Добар ден Ја ставив малата да спие, па да ве читнам и на работа. Инаку чудно ми е некко е ми мн малаксана не е жива и весела како знае да биде, иако е настината, пак е таква. Сабајле се разбуди, а очињата и уморни. Малку ми беше топла, а мерење на тт е виситинкса борба , па сепак и дадов блокмакс. После ќе ја носам урина и крвна слика да и проверат. Има ли причина уште повеќе да се загрижам? еми битка водиме со ешерихија,здравје наредна недела во ремедика одиме. Инаку кога го видов сонцето утринава и душата ми се насмеа. Убав ден а и среќна слава на сите што слават
@joy1 Јас дома со мм на празник не работиме, во смисла он ништо не работи, јас не пуштам машини( тоа и во петок не правам)освен ручек и ако е морално да се избрише прашина и уклучи правосмукалка, од сношти на пример имавме гости и имаше еден куп ронки на земја, рачиња по стакло па морав. За некој чудно, но ако мм излезеше за празник макар и еден шраф на кола да извади, обавезно или качи шајка во нога, или го боли глава, или му се расипува машина, па одлучи да одмараме. Ете не сте дома денес, остави ја бањата за утре, денес е убав празник. Убав помин на слава.
Женски јас само да ве поздравам. Дома сме во спремање, во трчање што треба да се докупи да се доспреми па ќе чекаме гости. Бебе заспа па да можам и јас да помогнам малце. Толку од мене, убав ден па повелете на слава
Добар ден мајки. Ручекот се крчка, бебушка лази низ соба јас истегнав нозе во вис. За еден саат ќе стаса малата од градинка, дедо/баба ќе ја донесат, па сите ќе ручаме и ќе видиме за понатаму. Денес немаме термини, па дали дома ќе успееме да ја доврткаме или ќе се пазарува/шета ќе видиме. Денес сум толку без енергија, тоа чудо. Буквално се нуркам. Малово се буди навечер последниве неколку денови, плус се будам дехидрирана и исцрпена... па сабајле сум како воз да ме прегазил. Пред да и пробие првото забче беше така. Да сочекам дали деновиве ќе има ново. Вчера за прв пат и воведов и вечера, очај ова, со надеж дека можеби е гладна и затоа се буди. Вечерата добро си ја прифати, ама пак 2 пати се разбуди за млекце и уште 3 пати за да покенка. Капак на се сонував мм како зборувал со една келнерка и во сонот ми беше увртено во глава дека флертуваат. Па од сабајле сум лигава лигава. Мм вика тоа се трудничките хормони и оние од нашето мало рибче во мешето. Гледам идеи за детски соби и детски вециња. Се релаксирам и си правам бајрам со паметот истовремено. Ништо паметно не кажав. @TutiFuti мајче се надевам добра си @eleni27 како се трите мажиња. Утеши ме дека и со три на толку мала возраст не е сѕрашно да се балансира со обврски . @Smizzy за мажињата. Шкртни некој збор кога ќе имаш време. @Sunshine_1979 се надевам неарноќите се позади вас. Дека двете момичиња се фит. @Kaetana од време на време приметувам дека не читаш и лајкуваш страни наназад. Кога ќе можеш пиши ни како сте со малата. Се надевам ги надминавте тантрумите. Нашиве мислам дека штотуку пoчнуваат со големава @Nikita7 последно те читав дека малата мораше да биде кај мајка ти поради неарноќи... се надевам е подобра и најдовте некое решение. Уште многу други мајки сакав да тагнам, ама малово уклучи сирената. Убав ден на сите
@danichap да мила сега сум добро но пред една недела не знаев што ми се случува во животот,поминав низ тежок период. Ти благодарам што ме спомна. Добар ден се убедуваме со синко за јадење еве моментално мм отиде са брка работа за врабитување тука во една наша мкд фирма повеќе не го пуштам да оди немачка. Тежок период имав со неговото сегашно враќање и така синко е добар почна се повеќе зборови да кажува и се разбира што и да му кажам. Тоа е имајт3 убав ден.
Добар ден! Најпрво честитки до @Mari* нека е живо и здраво синчето, среќно и весело. Ние добри, вообичаено по дома, децата растураат јас собирам, ручек сеуште мислам што, горе - долу се исто. Дојде ли пладне секогаш ме фаќа дремка, да легнам да спијам со малото тешко дека ќе заспијам, само уште толку ќе се опуштам вака бар ќе завршам некоја работа. Утрово со чај, сега кафе, приквечер може едно капучино, да разменам малку и друштво да правам на мм. Дојде ли 17-18 часот, децата збеснуваат, никако да се погодат, мора и двајцата да сакаат иста играчка или пак си ги зимаат ќебенцата, легнуваат и демек ќе спијат, аха сигурно, па се кријат, па си ги зимаат, па лутење, смеење, плачење, средење од се по нешто. Доброто е што ќе се изморат па ќе спијат, малото брзо заспива околу 20 часот, големата не може толку брзо да заспие па ќе читаме малку и ќе раскажуваме приказни, некогаш и таа сака да раскажува. Време матно, сонце ни за лека нема, а кога има што убаво го опекува собите и осветлува, убаво се заспива и тогаш, кога те гали сончевата светлина по лицето.
@Mari* честитки...нека е здраво и живо мажето, големо да расне. Кај мене ништо ново...нема што да кажам освен дека некако сум во хаос и не му гледам крај на хаосот ...почнувам работи- недозавршувам...не можам да се сконцентрирам на една работа и да ја истерам до крај....некако немоќно и глупо се чувствувам...претпоставувам дека е поради тоа што почна рано да се стемнува и зима иде ...и и јас така сум стемнета...Ние елката порано ја накитивме...дете веќе неколку дена ми викаше да ја китиме и ај си реков гревота е...и се прерадува.
Здраво мајки. Убав ден денес. Сонце, но ладно. Мириса на зима. Рано ми е за китење дома, прво почнувам со украси, па на крај е елката. Оваа година ќе китам само една елка, таа што ја китев во библиотеката. Големата ќе ја оставам, детево сигурно нема жива да ја остави. Дедо мразовци и снешковци ќе има повеќе. Инаку, јас чистам на празници и машини пуштам, не верувам во суеверие. Детево татко му го пуштило во библиотеката и како работна соба е, па дочепало книги и тоа не било кои, туку купени од антикварница со оригинални ракописи од Достоевски , па сум лута и тоа многу на мм, детето нормално не е криво. Јас искрено и викам единствено ако се пентери некаде каде што може да се повреди, а во спротивно и на глава да ми се качува не реагирам и не се нервирам. Дете е. А, децата треба да се активни. И да играат. И да беснеат. И да растураат. И на глава да ни се качуваат...
Добар ден мамички! Го успав синко, денес конечно сонце па цело сабајле бевме по надвор. Кафето го испив од нога сабајлево, сега се истуширав и ќе се спремам за работа. Вчера си почина тетин ми. Денес му беше именден, секоја година одевме на слава на овој ден. Утре е погребот, сакам да одам, ама некои ми велат дека не е убаво да одам бидејќи синко нема уште годинка. Па тоа сакав да ве прашам, што мислите вие, се оди или не? Извинете на негативен пост!
Бог да го прости. Јас би рекла не само доколку станува збор за трудна жена, да не се тревожи дополнително... Убаво/неубаво си знаеш ти најдобро дали ќе ти биде. Дали сакаш во таков момент да бидеш покрај најблиските или да се повлечеш со сопствената болка и тага. Во ваков случај, доколку имаш бејбиситинг за малото, јас би отишла. @TutiFuti мило ми е што нештата се средуваат полека. Спомнавте елка китење...од една страна ме фаќа иштав, од друга коски ми се тресат додека се нареди се, па и знак прашалник дали и колки се ќе остане каде што треба. Лани едвај ја довардивме елката од големава, годинава сигурно ќе биде поупорна во намерите да џапне нешто. Лани со свекор ми ја китев . А многу сакам накитено. Баш вчера видов преубави и преефтини работи за на прозорци и за декорација. Цел ден тоа му зборев на мм, дека кога ќе имам голема куќа се ќе накитам и ќе биде блинг блинг цел месец . Вака имам впечаток дека за нас нема место, дека се е едно врз друго од играчки за децава и ситнурии, па уште тоа фали.
Бог да го прости. Жал ми е. Старите викаат не чинело. Не друго туку да не претрпува мајката дополнителни стресови ако дои дека нели млекото и од стрес може да се намали или да го изгубиш. Ако не доиш или си спремна и мислиш нема да е дополнителен стрес слободно оди.
Добар ден мајки. Јас на работа уште малку и си одам а дома имам куп работа. Утре на синко му е роденден па морам да чистам, правам салати и да се пазарува. Нема да имаме многу гости само најблиските ама мора да се направи нештона празна маса нема да седат. Децата во игротека и така. Тортата е порачана вечер ке ја земеме. За една недела па на бебетое прв роденден ама на неа во кафан ке биде па нема ништо дома да спремам. Тоа е мајки сега да се спремам да гасам комп и да си одам во 3. Утре ке ве почестам со виртуелна торта.
Здраво мајки Дури не станал бебуш да пишам нешто. Т.е нема ништо ново што да пишам исто ми е секој ден Неделата шетнавме до град, бевме и на гости кај колегата од мажот ми, ама не ми се допаѓаат луѓето воопшто ќе да има нешто, претчуствувам, односно жената од колегата на мм некако под око му се пулеше на мажов мој или јас така си мислам незнам, се обидува да се зближиме ама јас некако не сакам, мразам да сум лицимерна. И сега ми се јави на тел ме завртка еден саат, само нешто без врска ми зборуваше одвај ја откачив и од околу и кажав дека друштво не ми треба се надевам разбра. Друго сабајлево бебуш ме разбуди со таква убава насмевка абе љубов ми е, се повеќе и повеќе почна да ми се смее да гука, кога му зборувам или му пеам многу се радува Туку сношти како сум се исплашила имаше земјотрес, среќа не беше многу силен ама па убаво здрма, скокнав од кревет а таман задремав полноќ беше и после така си седев до кај 2 не можев да заспијам а мм ништо не сети. Се надевам нема да се повтори. Излеговме денес со бебуш малку на воздух сврти ме еден круг и дома. Сега го чекам да стани да јади и да си се држиме. Толку од мене, имајте убава вечер мајки @Mari* пиши нешто женче како сте со бебушот те мислам
Здраво мајкички Денеска убав ден сонце имаше ,па излеговме малку пола саат надвор со бебе да не фати воздух .Секој ден како расте ми е се поинтересен ,не сум верувала дека постои волкава љубов да ви кажам искрено .Денес ништо ново ништо интересно,се одморив малку го заспав синко и јас со него па сме си отспале два саати заедно.Сега бебе пак заспа а јас и маж ми си пиеме кафе во тишина секој со својот лаптоп си се занимава Убава вечер на сите
На кратко да ве поздравам и да ви се заблагодарам за честитките Кај сите дупла среќа да се враќа Ние добри дома сме и се гушкаме Јас сум малку во шок дека за малку дома не се породив за тоа повеќе во друга тема @LiliBoz Да ти се позлатат рацете мила @orhideea и сите ве гушкам
Господе боже Мари баш еднаш кога те читав како ќе си трпиш болки до крај дома, помислив ќе се отвориш скроз. нели велат за второ полесно било. и ете ја, ќе го родела дома
Здраво мајки само да ве поздравам и да кажам збор два . Како новопечена мајка... незнам како се снаоѓам , некако ја терам работава . Малиот ми заспа, најаден соблечен, чист убав . Јас еве ме во кујна, седнав на компјутер, пиев чај, па малку кафе... едвај да си го дозволам . Се осекам многу убаво, како поново заљубена , да ми речеше некој дека бебево мое ке ми го смени животот, навистина немаше и не верував, но ете се случи тоа. Се случува да го заспијам и да го гледам некое време, и да се прашувам како е можно едно мало суштество, толку мало а полно љубов да ми го смени начинот и гледањето на животот ? Навистина, сама се прашувам како е можно, многу го сакам како и секоја мајка, после сите трауми кои ги имав, сите неубави моменти, ... сега се ми се смени , живеам со полн здив, го сакам животот и имам уште поголема причина да се борам напред. Мајки сме, мене ми е прво бебенце, и сега ја осетивме со мм вистинската љубов ... видовме дека нашиот плод не направи силни, и уште повеќе да се сакаме... Мајки, женички, сакам да ја споделам срекава моја со вас , едноставно морав. Ви ја посакувам истата да ви се врака, и знам дека и вие сте вака срекни, заљубени и сакани како и јас... затоа ве оставам и ви посакувам убава вечер, многу гушкање, милување, бакнување со најмилите... Јас морам под туш .. барем сега на мир, напишав што сакав и да го искористам уште оваа малку време за себе зошто љубовта моја ке стане ... Убава вечер !
Мами добра ви вечер! Мари честито и овде, само радости да ви носи синчето, здравје и среќа да го пратат цеееел живот! Бебе избањав, нахранив, го пресоблеков уште пет-шест пати измеѓу, го заспав, се изморив, направив кафе и пред тв еве ме да пишам. Денес убав ден, среќна слава на сите што слават. Здравје и среќа на сите да ви подари Св. Архангел Михаил. Денес слава слави и моја многу блиска особа, која доживеа огромна загуба неодамна, па денов ми е некако тежок, знам колку е потиштена и уништена на еден начин. Среќата која ја чекаше повеќе од 7 год од раце и избега, во пет минути се се заврши... А знам како ќе и беше денес, кога работите би биле поинакви... Тажно, претажно, никој да не го доживее истото. Извинете за негативното во постов, малку како потресена сум денес, па морав да споделам. Новости кај нас, почнувам со салса во декември и сум пресреќна! Почнувам, односно продолжувам, одев во Македонија на часови и игранки, ми недостигаат латино вечерите во Миднајт и салсата уз коктели во Кубански Морам нешто за себе да направам, осеќам дека се запоставив потполно. Го обожавам тоа што моментално секој ден го правам, ме исполнува грижата за семејството, но исто така ми годи и два часа еднаш неделно макар, да излезам сама со себе со рацете во џеб. Wish me luck со оглед на тоа што немам партнер за играње и не познавам никој што оди, се надевам ќе бидам добро прифатена Нарачав пица пред да почнам со пишување, еве ја стигна во меѓувреме. Да вечерам и да почнам со средување дома. Хаос е куќава, се посветувам на играње и дружење цел ден со синко, па не останува мн време за раскренување. Добра ви ноќ мами, мирна вечер имајте!
Добра ви вечер мами! Бебе во релаксатор го гледа тато како вежба ( мм вика личен тренет му бил син му), мама искориатува да пише гледајќи ги двајцата склопчена во клацкалкава. Патем денес му е роденден на мм,убав ден имавме. Поклонот му се допадна ептен прв негов роденден со синчето. Радости бевме. Само бебе плаче кога се пее хепи брдеј и се дуваат свеќички. Неколку пати пробавме, бузи усти и плаче. Колку е пресладок. Знам сите имате исти чувства ама луѓе го обожавам!! Сите фаци, мирисот, плачот, смеата, рачињата се се се Гости обично имаме ама оваа година така излезе сите да дојдат утре задутре...ме нервира малку што тортата за во канта ќе биде ама ајде Тоа мами накратко. Да ве поздравам само. Добра ноќ