Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.292
    Пол:
    Женски
    Добар ден конечно време најдов да ви пишам.
    Добро сме колку да не не мислите синко е пак настинат благодарение на неосетни гости кои што дојдоа да ни го донесат вирусот дома. Но тоа е минатата недела бевме на шетање до Скопјето, нарачавме нова лежај спална и плакар со лизгачки врати кај и да е треба да ни ги донесат. Друго нема жива не наспана сум и така поздрав.
     
    На BirMelek, Belabelinakinder, girl-miri и 14 други им се допаѓа ова.
  2. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ме нема и јас не знам колку долго.
    Битно ве читам.
    Периодов убави работи, неочекувани парички, па и зимување уплатив. Купив конечно електрично биро за работа, дома мајсторите средиле, а после нив и мм, па кога се вратив делумно нов стан најдов. Сменив фризура, а и гардероба. Ми се чини само мм не го сменав (шала).
    Малата премногу беснее, се мислам пак да оди во градинка да ја стават малку во колосек. Утре ја оставам со татко и до петок, нека се чуваат, јас имам обврски со едни сертификати.
    Кафе ќе пијам второ за денес.

    Поздрав.
     
    На M&M, Mayyya, BirMelek и 30 други им се допаѓа ова.
  3. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    22.068
    @elcezelce Криво ми е затоа што многу убаво си пиеше од шишенце млеко а и не ми се ни одби си цицаше исто така.
    Не е задолжително ама е олеснително и те како . Сега на пример не можам да го оставам на мајка ми или на свекрва ми и да завршам некоја работа надвор од дома, или едноставно да излеземе некаде.А и по едноставно е.Затоа сакам да бидам упорна секој ден па се надевам за брзо ќе прифати.
    Е сега незнам цуцлата со колку капки треба да е , имавме со една и со две може сега веќе треба со повеќе да е.

    Туку породилно уште немат пуштено :^)
     
    На 24.07, Mari*, Seline и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Надежна

    Надежна Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2016
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене со 3 то кафе(facepalm) госпоѓицава е станата од 5.30 и тек сега ја заспав а бре ова спирњево хорор ни е, марфи ептен ме посети мене периодов,значи си го редуцира спиењето на два пати дневно по пола саат, спиеше таа по пила саат ама 4 пати а сега два пати исто по пола саат, вчера во 23.00 заспа во 5.00 будна и спремна за игра а бре лудилооо, кај мене ништо ниво се вратив од кај мајка во реалноста која и не е баш најубава за мене, безпарица, кавги со мм и свеки и ред други глупости ама да не ве замарам со тоа, оваа госпоѓицава веќе втора недела кашла и носот затнат и само си ја одложуваме вакцината што е на 6 а ние веќе сме 9 месеци (facepalm)(facepalm):x чекам да оздрави саглам па да ја ставиме ама ова чекањево е во недоглед носот никако не пушта.Толју од мене кралици ве поздравувам а на @danichap eden kup :hug::hug::hug: за устрајноста, силата, вољата и енергијата што ги има.
     
    На Mayyya, BirMelek, Ano и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Добар ден лепотици, некоако ако не пишам, како мисла ми е од кога не сум пишала ништо. Уствари на моменти форумов го чувствувам како најблиска другарка на кој и се искажувам секогаш, а таа ( вие) секогаш ме слуша.
    Некако денес сум и радосна без причина ама и ме гризе некој црв. Радосна сум заради госпоѓицата моја, неизмерно ме прави среќна со секој нејзин потег, а јас се доживувам некогаш како лоша мајка, знам да и подвикнам, ова највеќе навечер кога се буди, а јас од напорниот ден сум капната за сон. Се каам после тоа, но назад нема.
    Вчера имавме гости, дојде едно врсниче на ќерка ми, леле колку само беше среќна, сите играчки му ги однесе, го гушка го бацува а ова само ја гледаше додека се опушти, после како да подзаиграа но ова другово малку скржавко, ако нешто пипнеше цуца моја ова вришти пишти на цел глас. Кога си отидоа во собата како воз да поминал на сите страни играчки, грисини, чоколадо, хартии.... Средив се набрзина, усисав, проветрив, наместив креветот за спиење ија заспав цуца доцна, во 22:45. Луѓе ако ништо друго поспав, спиеше детето греота е д се жалам. Почнувам да се запрашувам дали можеби јас рано ја заспивам околу 21 маџ 21:30????


    Не сум добила сеуште,ми доцни 3 дена, бремена не сум, ама во дилема сум да не нешто ми е???? Мозокот 100ка ми работи.... мајка.... Ако не добијам до среда, во среда поручек на гинеколог ќ одам. Оф леле раат да не си.


    Поора која пиша дека живее во Австрија, со сликце поглед накај Алпите, ја сакам комшика да сум и хахахах.



    Туку дајте некој рецепт за торта, на мм утре му е роденден, греота е без торта да помине, треба цуца да му пее ЕПИ ЕПИ!
    Позззз морам да работам.
     
    На Mayyya, BirMelek, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.164
    Пол:
    Женски
    Уморна била, затоа спиела. И мојов така, врсници се, на ист ден родени. Инаку не ја заспиваш рано, таман работа. Дете треба да спие ноќе, а не да биде будно до полноќ. Инцидентно да се случи да биде будно, во ред, ама не секоја вечер. Прво може да ти спие убаво, а после ќе и се наруши редот и ќе биде поуморна бидејќи најважното спиење е баш до полноќ.

    @V.odolija во ред, ако мислиш дека така е полесно. Само ти кажувам дека и без шише се може.
    Моиве не сакаа, а сум ги оставала да ми ги чуваат, немало проблеми.
     
    На victoria, M&M, Saraa и 12 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво од мене!
    Денот си го почнавме супер, со оној убав ритуал - тато вари кафе, па гушка дете, па гушка мама, не буди, па облекување... Тој појде на работа, јас и малата дома останавме оти сакам да и појачам имунитет на малата оти минатата недела вирусче имаше! Па од сабајле, смуди, мед, салатче... Каснува дете, ама не е исто како претходно, очигледно дека апетитот и е намален! Се надевам за брзо ќе се врати во нормала!
    Спие од 13 часот, заспав и јас со нејзе па станав порано за ручекот да си го доправам, поточно запршката на гравот! ММ се враќа па јас одам на работа!
    За вечер најавено гости со дечки, иако предупредив дека сме со вирус во фаза на одминување, сепак велат не е страшно ќе дојдеме! Искрено се изненадив, помали им се децата од моето ама не им е проблем! Јас своето го направив, им кажав кога се најавија да дојдат сега другото си е нивна работа па како сакат!
    Друго немам што да кажам! Тоа е! Убав ви ден!
     
    На victoria, Mayyya, orhideea и 19 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Бугарскиот пасош на мајка ми е во тек, не се знае колку ќе трае. До тогаш како турист смее два пати по 3 месеци.
    Она е во просвета, па смее еднаш годишно дазеде 3 месеци неплатен одмор. За годинава и е искористен тој одмор.
    За наредната година, мораме да калкулираме. Ако го зеде Јануар, фебруар, март, баш кога бебушка ќе стаса ќе треба да си замине.
    Па решивме да го зеде март, април, мај. Да дојде кратко пред породување и да биде тука клучните месеци кога ќе бидам со мало бебе.
    Жената е неколку години пред пензија, и да дава отказ, без бугарски пасош пак нема да може тука да седи. Не можам да го барам тоа од неа, пола година да седи сама, во четири ѕида, да чека да минат месеците за да смее да ме посети. Големата има проблеми со здравјето и и потребна редовна терапија со која започнуваме од среда. Плус клучен престој во болница за разни испитувања во Јануар. Значи не можам ни јас да заминам на поседок кај мајка.
    Додека не се изгради куќата немам услови за Аупер бидејќи немам доволно простор и за три деца и за туѓ човек. Ај мајка му ќе спие со едно или две деца во соба овој измеѓу период додека се изгради, ама за бејбиситер немам услови сеуште.
    Морам да издржам некако.

    Нареднава година ќе биде тешко, претешко...но тоа е. Само здравје да не крепи, за друго ќе се снајдеме.
    Имам разбрана свекрва, секогаш споделувам кога притрчува на помош. Благодарна сум и до бескрај. Со нивни атер и бременост терам а имам и хармонија во бракот и задоволни деца.
    Не сме идеални, ама не нис е бара тоа. Важно е да сме луѓе и да сме арзбрани, да постигнуваме компромиси и да сме спремни на отстапки за доброто на децата. А тоа го правиме и повеќе од добро.
    Како викаат:
    Со човек секако бива, со нечовек никако.

    Дете дојде од градинка. Стандард ништо не ручала таму, плус продолжила со нејзината бунтовничка фаза и фрлање предмети. И се пожалиле на свекрва ми. Што му стана на детево кузнее.
    Они отидоа да шетаат, да се доистрча, а јас и малово се повлековме во спална. Почнав и тт да качувам. Само децава да не ги префати(facepalm).
     
    На victoria, JuLleE, M&M и 32 други им се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Ја уште бремена :whew:

    Секој ден се потешко ми е ама ке се издржи
    Како и да е уште една недела до термин имам :$

    Дете заспа на пладне и сега незнае што да прави од досада
    Досадно е многу дома,јас едвај издржувам а не пак таа
    Чекам да ми дојде една пријателка со кутрето па ке си играат малку :inlove:
    Во меѓувреме ке излезиме во дворот да се истрча

    Маже уште утре работи, среда и четврток е наш :angel:
    Полесно е многу кога е дома (колата де ) па нон стоп излезени сме и момава не е толку напорна така
    Мислам на страна циркузите кои ни ги приредува по маркети сепак подобро него ли цел ден дома :D

    Ново ништо овде,да излезиме дури не се стемнило

    @orhideea посвој ме женче :D ем нема да си сама во планините а и ке си готвиме заедно :$
    Преубаво место :hug:

    Убав ден женчиња :*
     
    На victoria, M&M, green.eyes и 25 други им се допаѓа ова.
  10. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.451
    Значи толку убаво ми почна денов што мислев дека нема никој да ми го поремети, ама затоа ја имам најкреативната свеки за расипување на ден :@. Синко умен си стана во 10 саат,цицаше и се гушкавме и мазевме до 11 во кревет. Станавме, му правев фотосесија, тоа насмеано, јас уште повеќе. После на сцена настапи свеки, се качи и почна да ме дави со глупи муабети, станав појдов да пружам алишта, слушам дете плаче. Таа го оставила во релаксатор не врзано и си игра игри на трлефон, замислите, детебо како што мрдало цело до доле спуштено пред паѓање. Го зедов тоа цело смрди на цигари од тоа што предходно во раце го чувала, ај ми рече одам да направам ручек и пред да оди му ги извади рачињата од уста на детево (а периодов цело време му се во уста) му ги изгушка и рачињата и прстињата и му ги пушти, а тоа секако одма во уста ги пикна. Со добро му реков те молам не му ги гушкај рацето во уста ги става греота е, таа направи фаца се налути и замина. Што мислите крива сум што и реков? Таа цело време е со цигарите во раце и не ги мие рацето кога се качува, дека ние дома не пушиме, одма се осеќа дека мириса. Синко сега заспа, па морав некому да се пожалам.
    Поздрав мајки кралици
     
    На victoria, M&M, Mayyya и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    @danichap , побрзо да оздравиш, одмарај повеќе и собирај сили за лепотиците!
    @zuto , добро би ми дошла една форумска комшивка, барем докажано е дека си имаме заеднички теми за разговор...а у ствари во која населба е станот?

    Ај да почнам и јас да се жалам, маките да си ги искажам! Викендов хаос ми излезе! Само што отидов кај мајка, до вечерта Магде ми качи 39 тт, и цел викенд поминавме со топломерот под рака, дете нервозно, нон-стоп плаче, никако да ја смирам. Плус тоа и мене ме фати некое гушење, главоболка, трчав по лекари излезе дека е поголема иритација на желудникот, ми дадоа терапија и сега чекам подобро да ми биде ама тешко некако, постојано како да имам голтнато балон со воздух, не можам да се издишам!
    Синоќа се вративме во Скопјево и си ја донесовме и свеки со нас да се чуваат. Детево цела ноќ ја преплака, прв пат во 5:20 заспа...волку плачење првпат ни се дешава!
    После работа ќе ја носам на лекар да видиме што е работава.
    Инаку да се пожалам од два небитни но за мене битни моменти со свеки и свекор! Во петокот големата ќерка ја имаше во прилог на Топ тема нешто околу нивниот проект од школо за борба против насилство и дискриминација во училиштата, па и реков јави се на бабите нека те гледаат во 7 и 15. И се јави во 6 на свеки и и кажа да ја гледа но женава имала мушмули за миење и и се јави назад на ќерка ми во 8 дека не ја гледала оти се заборавила во кујна ...мушмулите побитни од внуката излегоа, нејсе ништо битно но девојчево ептен ми се разочара!
    Во неделата навечер тргнавме накај Скопје и по пат и свеки застанавме да ја земеме, да не вртиме низ уличките беа договорени со мм да излезе на главната улица а свекор ми излезе да ја испрати, човеков само ги подаде ствариве на мм, нит ѕирна во кола нит се заврте внуките да ги види, а знае дека болно е детето...абе како срце го држеше да ги одмине, нит да праша како се нит да ги погледне! Ам то ти е, после снаите биле лоши во фамилија...
     
    На victoria, M&M, Saraa и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Дека видов запршка на грав пиша. Дали давате на деца дека е запржен? Малиот кај баба му јаде вчера компир манџа со телешко ама запржена била. Јас сеуште не му давам, ама се изнајаде дете а баш овој период ми протестира со јадење скоро цел месец се молиме само не не не ми вика. А кај баба му сам сркаше. Па се замислив што правам погрешно, како да му доловам нешто слично, а да не е запржено.
    Да не сум офф, дете се успа му се погоди времето за спиење. Мм го чекам да се врати од работа па да се спремаме за на роденден кај другарчето. Јас испружена одмарам и дремка ме фати. Друго нема ништо. Секојдневие, шеткање по малку и тоа. Ретко пишувам, ама затоа редовно ве читам.
    Убав ден мајки.
     
    На Skorpija989, Ano, augustd и 8 други им се допаѓа ова.
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Ставај доматен сос во манџите :)
     
    На stilas7 и Верче4 им се допаѓа ова.
  14. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Направив домашен без ништо само варен, баш ќе пробам морам да сменам нешто :)
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @barby во право си, ко беше бебе кај нас мм на неговите отворено им кажа, после палење цигара прво раце да мијат, па после кај бебе. Ама јас не им имав ништо спомнато, а него не можат да му се лутат. Од друга страна па јас не оставам никој да го бакнува поради лицето и почитуваат и не се лутат (освен тетки, баби што не разбираат и после цела недела не можам во ред егземите да ги ставам од кармини и бакнувања без осет).
    @danichap кај те наоѓаат вирусите аман, со лесно да поминува и да не префатат малите. :hug:

    Ние сме сами денес, па не стигнувам многу да пишам, се научи ми го зема телефонот и го фрла ако ме види со него во рака. Мајка ми вика си знае детето, треба да намалиш. :D
    Поздрав мајки. :hug:
     
    На M&M, Monella, BirMelek и 12 други им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    @Верче4 Класична запршка на крајот од подготовката на ручекот (брашно, црвен пипер и масло) правам само на гравот! До пред година го јадеше бел грав без запршка, ама веќе е поголемка и сака како нас исто, па и давам! Инаку во другите манџи бојата ја добивам со морковот, доматен сос или додадено црвен пипер, ама не класична запршка! Ми ги јаде такви, а кај бабите секогаш јаде со запршка оти они на сите манаџи ја додаваат на крај!
     
    На orhideea, Надежна, Skorpija989 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И јас не правам запршка, на почеток малку ги динстам/пропржувам компирот, морковот, малку кромид и се што ќе ставам друго со доматен сос домашен и зачини, па додавам по малку вода, а на крај пасирам од компирите за густина. Јас не јадам манџи, ама мм ги бендисува и такви, а малото како ќе се погоди, некогаш сака, некогаш уста не отвара.

    Мм си дојде неочекувано порано, па го избања малово, негова должност е, многу е немирен и не ми излегува мене по цел саат.
    Седнав да одморам јас, па ќе вечераме заедно.
    Не знам дали вашите дечиња ја гледаат baby shark, ние со цела кореографија ја играме, многу ми е смешен. :D Многу сака музика од мало, игра по такт, си има омилени песни, од странските уште деспасито му е нај за играње. :lol: Го зголеми и фондот на англиски зборови од песничките на youtube.:^)

    Сакав да ве прашам дали на две години сте биле на контролен преглед во диспанзер, ми испратија покана, не знам за што е?
     
    На Lolipop23, ma4e1311, Mayyya и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички

    Малата денес кај моите преседе,да ми се исплати земениот слободен ден од работа за чистење по дома на раат.

    Денес со мм бевме и до градинка да поднесеме барање за прием.
     
    На ma4e1311, azelea, orhideea и 4 други им се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Бебуш конечно заспа.Сега исповрати шлајм се лом направи прекривачи кревет тепих ламинат упм се нека фати,но барем му олесна на синко.Набрзина го исчистив креветот,но бебуш да го преместам во креветче и да ги отперам на рака и машина да пуштам и да исчистам под.

    Имаме закажано на педијатар во среда се надевам ќе поминиме добро до тогаш.
     
    На Lolipop23, Belabelinakinder, victoria и 7 други им се допаѓа ова.
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Биди среќна штом исповратил,се чисти...
    Ние често го крка(в)ме тој стап:|
    Да избегнеш нонстоп менување постелнина(ја знам маката вади,ставај,пери,бриши,дете се разбудило а срце му спие...)
    Чувај до креветот едно пластично,а легни го на дупли чаршаф,пешкир или слично,ако пак го исповрати само тоа да го тргнеш.
    Штом слушнеш се закашлува,биди на опрез до него,со пластичното.
    И после пиење млеко(најчесто) или друга течност,очекувај дека ќе поврати.
    Нам ни помага еурокрем,го лепи шлајмот и побрзо го исфрла.
    Не знам колкави сте,дали смее да јаде.
     
    На victoria, M&M, barby и 5 други им се допаѓа ова.