@mariz маж ми е таков, само оди по него и собира. Јас сум растена со 10 години помал брат, и тоа делевме соба па навикната сум на хаос, ама тој е растен со многу педантна баба што сака се да е под контрола, пердињата дури под конец се наместени кај нив, и потешко му е да се навикне. Инаку во право си, и мене другото ми е најбитно, и под тоа мислам умни деца.
Хелло Што правите? Јас на работа пијам второ кафе. Резервирав за Боровец, дури за февруари. Тогаш имаше место Дете оваа недела нема да оди во градинка. Во сабота пак беше “лошо “ расположена. Нит на златно славејче нејкеше да доседи. Качи Т, па морав на клиника. Леукоциди покачени, ни дадоа антибиотик-амоксиклав. Се мислев дали да и го дадам или да почекам до понеделник да ја носам кај матичната. Со мм одлучивме да и дадеме. Но од него доби дијареа(прв пат го пие) па денес матичната ќе ни го менува. Од само една доза антибиотик одма детево како друго, се врати во нормала. Ќе ја носам во градинка кога ќе оздрави. Ако пак се разболе до таа мера да мора да прима антибиотик, веќе нема да ја носам. Нека седи дома ова зимо. Здравје понатка ќе видиме што како.. @Mari* честито синче, нека е живо и здраво...
@Mari* честитки нека е живо и здраво. Добар ден мамички Времево ладно, дува ветер а дома топло за мерак . Денес синко уште во 8 се издига инаку знае да си поспие до кај 9 и 30 па таман отидовме на контрола кај матичната и се е во ред. Минатата недела кашлаше и носе растечено па и на гради малку спуштено ама среќа сега нема ништо. Еве сега го успав па малку да испружам нозе и јас. Поздрав и до сите
Добар ден мајкички ,сте се изнапишале викендов ве читав еден саат Ние убав викенд си имавме во саботата си уживавме дома сите тројца заедно тато и бебе си играа ,а мама ја правеше лилибоз тортата ,значи тортата преубава маж ми коментираше место за роденден да ми порачуваш торта од слаткара ваква да ми правиш од сега Вчера бевме на 1 роденден кај една кукличка во кафана ,поседовме ама кога пуштија малку погласна музика бебе ми се исплаши па почна да си кенка и плаче па бевме приморани да си отидеме порано Денес од сабајле си имавме гости ,многу ми е мило од друштвото што се дружиме две имаме бебиња кои ни се разлика 2 месеци ,а другите две се трудни ,така да децата ќе ни бидат на иста возраст и ќе си се дружат и они ,па дојдоа сабајле девојките и си поседовме на раат трач рубрика без мажите си напраивме Толку од мене одам на синко му се здосади во релаксатор ,убав ден на сите @Mari* честитки мајка да е живо и здраво синчето само радост да ви носи
Добар ден! @Mari* честитки за синчето, среќа и убав живот му посакувам! Си купив кебе пред некој викенд за на софата во дневна, ама кога го донесов дома видов дека кебето има ракави, како пењоар ама се влече по цела соба, можам два пати околу мене да го замотам, незнам кај гледав кога убаво си пишува на него. Го облеков сега и се замотав, си направив какао и уживам. До мене и парче торта и чипс. Ги сакам овие моменти, се радувам на ситници и удобни нешта. Надвор тмурно, врне, веќе на стемнување, на ТВ новогодишни реклами, бебе спие, а јас со нозе во вис. Убавини. Ручек за денес полуготов, односно исецкано ама уште ми е рано да ставам во рерна, брзо се пече тоа што намислив. За утре се мислам дали сарма да правам ама некако рано ми е уште може ќе оставам за викендот. Тоа за денес, друго нема што да се каже, бебе ми е срце, не засмејува до бескрај, баш е мала итрица. Инаку чудно кога се успиваме едвај чекам да заспие, а сега едвај чекам да стане да ја гушкам. Мајка оди па разбери ме. Убав ден.
денеска сум направила цела генералка на детската.Исфрлив две големи црни вреќи со непотребни работи.Мислам сега полесно се дише излегнавме на кратко во град ама дуваше ептен мн и се вративме назад.Сега сме се наредиле сите 4 ца на спална,мир и тишина ,секој во свој филм е со ручекот завршивме денес поранко
Дете нема ништо на плуќа. А се корне од кашлање. Матичната вели дека се ќе се смири кога ќе излезат сите заби што се набабрени. Еве чекам бар ми олесна плуќата му е чиста. Бев на работа, дарував крв, отидов да се шишам и дојдов дома. гледам дете некако досадно му е па мислев накај џамбо да фатиме ама не ми се ризикува со кашлањето па си зедов играчки и седнав со него до сега. јадеше чоколадо и десет мин пауза му дадов па пак назад на игри. Ве поздравувам. Ве читам редовно ама ретко стискам лајк, со ноктите се по грешка пријави ми се стиска..
Знам, не ти треба да ти кажуваат како треба...туку ти треба некој да те ислуша и разбере ....Фала богу и ти знаеш како треба,само некогаш работите во пракса не одат толку лесно..Треба време да се прибереш...сега се те нервира....дури и тоа што се нервираш те нервира....трпение само и издувен вентил да се пронајде. Поздрав.
Здраво мајки,женички,пријателки.. @Mari* честито синче Од вчера го земам тел.да пишам,но бев толку преморена и оставив.Од кај да почнам незнам,овие неколку дена не сум баш најдобро.Како за почеток се испокарав со мм,знаете зошто? Упорно му викам,дај да излеземе заедно сами кога ќе заспијат рано децата,но тој не сака и одма почнува со тоа имаш се,јас сам се мачев толку време,се е поради татко ти,да точно е дека заглавивме поради татко ми,му викам,ама не мора секогаш поради тоа јас да бидам виновна и јас да си ја вадам гневта и лутината.И тој братучед му што му бевме дале пари на заем фатил спортска 97000 ден.уплатил 100ден.и ќе ги водел да ги части.И тука јас се запалив уште толку,оти тој ќе излегува а јас пак дома,и се скаравме.тоа беше сабота. Во неделата кај моите беа дошле тетка ми од прилеп на татко ми сестра,јас со децава бев таму,и тетка ми кога почна:па зошто не ги носиш во градинка,јас моите пред 30 години ги носев,па зошто ова големово прави вака,не си го воспитала,зошто ова му е допуштено,дете од 2ипол год.што ништо не разбира...или разбира...немаше крај на дрдорењето нејзино оти цело време го споредуваше моето дете со детето од ќерка и моја 1ва братучетка која живее во чикаго 10 и повеќе години а тие внучето го гледаат само на слики.и така притисокот и нервозата ми се искачија до максимум,и кога си отидов дома кога си викнав да плачам .... Околку 2 месеци и повеќе најдобра пријателка и комшика жена околу 40 год.ја снема жената така одеднаш ни доаѓаше ни пак ме викаше нас.а секој ден и пишував.и дури денес дојдоа со маж и на кафе се најавија и ја гледам во косата друго некако кога ни кажаа дека жената се соочила со најстрашната болест на денешницата цревата во стомакот ми се превртеа солзи ми надојдоа и мислам срцето ми застана.Да,таа отишла на док.и откриле,сега прима терапија од која и испаѓала косата и носи перика.Ни кажаа дека затоане сакала да доаѓа. Оти и било срам. Хаос ми е главата. Малиов само дрдори нешто мама тата баба деде и некои негови зборчиња,а големово само се чуде што беља да направи.и си пее песнички и брои на англиски. Убава вечер!
Добро вечер мајки. Цел ден се обидувам да пишам,но ова мајмунчево мое денеска не ме остави на рајат ни кафе да испијам. Денеска два пати дремна по 30 мин,тоа за него не е ништо.Цел ден цимоли ништо не му е погодено.Веќе и него му се смачи и од инхалации,мрсули и од се.Заспа уште во 19:30 се надевам дека ќе ја преспие цела ноќ,сега му мерев тт 37,8 . Ама се нека иди упм веќе ми се смачи скоро 2 месеци со мрсули... Конечно не пратија да испитаме бактерии од нос и грло (утре ќе одиме ). Вчера сабајле имав главоболка и поспана бев ништо не фатив да сработам имаше ручек за синко,ние излеговме со мм.А синко го оставивме со баба му.Појдовме кај баба моја, жената има 82 год не можи ништо да работи и мајка ми оди секој ден да и зачисти да и зготви.Многу ми е жал за неа како млада била многу измачена.Си поседивме,си поправивме муабети си се вративме у кучи. Одам да испушам едно цигарче на рајат и го фаќам одма креветот. Имајте убава вечер.
Добро вечер И овој ден заврши. Синко се успиваат со татко му јас до средувам и јас ќе одам во кревет. Денеска малце напорно. Утре ни е слава па спремаме, чистиме и така. Сабајле му дадов прв пат на бебе кашичка од јаболко. Прво ја плукаше па после почна да ја јаде со мрштење. Многу беше интересен. Тое е за денес женички
Добра вечер и од мене Денес денов убаво почна, и јас како и @Skorpija989 му дадов на синко за прв пат јаболче да проба. Толку беше зачуден, не знаеше што му се случува, ама зинуваше да јаде, сигурно му се бендиса. Бев договорена да одам кај сестра ми на гости, ама кога реши да плаче, да липта, од 3саат, скоро до 6 не можев да го смирам, го чешаа непцињата па како да ми грепкаше нешто, можно е запче да му излага, душа се изнамачи и тој, а и јас, морам да признаам дека од замор му се развикав 2 пати, после ми беше многу жал, душа моја мака ди има. Па заспа конечно во 6 спиеше до 8. Кога стана весел беше, дојде татко му се гушкавме, се смееше, гугаше, сега научи да се врти на стомак, мнпгу е интересен. Му читав сликовници и заспа во 11и нешто, а и мм со него, а ми рече да заспие Димитар малку ќе "работиме" , ама очигледно ништо нема да има вечерва. Си направив кафе, сега ќе ди пијам на раат, која сака нека повели
Добро утро мамички. Денес како и времето надвор така и јас сум видно подобра.Сонцето ме расположи рано наутро иако малата не сакаше да стане за на градинка.Ја будев цел час ама ништо,па земав спиејќи ја облеков и ја однесов.Кога се разбуди свати дека е на градинка па кога викна да плаче...Со тешки маки избегав од тамуСега ќе ја мислам цело време дали ја смирија. Ручек денес нема да добијат,мм е од работа пак на работа па за него не треба да се грижам,само за малата ке смислам нешто набрзина а за мене ништо,ке се држам на бананата сега што ја изедов и на некое друго овошје во текот на денот. Бевме вчера кај бебчето ама малата беше љубоморна и не ми даде да го дигнам воопшто.Сакаше и она да ја држам во рацеСи поседовме и право дома.Мм преплашен од моето скорашно понашање ми рече оди во град јас ќе чистам и ќе ја чувам малата.Пат под нозе,една другарка со мене и директно на кафе.Ми требаше тоа многу.Си доаѓам дома,нив ги нема,отишле во блиската игротека.На раат и филмот си го изгледав и испив еден добар чај.Се тоа ми делуваше како еден хелекс да сум испила Е орото почна од кога влегоа дома,малата јадеше малку и посака млеко па веднаш заспа.Што му текна на мм да и ги облече пижамите,демек нема да се разбуди,аха и јас си мислев така.Кога стана свежа свежа,па ајде пак журка до полноќ.Зар мораше да спие во пижами?Е затоа денес не сака да се разбуди за градинка,и се спие на принцезата,изморена е Планирам денес да тркнам до село мое,да ја земам елката и да почнам со украсување.Возбудена сум повеќе од ќерка ми. Да го истерам второто кафе и да му ја летнам во град,имам сметки за плаќање. Имајте убав ден
Добро утро мамички Денес сум се успала. Леле кога видов колку е саат... смешки живи. Дојдов неисчешлана на работа па среќа што прва доаѓам имав време да се подсредам. Сум фрлила на мене некоја облека една со друга врска нема (не дека нешто посебно пазам) ама ајде, под мантил не се гледа. Малиот синоќа ми се разбуди со вриштење. Дали од заби, дали сонуваше нешто врска немам, битно брзо се смири. Не знам дали и вас ви се случува, но вака од сабајле ако отидам без 15 минути барем да сум со него имам некое чуство на вина. Не знам како да го опишам. Ко без рака да сум излегла од дома. Сега ќе бројам минути до 3 за да одам да го гушкам... Ќе бидам кратка бидејќи колешка ми е тука околу мене па скришно пишувам Убав ден на сите
ДОбро утро!!! Сончево, ама студено утро! Сабајлево едвај ја облеков малата од што и беше ладно се буткаше во кебе. Ќе мора малку порано да се вклучи греење дома, а ММ во 7:30 вклучува и дури да се стопли ние веќе ја носиме малата во градинка! Значи во студ ја облекувам, ама од утре рековме порано стануваме за да затоплиме убаво дома пред да го разбудиме детево! Немам некои посебни планови за денес, освен дома нешто да потсредам и ручек да направам! Боранија, не и е омилена на ќере ама сепак ја јаде, во помали количини! @chocolade Се надевам нема да ми замериш што ќе си дадам за право да ти се вмешам во одлуката, ама немој да ја ,,повлекуваш,, малата од градинка. Колку што знам твојата баш лесно прифати да оди, и тоа доста ти олеснува. Знам дека не е лесно со болно дете, ама сезона на вируси и бактерии нема да поштеди никој, некој полесно ќе мине, некој потешко. Дури и да се разболува, со прекини ја носи, ама важно нека оди кога е здрава. Така гради имунитет, знаеш тоа сигурно! И мора да се помине оваа фаза на разболување, ако не оваа зимо тогаш догодина кога пак ќе ја пратиш таму, А дома нема да и го органзиираш и исполниш денот ни приближно како во градинка! Инаку и мојата поткашлува влажно пак, уствари не беше ни во целост престанала да кашла, ќе морам веќе да ги направам тие алерготестови и да видам дали ќе ја најдам причината за таа нејзина упорна кашлица. @muchacha_a а да си позборуваш со МТ за префрлувањата дека ве водат во погрешен правец? И муабетот ,, јас таму сам се мачев и заработував,, не е баш на место кога станува збор за брачна заедница. Додека он работеше кој му ги чуваше децата? Ти како мајка и сопруга обавуваш исто важна улога во вашиот брак и не дозволувај да ти го префрла тоа, како тој се мачел и како твоите се криви. Денес малце си дозволив да си бркам нос таму каде не ми е работава, ама ете простете, не е со лоша намера! Убав ви ден! Одам јас нешто да сработам по дома!
И ние спаѓаме во покасностанатите, еве веќе неколку дена така. Касно легнуваме сите тројца, па затоа и покасно се будиме. Денот ни почнува со шолја чај и мед на сите тројца. Денес убав ден, празник, мм дома, на пладне ако биде убаво времето и ќе се шетне малку. Сношти пак синко душа ми извади, скока луѓе, активен е многу, и се удри во масичката со главчето. Леле цела ноќ не сум спиела од мисли, еве го денес му викам те боли главата, вика па имам џумка. Само да ни се здрави и живи. Ај и јас да средам малку, кафе пиеме со комшивката ама на пладне Ве поздравувам!
Хелоу мамаситас Сестра ми сабајле била на преглед па избегала од работа и правец- дојде кај мене. Демек и реков ќе средувам плакар ти чувај го бејби, па почнав од најлесното-пешкири и постелнина и кога ја отворив вратата со нашиве алишта ми се сврте па ја затворив и ќе чека подобро време. Малото заспа па си сваривме турско и јадевме крофни од синоќа ама не е тоа тоа синоќа изедов 8 а сега едвај две Крофни се јадат одма Сега сум испружена на спална испив кафето и одмарам во тишина. Размислувам за некои глупости, бог да чува Првпат синоќа бебе да нејќе да спие до 11ипол. Обично до 9 заспива. Толку бев уморна првпат правам крофни им се посветив максимално па му свикав Сега ко лут да ми е нејќе да ме погледне сабајле накај татко му се врти а сега накај сестра ми
Лепотици здраво, јас на рабoта. Имам работа не дека не, ама да си пишам еден пост па ќе работам @Mari* честито синче да е здраво и живо големо да расте. Некако како да сум расеана, не можам да се сконцентрирам, еден куп обврски а од никаде не сум почнала. Вчера во главниот град на нашата државичка бевме, купивме нешто, вамте тамте денот отиде, за мама ништо не се купи ама зтоа цуца си доби хеланки+ блузиче. Исто како јасд сум си купила нешто ма и повеќе се рдувам. Луѓе сакам да украсам по дома ама некако рано ми е сеуште. А толку сакм празнично украсување уживам, зима, декорација, снег, кфе или чај мј мх мх за мерак. Во ко текст на муабетот околу споењето, Девојкава моја синоќа рано заспа окоу 20:30, штоза неа и не е баш така рано до 21:30 обично езаспана, ама синоќа пола вечер не спиеше.... па кога ќе задреми ако ја покријм се будеше и плачеше и го туркаше ќебенцето, а во собата и не беше жешко, мене дури и свежичко ми беше. Тоа траеше од 23:__ до03:30, после млку спиеше. Во еден период млку и се развикав, па сеуште митрае чувството на грижа на совест зошто и се развикав. Па и мене ми се случува да не можам да заспијам, со таа разлика што околу мене не треба д седи никој буден компарирано со неа. Ајде ќе порасне, душа моја не е бебе веќе, некко во мене се водат две битки дека скам најмлку уште едно дете и дека не сакам повеќе деца од ова што го имам, ви се случува ли вам ткво нешто? Туку дост пишувам, треба да излезм надвор да завршам некои обврски а баш и не мисе оди а морам. Чао девојки!
Не се лутам јас за добронамерни совети Знам дека е така, но оваа фаза на разболување колку и да трае како тешка ми се гледа. А малава си бара градинка. И вчера и денес ми вика да ја однесам. Кога гледам дека бара да оди, душа ми се кине што и го ускратувам тоа задоволство да игра и да учи со своите врсници. Нека оздрави па ке ја пуштам пак. Ќе бидеме упорни и се надевам еден ден ќе ни се исплати
утро ли е ден ли е Денес сме на слава кај свекрва ми,па ке бидам поштедена од ручек .Во план ништо посебно.Кажете ми се чисти ли денес?Куптилото ми е за средување незнам дали го фатам или да чекам утре