и папагалот му застанал на рамо овој не го видел и си излегол во двор. Многу ми е тешко подарок ми беше од мм за 20 тиот роденден.Го чувавме многу добро 5 години.Знаеше да зборува,почнав да го учам и да вика по синко,многу ми е тешко... Толку за сега од мене. Имајте убав викед со вашите сакани