Здраво мајки Мажите мои уште во 9 си заспаја а јас седам во тишина и си читам на форумов. Вчера бевме В град на контрола за бебуш и вакцина прими не плачеше многу и следна контрола за 2 недели пак вакцина ама не одам ќе се јавам да одложам, имаше една Србинка во чекалната и ми вели ааа до годинка само ќе го боцкаат на секој 2 недели вакцини се изнервирав па уште и докторката ми вели ако не разбираш германски носи си со тебе некој да ти преведува уште да имав кој. Ама па разбирам не сум до толку колку што ме прави таја. Потоа шетавме со бебе по молови му купив нешто за него, за мене не успеав да си купам не можев да пробам бебе пиштеше во количка. Мм не зеде вечерта си дојдовме и бебе беше многу нервозно го болеше ножето не го мрдаше воопшто одвај го смирив и не јадеше гладен заспа. Среќа не ми крена температура, го следев добар беше си спиеше. Сабајле во 11 и 30 станавме од кревет и тоа јас одвај премногу ми се спијаше. Денов добро помина само малку беше нервозен бебуш па го занимавав цело време. Мм во 8 си дојде од работа јаде се истушира и В кревет заспаја со бебе. Ручек асален немам направено 1 недела се нешто на брзина немам време, за мене не е проблем и онака еднаш денот ако јадам на брзина што најдам тоа, диета ѓомити В зима ќе си одиме за МК дури 4 недели ќе бидиме таму премногу ми се гледа незнам како ќе издржам, се спремам уште од сега психички де. Си имаме наш спрат ама пак ќе ми се претеруваат луѓе многу и по цел ден ќе ми седат ќе ми се поремети редот на бебе туку ај тогаш ќе се жалам за тоа. пред 2 дена зборував со сестрами и дедо ми беше таму инаку има 80 години и син ми му е прв правнук многу се радувам што ќе си го види правнучето и ми вели аа Орхидејо ко ќе си дојдите В зима нема појќе одење таму се натажив. Година ипол си немам појдено и искрено не ми се ни оди ама дедо да си го видам многу сакам и да си го види правнучето. Другите ги имам видено. Незнам како да се наречам себеси ама никој не ми недостига можи и навика да е незнам. И уште нешто сношти разбрав за еден роднина односно детенце е многу болно има страшна болест и ептен се натажив и дури плачев сабајлево. Се спрема за трансплантација на коскена срж, животов е многу неправеден. Јас ептен се распишував, кој ќе ме чита да си легнам и јас ако можам да заспијам убаво ќе биди. Сакав уште да пишувам ама доста е. Добра ноќ мајки
Добра ви вечер. Бебе заспа и јас и мм си легнавме гледаме некој филм. Имавме гости до сега, сестра ми со дечкото, убаво си поседевме. Друго ништо нема. Денов за нигде цел ден врне да неможеш да прошеташ малце. Добра ноќ
Многу ми е тешко ко ќе прочитам лоша вест за детенце како денес, цел ден наопаку, мислите не можам да ги средам. Се мислев дали да пишам, да не ширам негатива, ама ме убива ова што се случува околу нас. Па лоши мисли, па страв, бес ме фаќа, жал за родителите најмногу. И пак сфаќам колку е небитно се, само со нив да е се во ред, и со моето и со сите дечиња. Добра ноќ.
Цел ден не ми излегува веста од глава , цел ден си плачам зашто се случуваат вакви работи не ми се отвара фб веке на сите страни само болни деца
Добро утро мајки Еве ме, пред да ставам кафе, стандард. Вчера цел ден немав интернет ни на работа ни дома, и кога добивав знаев ќе снема и нема да можев онака километарски да си се распишам па си поќутев Ние сме подобро, далеку подобро. Кашлањето се сведува на минимум, апетитот на максимум ( ) бебе среќно и весело си седи со баба дома. После ќе одам до градинка да кажам дека амин периодов, само за уплатници ќе одам. Некако ми изгледа дека он кога ќе појде ќе биде за во другана група, онаа 18-24, а таму една негувателка што искрено не ми се допаѓа нејзиниот став...ама тоа во друга тема. Не знам што се случило, еве одве нешто прочитав, вајда некое бебе настрадало...жално. Но искрена да бидам затоа не практикувам користење на фејсбук. Жално е знам, но секаде во светот некој умира некој се раѓа, може во моментов на најлош начин некое бебе заминува само ние не сме свесни за тоа. И ако прва вест ми е наутро со кафе дека некое бебе заминало-налет и кафе и све, денот ќе ти се расипе не само кафето. И не можам повеќе. Немам сила да читам такви вести. Господ нека ги чува сите па и моето ама јас немам сила за лоши вести. Ете на чат ми спомнаа за некое девојче мислам Валерија се викаше (ни име не памтам не па нешто друго), рекоа се донирало, донирав неколку пати и тоа е тоа од мене. Колку можам да помогнам радо би, без да се двоумам. Толку и на таа тема. Инаку јас два дена се борев со инкубација на вирус кај мене, и еве го денес изби. Болна, вирусна,затната и засипната. Малиот ми го пренесе нормално. Ама женски се држам и не се давам. @eli25 и @chocolade мили мои , со сласт да си ја јадете тортата , баш сум среќна што ја бендисавте Мајки болни, мајки со болни дечиња, сите брзо да оздравувате и да сте добри. Убав ден од мене
Остави мене што ми рече сестрата.Пред 9 месеци додека лежевме на болница со синко околу полноќ не разбудија викотници.Сите мајки ѕиркавме од врати да видиме што е.Дојде една мајка ромка со бебето кое имаше висока тт и докторката и вели да си го истуширала бебево,а не вака смрдено да ми го носиш и не го прегледа бебето. Во нашава прилепска болница сите се такви од болничари до доктори. Ај добро утро. Кафенце испијано,бебе погодено. Домичка топличко,надвор што убаво си врне незнам како ќе ги сушиме алиштата од сега. Еве три вечери со ред имам несоница не можам да заспијан само некои црни мисли ми поминуваат низ главава. Друго ништо немам паметно да кажам.Одам да си играм со бебе а се читкаме во текот да денот. Имајте убав работен дожлив ден.
Добро утро . Стандард со кафе на работа и прво со вас ми почнува денот,да видам како сте ми,па се фаќам за работа. И јас од синока затната во носот,и мм го гледам нешто се раскашла,а тоа малото добро се држи со носето,де е затната де и се пушта,на тоа нека биде само. Ни јас не можам веќе тажни стории да читам,се испотресов вчера,ме боли бе ме боли за секое дете како да е мое,Господ нека ги чува,незнам што да кажам . Добро каде е таа фамозна торта на Лилибоз два дена ја барам по форумов?? Поздрав и имајте убав врнежлив ден
@azelea види ја постирав во рецепти од ФИ. Мислам оти треба да ја прекрстиме Лилибоз торта. Лилибоз, готово се прослави Треба да одам до банка , како ќе биде којзнае, врне истура Цела ноќ си преврна. Најмногу мразев на работа да одам на ваков ден Ние станавме во 6, еве го синко презаспива. Да одам по кафе
Добро утро Искрено да ви кажам мезнам кога ми е поубаво дали кога мм е на работа или кога е дома. Еве од кога е на боледување само нешто бата, пребарува ми го крши редот . Кафе испиено, бебе си седи во лулашка јас и мм да потсредиме по дома. Денеска пак дома, неможам да го поднесам времево. И јас кога идев на равота на вакви денови ич не ми се идеше, ама сега гледам дека и кога сум дома ви влијае. Убав ден мајки
Леле, многу се срамам што ја запоставив темава, нит' ја читам, нит' пишувам.... Тоа е, жена, се нема време за се, нешто мора да пати... Јас веќе почнав на работа, затоа денот ми е се на трчање. Бебо го чуваат баби, ама почна по малку во градинка да се привикнува, па здравје по нова година и цел ден да седи. Има жени, колешки што ми викаат „лелеее ма не ти е жал да оди во градинка“...Како на колење да го праќам. Е немам 15.000 да плаќам жена да го чува, а и да имам не би сакала жена да го чува, јас сум оној тип на луѓе што не сакаат непознати по дома сами да им се со детето. Крај краева во приватна градинка ќе го носам. Бабите доаѓаат ама не можат цело време и они, не сме во ист град. И, не знам како ќе ме сфатите, ама не ми е жал. Зошто да ми е жал. Ќе си игра со деца, топло, пријатно е во градинката (заборавив да спомнам дека сум задоволна од градинката, нова е, чиста, убава храна, редовно го пресоблекуваат, еднаш не го вратиле валкан)....И така доаѓам дома и мали ми се беси за нозе, не можам да мрдам, во вц си одиме заедно, си готвиме заедно, се заедно си правиме, додека не дојде „тата“...е тек тогаш е времето на мама за раат кафе и цигаре. Тоа од мене женички, вeтувам ќе ве дружам почесто.
хахаха, @eli25 баш ме насмеа од срце со оглед дека е комбинација од омилениот браунис и фил од омилената торта, да, заслужува име да има. еве вие одберете како ќе се вика..
Добар ден. Наспана денес. Бебе во 12:30 заспа синоќа, а јас за инает не можев да заспијам. Станував да јадам па после конечно сум заспала. Малово уште спие, јас не сум мрдната од кревет. Уживам, надвор врне мх мх Вчера така во несоница си размислував колку ќе беше убаво ова приказниве од секојдневие место виртуелно да си ги раскажувавме во живо на кафе Почнав да замислувам селце во кое живееме сите и имаме колиба за собирање, па еднаш два пати дневно -кој колку може - во точен тајминг доаѓа со кафето/тортата седнува на столчето што останало и се приклучува на почнатиот муабетФилмовиии Се одјавувам додека филмот не прераснал во индиска серијаа. Убав ден
Добар ден од мене! Ќе се воздржам од коментари за времето, не за друго, не можам ништо да сменам! Вчера пак добро се покажа дождот за ќерка ми, дека не беше многу ладно и супер прошетка со чадорче испадна! Дете пресреќно, малку скокаше во вирчиња како Пепа прасе, трчкаше со чадорот поголем од неа, насмеана и најсреќна! Ете, ние се нервираме од дождот ама за децата знае да биде супер забава! Се надевам не настина, оти сепак беше кратка едночасовна прошетка! Од сабајле дете во градинка, ММ на работа, јас станав па пак легнав да спијам до 11! МНогу ми фали сон, ептен сакам да спијам! Сега направив поховани прсти и се спрема пирето (денес тоа ќе е за ручек). Фрижидерот ни е пак празен, вечер ќе треба до маркет, до месара и до пазар! Пари, пари, пари... за трошење се, знам! Ама секој месец се помалку успеваме да заштедиме, сумата заштедена се повеќе се намалува! А тек пак уште едно дете кога ќе пристигне... тогаш воопшто и нема да има штедење, претпосатвувам! Прво кафе пијам, јако, горко, да ме раздрма!
Dobar den zencinja Edvaj nok pominav nekako sinoka so mas mi imavme zestoka raspravija. Pred nekoe vreme pisav tuka imav problem so nego no ne bil resen seuste.I znaete sto skoro dve godini vo brak I sedum godisna vrska jas svativ I se zapoznav od pred nekoe vreme izvinete ama so najgolemata PICKA sto postoi na svetot. Toa e toa slabak na sekoja obvrska I tezina sto ja nosi zivotot nespremnost da se vpusti vo roditelska uloga I plaslivost da izgubi druvstven zivot I se sto bilo kako porano. Jas ke seizboram so ova kako I da e!!!! Izvinete na negativnosta morav da pisam. Inaku beba nani a mama malku odmorce so kafe. Ubav den majkicki.
Добар ден и од мене, и јас конечноооооо наспана малата легна во 12.00 ноќеска ама прв пат спиеше до 8 без милиони разбуфувања а јас од што не сум навикната се буфев секој саат и се чудев што се случува па и ја проверував ,сега најново ни е не сакаме заспивање ни во количка ни на кревет ни во раце туку мама како магаре товарена си шета со транспортерот в раце и во него бебе од 9 месеци низ дома е мајки ја шетам в транспортер да заспие кој да ме чуе ќе ми се чуди а се чудам и јас што ќе прават со бабаи бифрјќи јас за еден месец почнувам на работа кој тогаш ќе ја шета в транспортер ама сегашнава ситуација ја препишувам на скокот во развој на 9 месеци што е ама не ќе да е до тоа јас само си маштам. Туку утре треба да идам кај кумовите на повојница и денес на дождов да излезам да допазарам а пари кај ќе најдам се чудам, да се јавам кај мајка да ми позајми со невраќање некој денар . Толку од мене се одјавувам ќе заврши брзинската дремка кај госпоѓицава, гушкиииии
Добар ден Врне ли врне... Сабајлево во 6 ипол се издига бебуш за минута и поголемово..а јас едвај очи отворив,мислиш на работа ќе одиме сите,аха! А ноќта со 5 разбудувања дали е скок или што незнам,знам дека мн мн ми се спиеее. Бевме до кам испазарувавме нешто за дома,нели денес треба од тие коктелите да имаат пина колада,мохито секс он д бич но дечкото рече накај 13ч.оставив бр.да ми се јаве кога ќе стигнат. И двајцата ми заспаа во исто време некои 2 часа и јас место да си легнам до нив,миев чистев и средував по кујната оти уште не сме се средиле и не сме купиле основни работи а не сакам да ги качувам старите одоздоле,тие некаси ги таму. Се вари домашно зајачко за бебуш,а за нас после ќе направам ручек.Рано е. Се нервирам овие денови поради тоа што мм даде на заем пари на еден негов роднина и рече за 5 дена ќе ги вратам ама не поминаа повеќе а овој абер нема,се работи за доста голема сума но ние со мали деца не сакам кога лажат така,нека си стојат на зборот. Ова малово секаде се качува но чекорче не пушта сам. Убав ден...
Добар ден мајки Ние заспавме, па јас малку да искористам да седнам на раат, инаку со телефонот во рака ѕиркам Работам по дома и кај одам телефонот до мене Маж ми вика венчана за телефонот сум била , не за него Денеска облачно, тмурно, врнежливо Има периоди кога сакам вакво време, ретки се но има. Надвор си врне, ние дома на топло со некоја книга или филм Ручек леќа направен, го чекам мм да се врати од теретана па да ручаме. Малата кога ќе стане, тогаш. Одсабајле почнав некои "припреми" во глава за роденденот. Иако е рано, ништо посебно само гледав нешто слики на интернет за торта сакам да биде украсувањето Маша и медвед, ама ќе видиме може да се смени план, има уште месец и нешто Чекам золвата да ми прати некоја слика од балетанки, оти ако го пратам мм нема да одбере ништо како што треба. Вака јас ќе си одберам, тој само да ги земе Инаку ја приметувам ќерка ми се повеќе и повеќе ги накривнува ноџињата навнатре. Прво беше само десното сега гледам и со двете. Гофите веќе почнала да ги криви Треба овие денови да ја носам на ортопед, незнам што ќе ни кажат. Цело време и купувам ортопедски обувки и многу пазам на тие работи, ама изгледа не е до тоа Може ќе ни дадат некои влошки И така мајки, си се искажав, сега да си пуштам некое филмче додека не е станала момата
мојата исто оди навнатре малце и на ортопед ни рекоа Не за ортопедски обувки.Ми рече да пазам да бидат меки и да се виткат лесно напред.Вам лекар ли ви рече за ортопедски?
Да, ортопедот ни рече. Јас затоа прво и земав на дсм, ама многу ми беа крути и сменив. Сега земам помеки. А моментално патиките што ги носи се адидас. Тие внатре имаат тенка влошка гледам се вади. А вам што ви кажа ортопедот? Некакви вежби, влошки?
ништо посебно.Тоа за чевлите само како совет,за патики ни рече дека скечерс се одличен избор бидејки имаат мемори пена.Ни кажа за да одредиме број на чевла да ја вадам првин влошката од внатре и секогаш да има барем еден см напред празен простор. на контрола сме за три месеци пак