Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.136
    Допаѓања:
    40.500
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мамички.
    Јас веќе во кревет. Синко заспан, па и јас решив да си легнам.
    Инаку нема ништо ново што да се фалам. Викендот по дома го поминавме. Денес малку фативме намалено загадување па прошетавме. Синко стандар, кенкав пред да излеземе, во лифт веќе се смееше, а пред зграда кога излеговме одма запа. Чудо едно како се смирува кога ќе осети дека ќе оди надвор.
    Поздрав и убава ноќ мајки
     
    На victoria, snegulkata, girl-miri и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добро вечер и од мене
    Бебе заспа а и јас се испружив да погледам малце тв па ќе спијам. Денес малце со гости девер ми и јатрва ми беа со малото. Сабајле план ни е да го носиме на вакцина, само да не плаче многу уште сега го мислам. Тоа е за денес мајки се читаме утре.
    Добра ноќ
     
    На Lolipop23, elcezelce, Monella и 10 други им се допаѓа ова.
  3. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски

    Ете за пластично не ми текнало до сега.А за нас со мм кога ќе ни се лоши си земаме пластично/лејген.
    Мали сме еурокрем имаме 14 месеци.

    Веќе се навикнав трет пат ни е ова.Од носе ни се слева и закачуваме бронхит.
     
    На eli25 и Надежна им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Почнав сабајле да пишувам и не допишав. Денеска некако денов полн обврски. Ама конечно почна да ми се враќа онаа убава хармонична семејна идила во домот. Па и мм си го зема клавирот од кај брат му и сега ни прави атмосфера дома. Јас мора да признаам дека ми е се полесно и полесно со децава. Само уште малата да се одлепи од мене и мислам дека ќе биде супер тогаш.
    Утре на дневен план е игротека и неколку обврски околу банкии нотари.

    Гледам Орхидејa постира снежна идила, а јас сум уште под импресии од Олудениз. На фејсбук секој ден ставааѕ видеа, уште се бањаат во море. Може за таму да си ти @orhideea :)

    @Sunshine_1979 во Козле сум. Јас населбава ја обожавам и не би ја менувала за ниедна друга во Скопјево.

    Мразам да пишувам многу долги постови и затоа доста е за денеска. Добра ноќ на сите, и на тие што веќе заспале и на тие што уште се будни.
     
    Последна измена: 13 ноември 2017
    На mal.ecka, orhideea, victoria и 23 други им се допаѓа ова.
  5. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки. Ние уште се заспиваме. Ќерка ми за секунда заспа, ова малово никако. Во рака се успавме, па го легнав, па цицаше и заспа. Јас станав демек да прочитам нешто од факс, ги ископав од под кревет конечно денес книгите. Ама бебе решило да не ме остава да учам и еве го пак цица. Некако пак затнато му е носето. Утре ќе ни бидат готови резултатите од брис, да видиме дали сме ја излечиле бактеријата.

    Мене некако смачено ми од се. Ме уби монотонија. Едвај чекам да појдам на работа. Барем турбо ќе ми проаѓа денот и нема да мислам триста глупости.
    Бебе заспа, а јас не станувам пак. Учењето ќе почека. Ќе пробам да спијам, ма да овие денови имам несоница.
    Лека ноќ мајки.
     
    На Mari-Ja, Lolipop23, orhideea и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Станати сме од 6 часот, ми се спие, ми се плаче, ама бебе не вика така. И доручек бидна и се по ред, сега се чудам како да ја анимирам, моментално од сите играчки таа ја држи во раце маичката која ја соблеков оти ми стана топло.

    Сега е многу интересна, пробува да зборува, кажува по некое зборче и многу е смешна и слатка, изведува глупости, бара внимание, ама знае да биде и бунтовна ако нешто не е по нејзино.

    Инаку вчера бевме на контрола, денес на кожно, за две недели на ортопед и се така во круг. Јас исто вчера бев на лекар, го сменив стариот, си најдов наша докторка тука, поточно не е наша ама може да се разбереме подобро од колку на службениот јазик овде. Јас го зборувам јазикот ама тешко ми е некогаш да опишам болка на мајчин па камо ли на друг јазик. Сепак не сум до толку профи што би рекле младиве.

    И фина се погоди, ми рече утре јави се за резултати од крв побарај со мене да зборуваш, така и бидна, почекав на линија и кога се јави добар ден на нашки, па како си, многу убаво се осетив искрено. Е сега ординацијата во која работи не е модерна како на претходниот доктор, ама тоа и не ми е најважно и така за понатамошни испитувања те препраќа на специјалист. А ја замолив и д- димери да ми испита, што искрено стариот доктор немаше да прифати, ако им кажеш како да им земаш нешто нивно, не испитување да бараш. Инаку резултати во ред, освен триглицериди и прошлиот пат така ми беше, ама белки ќе ги средам наскоро.

    Имам и други испитувања на повидок, така да овој месец ќе си подремеме по ординации. Само да е се во ред па друго не е важно.

    Убав ден на сите.
     
    На carangigia, Mari-Ja, orhideea и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамички
    Ние денеска станати од 7. Го носевме бебуш на вакцина. Супер поминавме, малце заплака кога го боцна и толку. А не е какн 6 дена. Ја прашав докторката ми рече ништо не е страшно. Него сега и мм отиде на лекар од сабајле повраќа закачил стомачен вирус па отвори боловање една недела. Само да не не фати и нас. Тоа е тоа за сега.
    Поздрав
     
    На Lolipop23, Mari-Ja, orhideea и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене, вчера бевме со беба на матичен, вироза е во прашање и време треба да помине! Ноќеска пак до 39 качи но за среќа по мирна ноќ имавме, колку-толку одморив за новиот ден да соберам сила!
    Вчера во сето трчање успеав и на забар да отидам, ми го отвори забот, стави лек но од утрово боли па кине! После работа пак ќе отидам да видат дали е нормална реакција... страшно боли од утрово!
    И друго ништо нема ново...да се фатам на работа а на вас ви посакувам убав и здрав ден!
     
    На orhideea, victoria, snegulkata и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Добар ден мами.
    Бебе цица па јас си читам по нет. Од сабајле чистење, спална, кујна, дневна. А бебуш златен во рекаксатор на гарнитура јас со крпата пеам тој гуга вика се смее стрпливо детенце. Почна да му се цица ама само ќе ме погледне со очињата ќе подзакенка и не плаче срце јуначко :D Инаку многу е активен вика по игрчките мрда мрда ко во струја приклучен :D а ич не е плачко. Ќе видиме понатаму како ќе биде овие три месеци е така. Инаку бебуш ни е буцко со машни и образи. Јас сум растела така и голема сум се родила а сега сум 162см со 50кг, а мм е висок и крупен баш корпулентен а растел како скакулец. Кога ќе кажам на некого дека син ми е буцко на мама сите мислат дека сум саркастична и не ми веруваат :D Колку е се релативно во животот. Тоа е мами да одам да дочистам. Денес мм ќе готви значи кујната два дена нема да може да се исчисти после. Ги вади сите можни садови и ги уклучува четирите рингли :D ама ај да не се жалам почесто од мене готви.
    Поздрав.
     
    На Lolipop23, orhideea, tarantula и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    @Capricorn Taurus , јас сум родена 47 см. и 2.150 гр, а сега сум висока 183 см и со позамашна килажа (срам ми е да кажам колку покрај вас околу пеесетката :x:$)

    Ми текна да ја пофалам цуцава моја, вчера ја носевме на преглед и во лабораторија крв и брис да испитаме и момево глас не пушти! Соработуваше со сите, отвораше уста, тргаше боди за диши-диши па дури и прстето за боцкање доброволно го даде па и чао и пољупче на крај им подели :inlove:... сите воодушевени од неа, секаде ја испофалија дека била дете за пример! Сонце на мајка:sun:
    Плус тоа почна да кажува за какање и понекогаш за мочкање, леле ми порасна девојчево!
     
    На mal.ecka, Lolipop23, tincemajmunce и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Синоќа поминавме многу лошо.Дете заспа во 12 на полноќ(првпат ова и се случува)и стана во 3 со хистерично плачење,од памет не извади со мм.Па ајде станавме ја лулавме,и пеевме,не бре не застанува.И така теравме цели 2 саати додека не ми текне дека може ја боли нешто па и дадов сирупче и одман заспа.Нормално сабалје кога ја разбудив за на лекар,жива нервозна беше.Добро што ми текна и мајка ми да ја земеме со нас за друштво,ко да знаев што ме чека.
    Бевме до болница,нејзините кила се повлечени ама за моите ќе мора операција:sweat:Па го насмејав докторот дали може догодина на другиот одмор дека не сакам да останам на боледување.Ајде ми вели како сакаш така,битно да дојдеш.Па здравје Боже,февруари ке одам или март.Малата многу плачеше кога почна докторот да ме прегледува,срце мајкино не дава да ме чепкат.А мораше заедно да влеземе дека милион луѓе чекаа за преглед па да не стои надвор со мајка ми.Помина битно и тоа:)

    Како и по обичај не сакаше ништо да јаде ама и мајка ми многу ме налути.Зеде баничка со спанаќ и даде и таман малата почна да јаде она и извади бонбони на маса,за после демек да не ѓи заборави да и ги даде.
    И така ќерка ми кога збесна,не сакам баница,сакам бонбони-нормало!Кога и свикнав на мајка ми,и дете се исплаши а богами и она.Нервозна сум била.:@Е не,таман дете ке јадеше ти го пресече.И еве ја после триста плачки сеуште не сака да јаде.Од вчера наутро гладна трпи...

    Нека заспие сега,па после се надевам ќе биде гладна.
    Ќе се одморам и јас со неа.

    Имајте убав ден
     
    На orhideea, Mayyya, muchacha_a и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    @Sunshine_1979 знам мила еден куп такви примери, интересно е што луѓето те перцепираат каков што си во моментот. Првпат кога му покажав на мм слика од мене бебе ми вика кој е ова? Викам јас, да не се чудиш ако имаме вакво бебе хахаха.
    Инаку браво за твојата умна кукла :*
     
    На orhideea, muchacha_a, victoria и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Не можам да стигнам да пишам, додуша и нема ништо ново, вообичаена шема. Едвај држам очи отворени, се мислам едно кафе да си сварам, но убаво уште малку месец како не пијам, со исклучок на две нес кафиња.
    Има денови кога не знам што да пишам, два реда да сврзам не ми иде.
    Малото и тоа се инати, не сака да спие, таман ќе легне, мислам ќе заспие тоа нешто ќе смисле. Да заспиеше порано ќе си поспиев и јас, воопшто немаше да му ја мислам.
    Овие денови се умни, си играат повеќе, со мали исклучоци. Најинтересни се кога сестра му ќе седне да црта, бое и тоа зима залет, ама не може да го извади столот и секундарно се лути, таа ќе стане ќе му помогне, тоа седнува со ќеф, граба бојци и почнува да шара полно радости. И така некое време е мир додека не започне да шкртнам по нејзините цртежи, да ги фрла бојците и ајде започнуваат лутења додека да најдат друга занимација и пак се од почеток.
    Од спиењето ништо, од кафето исто така ништо, чај направив и го заборавив, еден пост, еден час..
     
    На Lolipop23, orhideea, Mayyya и 11 други им се допаѓа ова.
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Секој пост исто го почнувам -со кафе:D
    Пијам кафе и правам ручек, во брзинското спиење на беба. Жива гладна сум, а леб немам, па така компири варам, се само да не одам до продавница:D Ама, кој си има среќа си има-свекорот се јави, ќе дојдел за некој мајстор, па ете кој ќе донесе леб:nod:
    Беба сношти пак околу 3 страшно се заплака, јас нервозна, па мм ја смири. Сега херој е нели:muscle: 100 пати ќе повтори, како јас нервозна, а греота бебево|( Стварно ме исцрпува преку ден, де моли да јаде, де паткај, де успивај во раце по цел саат итн. Па згора на се вчера и кај матичен и во фзом окапав 2 саати за боледувањето да го средам. Уште еден месец и на работа:( Ми е страв дека по цел ден отсутна, да не се оддалечи од мене беба, потсвесно и сакав да е толку приврзана за мене, луди мисли тоа ти е мајка:doh:
    Ви текнува на сукњата што ја мислев? Е паа чизми си купив:D Сепак ќе дојде и сукњата на ред, за роденденот на бебуше мора да бидеме убави:makeup:
    @danichap Те читам и мене тешко ми е. А пак, тебе со 2 деца и плус бремена, не можам ни одблиску да замислам. Со лесно нека поминува, доста беше веќе:hug: Се потсетив на зимата бебе мало, јас со вирус, па таман оздравев, мастит ме нападна. 10 дена не знам како издржав, колку и да имаш помош, пак те копка нешто за бебето. Освен, ако помошта е од мајка, тогаш се осеќам послободно, сепак свекрва и златна да е, пак не сум слободна да и го оставам бебето и да спијам. Од срам не од недоверба таман работа. Но, ако не беше таа, тешко ќе се снајдев и јас.
    Каде ли е човекот со лебот? Како ќе слабееме вака бе? Како сукњи тесни ќе се носат?:tmi:
     
    На Lolipop23, orhideea, Mayyya и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.136
    Допаѓања:
    40.500
    Пол:
    Женски
    Ова со готвењево ме потсети на мм. Ама и јас не се бунам се додека има топол вкусен ручек на маса. :D па после и машина ќе нарњди ако треба.:D
    Јас сум во состојв ба леб и путер да јадам, ако ме примрзи да готвам, ама кај него тоа не поминува, па почесто готвеше. Сега да е жива и здрава мајка, не покрива поголемиот дел од времето со ручек.

    Добар ден и од мене. Денес јас како времево тмурна и успана, а и синко кенкав е нешто. Таман подзаспа, треба да му дадам терапија, што автоматски значи дека ќе се разбуди и ќе почне да вика. Срце ми се кине кога мора да му ја дадам јас, ама тоа е, мора да ја прими.
    Чудна работа, пред да го родам, кога слушав бебиња и дечиња како плачат кај доктор, срце ми се кинеше и викав дека јас мое дете нема да можам да го слушам. Ама.. сега кога сум од оваа страна и кога знам дека е за негово добро поинаку е се. Знам дека мора. Не дека не ми се кине срце, ама ќе истерам додека не прими. Да не кажувам на крв вадење до сега какво вриштење беше. Крв од прсте не можеа да му извадат од што го стиска рачето. Првиот пат едвај, а вториот пат мораше од пета да му извлечат.

    Друго паметно немам што да кажам, освен дека ми е криво што не го прошетав денес. Ама изгубив ориентација за време од што сум успана.

    Имајте убав ден мамички :*
     
    На Lolipop23, orhideea, Mayyya и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Леле женче исто скроз за готвењево. Јас сум во состојба геврек да јадам од што не сакам да готвам а он ако треба за три оброци во денот ќе ги извади тенџерињата ич не го мрзи тоа гурманот мој :D а и нас мајка ми не покрива со готвење доста. Колку пати кога читам твое мислење уште од вештачко па труднички па сега тука си викам еј исто како мене :D
    Баш ми е жал за малиот аеродромски фраер :( ајде ќе му помине ко на кутре. Јас сеуште не сум му проверувала крвна слика. Месецов ќе мора заради вакцина. Ќе видиме како ќе реагира.
     
    На orhideea, victoria, Надежна и 3 други им се допаѓа ова.
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Бебуш како и секогаш ова време ја прави втората дремка.
    Многу почна да ми кашла бувта-корни.Се мислам дали да го носам кај матичната кога ќе се разбуди или да чекам до утре имаме закажани за на педијатар.

    Сабајле беше во креветче си играше додека чистев в соба и како што си стоеше се лизна и падна си го поткаса муцето.Плачки и само плачки за инхалации за вадење мрсули за се.
    Мислам откако се разболи како да го разгаливме детево .

    Мм си дојде од работа одам да ручаме заедно гравче-тавче на рајат додека синко спие.
     
    На Lolipop23, orhideea, muchacha_a и 11 други им се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    34.222
    Пол:
    Женски
    Добар ден ние денес подобри малку по весел е синко и подкасна малку.
    Времето ни лета многу брзо од кога е мм дома но за жал ни избија премногу проблеми мислам дека на некои нема да им дојде крај но тоа е.
     
    На Sunshine_1979, orhideea, muchacha_a и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Бебе спие јас превентивно пијам чај да не ме префати од мм. До сега бебуш е супер нема никакви реакции после вакцината. Со првата поминавме добро се надевам и со оваа ке биде така.
     
    На orhideea, Надежна, kristina.k и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Кога пишувам тука се потсетувам на времето кога бев мала и се допишував со непознато другарче.
    Не знам колку од вас се имаат допишувано ама од прилика е така, без да се знаеш се допишуваш, интересно ти е и со душа чекаш да ти стигне одговор :)

    Синко уште спие, кај и да е ќе го будам.
    Навечер пред 12 тешко да легне :sweat:
    Треба да одиме на вечера кај брат ми, на внук ми му е роденден па ќе има мала прослава.

    Гледам зборите за боцкање :sweat:
    Треба оваа недела да го носам ѕверот да го боцнат, аман веќе.
    Имам пишано не плаче, од страв или од навика дека на секои 2 месеца не знам.
    Тука исклучиво од вена земаат.
    За нив не постои од прсте, прашав еднаш кога беше ептен мал зошто не од прсте? Не биле точни резултатите:o
     
    На Lolipop23, orhideea, Belabelinakinder и 14 други им се допаѓа ова.