Добар ден Малово заспа мажињава се излезени со друштво малку на воздух надвор од скопје, требаше и ние ама нешто беше кенкава ќе ми излезеше низ нос цело одење. Ручек направен, пола пола со мм , средив кујна сега едно кафе на раат. Сабајле првото не го осетив го пиев на нога пружајки средувајќи алишта
Добар ден мајки. Таман се распославме со мм во кујна, извадивме зеленчук за сецкање...му зазвони телефонот и мораше да замине на работа. А таман помислив ќе помине еден ден во викендот каде ќе седи дома цел ден. Он замина, малото вришти, големата да може уште да седне горе, врз шпоретот... Толку од здравиот и богат ручек. Сварив шпагети, интегрални . Нели трудницава и малку повишен шеќер и најдоа, па направив некои измени во исхраната. Сеуште сум со јака мигрена и забоболка. Ми се иде буквално да избегам од себе и своето тело. Не е јака како вчера и неќна, ама доволно да ме мачи. Немам сили и за тоа. Утре сме со големава во болница, има 3 термини таму. Цел ден ќе отиде и нема да можам да отидам на заболекар доколку нема подобрување. Уствари сама сум со неа, со свекор. Мм повторно на работа, свеки би ја имала радо при себе, ама малово морам дома да го оставам...па свекор ќе вози, јас со детево внатре. Сеуште кашлаат како луди, посебно во текот на ноќта. Ненаспана сум и се чуствувам како подвижен зомби. Се надевам среда деталното испитување за шеќер да не покаже страшни резултати. Уште инсулин би ми фалел. Треба да најдам време пак да испитувам крвта за терапијата на тироида дали да остане на 75мг. Сеуште во исчекување на позитивата на денот. Вечер, одкако ќе ги нараниме и пресоблечеме момиве на една групна терапија и гушкање сите четворица на спална Убав ден мајки
Дани со лесно остаток на бременост, се надевам дека нема да имаш проблеми со шеќер, и мене малку ми покажуваше покачени вредности во прва бременост ама тестот за скриен шеќер ми беше ок. Кога ти е термин? Кога те читам ептен жал ме фаќа да си ни тука сите по малку да ти помогневме секој ден кај некоја едното или другото на гости
Добар ден од мене! Малата спие, ММ на работа како секоја недела од овој период, јас дома! РУчекот во рерна се пече, дома 100 работи незавршени ама мене толку ми се спие што искрено немам сили за ништо. Вечер ќе се развреднам, сега ништо не фајќам. Сабајлето ја шеткав малата иако студенко беше, но и годеше чистиот воздух и сонцето со заби во парк. Потоа набрзинка се напивме едно кафе кај сестра ми и потоа дома се прибравме. Не верувам дека до крајот на денот ќе излеземе некаде... Во остатокот од денот ќе следи ручање, капење, боење, приказни, цртани, вечера... Досадна недела, па уште и студена!
Здраво женски најмили Јас кулирам неделно, малку зачистив, пуштив машина и толку ручек денес не правам, ќе порачаме пастрмајлија и пица, за дете само супа ќе спремам. Вечер пак сме на роденден, и синоќа бевме . @danichap стварно да беше поблиску со драго срце би дошла да ти помогнам, многу ми е мака кога те читам вака колку се мачиш, ти си стварно силна жена и треба орден да ти се даде
Здраво женички Да шкртнам некој збор додека спие синко па и јас да прилегнам малку. Вчера многу убаво си поминавме на свршок. Касно се прибравме ама среќа со синко останавме кај мајка на спиење па сабајле мајка ми го зема го соблекла, го наранила за јас да одморам. Инаку спие до 10 саат ама денес како за беља уште во 7 издиган. И ноќеска од 11 до 1 ја пукнал мајка ми. Детево ми е чудо не сака да спие да не пропушти нешто . Така сега се прибравме. Синко заспа и јас легнувам малку. Куќа ке прооди ама нека почека
Здраво! Ме нема некој ден, што од обврски, што од немање ништо баш за кажување, досаден некој период. Се опоравуваме од вирусот што не фати, сега е добра, активна е нема одмор ни секунда. Почна деновиве да повторува се што ќе чуе, многу е интересна, плус се послободно се пушта во одењето, кај и да е ќе треба мама да прави постапалки. Во вторник на ортопед, потоа ако стасам имам термин некој и за мене, во близина ми ги закажаа а во два различни града, ако стигнам за мене добро ако не нема што да се прави. Си ставив новогодишни украси, поточно новите што вчера ги купив, а старите ме мрзи да одам да ги вадам од подрум, кај и да е овие денови ако имам расположение и нив ќе ги извадам. Вечера, бањање и успивање се на ред, ако имам среќа може ќе се излежавам во када пред спиење, ако не туш набрзинка . Ве канам на печена тиква, какао и крисмас спирит Убава вечер.
@Seline и кај мене слична атмосфера Се пече тиква, пијам какао .... Бевме повикани на роденден кај другар на мм ама не отидовме. Само денес сме сите тројца заедно... Себична сум за овие моменти Денес бев до сити мол, за синко нешто новогодишно, за тато парфем , а за мама глупости од jysk и по некоја шминка. Па бевме заедно на пазар и правец дома. Синоќа правев трилече си легнав многу уморна, ко за беља синко на саат и пол се будеше Сабајле стана пред 6 , го зел маж ми и останав до 9 да поспијам и ми фалеше уште сон... Со моите испивме кафе , му донесоа по некој поклон нема разбирачка. Само му купуваат , ќеф им било Го чекам мажињата да станат од спиење и да го бањаме синко. Ме болат нозе пеглав цел саат Ми остана уште нешто тоа за утре. Досадно кај нас... Имајте убава неделна вечер
јас денес цел ден со гости.Од еден напладне до 7 попладне .Станот хаос беше.Сега средив,облеков пиџами и се спружив.Малата уморна заспа ама претпоставувам ке стане кај и да е и ке продолжиме со журката . надвор врне,само за спиење е . вчера гледав хорор филм ама изгледа сум изгубила живци за такви филмови .Неможев после од страв да заспијам. добра ноќ мајки
Добро вечер мамички. Синко спие, тато шета, а јас се испружив пред тв, гледам сексот и градот и таманам чоколадо со бадеми. Вчера сепак го искористивме тоа малку сонце, отидовме до македонско село. Синко како по обичај не мрдна два саати. Ако има уште некој сончев ден обавезно ќе одиме до водно, а после ќе се молиме за помслку загадено и не многу ладно Скопје. Денес решив да спремам ручек. Не кој знае што Mac&cheese и нормално куршлус се деси. Не со ручекот, тој супер си излезе, ама синко едвај додржа. Му дадов да цица се налути дека многу млеко му идеше. Фатив пумпата да одмолзам не сакаше да работи. Па ајде рачно додека успеав да испразнам он збесна, едвај го смирив за да фати. Уште и се изнервирав за пумпата. Жива среќа, ладна глава па открив што е проблемот па се се среди. Добра ноќ мајки
Добро вечер мамички Еве ме мене уште кај мајка ми. Ми се уарни . Бебе се успиваат со баба јас уживам . Денес купивме кола да ви се пофалам, после долго барање. Друго нема ништо. Јас сум одморена и убаво ми е да ви кажам. Добра ноќ
Добра ви вечер од мене. Лежам на спална и се туфкам што бебе спие со несменета какана пелена од пет саат Ама па не можев да ја сменам кога си дојдовме, не беше доволно загреано дома и додека чркавме затоплување бебе заспа за инает нормално!! Ниту бањато, ниту средено - ништо! Ќе си пукнам. Полошото тек следи, или ќе стане само, ќе се расони и ќе лудува до ниедно време или ќе мора да го расонам јас менувајќи пелена и пак следи лумпување нормално! Од петокот до денес бевме во Охрид. Да смениме воздух малку. Поразлично од сите мои досегашни посети на градот. Бебе за прв пат го носевме некаде на шетање Убаво поминавме, кафе, дружба, малку плачки со бебе и тоа. Фативме последен потопол викенд изгледа. Мразам што доаѓа студенило. Не сакам бебе да шета по молови, а тоа ќе биде единствено место каде ќе има пријатна температура за шетање, освен одење по гости И сега го внесувам до рамстор и веро ама секогаш гледам да е максимум пола час и така на брзање низ нос ми излага во сити мол уште го немам однесено, најфрекфентно ми изгледа. Ама планирам некој ден сабајлечки да шетнеме, тогаш нема гужва Од утре стара шема по дома. Па и ме зафали да си кажам Туку се мислам дали да спијам или да чекам бебе ...ах сама сум си крива Добра ноќ
Сега во сон ако го пресоблечам се мислам што ќе биде... чекам да стане уште некоја минута ако не ќе морам сама...подобро сега отколку покасно :/
Добро вечер мајки Уште од сабајле се зафатив со чистење и незнаев за доста. Викам ај малку ова да фатам, ај нешто друго и на крај комплет генералка, со перални, со пеглање. За ручек немав време, па мм правеше пастрмајлии. И малата мислев нема да јаде, ама си јадеше па и мевце Дури ме зачуди, обично не го јаде месото ако не е блендирано, ама полека се привикнуваме Незнам што ми текна преска да се измерам на вага, не сум многу одамна. Кога се качувам шок, сум се поправила 4кг А вака не ми се познава, незнам каде се тие 4кг А се мислев, долу под нас отворија вчера ново за брза храна и баш го терав мм да ми земе нешто и кога видов дека сум поправена не земав ништо. Незнам што ми е , во последно време само на храна мислам. И сега пак попуштив пред спиење, си апнав На малата и давав сутлијаш, ама нешто баш не го обожаваше и малку јадеше и си заспа. Денес многу касно спиеше преку ден, до 5ипол и во 9 пак во кревет Целата е на мама во спиењето И така женски, јас да догледам филмот и во кревет
Е значи некој луѓе стварно немаат осет. На мм брат му и женска му значи буквално секоја вечер се кај нас. Си носат јадење мезиња и ете ги секоја вечер тука. Намерно кажувам дека детево неможе да заспие кога има некој ама не разбираат. И мм им има кажано ама за џабе. А свеќи па друга прича. Жената буквално ништо не помага. Прееска си идеме од кај мајка ми и ете ја се симиња и почна да го масира синко. Значи 100 пати сум у кажала дека детето не сака да го гњават ама не како за инат. Па и со тоа бацување и плакање по раце и лице ја претера више. Милион пати сме и кажале со мм дека не сакаме да го шлака ама не бе на човек се кажува она не разбира Леле извинете на негативен пост ама морав тука да си кажам да се олеснам.
Добра вечер мајки. Пред да склопам очи да пишам нешто иако немам ништо посебно за кажување, затоа поретко пишувам Денов никако не ми поминуваше, среќа ми дојдоа две гостинки, пиевме кафе, муабетевме. Беба ја ставив на спална да спие преку ден, и се изнаспа дете нецели 3 часа Ама затоа од кога се разбуди, до сега душа ми извади, а јас на почеток на настинка сила немам ич, башка и цело време со неа Маже беше до 4 на работа, дојде 5 мин и замина на село со близок роднина, дојде од таму ја искапивме ќере набрзина и му ја кидна пак. Отиде на пола час на честито кај колега, жена му се породила, и еве уште го нема Ама ќе му кажам утре, цел ден ќе ја чува малава Се најавија гости и за утре, направив некоја палачинка, колку да не сме без ич Ајде одам да спијам, не ме држат очиве, се надевам ќере ќе спие мирно вечерва на вакво време Добра ноќ
После мафе најубаво иде парче од Лилибоз тортата. Фантазија од сигурно 700 калории на 100г, а ја снема за едно деноноќие. Толку од здравата исхрана! Денов го поминавме дома со една прошетка низ природа, останатото време во кујна и средување низ дома. Три пати готвење за бебе, 2 пати за нас, 5 тегли компот од дуњи, 3 машини алишта пуштени, купатило исчистено и брачни обврски подмирени. Сакав и гравче да ставам за утре да не готвам, ама немам сили да го чекам. Барам идеи за тортата и шеќерната маса на нет, од утре мора да дефинираме некои работи, уште немаме одлучено каде, што и кога ќе биде роденденот, а празници идат ако почекаме уште малку никаде место нема да најдеме. Добра ви ноќ мамички и убав почеток на работната недела!
Добра вечер мамички. Или можеби сабајле Ме има фатено некоја несоница,па ај да ви пишам. Гости имам на спиење. Прославивме лавици 3-ет роденден. На синко му беше роденден,ми порасна детенцето. Прв роденден а мм да не е тука. Кај и да е треба да се врати уште малку едвај го чекам. Ај толку од мене засега. Кој е бујрум
@tincemajmunce Ама колку е убво први да посакаме добро утро. А Кафе утринско да пиеме? Никако око да склопам, а веќе 4 наутро. Бтв, најсреќен роденден на малиот, среќни и заедно секогаш да си бидете од сега натаму.