@tincemajmunce Среќен роденден на најубавиот батко, да се множат годинки На западу ништа ново, бебе и понатака не спие јас и понатака сум очајна за сон ама мм како вика ти си мајка твое е мора да издржиш и така јас еве уште си издржувам само незнам ако паднам кој ќе ја гледа тогаш,во глобала се досадувам по цели денови и се ми е монотоно и исто па немам што паметно да кажам. Поздрав
@Lorins fala ti za podrskata.Mi dojde nasmevka na lice koga znam deka i nekoj drug se smee na moite postovi. @BirMelek mojata od koga se rodi piese mn.malku mleko.5 vrsti mleko probavme,poslabo napreduvase a jas zivci kinev.Doktorkata rece ednostavno takvo si e deteto.I den denes znae nekoj den da potkasne poveke a nekoj den ni voda ne pie.I jas eve sega,mnogu e loso ama i davam da jade i gleda na youtube.Samo taka jade.Ne ti pomognav znam ,ama ete ne si sama vo toj pogled.A za zabi moze da ja macat i 2neseci i mojata se macese taka ,site dosega zabi gi izvadi so maka,nejadenje i antibiotici.Ne pamtam od postovite dali si pisala-ostavaj ja da izgladne i vidi bar nesto ako ima sto i e vkusno i go jade pocesto davaj go
Здраво мајки Маженцево мало спија па да пишам нешто. Саботата шетнавме до град по молови, ама мажот ми беше уморен па повеќе време седевме на кафе, не ме оставаше да шетам по продавници само сум го вртела, и така се договоривме следната сабота тој дома со бебуш јас сама да си прошетам. Вчера станавме па кафе па појадок брзински што се најде тоа па си легнавме пак, бебуш и мм спијаа до кај 3 потоа излеговме, бевме до друго градче мм гледаше нешто и кај 6 часот бевме на гости кај едни Македонци. Мм се запознал на работа со мажот и тој не поканил на гости да им појдиме инаку имаат 10 месечно машко бебе, и така сношти појдовме се запознавме бебињата си се гледаја и си се смешкаја, а ние се изназборувавме сите четворица како во хор незнаевме кој што попрво да кажи и кој кога да го слуша ама така е кога после 2 години наоѓаш некој наш тука што сака да се дружите па си правиш убав муабет, дури во 10 си заминавме за срамота ама и тие не не пуштаја велеја седете седете Многу се радувам многу ми се допаднаја и бебињава ни се 8 месеци разлика. Конечно и јас ќе имам некоја другарка што ќе можам да си по зборувам и кафе да испијам, многу ми фалеше тоа нешто. Се договоривме следниот викенд да излеземе до град на кафе, одвај чекам. Се чуствував како Тарзан осамена од делена од човештвото тоа е биЧе болје @tincemajmunce среќен роденден на лепотанот да е здрав и жив Убав ден мајки
Добар ден мајки Еве ме мене уште кај мајка. Ќе си поседам уште некој ден. Ќе почекам мм да ги среди документите за колата па да дојде да не земе. Фала богу више нема да чекам се некој да ме земе, да ме однесе. Бебе пиеше млеко и заспа. Од кашичките денеска му дадов прв пат слива, јадеше ама не беше нешто многу воодушевен. До сега некако најубава му е крушата. Тоа е женички имајте убав ден па се читаме
@tincemajmunce среќен да му е роденденот, да е здрав и жив. Здраво од мене, деновиве со гости бевме, па само ве читав, не стигнав да пишам нешто. Само да ве поздравам денес, толку имам време.
Здраво мајки Денес ладно надвор и снег врнеше еден период, па си останавме цел ден со синко дома. Вчера неделно бевме маврово да го извадиме детево на воздух, ама беше многу ладно па само еден круг прошетавме, па си седнавме на ручек. После кој знае колку време не остави раат да поседиме без плачки и без сите да се вртат кон нас. Утре ми е роденден си порачав торта, повелете дојдите мои фемина пријателки заедно со вашите дечиња. На 30ти месецов му е на мм роденден, па порачав боди со натпис, ќе му правиме изненадување. Немам што да кажам, ни да се пофалам ни да се пожалам. Ве поздравувам, па ако има нешто интересно до вечер пак ќе пишам некој ред, ако не секако дека ќе ве читам.
Те читам секој ден и знам дека тешко ти е. Еве го и мојов почна да нејаде откако настина цели два месеци.Два дена ќе јаде количински многу,а три дена нема ни уста да отвори да проба. и ќе биде само на јогурт(млеко не пиеме).Се нервирав и јас синко ослабен е полакило,но важно крвта му е супер. Почна и од уста да вади и да фрла на земја... Мене ми успеа како што ти кажа мари од јадењето му ставам малку во мало тегле едно мало лажиче и меша,пробува да јаде сам ја става раката внатре се прави лом но важно ќе го наранам.
Здраво мајки, да чкртнам некој ред и јас. НАвака, натака, лета времево, имендени, родендени, дома не сме прибрани. Денес ладничко, мириса на снег. Инаку вчера јас незнам што ми се случи, уште што не се онесвестив, вечерта откако средив и избањавме деца, кога ми се здрвијја и раце и нозе, се укочив цела, нешто во вратот кога ме стегна како да омалаксав и легнав сум заспала. Мм ме изнервира ми вика тебе само ти се лоши, а пет дена добиено преобилна менструација, прв пат по породување, ненаспана ноќе со цицање, дење преморена сама со две деца којзнае што ми се случи во организмот. Ноќта околу 2 кога стана бебе уште ми беше така. ЗНачи не си го осеќав телото. НЕзнам дали да одам на доктор или само да одморам, а немам кога ни јас, и нас ни се ближи роденден, школо, се на мене. Еве пак од кај 19 и нешто почн8увам така пак да омалаксувам и кај да е ќе легнам. @BirMelek знам колку е тешко со дете нејадач, имам еден кој на 7 години сега пројаде. Пробај давај му на бебето неблендирани, парченца, само нека јаде. ЈА кога не мачат заби и ми одбива се го лажам да зине му давам леб или банана и му пикам лажичката. Ексик најголема мака е тоа. Ама надевај се дека ќе смени, Пробај ги сите начини. НЕрвозно е знам но мора да јадат. Ај мајки добра ноќ додека не припаднам пак,
Здраво друштво, само д ве поздравам, генерално сме добри , цуца со затното носе, но мислам дека за два три дена ќе се среди, е игра пимпицата за носе чистење, неколку непроспиени ноќи и прочиќе. Викендот ни помина по гости, па сега сакм цела недела од работа и дома со цуца да си се гушкаме. Еве ја си спие до мене на мојата перница, на повисоко д е заради носето, ја обожавам значи срцка е, кко и секое детенце на мајка си. Утре се надевам на подолг и поубав пост. П.С. Некако сум насекирана заради моите, татко ми каде што рботеше фирмата се затвара, на 57/8 што е работи и кој би го земал, мајка ми работи на скратено работно време така имале потреба а и здравствената состпјба и е таква па добро е и толку што работи, на ова се гледа дека и платата не е баш нај нај а згор на се, имаат кредит.... Господе помогни им, татко ми вчера ми вика дј види некој оглас, да одм некаде да работам, вака не ја бива. Ср надрвам ќе му најдам нешто соодветно за неговите можности. Позззз лепотици.
Добро вечер. Како отчука ноември така и се повеќе заладуваше и залади. Колку што ми е убав периодот на просчедените празмици толку и ме мава депресијата за раното стемнување. А тек до март не знам како ќе се издржи.. Иако не оставам никогаш да не прошетаме некаде, поготово и сега кога земавме нова транспортна и лесна количка. Многу е практична. Онаа што ја имав со 3 докулатки ми беше вистинско измачување за прошетки. Вади железа, менувај ..ставај.. ужас. Оваа е пали вози во секунда. Јас иоанака по маркетиве го ставам во количка се пазарење да седи и така се забавуваме. Барем овде тие луксузи за деца ги имаме. Нон стоп сме во шетња и движење.. да заседнувам дома не ни сакам.. освен кога се мора. @BirMelek и сите други мами што ве читам постојано како окапувате и прихички и физички и јас сум иста. Откако бебево ми направи 8 месеци драстично се смени. Не спие ноќе, вреска, зајдува до бесконечност од нигде никаде, не јаде, не пие млеко, не седи никаде буквално.. Окапана сум 24 часа, плачам за еден час слободно време сама со себе на кревет буквално. Маж ми премногу ми помага и тоа ми е некоја утеха плус и огоромна помош и подршка во овие тешки мигови. Но сум забележала дека децава на оваа возраст се едноставно такви, не сите но многу од нив.. Скок околу разбирање и околината, лазење, дигање, одење, заби згора на се.. Хаос. Јас 3 пати по ред периодот ѕвонам на итна помош. Оти од нигде никаде почнува да рика ненормално многу. За да потоа за пола час до 1 час да се врати во нормала да се смее и да си игра. Што да кажам... Постојано сме во итање со времево, 300 каши направени па исфрлани, ад млеко сум фрлила за приход од цел стан... за да на крај пие само вода а некогаш ни вода.. Еве го сега заспа со 60 мл ад млеко цел ден.. ни каши на млеко ни бутур.. А беше и јадач, не маанџија и мирен.. Сега повеќе од 5 секунди не се држи мирен и не си заигрува со ништо.. Во поход е секоја секунда, дури го видам ехеее тој веќе сработил низ дома.. Накитивме и наша прва елка годинава, тоа ми дава дополнителна убавина за предстижниот период, сијлички.. снегулки.. не оти детево нешто разбира ама за мене .. Периодот е хаос.. Сеенав да одморам од се, иако очи ми се склопуваат за спиење.. Седнав глава да оладам и тело да одморам.. Капак на се ми е косава. Интензивно ми опаѓа веќе пола година, прамени... ја исеков до рамена од до кога ми беше до половина.. сега е боб.. видов дека и гола кожа имам насекаде.. ужас. Најстрашно е што со ништо немам ефект.. кај да е ќе оќелавам.. тоа е. Се изморив и од косава и од све и од пробување на помош.. Што биде нека е.. Убаво е да, ама е и тешко. Си велам ќе помине.. Што не поминало.. Сепак и покрај се ми е најубаво!! Останете ми поздравени.. Нека ве грее сонце
Добро утро и од мене. Станав во 6 појдов во вц се враќам, и госпоѓицата будна. Е се изнервирав многу. Плус ПМС ..Значи воопшто не можа сама ништо да направам. 5 минути немам време да речам за мене. Ете ја до мене цртани гледа и само нешто ме прашува или ме треа да имитирам. Најлошо од се што сме сами цел ден , гледам дека и здодевно,ама не можам веќе се јас да втрам, да молам да дојде некој за да таа не биде осамена. И уште ќе помислам како на сите сум им се нашла кога требало, а сега никој нигде...Значи јас не сум таква личност, само од корист да сум тука, но излгеда ќе треба да се сменам, да бидам поцврста. Сакам да не се замарам со тоа, но навистина сум сам и осамена, никој ама баш никој немам покрај мене. Кога ќе помислам дека на моите не можам да се ослонам, тогаш што очекува од другите? Нјаверојатно истото што и јас сум го направила за нив, но не ,луѓето се себични. Поздрав и убав ден
Добро утро мајки Големата во градинка а малото уште во кревет, па со кафето се повлеков во постела и јас. Скоро па идила. Без хелтика и без трчање по двете. Јас спремив ранчето за во градинка, татко и ја облече и однесе. Успеав и појадок за малото да ставам да се вари, а и месо да се одмрзне и тргнам зеленчукот кој ќе го користам за ручек. Скоро и да ги заборавив фештите од синоќа. Кај 03.00 наеднаш слушнав трессс. Како некој на земја да паѓа. Си реков леле, големава се има префрлено од дрвеното креветче. Со пола душа во мене станав, одам кај нејзеиниов кревет, она спие. Мака нема. Си реков ми се причинило. Ај свртев погледни на малово, да видам како е. Гледам во монтажното, дете нема внатре. Запалив ноќната ламба за поубаво дљ видам, не дека толку сонлива едно дете да приметам, ама збунета до бескрај. Креветче празно. Наеднаш осеќам некој ме чачка по стапалата. Левел крипи до 100 и назад . Гледам патентот кој е странично на монтажниве малку отворен и она успеала да се спровне низ него и да ѕресне надвор. Дали она цела вечер чачкала, некакомод внатре со рачињата подотворила, дали голамава џандарка пред заспивање скришум го има повлечено, не знам... ама дерман не ми дојде до 05. Мажето на @vitamina и малава џандарка се во исти ден родени па и по понашање се копираат изгледа. Како друго бебе е. Одбива да јаде, вришти, кога и земам од раце нешто што не е за неа ржи и се лути, навечер се буди 3 пати за млекце и уште толку да се пожали нешто... Да може да си активирам еден ноќен падар само за неа оти вака за Зомби Ланд гратис влез ќе добијам. И проби забче, па се тешев ќе се намири, ама со падов синоќа и вонредното будење не беше ништо подобра ноќта. За тантрумите на големава да не почнувам. Фрла работи на сите страни, се инаети цел ден, нејќе да јаде... Вчера турбо ден. Термини термини. Капак на се го изветреав и свекор ми до икеа да одиме. Мојов е тенок со живци за на ткви места, а за прааво и мене ќе ми ги истенчи додека завршиме, па вака човекот без проблем. Купував ново единечно креветче за во детска. Имаме едно двоседче на пуштање кое не е најудобно за спиење, па во вонредни ситуации едниот со еднара да спие таму, на тоа креветче. Вчера и по доктори со големата. Ок поминаме, можеше полошо. Уште престојот во болница да го тргнеме од дневен ред и се надвам ќе имам некаков одговор за ова низ што минеме. Денес нема термини. Не знам што со себе. Сеѓмислам елка да китиме... Дампијам кафево додека детено не станало. Убав ден мајки
Донро утро. Ние сме распослани со играчки на под,секаде се расфрлани.Дете не знае да се заигра подолго од 5 мин,веќе не му се интересни играчкиве ќе треба нешто ново да му купам. Прво кафе испијано уште во 6:30 додека синко спиеше. Во неделата бевме до кај вујко ми поседивме,се видовме си поправивме мулабет.Повеќе одев да ја видам баба ми стара е 81 год има почетна фаза на склероза.Многу ми е жал за неа кога ја слушам како вели дека таа е кај нас на гости, дошла да го види Матеј,излегов од соба и почнав да плачам. Синко не седи мирен,ако можам ќе дошишам во текот нс денов. Имајте убав ден
Добро утро! Дете едвај го разбудив сабајле за во градинка, буквално спиејќи ја облекував. Не ми е јасно во колку треба да ја легнам за да стане свежа и наспиена сабајле. Во 22 легнува навечер и спие мирно цела ноќ, утрово околу 8 ја будам, ама кутрата едвај очи отвара. Во градинка спие последниот месец без проблем, па со тоа и расположението во текот на денот и е подобрено. Се жалев пред извесен период колку е напорна станета ама ете помина и тоа! Сега ми е суперска, расположена, по цел ден си тера нејзиното со боење, цртани, играчки а чат-пат и нас не вклучува во нејзините игри и убаво ми е така. @No Makeup ме потсети на периодот кога мојата ќерка беше околу 2 годинки, доволно голема за многу игри и дружења со деца а сепак дома затворена во зимскиот период. Јас ја шеткав во денот по 2-3 пати, тоа беа кратки прошетки кои одземаа повеќе време за да се облечеме а помалку траеше самата прошетка, ама ептен ми беше жално детето дома затворено. Исто како тебе постојано се трудев да ја отргнам од осменост и да и го направам денот интересен, а тоа знаеше често да биде заморно. Организирав средби со пријателки чиј деца беа иста возраст и иако беа мали за групно да играат (до 3 години најчесто самостојно си играат децата), сепак им беше убаво да се сретнат. Ама и тоа најмногу 2 пати неделно се случуваше, па често ја носев и кај бабите, па кај тетки и така минувавме ладни денови. Летото е друго, можеш и цел ден надвор, ама зиме нам ни здосадува а не пак на децата. Нека споделат други мајки како ги забавуваат децата низ дома на ова студено време. Подруго е кога одат во градинка, пола ден таму им е исполнет, ама сепак знаат и после градинка да збеснат па јас најчесто се одлучувам или за прошетка или во игротека. Убав ви ден мајки!
Пијам кафе, излегов на воздух едвај да се расонам очи да отоворам оти ме чека долг и напорен ден.. Бебево во 2 стана, го нишкав до 4, во меѓувреме и го намарив страна на тоа што испи еевај 60 и ноќта, таман заспа пак стана пак ношкај и се така едно 3 4 пати.. Сон едвај може 2 часа сврзав.. Тоа е.. Кај да го ставам што и да направам пак се буди и се искачува со нозете а главата ја бута во јастук. Го ставив до мене се бореше и заспа некако сам јас се бев откажала од нишкање оти рацеве не си ги осеќам.. @danichap Земи со еден конец и зашивај тоа патентот да си раат..она се има сигирно разбудено однапред и вака како мојот сигурно правела за да на крај излезе од креветчето.. А се сеќаваш само колку се фалевме оти се мирни и спијат Времиња Поздрљв до сите, да одам да намирам се по ред.. долг ден ќе биде
Добро утро, веќе на работа дојдена, некако овие денови ми се изремети редот со пиењ чајче пред да одам на работа. Од сабајле кафе пиев, ова уште дома, на работа ќе почекам малку па едно чајче ќе мавнам, се мислам да пијам планински со мед и лимон, па ваљда и така ќе биде. Цуца цела ноќ се будеше, мака си има со носето, неможе да диши, па цела ноќ, нишкај, презаспивај, чисти носе, ставај физиолошки раствор. Некако помина ноќта, мислев наутро полошо ќе ми е, ама некако имам сила, без оглед на тоа што цела ноќ дежурав. Ја ставив да спие на повисока перница, т.е. на мојата, па мислам дека и заради тоа поубаво спиеше. Во контекст на муабетот за дружба со дечиња, мојава ептен сака деца и премногу се радува кога е во друштво, дрѕгиве гледам не толку се радуваат. Исто како и феминката погоре и јас со тие околу мене што се, секогаш сум им се наоѓала и за арно и за лошо а сега некако никоаде ги нема, по се изгледа ќе треба да се зближам со кошивката децата ни се два/три месеци разлика, па со тоа ќе имаме другарче во близина, заеднички теми за разговор, нема да ни треба премногу спремање за одење а и двете ќе си бидат задоволни, не мора повеќе, барем еднаш во неделата со дете сакам да се дружи. Затоа се добри градинките половина ден е со врсници. Ајде одам јас, во пресрет на битна обврска да завршам, се надевам дека се ќе помине во најдобар ред, мајки стискајте палци ако се е како што треба частам.
Добар ден. Кафето уште го пијам од 8 е. Се ближи роденден на бебе па овие денови да доспремам и докупам се што треба. Оваа година одлучивме дома да правиме скоро никој не ни е тука ни кумовите ни друштвото па затоа дома најубаво. До вечер се мислам дали да украсиме елката со синко. Бебе почна да лази и тоа е друго немаме ново. Имајте убав ден
Пак се уклучувам, на кратко, сеуште чекам. Блазе си ви со по две и повеќе деца, стресно, нервозно но скапоцено. Каде ми е мене второ дете.... еееххх.... Ајде пррво да и се порадуваме на лепотицава па за година две ќе размислуваме на таа тема! Позззззззз
Да мојата има 2 години и пишав дека е многу дружељубива. Но, нема некое дете на нејзина возраст туја поголеми се а и како што кажав се треба јас да вртам Додека тие исти деца беа помали, нивните мајки секо ден неколку пати ми звонеа да им ги причувам или од работа на вракање неш да им купам.. Сега имаа други пријателки и мене скроз ме заборавија, нивните деца пораснаа. А живеам во рурална средина, а не кажам село, далеку од центарот а и до автобуската постројка,додека да отидам со неа еден тон кал собереме...И за градинка , пак немам превоз а и те како ме треба одмор, работам од дома и пак не можам да сработам како треба навреме. Не знам...
Здраво мајки Јас ја украсив елката Синко сабајле порано стана и ме разбуди во 8 часот а така ми се спијаше станавме јас си направив кафе тој пак си заспа па стана го наранив и го ставив во релаксатор и јас ја украсував елката тој ме гледаше па појадував и синко пак си заспа а мама пие второ кафе ретко се случува да пијам две кафиња во денот ама денес премногу ми се пиеше Спие со полуотворени очи кај да е ќе се разбуди Ај доста е пишување да не претерам И еве го стана Убав ден мајки P