Убав ден денес, именден на мм, се помина со гостите во најдобар ред и многу убава вечер поминавме. Малку ми е криво што малото кратко време седеше со нас, почна да ги прередува масите веднаш, им ставаше на сите од благите во чиниите , па моите ко си заминуваа го зедоа кај нив. И јас дојдов сега, ме чекаше дури до сега и веднаш заспа. Добра ноќ на сите, честито име на сите што слават!
Добро утро После напорниот вчерашен ден денес релаксирано со кафенце и цигарче ( не сум пушач ама знам некогаш така да си запалам). Денеска ќе одмарам ако е умно бебе. Ручек не правам има тони јадење што остана. Секогаш со свекрва ни правиме дупло од што е потребно. После она раздава на јатрва ми на золва ми ама пак останува многу. Иначе убаво поминавме вчера. Бебе беше умно так да се си завршивме како што треба Да го допијам кафево па да му правам на бебе кашичка. Убав ден мајки
Добро утро мамички,ајде кој е за. Смрзнав утрово,многу ладно бррр. Ништо посебно не се дешава кај нас,се по старо,на работа со еден куп обврски не се пристигнува,се припремам и полека за роденденот на ќере,она е се повозбудена,ама и многу е збесната,леле незнам во некоја фаза е само повторува по мене што ќе кажам ,а мене ме нервира,она си се смешка ја полудувам. @lovely-girl добредојде во нашето катче @Mari* и за тебе,и пиши ни кога ќе можеш како реагира дадето @chocolade се согласувам со снегулка,немој да ја лишиш од градинката,така се јача имунитет,само да не е сериозно не дај боже со бронхити,пневмонии нон стоп,а вака штом заздрави да ја носиш,ама ти си знаеш најдобро.
Лепоти добро ви утро и пријатен ден, да се пријавам дека стигнав на работа и веќе се кафосувам Цуца за синоќа морам да ја пофалам ме остави да поспијам а и кога излегов за на работа таа сеуште спиеше, ако нека си поспие нека се одмори. Тоа е дуго ништо спешал. Одам да правам кафе за шефицата, ајде која е за нека крева два прста
Добро утро мамичќи. Денов не може да биде подобар кога знам дека ги користам последните слободни минути сама Од вечер сум трета сменаЕ баш таква ке бидам дека не верувам оти поручек ке успеам да дремнам... Малата моја принцеза конечно се наспа,од сношти 19 часот до оваа утро до 07Се разбира со две будења за мочкање и едно за млекце.Сабалје свежа отиде на градинка На враќање од градинка ме застануваат две комшиќи,бабички да ми преречат дека мојата мома многу плачела,ја слушале нон стоп па да сум ја однела на бајачкаИм вратив само дека од кога е родена уста нема затворено и такво си е детето па бришка да ме нема.Они на мене бајачка ц ц ц! А стварно таква е,ако не е по нејзино плаче секогаш,ама ни на крај памет не ми текнува да одам по такви патишта. Денес и ручек ке добијат,ке зачистам малку и спремав една перална за после на ефтина да ја штракнам. Елката е дома,лампионите се тука,само ќе почекам уште една недела за китење за да докупам тоа што недостига.Па може после да се оди до град за разгледување па кога ке го дадат К-15 може и шопинг Мами убави најмногу ве читам вас,толку сте ми мили и толку се пронаоѓам во вашите постови и се радувам како мало дете знаејќи дека сите заедно одиме по овој најубав пат-мајчинството Нема ништо поубаво од оваа најискрена љубов.Гушкајте си ги децата,галете се,дека бргу ке пораснат. Како што една постара колешка знае да ми каже,да бев на овој ум тогаш само ќе ги држев и гушкав,немаше да се замарам дали било исчистено...Дека нема пак да бидат деца Бујрун кафе на топлиот југ Имајте убав ден
Добро утро мајки. Чекам во ординација кај гинеколог. Еден час само за мене, па и со слушалките од ајподот во уши. Да немав триста мисли и грижи во главата ќе речев дека уживам. Мереа притисок, тежина, крв од прсте и испив глукозата за трудничкиот дијабетис, па чекам. Синоќа пекол. Малово вриштеше со саати. Ама буквално саати. До 03 ја шеташе мм. низ куќа, таман ќе застанеше/седнеше или недај боже да проба да ја легне леле, алармот се уклучуваше. После божем заспа, ама со плачење во сон повторно. Сите останавме без спиење. Маж замина во 05 на работа а големава во 08 едвај ја освестив и спремив за во градинка. Сабајле мерам тт на малово 38.5. Ај ја измасирав, дадов млекце, ставив чепче и ја оставив со свекор. Големата дојде со мене и баба и'. Првен ја оставивме во градинка, после мене на гинеколог па свеки се врати назад. Сега е со свекрва и свекор додека сум на лекар. Срце ќе ми препукне додека се вратам. Се јавив сега, весела била. За беља "модерниве" топломери се премногу модерни за свеки па не може да и мери пак тт. Имам еден за на допир, друг преку уво... а единствениот класичен кој го најдов не работеше. Ама како оладена да била . Прв пат качува волку тт. Комбинација од вадење забче и намален имунитет поради кашлицата која ја влече два месеци. Се надевам големава ќе биде фит а и најадена за на логопед. Во градинка е до 11.15 и после директно продолжува таму. Само да завршам порано работа тука за да можам дома, кај малото да отидам. Свекор ми си нема мана човекот, ама друго е свекрва ми, посебно за во вакви ситуации. Да не се задржам подолго, да ме зедат пред 11.00 и пред да одат да ја земаат големата од градинка. Белким нема да се влечат тука. Така ќе пратам свекрва со големата на логопед а јас со малото дома. И за јадење немаме ништо дома. Ни за малото стасав да сварам нешто ни за нас има ручек. Смислувам брзи комбинации во моментов. Оф леле. Што ќе правев да не беа луѓево. Ај белким денов ќе ниде подобар. Малото да биде весело и добро, големата да влезе со огромна насмевка низ врата кога ќе се врати од градинка а и кај гинеколов се да биде во најдобар ред. Убав ден мајки
Добар ви ден мами. Денес камен ладно се ближи зима, ставам дрва во оган ама како да не топли. Бебе заспа. Деновиве ме преморува, знначи толку е мило, се гали и го сакам, живот би дала за него и брат му, но имам потреба бре од 30 минутна тишина. Од 7 и 30 стана го испративме бато на школо,поигра, јадеше и заспа конечно со негодување. Не можам да сфатам како не му се спие, кога нема ни година. Има денови кога преспива само поласат и цел ден е буден. Цело време сум под стрес, кога полза се става во уста, трга мора очите во него, а имам и друго дете кое му треба помош за школо. Ама балансирам некако. Нема да се жалам зошто немам помош, оти не ни сакам буквално, секој гледа да си поигра и да си замине. Си имам планови во главава, па се надевам ќе ги остварам. Некогаш се чудам од каде олку сила. ВЕројатно о БОг. МАјка си, си ќе издржиш се. Вчера бевме на именден кај внук ми, се изнаиграа но кратко, зашто во друг град се. Големиот си преспа по пат бебе гњавеше, заспа прес стигање како и секогаш. Сега да средам кујна, ќе ставам ориз со батачиња и супа, некако најбрзо ми е а си сите јадеме,па после цел ден да си играм со деца. Да видам и некоја декорација за роденденот на бебе. За нова година мене ми е прерано, па што ќе правиме со елка до Василица јас си ја чувам. ЛАни ја накитив порано зашто сакав да се породам, годинава богами покасно зашто бебе ќе и најде крај. И да прашам ттука случајно да не знаете кај да најдам од оние мали лап топи? Убав ден!
@danichap гушки силно и издржи мила. Јас на мојата и ставам чепче веднаш ако почне да плака во ноќта и не се смирува знам дека ја мачи нешто или ќе се разболува. Добро е што имаш свекор и свекрва што помагаат сама е многу тешко со едно не пак со две. Ќе помине зимото и после нема да бидат толку болни полесно ќе биде
Добро утро. Ние од вчера вечер со температура и тоа висока, сабајлево ја носевме на доктор, рекоа вирус и ни дадоа сируп. Ние и така ноќта ја поминавме со сируп сега не знам што да правам. Ме плаши што никако да спушти скроз туку и варира и тоа над 38. Сега заспа, исцрпена и изнемоштена, белки ќе и спадне малку, каков е овој вирус од никаде ни јас незнам. Нема никакви други симптоми, не кашла, носето и тече само кога плаче многу, единствено што не јаде како вообичаено. Останавме без спиење, сопруг отиде на работа како зомби, јас по дома сум бетер, ноќеска едно време спремав куферче за секој случај ако одиме на итно, па цел стан е хаос. Решивме да чекаме до сабајле, ама ете уште нема подобро. Рекоа дека може неколку дена да трае, незнам како ќе се издржи. Само да ми оздрави па другото не е важно, ама многу е тешко без помош, ете сега да имав некој може ќе се смилуваше бар ручек да направи, вака ни тоа. Пишувам тука, дојадувам тостот и одам да сецкам, мора да јаде нешто дете, а за нас денес тешко дека ќе смогнам сили да направам нешто. Убав ден.
Можеш да ја тушираш со млака вода за да спуштиш температура и кај нас обично помагаат чорапи натопени во оцет во комбинација со Парацетамол. Ако немаш сили за готвење дај готова кашичка на бебе. Не е страшно од време на време. Подобро е да се одмориш и ти за да можеш да и се посветиш отколку да немаш сили за ништо зашто си зготвила оброк. Секако со температура не ни сакаат нешто многу да јадат. Ако веќе готвиш само морков компир и пилешко мевце ти е најдобра опција кога се болни.
Добро утро! Кога сите се опоравуваат од настинки и болештини, мама паѓа. Настинка ме спопадна. Кивам, нос иритиран, ич не ми е арно. Среќа бебе у градинка, тато у авион за Имачка, па од готвење сум ослободена. Ќе смучкам некоја вечера набрзинка, нешто лаганко, некоја палента или нешто слично. Чаеви ќе се налеам и така. Сеуште сум среќно невработена, поише невработена од среќно, ама има на повидок нешто. Ужасно сакам да се вработам, час поскоро! Дете ми порасна мајки, бебето не е веќе бебе, порасна! Почнува да мумла више нешто, уште е на кинески, ама имаме муабет, а кога муабетот не е тука имаме раче, се фаќаме за раче и одиме кај сакаме. Убав ден мајки, одам да налеам уште еден чај
Добар ден. Не сум чкртнала одамна нешто, па малку чудно ми е. Најпрво честитки за @Mari* нека е живо и здраво малото Вчера излеговме малку надвор, маж дома чистеше. Ама ладно, кочан. Па отидовме кај моите малку и така, досадна зимава. Сега заспа, па кафе да испијам, стандард шема, знаете сите. Сакам да ја научам со татко и да заспива, па си реков од книгите ќе барам некој пример, како еве со тато бебето нана, ама секаде е се мама. Мама нишка бебе, мама рани бебе, мама држи бебе, тато си седи... Во една сликовница баба му пееше на бебето, па се запна малава, а деде, па деде, а деде ни за лек. Ете, дури и од таму не може пример да се земе, колку жалосно значи. Малово е право гушкалче, не грабнала вчера со едно раче мене, со друго татко и, па само не гушка. Обожава двајцата кога сме до неа. Мислев кога ќе престане да цица ќе олабави приврзаноста кон мене, но напротив, бара други начини да биде до мене. Спиењето ни е уште тешко, ама се надевам ќе се среди наскоро. Се заигрува сама, ама кога правам нешто во кујна се е до мене и само вика види, види, па доле мешам, да може госпожата да прати што се прави. Интересна е многу, љубопитна, се да види. Не знам што друго имав да кажам, секогаш заборавам кога ќе седнам да пишувам. Убав ден.
Добар ден и од мене со второ каде ☕ на повидок уште еден досаден ден, ладно е надвор па ни е страв да ја ваѓам надвор малава и скапавме дома, немам пишано а и што да пишам се едно те исто, стани нарани,пресоблечи,шетај по дома, занимавај, нарани пак, заспи и повторно во круг, психички се спремам за на работа, од една страна ми се оди многу за да излезам од дома а од друга страна ич не ми се остава беба на свеки, немам многу доверба во неа а за градинка мм ќе ме потепа, али шта се мора није тешко па што ќе прават дома тоа е само се над3вам нена да ги најдам истепани и во солзи двете кога ќе се вратам дома. Толку од мене одам да правам јадење за малата додека дреме и да ќе заборавев да си пишам интимата со мм ни е -0 не 0 туку -0 хахаха. Поздравче и гушкиии
Здраво момис! Редовно ве читам ништо не сум испуштила, но со нервози никако не успеав да пишам. Прв пат да не ми се пишува. Што да кажам, дете се уште бега од јадење, се уште не спие навечер, односно се буди цело време, се буди и денски, па и дење се презаспиваме и така. Тоа и немаше да го доживеам толку тешко ако пред 2 дена не се фатев во вратот, со ужасни болки, кои ме истоштуваат и физички, но и психички. Како неспособна се осеќам. Едвај бебе кревам, а нели во раце заспива Слично вака ми се деси и пред 3 години и тогаш ме држеше скоро месец дена, само да не ме држи и сега толку Инаку стандард муабет, кафе бр.2 до мене ( ладно оти презаспивав бебе), ручек за неа готов, за нас допрва спанаќ ќе ставам тој е брз и така.... Деновиве се истераа слави и имендени, па сега од денес малце ред со јадењето да си ставам Поздрав девојки
Добар ден мајки. Да ве поздравам пред да си одам од работа, сега најдов временце раат да пишам. Убав ден денес. Сончево надвор, прошетав до џамбо на пауза, докупив што ни треба. Ако успеам после ќе сликнам за во темана. Малиот синоќа пак стана со вриштење во ниедно време. Не знам зашто е вака. Ќе го земам одма се смирува и презаспива. Легни го пак истото. Треба пола час да го држам во раце за убаво да заспие за да го оставам. Значи ако е се од забите навистина аман веќе. Го гледам апетитот не му е како претходно. Јаде, но порано знаеше 300-400 гр да офука ко ништо , сега 200-250 максимум од оброк... А и килажата некако не му оди нагоре баш лесно. Килце на три месеци качува, претпоставувам со возраста си оди и тоа, немам прашано доктор со оглед дека болен беше и полајт храна јадеше, па забаталив за кога ќе е здрав да прашам. Инаку дома си седиме. Може и до пролет да е тоа така. Периодов ми е малку напнат на работа, некои контроли, сведочења и сл па искрено ми треба да сум тука место да сум дома. Понекогаш се осеќам ко вчера да се вработив што олку ме тресат, но тоа е друга тема. И така мами. Кај и да е ќе си бегам, наминав само да ве поздравам, да ив посакам убав остаток од ден, гушкајте деца и се читаме.
Epa aj za race so mama i kaj batko Andrej nekogas da se podruzime Inace, majki mislam treba da se napravi tema za opsti prasanja, prasanja koi neznaeme kaj da gi piseme. Eve ke prasam, zodto nigde nema lino smoki? I me interesira koj e pokompetenten da odredi doza d3 pedijatar ili ortoped?
Да ве поздравам Веќе 4ти ден како сум нај среќната и нај исполнета мама Воедно нај уморна и не наспана....сепак среќата преовладува Помош имам ама кратко,максимум уште една недела и ке останам сама Ме плаши престојниот период ама ке успеам ние жените не сме ни свесни колку сме храбри и снаодливи Момата ми е многу љубоморна,втор ден дома и веќе многу испади Еден обид да го удри со пакет памперс по глава Сака да го корне за коса Му ја краде цуцлата Го треси креветчето додека спие.....и уште многу лудории Сега се концентрираме на тоа да го прифати братчето Тешко е многу,мала е и не разбира Бебушот засега цицка и спие Цица ко профи градите ми се крвави и со рани колку често бара Најтешко ми е навечер,станува на секои час и половина цица по половина час Се тешам за едно 3 год ке спијам и јас Толку од мене,редно е после 3 часа да го пуштам постов во употреба Ве гушкам
Каква ноќ,а уште каков ден имав. Моево бебе прв пат во 15 месеци се разболе,очите неможат да ми го гледаат таков,срце ми се кине. Очи црвени течат,нос како чешма,температура,црвено грло... Душа моја,неможе да спие,а легне нос се затнува и плаче.За греота. Секој совет ми е добредојден мајки,за побрзо да мине. Парацетамол пиеме за температурата и антибиотик за грлото 5 дена рече докторот. Страв ми е да не почне да кашла ако му се слева шлајмот на гради. Барем си јаде и пие,насила макар ама нема врска. Тоа е најновото од мене,ве поздравувам мајки,извинете на негативата
Ставај на повисоко да спие...јас ја ставам кај мене со главата на рамо да спие (пошто не сака повисока перница)...така немаме плачки...инаку е лудница.
ДОбра ви вечер мамици! Денов отсликан на претходните, ништо ново, ништо различно! Од сабајле дете во градинка, ММ на работа, јас на работа, па дома ручек, де зачистив нешто (на ова крај му нема) , па ајде со малата една прошетка од час време и ете не сега дома. Малата си игра во детска, јас користам слободна минутка да ве прочитам. Вчера разгледав што имам од облека бебешка од малата а да ми се најде и за ова бебеуле, па испадна дека имам облека дури и со етикета, па и оние што сме ги користиле се речиси нови и се прашувам освен комплетот за од болница што друго да купам кога се имам?!? На ова ММ слатко ми се изнасмеја, демек- ете ти проблем да сакаш а да нема што да купиш. И ми се вратија оние спомени од пред 3 години кога малава беше бебе, па дури и алиштата уште мирисат на неа, се разнежнив. А ете ја сега голема и спремна да биде дадичка. И ветив дека ќе одиме заедно да купуваме за бебето облека, па тоа е една од причините поради кој сепак ќе направам еден мини шопинг за новиот член. @Mari* Ќе поминат градите за брзо, ич да не се секираш! И јас бев така ама за две недели ко нова бев и за среќа имавме успешно доење! Дадичката мала се надевам за скоро ќе свикне на новиот член па се ќе биде полесно , ова од срце ти го посакувам, оти стварно верувам дека е тешкичко со две мали дечиња и речиси никаква помош. @MamacitaBuena Оф , ова вирусите дете не одминаа! ајде за брзо да оздравите и пак да сте весели и среќни!