Не знаев дека уште работи жената а ете и самата процедура со документи за подолг престој е комплицирана . Ја подурочив малава кога реков не ја фаќаат тантруми многу, деновиве само нешто вриска плаче без причина не знае што сака. Пак не трае богзнае колку долго ама напорна е, се сака по нејзино да е, го тероризира брат и максимално, затоа и се повлекува детево за да не ја исплеска, си бара спас во игрици. Преска ни вика, аман бе мамо што и е, му викам и ти беше ист синко причекај малку ќе порасне ќе и помине .
Добра вечер мајки. Бебе успано, маж пратен во пекара, мама спремна со чајот и книгата ама прво да каснам малце па ќе читам. Денес излегов порано од работа т.е. колективно не ослободија поради нарушени услови за работа до крајот на денот (снема струја и рекоа нема да дојде во наредни 3 часа) и отидов да се почестам патики а и на бебе да земам мевце. Да ви кажам право мисирка и телешко замрзнав за до сред јануар да имам, зајче и риба имам уште за 3-4 недели па и тоа ќе треба да земам со време зошто после со празницине кога ќе почне ама баш ич не ми се чека по саат време ред за месо. Тие денови 27-28ми па се до 31ви ми се шета лабавко. А не во 5 за 12 еј ова ми фали. Откако сме во брак со мм практикуваме до 20ти декември да е купено се што е потребно за вечерта за НГ ако славиме дома, а после нг репетираме само овошје, зеленчук и пијалок за Бадник, Божиќ. Пак почнав за празници така? Досадна сум знам.. Ај да свртам пак на бебе. Мислев да го носам на лекар почна да кашла од вчера баеги ама гледам нешто поднамали денес и прескокнав. Искрено не го носам по секоја цена, гледам да го поштедам. Иако ја сака матичната сепак кога ќе влеземе е плачки, па ако приметам дека има простор да не е страшно, не го носам. Утре ќе видиме како ќе е . Ако кашла сигурно ќе го носам. Еве откако заспа час и пол, нема закашлано, а највеќе го мачеше во спиење зашто се слева нели од носот.. Битно е подобар се тешам. Нека е на бактерии и вирози нека не е нешто страшно скраја да е. Го гледам 2 забчиња избиле уште 2 се на повидок кај и да е, а уште две набабрени но сеуште црвени... и после слаб имунитет од каде се чудам, ете од каде. Детево јаде за медал, од месо до брокула, спанаќ, мед, јаткасти...ама кога се заби во прашање не бира имунитетот дали јадел или не. тоа е. некој полесно некој потешко мора ова да го пројде.... Ве поздравувам мајки имајте убава и мирна ноќ, со бебиња кои ќе си предат цела вечер.
И од мене добра вечер. Тек сега седнувам да здивнам. Бебе заспа во ниедно време. Сега!!! И ќе стане за саат и пак ќе ми дежура цела вечер. Ама сеедно наспан или не тој си седи до 12-1 Секако сум пробала, најрано што сум успеала да го заспијам било 23:30.... Цели денови во раце...па и кај татко му кенка сака кај мене....побудалев... Синоќа ми заспа едвај во 1, со милион церемонии, а сабајлево биден и насмеам во 8:30. Оди па лути му се на ѕверчето кога преслатко те гледа и се смешка дека е будно!! Фала богу заспавме уште еднаш после два саати, морав и јас со него инаку немаше да издржам цел ден... И така, мм на вежбање отиде јас уживам во тивкиот дом и звуците од дождот што удира во олуците од зградава... Демек почнав од вчера и јас да вежбам ама се премислив. Страв ми е за млекото и раната од царскиот. Ќе си почекам уште месец два. Само да не се здебелам уште со ова темпо на јадење... Милион нафрлани работи. Се одјавувам
Добра вечер и од мене . Јас пак со главоболка, ова мигрена веќе ќе ме полуди. Па снемав и апчиња па сега одев до аптека ама затворена оваа кај нас до 20.30,е до другата не ми се идеше па си купив лимон и кисела вода и се напив бруфен. Мм со малата од 20 се отидени во спална дури сега заспа, а прекапана беше за сон ама читај па читај. Нешто ми е многу разбеснета периодов, дал од градинка, или промени незнам, беше поумна сега се нешто се инати, па се расправа со нас, сака да се бори
@azelea Може имаш пробано, а може и ќе ти биде од корист. Мм извесен период скоро секој ден има мигренозни болки, последица од временскиве промени. Кога се сеќава дека почнува болката веднаш пие Рапидол С во комбинација со Кафетин. Или целосно му ја снемува болката или ја ублажува. Спремни сме за спиење, ама Бред Пит и Анџелина по не знам кој пат, а ние одамна ги немавме гледано, па не залажуваат уште. Убаво беше до денес, два-три часа надвор, на воздух, а тука кај нас е чисто, свежо и пријатно за прошетки. Од утре најавуваат дождови. Лесна ноќ и мирен сон на сите.
Здраво мамици! ДенеС имавме убав ден, од сабајле игравме, пеевме, пластелин, боички, приказни!не ја однесов во градинка пак, ама сфатив дека немаше потреба и денес да седи дома! Досадно и е, па морав јас да се потрудам малку повеќе за да и биде исполнет денот! Гледаше и цртан Бамби па и се натажи душичката па си рикна да плаче! Кутрото мое емотивно детенце, едвај ја смирив! Добро е што знае што е добро а што лошо и ете покажува емоции и сочувствува, тагува и се радува спрема ситуацијата. Утре е спремна за во градинка, ја избањав сега, облековме пижамки и за десетина минути одиме во кревет! Реков убав ден, ама има еден црв во мене што ме јаде неколку денови, ете така ми го руши расположението, и не ми дава мир... Е тоа е... Ај лека ви ноќ!
Добро вечер бебуш спие мама кафе пие па ќе одам да пеглам веќе една недела се сама правам помош од никој барем синчето ми е мирно па завршувам се ручек правам само за мене зошто сум на диета а мм јаде на работа. Вечерва му сум лута дојде внуката абе луѓево осет немат или што е работава детето грофти буфта ми го пуштиле тука па уште маска и дале им реков само да настини тешко вас ќе биде јас ќе си ја акам главата овде во прилеп нема еден саглам педијатар и доктор не дај боже ќе треба да одам битола. Ама секогаш јас не чинам
Бебе во 10 заспа Со мм сфативме колку одамна не сме биле сами навечер и, се знае, одма се фрливме на работа, ретки моменти се овие Ама, ми рече и убава сум била, здебеленка Се изваде некако после, го бива за умилкување Реков ај да ве читнам, очи паѓаат, уште од сега сум изморена за утре. Не е посебен ден, обичен е, ама бебе е секој ден понапорно. Додека прооди, грбов ми падна. Ама ептен е златна, само се смее, па научила да гушка, се топам Плаче само кога треба да јаде и да спие @Belabelinakinder Јас да сум поголема кавга ќе направам, кој сака нека се лути и лоша нека ме прави. После мајката е таа што го јади стапот со болно дете. Не е крива внуката, греота детенце, криви се возрасните. Добра ноќ!
Не можам да не ве поздравам пред легнување, иако немам паметно што да кажам. Ми текна денес дека вторник чекаме именден за мм, а ништо, буквално ништо немам спремано. Лани имав помош од мајка ми и свеки голема, ама мал беше синко, годинава редно е и јас нешто да поднаправам. Ако не стигнам и ќе купам нешто. Па и генералка треба дома, в недела што побрзо. Само за убаво да е, ќе се радува малово со многу гости. Денес не преспа денски воопшто и мислев ќе легнам во 21 со него зошто рано ќе стани, ама гледам пак полноќ ќе ме фати. Добра ноќ на сите.
Добра вечер. Ќерка сега заспа пред 10мин раменициве ќе ми паднат некој ден од заспивање дете. Душа ми извади денес, поручекта ја "заспивав" саат ипол може требаше да ја оставам будна ама кога ме фати некој инает ја заспав и точка нервозна сум овој период, пмс си го прави своето. Ама па и бебево бре луѓе јас стварно не знам како може да не и се спие преку ден. Маже не зае*а, си легна пред нас. Иначе до заспивање тој ја чува секој ден Времево катастрофа, не сме мрднати од дома. Отидов да легнам. Добра ноќ
Одамна не сум пишала во темава ама нема ништо посебно за кажување.Дете пак не јаде ама па некако престанав да се нервирам што незнам дали е нормално.Денес бевме на именден добро му дојде промена надвор од дома си се изнатрчка.Инаку да се пофалам денес прв пат заспа без цицање молење нишкање си легнавме на спална си се сврте и си заспа.Искрено мислев ме зеза очекував во секој момент да се заврти накај мене и да се насмее ама гледам не реагира проверувам дете нанка.Уф да има ново сестра ми е бремена млада и мала ама нивна одлука плански створено така да ние пресреќни очекуваме бебе и свадба се надевам ќе биде девојчица па тета да се изнакупува фустанчиња.Толку од мене народе.
Да пишам и јас нешто пред легнување ,бебе заспа дури пред пола саат ,бевме на гости и заспа во кола па се разбуди и со нишање еден саат успеав да го заспиам дури во 12 .Иначе правев хроно леб вечерва не е дека ќе држиме диета ама ај решивме со маж ми поздрав демек бил лебов па да го пробаме ,утре ќе ви кажам дали ни се допадна Денес денов ништо посебно така низ дома со бебе стандард обврски како и секој ден .Денес разговаравме со маж ми и решивме малку да штедиме реално многу пари трошиме а немаме некои давачки по дома пошто живееме во заедница со неговите ,па ќе видиме дали ќе ни успее планот за штедењето . Мајки дали се чуствувате по некогаш малку затупавени од седењево дома со бебушите ,јас понекогаш да многу ми е убаво со бебушка моја ама понекогаш ми фали работата може сум луда што мислам вака ама стварно се чуствувам така на некој моменти . Толку доста беше од мене се одјавувам одам да си легнам да поспиам малку пред да ми се разбуди бебе .Добра ноќ
Добро утро! (Денес јас ставам кафе ) Ги испратив ќерка ми и маж ми, и станав, не продолжувам. Пијам лимон, кафето се вари, да го испијам и ќе го будам и синко, во последно време се покасно легнува навечер а сабајле си поспива. Уште оваа недела сум дома, од понеделник на работа и ќе треба друг ред да фатиме. Колку брзо поминува времето, како вчера да беше кога ми го донесоа во болница, а веќе треба да го оставам. Ќе пробам да земам боледување барем уште една недела, мало е само што наполни 8 месеци, се тешам само две недели ќе одам на работа, ќе го користам одморот и дури после Божиќ ќе се вратам. Ме замисливте со крвната слика, јас на бебуш до сега му немам направено, може ќе треба да го однесам да се провери и тоа. На здравје кафе мамички, имајте убав ден!
Добро утро!!! Хит на денот ,, Кој си носи чадорче, не наврнува,, Сабајле пред градинка ја слушавме, една од омилените на ќерчето мое, па сигурно денес ќе и е во глава! Малце потешко се разбудивме оти деновиве дури не беше во градинка спиеше до касно! Некако стана, ја спремив, расположена ептен дека после толку денови ќе се види со учителките и дечињата. Ја сакам ваква среќна и позитивна, дури утрово за чудо некое ми испи едно брзинско смуди ( мандарина, јаболко, аронија и мед) а НИКОГАШ не сака наутро да ја гњавам со такви работи! Ама ете, денес , којзнае што и беше! И ова ептен убаво ќе беше ако пред да излеземе од дома не започна да плаче за Спајди чадорот кој си го скрши, па ајде ветив дека нов ќе купам, и секако морам да исполнам оти ветување не се прекршува! Одамна сакам да прашам ама се заборавам, ете сега ми текна па да ве слушнам со мислења и решенија за проблемов! Како се справувате со миризбата од ручек дома? Готвам со вклучен аспиратор и отворен прозор, редовно проветрувам и по неколку пати на ден, ама пак се осеќа! Не дека сум некој лигавеш невиден, секако си личи домачинска куќа на ручек да мириса , ама сепак, знаете... Можеби сега и дека сум трудна мирисот повеќе ми смета! Имам балкон кој добро би било да си го организирам во мини кујничка, и онака не го користам а просторот баш одговара за мала кујна! Да го затворам со прозори, шпорет и чешма, работна маса и тоа е! Ај да ве поздравам сега, па во текот на денот се читкаме пак! Убав ви дождлив ден !
@Belabelinakinder ич не чекај да настине бебе, решавај тоа одма. Откако на недела бебе ми фати бактерија од внукот на маж ми му одржав лекција. Ќеф му било дете е Значи, без осет. Цело време ЈАС викам не му се доближувај толку . А дете е не разбира. Му реков на маж ми пред да дојдат прашај дали е болен. Онојпат исто, ние сме болни ама сируп пиеме. Да се разбереме , не го чувам под стаклено звоно, ама не сакам да ми се разболе а можело да се спречи. Мајки, дојдов да ја пофалам тортата на @LiliBoz , феноменална е Ќе ставам слика после во ФИ. Се топи во уста. Бебе денес ко времево. Кенка, се лути. Ако, и ние имаме такви денови. Многу брзо ми расте....
Да е настинка добро ама ова кашла претходната вечер кашлаше мажот ми ја донесе и му реков зошто ја донесе кога кашла ама не е крив тој јатрвами и свекрвата тие се човек да си пукни речи им нешто ќе рече не го сакаш детето и мене никој не ме сака и поштова па никому ништо па моето колку го сакат немам зборови чичко му од кога се породив не е стапнат дома и што треба сега да правам само мојов е будала и наивен ама ако ќе си види
Добро утро. Кафе испиено, бебе кај и да е ќе заспие пак. Мм на боловање имам друштво не сум сама. Сакам да одам до аптека сега да видам нешто бебе еве веќе една недела не какало. Времево за нигде па ќе си седиме домче. После треба да дојде сестра ми на гости и така. Убав ден мамички
Добар ден мамички. Ние од вчера попладнето се мачиме. Вчера беше плачки, сабајлево исто. Јас мислев веќе ќе се смируваат грчевите, ама уште се мачиме со нив. Плус раче цело време во уста. Жива среќа што ноќеска си поспива помирно инаку мислам дека ќе збудалев. Станува за цицање и продолжува да спие. Времево ме уништи. За мојов низок притисок најлошо нешто. Очи ми се лепат, ми се плаче колку сум поспана. Ве поздравувам и имајте убав ден. Да пробам да дремнам кратко додека синко спие.
Добар ден мајки. секој ден ве читам по неколку пати ама се немам време да напишам некој ред. Кај нас ништо ново секој ден ни е ист работа, градинка, па после дома се занимавама со игри со боење со синко. Малото сака да оди и сама се исправа на масичката и така сама оди од едниот до другиот крај па и со една рака се држи. Демовиве се спремаме за родендени не ми се верува дека времето летна бебето 1 годинка ке прави а големиот батко 4 годинки. Размислував да порачам таква торта од картон за на градинка што се носи ама кога пресметав колку ке ме кошта па плус и достава си реков неее и вчера си купив од книжара хамер плав и бел и синока со синко направивме дури 5 парчиња и така секоја вечер по 5 ке си правам имам време до среда. После па за бебе ке правам и за неа за градинка. Треба 50 броја да направам ама ако за убаво само нека е не се тешко прават. @snegulkata сакам само предог да ти дадам јас имам тераса заградена е со ролетни на неа имам плинско решо, помошна маса (таква од кујна ) и сите зачини што ги користам ми се таму во теглички мали. Многу убаво ми е таму за готвење дома не ми мириса на јадење ама ичч. Ако имаш можност за таква опција за на тераса ич не му се мисли раат е. Божем немав многу да пишувам ама постот долг испадна.