Честитки на сваќата @Mari* за синчето, да е здраво, живо и од бога благословено! Побрзо опоравување Ние стандард ден како за викенд, бевме низ молови, новогодишна еуфорија се осеќа веќе.
Добро вечер. Касно ама да чкртнам некој збор. И честитав на мари за синчето ама ај и тука,среќен нека е најсреќен,среќа цел живот да го прати. Јас што да пишам...... Незз ни сама,викендов во суредување и чистење ми замина на синко другата недела му е роденден па да средиме да наместиме да се чисто. Дома ќе чекаме со најблиските нема да е којзне што колку да обележиме ама тој е превозбуден а и јас исто. Мајки патам од некоја инсомнија којзне што ми е до 2-3 саат седам будна сон не ме фаќа мислам сите филмови ги изгледав и само некои црни мисли ми се вртат низ глава Се надевам привремено е и дека мм кога ќе се врати ќе ми помине. Не дека некогаш сум спиела повеќе ама неко преку ден сум воз како да ме прегазил сила немам. Засега добра ноќ лавици се надевам ќе имате мирна ноќ. Ве hug:
Не знам дали само јас мрчам кога станувам сабајле, додека да се префрлам од фаза сон до фаза будна ми требаат едно два саати. Па и мм не ме остава на раат да си помрчам,тој сака како оние на рекламите за паста за заби маж и жена што стојат пред огледало и се мијат,па си гугуткаат,па се гушкаат и се им е рамно Аха важи.Тој спие сам на спална,јас спијам на тросед со дете во креветче до мене што вади заби (кој осетил знае),и ќе ти станам насабајле така цела свежа полна со живот,ќе скокам од радост Абе мажи. Ама добро па јас може така малце да изглумам некојпат наспиена и среќна,како за промена ептен ја тупам веќе Ништо друго ново инаку,еден тежок период е зад нас затоа ме немаше многу на форумов.Бев сама дома една недела со дете,мм имаше некои здравствени проблеми.Среќа се заврши добро. Дефинитивно мажите треба да не се потценуваат како улога во домашните обврски и околу детето.Пекол е се сам да правиш со мало дете. Честитки за родендените,за новите бебушки,и за се друго што има повод да се честита,а на болните побрзо оздравување
Многу ја сакам недела!!! Најчесто мм не е на работа, па го користиме денот за гушкање и шетање Денес бевме сити мол, му купивме на синко хранилка, јакна, чизми, сликовници и еден куп други глупости, ќе ставам утре во тема- последно што купивме за бебето. Ај погодите за мене и за мм што купивме, НИШТООО! Требаше една книга да си купам да не го кршам редот, ама на бебо му се спиеше и не ми дозволи да си одберам . После бевме кај мајка ми, таа и брат ми го погушкаа, го почуваа, мама да се одмори. Дојдовме дома ја монторавме хранилката и нормално се качија старите и девер ми и јатрва ми да видат што сме купиле. Заминаа, го избањавме синко, го заспав во скоро 10 ипол и нормално одма за средување се фатив. Сега седнав да диплам алишта, ама го фатив телефонот и морав да ве поздравам. Имајте пријатна вечер мамички, се надевам дека ќе дораскренам набрзина, еднаш пред 2 саат да легнам.
Ааа што убава вест, не бев за пишување, се одоцни многу, ама морам за @Mari* . Честито синче мајка, да е живо и здраво и само радости да ви носи!!! И кај мене тежок период. Викендов бевме за Ск, мајка ми се оперираше од циста на јајникот во средата, па бевме на посета. Утре ќе ја испуштат. Среќа не е ништо страшно, ќе треба време да закрепне, ама барем нема да има напади повеќе. Многу болки имаше, се надевам нема да се повтори. Многу пострашна вест примивме за друг близок роднина и тоа ми го бутна расположението на нула. Се надевам ќе има лек и ќе се опорави човекот! Саботата бевме до Сити мол, сакав да си купам некој фустан за роденденот на синко, ама тој беше многу нерасположен, многу му се фати возење во кола тој ден и цело време плачеше и викаше по мене, па не успеав ништо да пробам и да купам. Денес до зоолошка, многу се радуваше на животните, на цел глас пискаше од радост, па се измори и заспа, па така тркнавме и до Џамбо и успеавме да купиме некоја играчка и новогодишни украси, а јас од ЊуЈоркер си зедов фармерки и џемпер. И така мами, да легнувам оти целата сум капната! Поздравче!
Добро утро мајки. Ќере настината, носот ем и тече, ем и е затнат, две ноќи не спие како што треба. А преку ден ми спие во раце, а ја оставам, вреска. Синоќа ми го скрши срцето. Гледаме песнички и вели мамо кажи му на детето да дојде да се поигра со мене ( не така чисто, но се разбира што сака да каже) Многу сака да се дружи, а нема со кого, пиашав, се некого да молам да викам, ајде за мое дете голтам. А и сфаќам дека сум и здодевна, нон стоп е со мене, сака други луѓе. Кога ја носам да се поигра во игротека, сите ги вика со сите сака да се дружи, не дека е моја ама многу е мила. Далеку сме од центарот на градот каде живееме инаку секој ден би ја носела. Се гледам како да и го исполнам времето, но и ми снемува идеи. @Mari* нека е живо и здраво Поздрав и убав ден
Добро утро и од мене со испиено прво кафе, оваа ѕверкава во 12 ноќеска заспа и веќе е будна од 6.30 а во меѓувреме милиони вртења и мрдања само не мирен сон, викенд како викенд досаден и моното, ги мразам викендите бидејќи сите ми се исти скроз додуша и деновите ми се такви другите монотони се едно исто стани рани дете, заспи, пак рани и се во круг, толку многу се имам запоставено тоа чудо едно а немам би желба да се средам и дотерам се ми е преку глава. Толку од мојот депресивен пост се надевам после ќе се јавам на рапорт порасположена @Mari* живо и здраво да е синчето
Добро утро @Mari* честито синче, да е живо и здраво. Од денеска јас и синко повторно сами, на мм му заврши боловањето. Цела недела додека беше мм дома стануваше во 9 сега отвори очи во 7. Не сака мама да ја остави да поспие ама да не се жалам се наспав неделава. Денеска ќе почнеме со пробување вкусови после ќе му дадам кашичка од јаболче да видиме како ќе реагира бебуш. Ехх порасна како вчера да беше кога ме однесоа во болница, а веќе почнува да јаде... како поминува времево. Вчера се пофалив за кола ама ништо, не била добра сега повторно сме во потрага. За денеска немаме никакви планови времево е никакво ќе си седиме домче на топличко.
Добро утроо. Чекам дете да стане да го носам на лекар, па ко за беља се распа а требаше веќе да сме таму. Осеќам притисок кога ќе доцнам на работа. Не дека нешто ми рекол некој, имаат разбирање ама еве, вие барем овде сигурно сте приметиле колку често отсуствувам периодов. Велат до три години вака ќе е... може потоа ќе се припојавам. Синојка едно сто пати се разбуди од кашлањето. Грев да го фати човек. Само се молам да нема ништо на плуќа. Како бе така од едно лечиш и дома седи и пак нешто закачува. До толку ли паѓа имунитет од тие заби аман. три излегоа уште три ги чекаме кај и да е. Понеделнички испадна ко да се жалам, ама не се жалам. Камо кашлањето да му е единствен проблем во животот. Нека оди на тоа. Почнав да зацврстувам и јас психички. И тоа мами. Ќе чекам да стане па ќе ви пишам подоцна како сме отишле. Ако е нешто повеќе од кашлица ќе си седам дома една недела, ако нема ништо на плуќа од работа ќе ве поздравам. Имајте убав ден
Ај добро утро кафето испиено,ја однесов ќере во градинка па чекам превоз и да пишам некој збор. Ме мава некоја невоза,депресија незнам како да ја наречам. Ќере ја маваа тантруми така да ги наречам на моменти е бесна но ипомине па послр друго дете е среќа не траат долго обучно се лути за благо знае каде стои и цел ден висе пред рафтот,за чудо во продавноца не ми прави драми и воопшто кога сме надвое само дома, исто фаза сама да јаде ,да пие вода од чашка уфф ајде не ја сопирам штин сака и во градинка не ја кочам да се "осамостојува". Бебе следната неделата недела правиме 4 месеци. Само не спие на секој два до три часа се буди за цицање ,фативме некој ред ова време се бањаме додека дада е во градинка отии она се шлапка во водата го бања помага де и навечет кога станува и јас мрчам се лутам па мм ме чуе и стане со него. Попладне се држеме во рацр не сака да леже а баш тој период дада е дома па сакам и со неа да си поограм а бебе не дава па има плачки и тоа во хор. Пред некој ден шетавме во трговски па на гости и велам ное сме само за дома,уфф ми фали да се дотерам да излеземе немора сами со деца ама да нема драми,некогаш ни немам волја за ништо и цела недела само дома нема жив човек да дојде чекаш викенд а он летне за час, тоа ти е странција. Се распишав што вели мм да помине зимото од пролет подруго ќе биде ќе бидаф пофолеми па ваљда полесно ќе се командаат.
@Mari* честитки мајка,да е живо и здраво бебулето, големо да расте. Сега опоравувај се и гушкајте се Хелоу мајки. Се надевам после викенд добри сте. Слабо ве читам периодов, уште послабо ве дружам, ама многу тапа период имам. Разочарана од одредени личности на воркот, мали има некој пеленски осип првпат и неможам да го опоравам. Плус во четвртокот качи температура во петокот ми се исипа на дланките и околу устето, па се извадив од памет да не е тој коксаки вирусот( а од понеделникот до саботата беше многу омалаксан, сакаше само да седи, ништо не му се правеше, не мрдна дете од кревет ). Ама денес е веќе добар, се повлече и осипот и се си е ок. Башка он си јадеше се , устето внатре беше чисто па се тешам дека не бил тој. А го носев на лекар, крвна слика мирна, плуќа и грло ок, само тројка му излезе дента па докторката на тоа препишува. Мада температурата не беше ни еден цел ден така даа, незнам што да кажам. Големата овојпат добро помина со ларингитот, среќа голема. И тоа е, викендов дома го отседовме, сега пак јово на ново на работа, деците во градинка и се така во круг. Ајде убав ден да имате и сите болни дечиња побрзо да се опорават. Ве гушкам
@Mari* живо здраво да е синчето. Добро утро мами! ЈАс мрдам ама душава и телово ми спијат. Убаво велеше една родителка од класот на син ми, три деца има. Не сакам вика ни да памтам колку ми беше тешко кога беа мали. Бебе цела ноќ плаче, се превртува, а вчера преспа само 30 минути.И знам дека од премор му беше. Еддно време веќе не можев го оставив да си плаче, со надеж дека татко му ќе го земе и ќе го почува бар поласат да дремнам, ама не тој мислел за цицање плаче. Така им чини. Туку ај. Во 6 веќе го зедов во раце легнати во мене пикнато и така заспа. Сме дремнале нецел саат. Во 7 требаше бате нашколо да го испратиме, станав испив кафето и ете ти го бебе. НАспан, свеж како да спиел два дена. Ене го си игра, баш м е гајле што не можам да мрдам. А каде е вечер. КАде се домашните, оброците.Море со јајца изгледа ќе врвиме денес. Вчера цел ден имавме баба на гости и едно дете од комшии кое по цел викенд седи кај нас. И цело лето тука беа.Му велам некогаш со усул да оди дома дека бебе ќе спие не бре, уште ми вели да ми кажеш кога е 15, 16 саат. ЌЕ појдат таму со мојов и ете ги пак назад за 15 мин, бебе ненаспано.НЕзнам стварно, не ми пречат и мојов сака да си игра, но некогаш сакам бебе дур спие и јас да имам мир и тишина. А неговото сестриче дур беше бебе исто само овде беше. Мм се смее да видиш со три деца како е. Ама ете , некому така си му одговара. Плус и баба вчера цел ден, и ме збудалеа искрено. Вечерта ми се слоши. ЈАдење јас, миење јас, машини куп, бебе јас и ексик. САма сум си навикната да функционирам и искрено ми пречи некој цел ден дома да ми седи. Ем несработено ем изморена, ем нервозна, ем бебе ненаспано.Ама ај ќе пораснат.Тоа е. Се изнажалив и јас понеделнички, па се надевам на поубава недела, ако успеам после една торта со бисквити да шлакнам дур спие бебе, да си се заблажам на маките.
ДОбро утрооо!!! Ладно кај нас Источна Македонија, ветер дува, баш зима! Се надевам наскоро снег! Инаку снег сакам само заради ќерка ми, да се порадува дете, не дека јас сум Снегулка па многу му се радувам на снегот, никот ми е случајно одбран! Утрово ја расонив со приказна за мене и сестра ми кога бевме мали и врнеше снегче! Колку сака детево мое да слуша вакви случки од моето детство, ама и јас ептен се трудам сликовито да и доловам атмосфера од пред 20 години! Ја оставив во градинка и се вратив дома да испијам еден чај од брусница, периодов се предозирав од тој киселкаст вкус! @Mari* Честитки!!! Големо да расте мажето мало!!!
Добар ден. Денес ич не сум со добрите,малата синоќа не сакаше да заспие никако па и подвикнав малку,па се скаравме со мм,па сите плачеа освен јас нели најјака сум де...Ама јас си знам,и вие и тука колку пати сама се исплачувам.Незнам што е проблемот кај ќерка ми,поручек си спиеше од 12 до 15 и требаше по тоа правило да заспие кај 22.Ама не сака дете за жива глава а мене очи ми се затвараа.Мм не беше дома и се прибра кај 23 и јас збеснав.По сите процедури заспа на полноќ,и од кога ме гушна сватив дека она не е крива за ништо,јас имам проблем дека мислам се треба да биде песна. Денес немам сила за ништо,спанаќ за малата и тоа ќе биде.Поручек на гости ке одиме кај другарка има бебенце па да се *оддужиме*Едвај чекај да го видам тоа мало црвче. Се надевам и ќерка ми ке се израдува. Кај нас дува многу силен ветер мислиш кровот ќе го крене Време ми е на мене за кафе број 2.Повелете на топло несче. И имајте убав ден @Mari* Честитќи за синчето да е живо и здраво и честитќи на малата дада
Хелоуу лавици. Кафе бр.2 пред мене кој е за бујрум Синко гледа цртан и јаде мандарина јас да ве поздравам. Појадувавме,игравме,сега двајцата имаме по 10 мин секој за себе После ќе пробаме да се успиеме.Нели голем дечко е па не сака да преспие,а после пладне е Ако заспие да направам ручек на раат ако не заедно ќе правиме. Свекрва ми посака зелка манџа со сланина па да и исполниме желба. Некако се спремаме за роденденот ме нема фатено новогодишна еуфорија,ваљда ќе ме фати од понеделник натака. Толку од мене заврши времето само за себе Ве позз се читкаме до лепотаните од тетка @mariz
Добар ден мајки @Mari* честитки за мажето. Секогаш среќни и исполнети . Кај мене крчка ручекот, јас прилегнав во дневна да истегнам нозе додека малово лази низ дневна. Првен мислев чорба да правам, таман и на ладново, ама големава ми станала маанџика, па на среде сецкање зеленчук се префрлив на турли тава. Знам дека така сум на сигурната страна. Малово не знам колку пати ја сврте цела соба. Првен се штрекнував кога одеше под масичето, одма станував и ја вадев, ама сега гледам успешно си испаѓа...па не се паничам толку . Туку очи отварање треба оти неколку пати ја начекав во обид да се замези од чиничето на сестра и . Еднава бесна бесна, во фаза на фрлање е кога нешто не и е погодено, а малово и нешто невидливо да е ќе го види и ќе го пикне во уста. Големава во градинка, понеделнички, без плачки фала богу. Ова татко и оти ја спремаше и носеше. Детево блеска од среќа он кога ја облекува и ја носи. За прв пат новата јакна и новата капа и ги облече, ама од среќа детево не ни регистрираше. Јас да бев ќе протестираше сигурно. Алдито и лидлот мис е во главата.. Имаше убави работи со принцезата Елза, па ако останало нешто да и купам на големава. Хит и е Елза периодов. Што слатки беа тоа ќебенцата и перничињата . Околу ручек време очекувам и мм да се врати од работа и ќе ја зеде големава од градинка, па пред да седне на комп. да работи може ќе свртиме еден круг. Се надевам на еден спокоен и досаден ден
Ладно ноемвриско утро, а мене ми е толку топло на душава кога ке ме гушне синко Имаме уште 2 нови запчиња овој пат се позади, најверојатно 4ка и 5ка не дава да видам убаво И да се пофалам ми дојде мајсторот за цефката фала богу сега ко што вика мм ке го удавам купатилото со вода од чистење Друго да кажам немам освен дека синко ај што прооде преку нок буквално, туку и почна да трча, не оди туку трча, цел е гребаници и модрици детево е прехиперактивно не можам да го запрам, страв ме фака летоска што ке прави Купив зимзелени дрвца и цвекенца да си засадам ако заспие бандитчево, ако не ке си чекаат @Mari* честитки, големо да расне
Малку да шкртнам и јас. и од нас @tincemajmunce Синчево ми е болно, кашла неколку дена и од денес се корне, мрсули едни леле мајко, како кашлаше па цела ноќ... Веќе сам спие во соба, ама од кашлање се разбудил и ни дојде во 2 саат во кревет... кај се разболе незнам кога цело време е дома и месец дена не оди во градинка Се надевам нема и бебчево да го префати.. Јас самичка денес со нив, среќа умни деца па и не е баш тешко сега за сега, бебе цица и спие само.. ноќе станува еднаш само во 4,5 зависи Мислев ке наплаќа второво дека првото ептен мирно исто вакво беше Синко умен, не ја закачка, а се ми помага како 7 год дете да е Баш зборевме со мм, како ни кажуваа сите.. очекувавме хаос, спремни за хаос бевме Може и допрва доаѓа хаосот, ама спремни сме, имаме живци Што е убав денов, ми се шета Позз мамички
@Mari* честитки и овде. @mariz имаш среќа со умни дечиња. Здраво од мене. Вчера нели чистев дома, епа денес како да не е чистено цела недела и тоа само за 1 час. Прво калинка и банана јадеше, па сака сам, измачка се што можеше. Па квики истури на тепих, сокче пиеше со прсти и на крај побара да мие заби и како што миеше си замачка со четката на вратата од тераса. А и прозорите ги бришев вчера. Мене ми е смешно, не се потресувам толку знам дека сите деца се вакви, ама мм ко ќе е дома многу се нервира. Сега му дадов боенки, ама искина неколку страници одма. Умен е само ако му пуштам на таблет нешто да гледа, па да зачистам хаосот набрзинка, ама па ми е жал за очите и гледам многу кратко да е. Толку од мене, се фаќам за работа и ручек да смислам.. Убав ден.
На таквиот хаос одамна се навикнав, дом со деца таков е.. среќа па му направивме една соба за играње и сите играчки се таму, ама пак знае да ги разнесе низ други соби Јас се навикнав, сестра ми кога ке ми дојде на гости само ми раскрева и чисти, абе викам не се мачи.. за пола саат пак исто ке биде Бев навикната се под конец да биде, но со деца неможе и неможе, па кога тогаш сите ке се навикнете Само нека не се однесуваат лошо, да бидат насмеани и весели, фини со другите деца и возрасни... неможам солзи и нервоза да гледам, хаос по дома можам Не дека пак оставам бомба, чистам додека спие, додека е заигран во некое ќоше... но и не се потресувам