Добро утрооо Пијам кафе на балкон додека дете си игра со корито Радости му е коритото Синојка многу кашлање, шлајм има. Не знам дали да го носам утре на лекар или има некој домашен лек за тоа? Вака си е супер, јаде пие си игра .. А баш мислев да одиме до Џамбо да докупиме што фали ама сега ми е страв.. Друго денес на репертоар освен чистка и ручек нема нешто посебно да се прави. Ќе ставам пилешка чорба за нас а за дете риба и ќе си уживам со него. Вчера на пазар се изненадив. Брокулата од 40 на 90 велам да не влеговме во ЕУ преку ноќ па цениве астрономиски!? што да фатам 90-100 килограм. Нема везе на дете не штедам ама стварно се изненадив. Тек за празниците што ќе биде.. Кратка ќе сум мајки бебе вика. Бидете добри и имајте убав ден
Добар ден и од нас еве сме во убавиот охрид мама наспана ако касно легнав изгледа ќе да е до климата кафе рат си се напив синчето седеше во транспортер гледаше смешки со внуците и заспа срце мајкино штета што треба да си одиме . Убав ден на сите
Добро утро и од мене Јас и синко денес сами, уствари со свеки. Мм и свекор ми отидоа да пазарат кола. Конечно мм најде некоја што но одговара. Бебе си лежи на кревет и си се смее многу е сладок. Тоа е тоа мајкички јас ќе чекам мж да ми донесе кола конечно да можам сама да си излезам со бебе не да чекам се некој да ме однесе да ме донесе.
Добар ден мами Првото кафе испиено, избришано прашина и купатило исчистено и таман да земам да метам и џогирам бебе заспа и ништо од тоа па додека спие да ве читнам и фа пишам нешто. Свеќи го причува синко додека чистев, маже работи нешто приватно мразам кога недела не е дома само таа му е слободна и тогаш нешто приватно му испаѓа . Сега сама седам свеќи си се качи горе и така. Убав ден мами
Добар ден мамички. Овие неколку дена ми беа прилично тешки. Што од времво, што од што се секирав со синко. Утрово тато го зема да си играат мама малку да поспие на мир без да е на штрек. Убаво ми дојде, иако да признаам можеше да потрае уште малку. Немаше да се пожалам Вчера го искористивме расчистениот воздух за прошетка надвор. Како по обичај, надвор е најмирен. Се изнаужива, а јас и мм успеавме и во 7ца да каснеме. Веќе две недели го мислев хамбургерот и вчера каснавме по полка. Еве сега бебо пак спие. Мама пушти машина и сега одмара малку. Денес решивме лесен ручек-тестенини со песто. Па денот останува да се потсреди по дома колку се може и да одмориме. Туку некој да не знае каде во скопје изработуваат сеебрени ланчиња со име. Имајте убав ден
Фантазија е ама само за љубители на благо. Само јас успевам цело парче да изедам. На сите што ги послужив не им успеа Јака е. Инаку јас користев алпико чоколади од кам. Добар ден Убаво ни е домче, топличко, кафе и се по ред. Вчера имавме гости не е расчистено уште ама решив да не се замарам. Уште сме по пижами иначе
Здраво и од мене! И јас бев во план да ја правам тортата викендов ама ќерка ми не е дома па ќе ја правам преку недела. Синко заспа па легнавме под ќебиња некое филмче да се гледа на телевизија. Денес легачки планирам да биде денот, синоќа бев со другарка на концерт на Меморија, се издував малку. Чистењето ќе почека освен на маж ми ако не му текне да фати нешто.
Здраво мамички Мажињава мои спијаат, јас лежам до нив па да пишам нешто Вчера маж ме израдува си дојде во 11 од работа за прв пат толку рано а бевме договорени после 12 дека ќе си дојди и ние со бебево да бидиме спремни за да излезиме а ние само што станавме од кревет тој си дојде. Се спремивме и во 12 излеговме, цел ден шетавме по молови, си бевме на ручек, пазаревме и си дојдовме после 5 часот дома. Мм го чуваше бебуш јас се зафатив торта да правам и дури во 11 вечерта беше готова и дури измив садови во 12 си легнав и накај 1 заспав. Ама преубава торта направив со филови пандишпани сликО после во фемина инстаграм. Сабајле се разбудивме во 9 со бебуш мм поспа до 10 па сите заедно се гушкавме затоа го сакам денов недела станавме пијавме кафе каснавме торта па доручек супа и во 12 мажињава си легнаја и заспаја а јас си лежам до нив. Ќе ги чекам да станат па ќе одиме до град да прошетаме низ центар да видиме како е украсено па и да се на пијаме чаша варено вино Снег си врни од сабајле нема престанато ама В град нема снег. Ние сме малку на повисоко затоа само врни. Инаку живееме во место каде што воздухот не е загаден, многу е чист и свеж затоа го обожавам местово прекрасна природа има Голема прегратка до сите мајки кои што поминуваат низ тежок период И јас ја чекам @Mari* да не израдува со ново форумско бебе Убав ден мајки
Дабар ни ден мјки. Синоќа на свадба бевме, изненадена сум колку девојкта моја добро поднесува ког ме нема. Синоќа мислам прв пат е да заспие без цице. Подоцна вечерала се најла убаво, ние и свадба истеравме и се вративме, таа во два се разбуди за цицање, инаку до два два три пати се биди. Да ви кажам како сум се дотерала синоќа, па како сум се нашминкала а мислев сум заборавила. Не ни беше блиска свадбата, па со тие што седевме луѓе не ми се верува какви се, само потсмев, иронија оговарање. Имаше една повозрасна жена абе алал да и е, душа широка се изнаигра, насмеана, за мерак, овие другиве како на сеир гледање да дошле. Простотилк. Инаку од сабајле цуца ме разбуди во 07:50, си станавме, се изгушкавме, поигравме, ја пресоблеков, доручкуваше, ја однесов на едни лулашки во близина пресреќна беше. Се враќаме назад и и викм шо ќе правиме мило сега дома а она ми вика њана. Еве ја си заспа, а јас си го земв кафето од сабјле шо ме чека, една книга имам спремна, а и крпата ми е спремна хахахј. Поздрав.
Добар ден Одморот полека ми помина,од дождов ич не успејавме да се прошетаме.Уште два дена и се враќам на работа.Броените денови бргу минуваат.Не за друго сум се поправила цели 5 кгКако успеав незнам Сега борба да ги симнам,не ми стојат ич. Малата легна да спие пред еден саат,јас испив кафето на раат и сега да ве посетам вас. Вчера имав на посета драга особа која нема деца и е многу дарежлива спрема ќерка ми,па едвај чекам поручек да одам да и купам нешто Личноста е многу добра и фина спрема нас,вели кога неможев да имам свои деца,ке помагам на вас. Мислам на сето лошо што ми се случува дека Господ ми ја прати.Малку е постара ама има многу љубов за давање.Фала ти Господе што наоѓаш начин да ми се зајакне вербата во тебе.Сеуште постојат добри луѓе Завршив и на ренген,имам спондилозаУтре крвна слика ќе правам.Работава му доаѓа што повеќе одам на лекар,се повеќе болести си имам,ама мои си се Станот е исчистен генералка,алиштата се испрани,уште јас да се бапнам во туш кабина и готово за неделава. Јадење имаат од вчера. И онака малата сеуште војни ми води,па сакала јадела,сакала гледала.Дете јас не малтретирам за да јаде повеќе.А бев многу исплашена за ова.Ама штом крвта е добра веќе не се грижам толку. Го чекам мм од работа па ќе му ја летнам во град.Може и едно кафе ќе падне со другарка. Имајте убав ден
Добар ден мајки. Досадна недела, фала богу и за една таква. Што од плачки, што од неарноќи, со лошо спиење синоќа, ама затоа денес потеравме до 08.30. Мажево предложи да одиме до игротека, да се истрча големава, ама немав ни сили ни желба. Кога ќе размислам и он ради реда предложи, не дека имаше време. Вчера целосно го искористивме денот за шетање, па колку уживање толку и напорно. Јас додека се стокмам, деца да стокмам, за малото флаши и термос да спремам, за големата да исецкам некоја овошка, ташните со преслеки за двете да спремам( оти мм до последен момент на комп. доработува)... се уморувам до бескрај. Свртевме еден круг по ливадиве, ама некако не стресе, па се пикнавме во кола и правец трговски. Додека стасавме таму и двете се искакале, двете изгладнеле, па ај прво да ги намириме. Си реков ќе заспијат, не бре. Кога се ококорија. Темата за преспивање што ја имавте спомнато. Големата 2.5, не преспива на пладне. Сабајле станува 08.00, во градинка е 08.30-12.30, два пати неделно со термини, во кревет околу 20.00. После градинка ја легнувам но не заспива. Лежи во креветчето 30-45 минути само малку да одмори. Навечер заспива некогаш за 5 минути, некогаш за пола саат. Кризи, односно бесот, ја фаќа 16-17 часот, ама некако ја заигрувам. Тогаш ако легне да преспие знам навечер до 23.00 минимум ќе биде будна. Туку што почнав да кажувам(пред да се префрлам сто пати до муабетиве), мака ми беше цело спремање, па со мм ги симнавме надоле, топло облечени само, и свртевме круг низ селово и ливадите. Се вративме освежени. Ручек кинеско. Не готвев. Нели легачка недела, па ако биде таква нека биде до крај. И кафенце сега ќе се напиеме додека се децава на арните. Убав ден мајки
Добар ден друштво Набрзина да ве ѕирнам,од сабајле во кујна,бањав дете, заспа, ручек па се бањав и еве мм ставил кафе,да го шмркнам и да се зафенирам, па од 17 на роденден ќе ја носам малата . Вчера така ми помина денот, бевме на Златно славејче, ама не ме бендиса нешто организација. Инаку за спиењето, мојата уште преспива, преку недела во градинка, а за викенд исто само малку покасно дека и покасно станува, а навечер до кај 22 најкасно е заспана а може и порано. Е ни се случило и за викенд да не преспие ако сме биле некаде или терминот за спиење и поминал па не ја легнувам и тогаш во 19.30-20 е во кревет и си спие цела ноќ
ДОбар ден мамици! Ова и кај нас ќе беше досадна недела, ама решив да се потрудам и да не биде баш толку досадна! Не дека којзнае што променив, ама од сабајле треснав цела работа низ дома, прескокнавме и кафе и доручек и појдовме во парк. Сами, јас и ќерето оти ММ е зафатен и не се знае која наредна недела ќе биде слободен! По пат каснавме некоја кифла и јас испив едно ,,шетачко кафе,, и се изнашетавме убаво во парк, се изнатрча малата, си сретна другарчиња од градинка, па ајде на лулашки малку и на крај уморни се вративме дома! Малата ја легнав да нанка а јас фатив ручек да правам. И оваа недела одбив да ручаме кај свеќи, не за друго, туку да не и дадам повод да се фали како е зафатена многу со обврската -ручек за снајка! Ги поканив тие да дојдат кај нас да ручаат, па ги очекувам! И така, кај и да е ќе стане малата а и ММ за час време ќе се врати домче! Ајде поздрав!
Lelee @orhideea blaze si ti,cim veke sneg padnalo tamu kaj sto si.Prava zimska idila si imas,gusnata so najmilite.A si zamisluvam,vo domot se siri.miris na taze pecen patispan za tortata Jas imam/v recisi sovrsen vikend,mnogu pricini za nasmevka na liceto.Plakarot i biliotekata sovrseno ubavi ispadnaa.Plakarot.golem dlabor.,aj sve sto sobra.nego ostana i poloca prazna Vo ponedelnik mazeto ke diplomira.Mi veti do prviot rodenden na sinko ke zavrsi i taka si e. Moite na rucek bea,maz mi gotvese.... Se super,ama mi otkaza devojcevo za cuvanje na sinko,sto bozen 100% sigurno ke go cuvase.Off mnogu sum.nasikirana,use edna nedela sum doma,posle na rabota.Neznam sto ke se pravi.Nasekade baram,ama mnogu tesko senaogalo....
и ние денес прошетавме до Тетово.Сега мм кафе направи и ананас исекол . време е пак за целосна генералка.Ја завршив денес спалната ,утре на ред е детската.После тоа на раат може да накитиме по дома.За утре најавуваат снег,баш се радувам
Снег? Зар толку залади? А јас пак ич не сум во тек што се случува. Тв не сум погледнала не знам од кога. Само цртани или филмови се вртат. И јас денеска се удрив на чистење. Вц, кујна, дневна, претсобје... Додуша на рати, ама малку по малку средив. Ми се погоди децава се заиграа, па кога заспаа досредив и седнав над книгата. Не оставам ден без да поучам барем малку. Не се чувствувам убаво ако промашам ден, мислам којзнае каков грев сум направила и тогаш ноќе станувам да ја "земам дозата". Си мислам како ли ќе ме биде кога ќе престанам да учам-чудно, пусто, празно... Ама ај рано е, има уште неколку години да бидам на оваа дрога. Ја чекам братучетка ми да дојде, се најави ќе ни била гостинка неколку дена. Имала некои гослуци закажано со дечко и, па ќе не подружува по малку и нас
И јас генералка денес. Малово пред мене, зад мене со крпа и тој, прскам јас, па одма зема и тој да прсне, па со мапата тој, едвај теписите ги вративме на место. Сакав и да прошетаме денес, ама не се погоди времето, плус го начека сабајле мм дома и веднаш да го бања го натера. Стресно ми е вадењето од када, плаче, се држи за врата, фрла бањарка од него, се витка цел, двајцата го вадиме. Омилена активност му е, ептен се заигрува во кадата, а кога ќе се сетам дека ко помал еден период никако не седнуваше, од стоење се бањавме и јас сум крива што му купив играчки мали кадички со бебе и друго со Пепа, па така се пушти тогаш. Ама мора од крајност во крајност да оди. Сега преспива, па одмарам и јас, а реално многу доцна го заспав, вечер ќе седиме до доцна сигурно.
Синоќа бевме на гости кај кумашините. Незнам како издржа до 12 часот. Со децата се заигра. Имаше кризен период околу 9 30 за спиење, ама брзо и помина Сабајле отварам очи 11 часот, дури не ми се веруваше сите тројца да спиеме толку касно Прв пат се случува ова. Дури помислив дека часовникот не е точен Видов меко беше времето, па излеговме на лулашки, бевме малку во сала на ракомет и си дојдовме. После перална, бањање, тиква печев и така. Сега вечера ќе и спремам , па може порано ќе со легне оти го прерипнавме денското спиење
Само во мк недела е ден за генералки По другиве држави за недела има посебен ред, ама ние овде изроди сме изгледа а? Добра вечер од мене. Ме немаше на темава два дена немав време некако викендов ми испадна кнап. Вчера бевме кај моите. Ја оставив мала со баба ѝ, а јас на мал шопинг за неа и за мене секако, не смеам да пропуштам да си купам нешто Па на кафе со блиска роднина, муабети, смеење, прикажување, малце озборување (жени сме или што сме) ама супер помина денот. Вечерта кај маже дома гости, и легнавме заспавме како заклани со ќере. Пред 3-4 дена имав главоболки 3 дена со ред, ме фаќаа баш кога ќе легнев, замижи боли, отвори очи поминува па си останав ненаспана по цели ноќи. Една вечер му се жалам на маже му кажувам вака и вака, ми донесе еден дијазепам од 2 мг и сум заспала ко бајче Прв пат се напив такво апче, се надевам нема повеќе Денес и кај мене на репертоар генералка. Од сабајле го исчистив вториот спрат, па заминавме на кафенце, кога се вративме пак имавме гости, и еве до сега со нив само што си заминаа. Сега правам вечера за бебе, ама ќе му речам на мм да ја нарани, јас да исчистам уште спалната ми остана Па еден туш и вкревет. Се ослабев жени 13 кила мене ми годат, ама добив доста критики дека сум била напраена ко чечкалица Ај доста дрдам,се расприкажав бајги. Ама да надохнадам за деновиве што не пишав Имајте убава вечер
Мари се породи. Навистина се породи !! Како што реков, мекици од мене за новото бебе во темава. Да е живо здраво и големо да расте @Mari*