Додека дојде време за спремање да чкртнам нешто. Треба да го носам синко на ендокринолог за тироидата, се надевам ќе нема потреба од терапија, оптимист сум дека барем со неа ќе немаме проблем. Утре друг важен преглед, треба да одиме во друго градче. Долгоочекуван и многу битен, исто се надевам на добар исход. Нека помине се како што треба па може да започне и кај нас новогодишната еуфорија. @flower30 сите лекови имаат несакани дејства, кај тие за смирување нај застапени се вртоглавици, збунетост, изнемоштеност... Сепак треба да ги земаш подолго време за да осетиш подобрување, рано ти е од 1,2 апчиња за било каков ефект. Најдобро консултирај се со доктор
@elcezelce , @forumce @orhideea и јас да си го пофалам синко, меѓу мирните бебиеа. Обожава на спална да лежи да бидам со него и да го гушкам, бакнувам, пеам. До сега не сум сретнала бебе кое се радува додека ко бакнуваш без осет, ова јас го гушкам тоа на црл глас се смее и не знам колку пати во денот му кажувам колку го сакам. Сега направивме некој ред најкасно до 10 ипол да е во кревет, еднаш до два пати се буди за цицање, ус цицање заспива и се разбудува во околу 9 часот. Преку ден исто сака да си поспие, спанко е на мама. Го оставам во хранилка во легната положба и можам цела куќа да ја средам без да заплаче, доволно лигавка да има во раче и се заигрува. Како што сме сами скоро цел ден имам среќа што е мирен. Заспа пред малку и конечно јас да јадам, ми отиде паметот на мармалада и чај, ама вкусно сум се најала. По мене се познава колку ми е се вкусно . Кај нас ладно камен, сонце со заби има, бев н балкон да ги пружам алиштата измрзнав. Во денот ако не ја отворам темава неколку пати мислам дека некој грев сум направила. И го мразам ников, кога се зачленив на фемина може бев барби, сега сум барби плус сајз . Не може да се смени никот нели?
со малата кога сме сами мн ме слуша.Сама си игра и уживаме.Бевме до нотар заедно да завршивме една обврска,па на кафе ама не и се седеше таму па дома дојдовме и си сваривме едно.Обично кога ја бањам ми вика оди направи кафе јас бањам сама за ручек ке биде некоја манџа плус пирошки со сирење за покасно.Вадете чизмите за утре викаат снегче
Добар ден мами од мене. Дури спие синко легнав да се топлам до него. Многу ми е ладно некако деновиве, не можам да се стоплам никако. Тој па обратно од мене, само се слекува, само жешко му е. Ние елката ја наместивме пред неколку дена, бараше малово од реклами што гледа. Првиот ден го оставив него да реди, па наредните денови си прередуваше, е после тоа јас ја наредив убаво и воопшто ја нема фатено. Му помина мислата барем. Ставивме и сијалички и новогодишни украси, лани толку ми беше мерак дека прва година во свој дом и сама украсував, што годинава нема што да купам. Се мислам за голем Дедо Мраз од Џамбо, ама ќе видиме. @joy1 се мислам неколку дена за омекнувачот што го фалеше, орнел со бебе е или со мајка и бебе на слика? Тој со бебе што е и жолта позадина, со ванила мислам, го пробав и е прекрасен. Необичен мирис за омекнувач, ама многу убаво и долготрајно. Убав ден на сите.
@kristina.k ,со мајка и бебе мислам дека беше.Веќе го дотрошив и сега зедов ленор бел .Ептен често ги менувам
Кога сме кај омекнувачи и јас многу често менував,се додека не го зедов Тета Виолета. Абе тоа мирисање,од тераса внатре цел стан ми мириса.Прекрасен е и за никој не би го менувала.И алиштата многу меки. А да ве прашам женски, да не знаете кај можам да нарачам новогодишно комплетче за машко 15+ за сликање со Дедо Мраз? Овде не сум сретнала да купам.
Убав ден и од нас. Денес сами со синко дома, ама не ми предреми и сега не се поднесува. Мм има обврски до ск, па ќе чека другар на аеродром и ќе го фати полноќ сигурно. Елка немам украсено, следна недела валјда. Не знам за вас мајки, ама јас секој ден мислам дека сум со правосмукалка во рака, и пак гледам дека не е досредено. Башка, викендов си одиме во другата куќа, демек и таму малку да поседиме зимово, потопло е, ама пак морам да чистам. Тула спиеме на горниот спрат, ама ноќеска толку ми застуди и вечерва му викам на мм да спреми добар филм и ќе спиеме во дневна. Не ми се ризикува со детево да спијам во толку ладен простор. Додека јас пишувам дете од што е збеснато се истури од на маса, му се спие и си плаче Чекам комшивка за прво кафе, отруена сум од чаеви. Омекнувачот и јас го користам на Орнел, белиот, задоволна сум ама на Дуел ми се подобри(белиот и жолтиот) @MamacitaBuena Види на фб ако ги најдеш МангоКидс од Прилеп, имаат новогодишни облеки и тоа по само 400 ден. Не знам дали праќаат по карго. Убав ви ден!
Добар ден мајки Ги испратив мм и малата да се прошетаат малку, јас седнав да одморам. Да искористам малку По втор пат денес ја правев сунѓер питата и беше превкусна. Сите јадевме, па и малата со кисело млеко јадеше Преска и давав тиква, не сака да ја види. Па во блендер со млеко ја направив и изеде само 6 лажички зорле и толку. Обично си јаде и немаме проблеми, ама тиквата не ја обожава Преска и дадов лижавка, и си ја излижала скоро цела и на крајот се прави како мастика. И почнала да си џвака и си ја извадила мастиката и тап на мене во коса и почна да удара со рацете да се зацврсти Леле удар ке добиев, среќа лесно ја извадив не требаше да се шишам И така, сега ќе си варам какао
Здраво мамаситас Бањати и гушнати еве не во кревет со бепчо. Утре го носам на шишање, косата му е огромна и се поти ептен. Дома ни е претопло, отвараме прозори ладен воздух да влезе за поубаво да спиеме, ама џабе. Сите радијатори исклучени ама станов и подно греење има. Да пишам и јас да го пофалам бепчо мој дека е многу мирен. Ноќе два до три пати се буди за цицање кое трае 10мин макс и одма заспива. Заспива ова време, станува околу 8. Преку ден и кифли и торти и ручек правам додека си игра сам на под или во дубак. Не плаче освен ако не се удри, а некогаш ни тогаш само гледаш џмучка на среде чело Збори многу, си кажува нешто по свое. Веќе мама, тата, баба, деде па и не вика денес беше посебно расположен за муабетење и повторување па устава пена ми фати од песни Кафето ми е спремно од пред саат време, да го шмркнам и одам и јас да се средувам, па ќе се нацртам пред тв филм да изгледам и некоја лајт вечера да кснам За украсување, чекам на градоначалникот па после дома ќе китам овде имаат обичај на први декември, во 17.00 на плоштад во центар има прослава на која доаѓа градоначалникот, народ има еден куп, сите одбројуваат и тој одеднаш ги вклучува сите светилки и сијаличките на елката, која патем е природна и огромна! Најубава на свет! Песни новогодишни, мирис на греено вино, разни пунчеви од овошје, печени костени, пченки, насмеани и среќни луѓе. I it! Купив нови украси, само уште да ги извадам и старите и да почнеме. Ваљда во недела тоа ќе правам и така мм е дежурен викендов па сами ќе сме со бебе. Добра ноќ на сите
Добро вечер Еве ме и јас да се пријавам. Бебе избањато, најадено и си заспа. Мама исто избањата и легната во кревет . Да ве дочитам па и јас ќе спијам. Иначе уште сум кај мајка ми. Убаво ми е . Зборите за спиење. Мој бебуш заспива во 10 и се буди два пати за млеко ама одма си продолжува. Преку ден спие еднаш подолго саат два и еднаш или два пати по пола саат. Добар е неможам да се жалам. Добра ноќ мамички
Да чкртнам некој збор пред спиење,знам дека ќе се жалам ноќва за сон оти ние сме од тие што не спијат. Четири месеци се буди 3_-4 пати и некогаш е буден саат време, плачко е поголем од дада му плус а излеземе одма плаче па во раци се носоме додека се смири. Инаку големата цела недела не е во градинка фати бронхит нормално и бебе,неможе да го одмине. Луѓе превише сум нервозна јас незнам како дојдов до овој степен на лудило. Ситни работи ме нервираат о ме вадат од такт. Малата се измоча во гаќи и се дерев изгибив контрола, со мм само се караме а причината сум јас , скроз сум сменета ја нема веќе таа личност што бев,ведра позитивна,трпелива. Се осеќам исцедено ,секој ден ми е монотен едно те исто ,неспиењедве мали деца навистина е тешко,претешко плус имам помош, дали дека од мај месец сме со народ т.е. помош па ми влијае негативно,се ми смета, како да се сменам незнам. Ме утепаа нивните болести врти сучи се сме болни аман веќе. Ете се пожалив ама ќе пукнам колку ми е криво што губам нерви ,криво ми е е детето да ми расте во таква средина а се зависи од мене. Добра ноќ да пробам да заспијам.
Добро утро!!! Прва сум денес на темата, ајде тогаш варам кафе... повелете Вчерашниот ден некако го истуркавме, ден до толку никаков што го минав лежејќи измалаксена, поспана, без грам енергија! Немав сили ни за ручек, ни за чистење низ дома, ни за игри со малата... Сметам дека вака се чувствувам заради бременоста! Се надевам денес да имам малку подобар ден! Подобар ден ама какооо почнааа... Навидум жива глупост, ама доволно страшно за малата утрински да ми направи скандал па и кавга со ММ. И го измил лицето со студена вода, она плаче а он упорно пласка ли пласка од мраз водата... И така беше студено, па уште бус ладната вода фалеше! Едвај ја смирив, а на крај се скаравме со ММ ! Ок, почна денот со кавга и плачки! Планот е ручекот да биде ориз со спањак, план е да одам и до маркет да пазарам нешто и во 12 на преглед сум бебушката да си ја видам. И така мајки, имајте убав ден!
Добро утро мајкички Ние денес ранобудни уште од 7 станати ама си лежевме до 9 со бебе на спална ,па бебе заспа јас станав си сварив едно кафе и супа за мене ,многу ми е паднат имунитетот изгледа почнав и да кашлам од што ме боли грлово не помага ни пантенол ни ништо ќе морам некој витамини дополнително да земам ,многу ми е страв да не го префати синко од мене .Денес немаме никаков план се исто па исто како ли ќе се помине оваа зима вака дома незнам .Во план ми е да правам солен куглов ,брат ми се јави ќе ни дошол на гости па ми порача и палачинки да му направам Иначе многу сум му лута на маж ми ,се скаравме за глупост за новогодишната елка ,јас не сум видела до сега толку човек како него да не се радува на нова година ич неќе украсување и такви работи .Кога слушна колку пари планирам да дадам за елка полуде вика луѓе одвај крај со крај сврзувале јас ќе сум давала 5000 за елка ,може е во право ама многу ми е мерак од кога сакам да си купам голема убава елка сега па покрај бебе желбата за украсување ми е уште поголема .Ви се пожалив малку извинете . Убав ден на сите
Ajde dobro utro I od mene Vcera ukrasivme doma malata cudno gleda vo elkata cel den se interesira za lampionite saka da gi dopira celo vreme Inaku denes sme na rodenden vo igroteka so kere.Ja nemam vodeno do sega pa ke vidime kako ke pomineme.Vremeto denes poubavo snegot pocna da ni se topi malku po malku. Eve da pisam I idam na detalno sreduvaje samo kere da ja uspijam, se zapustiv po doma I taka zenski ubav den na site
Вчера синко се покажа дека е добро дете.Си преспа два пати по скоро 2часа.Завршим се дури и тоа што не ми беше во план направив салата со урда,солена торта и корички од готови кори.За коричките имав помош од свеки и од синко,го зел лајчето и меша во филот забавно му беше цело време се смееше. Гости немавме само најблиските 2-3 куќи.Синко збесна кога ја виде вујња му многу се сакаат. Госпот да и даде близначиња.Многу ми беше тешко кога му кажав на моите дома дека сум бремена.Јас наместо да се радувам јас со плачење му кажам ,многу сум емотивна.Брат ми и сна ми се мачат шест години за бебенце. Како се изнервирав мијав чаши,овали.вагани од сношти и на сред мијање ми снема вода.И како капак синко поврати в хранилка лом се направи неможам ни да го измијам ни да зачистам Во план денеска за ручек манџа со грашак.Една машина за алишта за пуштање,друга за собирање и пеглање. Тоа се женички имајте убав ден.
Здраво мајки да ја начнам и јас оваа тема. Моето бебе навечер си спие цела ноќ јас го будам накај 5 да цица и пак ќе заспие о во 7 8 сме будни. Е после тоа кога е будна сака внимание нонстоп да и зборувам да си играме а за спиење многу малку преку ден. Така да баш немам време за ништо. Садови ручек алишта о се така во круг колку можам да фатам. Си купив електрична пумпа кое олеснување е. Бебушка не цица само преку шише е. Се навикнав веќе. Сега се спремам да јадам па ако можам и кафе ако не ќе чекам поволен момент. Многу ми е срцка душичка само ја гушкам ја бакнувам. И зборам о се смее како да ме разбира. Си ја родив најубава на свет. Ортопедот некнк вика има слатки и помалку слатки бебиња ама ова е многу слатко бебе. Се изнафалив За прво јавување толку одам да јадам
Хелоу, Бебуш дремка јас со кафе и нозе кренати на кауч замислете и тоа се случува. @karibian добредојде ќе се дружиме и тука. Сега штом толку ни ја испофали куклата да ни ја покажеш во '' Интересни фотографии.. '' @barby ме изнасмеа за никот, што ти е гајле има и згодни суперсајз мами Јас кога се зачленив се сеќавам дека бев на работа, така на брзина ставив прв ник што ми помина низ глава, и си останав Капри тоа е. Се зачленив со конкретна причина и потреба од темата Вештачко оплодување. Една од најхуманите теми полна со безрезервна поддршка и многу храбри жени. Сеуште ја посетувам и од се срце им посакувам на сите од таму да преминат во мајчински да се дружиме. Отидов да зачистам. Поздрав.
Добар ден мајки. Јас ве читам цело време ама некогаш толку сум уморна што немам сила ни да пишам. Таков ден беше вчера. Мислам да требаше уште една обврска да завршам ќе се срушев. Малиот заспа во 9 и 30 и јас веднаш по него. Нормално стана веќе да се буди со плачки како да го коља некој (не е плачка додуше вриштење е) ама ја имав таа среќа мм да е денес слободен па он превзема синојќа па отспав скоро цели 8 часа. Денес е одма подруго. Не знам што ќе е ова со плачењево...отспие ли повеќе на ручек веќерта станува и плаче. Ама не да плаче да речеш со солзи туку вришти и без солзи. Страшно нешто. Цела зграда ја креваме во вис во сред ноќ. Нит знам зашто е тоа така нит чаре знам. Стануваме, ќе касне нешто ќе си поигра и пак си легнуваме...Искрено после 14 месеци вчера прв пат посакав слободен ден од сите обврски. Од работа, од домашни обврски ма од све... И нормално, денес имам грижа на совест зошто го посакав тоа. Бетер да е , имам грижа на совест и зошто спиев и го оставив мм да си игра со него синојка кога стана. Не знам ни ова дали е нормално за вакви ствари да се секирам и да осеќам ко вина во себе зошто татко му ме заменил,... И така мами. Стандард е се друго. Си течат деновите, си течат обврските, чекаме празници да дојдат и тоа е тоа. Ви посакувам убав ден на сите