Здраво мајки Турбо викенд. Во сабота се шетавме до свекрва ми на гости. Дваа саати возење ама бебе беше паметно. Вечерта дојдовме бањање и заспа. А и јас со неа. Вчера цееееел ден генералка. Мм ја чуваше јас чистење крај да се немало. Вечерта до сити мол бевме. Имаше сликање со дедо мраз. Не беше симпатичен ама ај за прв пат ја сликнавме. Ќе има уште. Ги чекаме тие на плоштад Ноќеска станав во 3 да се измолзам едвај станав. Кичмата ме болеше хаос. Таа спинална. Памет за друг пат. Плус се исфорсирав вчера цел ден. Еве ме од сабајле само седам и дремам. Бебушка спие а јас се мислам што за ручек. Имајте си прекрасен ден. И одморете денес како мене. Денес баш ќе одмарам. Елка украсена уште на 1ви и бебе се радува на лампионите. Неможе уште да држи ама подава рачиња накај нив. Ајде чао
Здраво и од мене. Од сабајле мм го зема големиот и отидоа да бркаат „машки“ работи. Јас со малата излегов до сервис да го однесам телефонот. За утре мм планира да оди до викендицата да ја среди за зимава, а уз пат да не остави во родниот ми град да се издуваат децава. Арно ама, нема каде да одиме. Единствените што не канат на гости и што секогаш одиме кај нив се мајка ми и една братучетка, ама и двете се прва смена на работа. Другите мудро си молчат или идат кај што ќе отидеме ние, па се собираме на куп. Така што, или ќе си останеме дома, или ќе отидеме и ние до село. Кафе ми се пие, ама чекам мм да си дојде за друштво. За тоа време одам да измијам садови и да ставам нешто да се готви за ручек.
Мами, како беше она старското роденден предвереме или покасно е поубаво да се слави ако не можеме баш на денот? Идеата ми беше во новиот стан да го славиме да спасам некој денар, ама неизвесно ми е дали до роденденот ќе се вселиме?!? Инаети, тантруми, плачки по цел ден...што друго да ви пишам, како се наближуваме кон вториот роденден детево станува се поголем и поголем инает! Синоќа пола саат врискаше оти сум и ја соблекла бањарката после бањање, јас облекувам алишта, таа се тегне се соблекува...ова е само една случка а во последно време ги има побајаги!
Јас не знам дека има правила за славење роденден. Славете го кога вас ви одговара. Секако најблиските ќе си го славите денот, а за гости кога ќе се викаат на вас е оставено. Барем јас така би правела. Единствен проблем е луѓето ги викаш за две во едно дали ќе донесат барем нешто за детето. Ако не ти е битно тоа тогаш на малата не треба да и создадеш очекување дека ќе има поклони за неа. Тантрумите се составен дел од секојдневие на оваа возраст. Ние само се оправаме по дома. Најново нејќе никакво соблекување и облекување ни пелена менување, ни јакна облекување ама баш ништо. Плус за се „господинот“ има мислење. Само се шета по дома и кажува кој што да прави. Се посериозно се мислам за градинка на пролет, малку да го стават во ред. Инаку јас со никаков нос и грло се борам веќе цела недела ми се смачи. Кога е дете добро јас по Марфи се разболев. Битно продолжениов викенд убаво го искористивме да шетнеме малку на чист водзух па сега сум барем опуштено. Ми следи пеколна недела на работа. Ќе треба и навечер да одам по неколку саати не знам како ќе се издржи.
Здраво од мене. Надвор ладно и тоа многу. Денес сув студ. Измрзнав, а излегов само да го зачистам балконот малку. Прозори чистење????? @eli25 луда женска глава Којзнае колку било ладно во 7 Денов за чистење ми е планиран. Станот прооден е. Ама јас како лисицата со опашката чистам што би рекла мама. И така е, си признавам. Малово додека беше будно пуштив правосмукалка. Сака да ја слуша изгледа. Секогаш кога усисувам седи мирен па искористив. Плус џогирав паркет и чистев балкон. Па бебе цицаше и заспа. Јас место да продолжам со чистење, си направив салеп и си седнав да пијам Сега ме мрзи да станам да продолжам, а ме чекаат постелнини за менување, прашина за бришење и кујната за средување. Тоалетот останува за мм да го среди Да не додавам дека пере трета машина, втората се суши во сушара...кој ли ќе го средува купот облека Утре ќе следи пеглање и конеееечно елката на чисто да ја наместам. Викендов сигурно хаос било во џамбо и не отидов, па вечер се договарам со мм, да се врати од теретана и да одиме И се ова горенаведено ќе се исполни под услов бебе да е примерно и умно Вчера беше плачко, душа ми извади до 11:30 Исход од денес ќе видиме на крај на ден Папа засега
По старски не чинело предвреме. А ние баш првиот роденден викендот претходно го правевме, така ни одговараше. Па еве не, живи здрави ништо не ни фали. Прави си како ти наложуваат потребите.
Добар ден и од нас. Ние викендов го одморивме баш. Единствено низ маало кругче и дома. Никој не најдовме за дружба све мрзи. Вчера зајдуваше, срце и спие она не се дава. Денес еве ја по раце, спушти ја во кретче се смее мислиш се наспала. Ама упорна сум. Ноќе среќа не прави вака. Јас од овие грчеви више ќе шизнам. Толку ми се смени детево од нив...ај да пробам да ја легнам да кснам нешто.
Добар ден убави мамици на слатки дечиња! Кај и да е ММ ќе се врати од работа, ќе ја земе и малата од градинка... Јас од сабајле низ дома средив, избришав прав и ставив ручек, ете ме сега мртва уморна седната на кревет и не можам да прифатам дека од толку малку се уморувам! Кај ми е енергијата... Ви се дивам на мајките со две и три дечиња кои некако се организирате и терате некаков ред, сочуствувам со сите ваши инциденти во текот на денот, ви ја разбирам и нервозата и од срце ви посакувам да останете смирени и среќни со дечките околу вас. Каква ли ќе бидам јас со две дечки??? Ќе знам ли да се организирам? На помош од ММ нема да можам многу да сметам оти човекот е скоро цел ден на работа, мајка ми исто е со долго работно време, а свеки сакам да ја исклучам малку од помошта оти пак нејќам да се фали колку она помага на мене. Воопшто се има ли услови ручек да се стави со толку обврски околу деца??? Кога се породив со првото дете не готвев цели два месеци, или порачувавме храна или бабите ми носеа (почесто свекрва ми). Како ќе биде сега не знам, а малата ми е научена секогаш да јаде готвена храна, па не би да и реметам ред. Леле јас уште непородена а за ручекот се мислам како ќе биде... смешна сум, знам! Ја прочитав нанзад Ели дека прозори бришела и се сетив дека и јас ќе треба, не само прозори туку и генералка пред да се породи, ќе имам ли сили? Сите се со обврски и баш немам некој слободен да ангажирам, искрено и не сакам да барам помош, терсене сум!
@eli25 кај ти истекна на ладново прозори да бришеш. Пази се мајка. Јас едвај по дома средувам, а за тоа не сум ни помислила. И јас се чудам како се снаоѓате вие што сте без помош. Јас ако не е мм дома или да дојде мајка ми нема шанси да пофатам ништо. Синко нема никаков ред со денските спиења, а што е пострашно се помалку преспива. На моменти се фрустрирам. Таман сум решила да фатам нешто, ете го за 15 минути станува и толку од активноста. Прееска едвај си стоплив супа. Додуша на два пати ја греев. Првиот пат го ставив во транспотер на количка и таман се порадував ќе ме гледа додека да спремам и јадам, он зајде. Па ај исклучив и на цицање. Дури од втора откако заспа успеав да ја догреам и да јадам. Евентуално насабајле додека е уште наспан и свеж може без внимание да поседи во релаксатор за да сварам кафе и да доручкувам. Си бара внимание ова мое дете. Уште не сум прибрала летни обувки, да извадам зимски. Собчето што ќе биде негова соба еве две недели ја средувам и уште не е досредена. Единствено слободно време за домашни обврски е после 8/9 кога ќе заспие, а тогаш јас сум заморна и гледам да се избањам, да вечерам и евентуачно некоја машина за садови и перење да пуштам и да раскренам. Пробувам секој ден некако да се реорганизирам, за да ми се ослободи барем малку време. Би ги жртвувала вечерите ама после 12 синко станува на 1,5-2 за цицање што значи нема квалитетен сон за мене па гледам паметно да се организирам за да одморам и да можам да функционирам наредниот ден. Ги оставате ли бебуши да плачат ако сте фатиле нешто да сработите? Мене ми е жал, а може треба да го оставам по малку за да се навикне да се занимава сам. Секој совет е добредојден и ако знам секое бебе е различно.
@Ano nemozev da gi gledam vekje,pa duri sedese miren srediv toa ama premrznav . Moevo ne go ostavam da place.Koga kenka da,ama koga place ako ne go zemes se zasiluva uste tolku pa od napor bljucka i iskreno strav mi e takov da go ostavam.Ednas probav pocna da se zadavuva da kashla,si rekov sto pravam jas I majka mi me kara sedi mirna jas ke iscistam ili cekaj ke go pricuvam maloto,ama takva sum so da pravam.... Eve sea nemam sila cel den kenka nemoze ubavo da si zaspie i go staviv da gleda crtani a jas legnav i osetiv deka sum zadremala odma
@Ano , сум го оставала да поплаче од кога порасна малку, мислам 4-5 месеци. Среќа не беше многу плачко, па основни работи можев да завршам (да одам на раат до тоалет, не и да правам ручек или некоја друга подолга активност ). Го оставав да поплаче ако знаев дека е само за во раце плачењето, од кога ќе се осигурав дека не е гладен, помочкан, поспан...... ама не до зајдување, нормално. Морав да го оставам малку да плаче, зашто јас цели 3 години немам кој да ми помогне, сами скроз сме овде ние тројца, сите се во Македонија, па морав да се снаоѓам некако. Плус, не сакав да биде таков, он да отвори уста, ние одма да исполниме желба Не, не, до ден денес си плаче, ако видиме дека плаче за глупост или за нешто што не треба во моментот да го добие Си поплакува па ќе се смири како ништо да не било
Мајки, не се плашете. Ние без помош знаеме дека немаме помош, сме се помириле со тоа и сакале или не, фунционираме. Избор имаме во тоа само како самите да си ги олесниме работите без да се надеваме на некој друг. Повеќето што ме знаат, знаат дека и со месеци сум останувала сама со двете деца дење-ноќе. Тој период никогаш нема да го заборавам и уште влечам последици оттогаш. Несоница. Ама сега не дека се многу големи моиве деца, ама веќе ми е многу полесно. Не мора да седиме дома нон-стоп. Одиме секаде каде што можеме со децава. И дома знаат да се заиграат и не бараат многу во раце да ги држам. Секој чекор што го одиме е само поолеснителна околност. Сепак, мислам дека не е до потешко или полесно, туку до нашата адаптација на дадената ситуација. На пример, кога ми се роди првото дете мислам ми беше најтешко. Нагла промена која и тоа како влијае на целокупниот тек на животот и на нас генерално. После постепено се навикнав. Со второто ми беше исто многу тешко кога се роди, ама таков период ми се погоди. Сама со болно дете и новороденче, а испити насобрани сите за во ист ден. Ама и на тоа се навикнав и стекнав рутина и сега можам да се спремам за трето Наравоучение: животот не ни дава предизвик кој не можеме да го совладаме. Сигурно сме ја поминале претходната лекција успешно, па спремни сме да одиме на некст левел.
Добар ден мајки Еве и јас денес се осмелив да пишам за моето секојдневие. Не сум пишала од лани на темава за мојот ден, бидејќи секој ден ми е ист. Сабајле ја однесов малата во градинка, едвај ја разбудив беше многу слатка. Да немавме денес Дедо Мраз во градинка ќе ја оставев да спие. Обично е будна во 6 и 30. Кога стигнавме во градинката не чекаше Дедо Мраз се поздрави со малата, а таа и малку почна да кенка, ни даде едно чоколатце. Ја зедов после во 11 и 30 и имаше мало пакетче со количка и чоколади внатре . Воспитачката ми кажа дека куклениот театар што го имале денес и бил досадн и плакала. Сигурно не ги разбира германциве . Сега спие. Јас исчистив направив ручек и мислам што ли ќе играме кога ќе стане. Можеби ќе одиме во детското село има игрална и е бесплатно. Нас редовно не измачуваат вирусите од градинка.Само што ќе се опорави ќе престане да кашла ајде пак. Давам еден сируп ама прикрај ни е што ќе правам без него не знам.Без рецепт не го даваат, а на др не ми се носи , оти после повеќе е болна. Снегот вчера беше 10цм , а денес е стопен. Малата само го гледа и го покажува што ли е ова сега Треба да купам некои поклони за воспитачките за Божиќ ама не големи и не знам што. Се мислам за некои бонбоњери. @danichap, @orhideea и др мамички што сте по Имачка ќе носете ли поклони? @orhideea не ми спомнувај селење коса ми се дига. Ние се селевме јануари 2016 , јас бев 3 -4 месец трудна , 7 дена се пакувавме имавме фирма за товар истовар , а се средувавме до мај. Многу среќа @eleni27 браво колку си позитивна и како се снаоѓаш со 3 од кои 2 близнаци. Поздрав мајки и убав остаток од денот
@eli25 затоа и ти реков пази се. Ако се разболиш кој ќе чува бебе. Заради него ако ништо друго внимавај. @green.eyes ние сме уште малечки. За некој ден полниме 4 месеци, затоа уште го тинтрам толку. Се надевам ќе почнеме да фаќаме ред. Јас со него немам проблем, се снаоѓам супер освен кога ме секира ако не сака да цица. Се друго знам дека е нормално и фази кои поминуваат. За другите активности по дома се нервирам. Ако би ме прашале каква супер моќ бу сакала да имам, знам дека би побарала да немам потреба од спиење, за да можам да си завршувам се што треба @zuto знам дека е прашање на адаптација, претпоставувам уште сум во фаза која ќе помине побрзо.Само малку ме фрустрира што не е со темпо какво што јас сакам. Знам дека се ќе биде полесно уште да го знаев денот кога Фала ви мајки многу. Вака кога ве читам се окуражувам дека и од мене ќе биде нешто. Не за друго сакам и на второ да одам што поскоро, штом се се среди со синко.
Празници се ближат, атмосвера нема, се опседнав со загадувањето во ск. Со што заслужиле нашите деца (секаде каде што е загадено воздухот) да се гушат и од најмала возраст да имаат респираторни проблеми, а за пострашните последици не сакам ни да помислам. Многу сум разочарана од општеството, масата на народ меѓу која живееме, толку неписмени и без култура што сериозно почнав да размислувам за иднината на моето дете тука. Можат да се сменат многу работи, ама народот и менталниот склоп тешко, за тоа е потребно многу самосвест. Никако не можам да замислам тука да останеме, ама не можам ни во странство имаме голема и блиска фамилија тешко е да се одделиме од нив. Како се ближи нова година секој ден и смислувам на малата да правиме нешто тематски со празниците. Печеме колачи, правиме честитки, украсуваме.... преку нејзините искуства уживам во претпразничната атмосвера. Уште ја чекам платата па да може направам некој новогодишен шопинг, за секого по нешто колку да се обележи. Гледам дека се спомнува за феминка на годината, јас најмногу сум присутна во оваа тема па би сакала да ги спомнам: Најсмешна- @Mari*, со задоволство би пиела кафе со @joy1, уживам да ја читам @Kaetana (што подолго тоа подобро), се лигавам на рецептите на @Asterion, “најмајка” (без лутење) @danichap, кога ќе прочитам дека 2 часа играле, си викам јас со моите пола саат сум за ќотек, од срце посакувам @galapce да најдат донатор и да завршат грижите
Добро вечер. Спијат и малата и мм, јас уживам малку во тишината. Малово продолжува да е лепенче, сигурна сум дека петките работат иако е рано. Намали и со јадење, рацете набутани до крај. Цел ден ме гушка, само во мене седи, на мене рипа, одам во кујна ме држи за нога... Душа. Дојде татко и, па и со него се мазеше, како да му се жали. Јас баш поради ова не го ставам бањањето во рутина за заспивање. Кај неа нема релаксирачки ефект, баш напротив. Многу сака да се бања, си игра, а потоа има енергија и нема шанси да заспие. @Ano не го оставај да плаче, гушкај го, толку се малечки, не можат да кажат што им е, па дури и во раце да сака и тоа им е потреба, нема зошто да се игнорира. Докажано е дека толку мало бебе не можеш да разгалиш. Дури и за такво нешто истражување правеле. Не знаеме што им треба, они не можат да кажат, само со плачење комуницираат. За некој месец ќе си седи на под ќе си игра и ќе си викаш еххх кога летна времето... Јас вака сега кога ми кажува се гледам колку и требало нешто, а не можела да каже. Ја боцкало нешто, ја чешало, ја печело, колку е полесно вака. А колку кога се бебиња зависат од нас и од тоа да погодиме што им е. Мислам дека ќе легнам малку, си ја дочитав книгата денес, па можам раат да спијам. Добра ноќ.
Добро вечер мами Ме немњ ама секој ден ни е исти реприза на претходниот,ќере во градинка мали дома оваа недела сме на вакцина и за двајцата па се надевам дека добро ќе поминеме. Викендов продолжен шетнавме,бевме на гости ни дојдоа брзо ми летна,ја подновивме ќере со нови работи,зедовме алиштенца за бебе брзо ги расне и прв пат ќере направи сцена во продавницата за играчки едвај ја симнав од една количка цела продавница ечеше од неа а слична имаме дома само спакувана ни беше во подрум па само што дојдовме ја качив и сега таа ни е хит само со неа си игра. Сама сум си крива јас ја ставив во неа со мисла нека се повози ќе ја залажам некако за изглегување ама не Денес убав ден ја зедов ќере од градинка ептен беше умна ручаше убаво,си игравме смеевме ги обожавам ваквите моменти кога е добра, па само ме гушка и бакнува така и заспавме гушнати . Синко веќе одамна спие дадичка цело попладне не го остави да дремне. Моментално имам помош сервис баба со две мало деца па пак неможеме да постасаме,едно сака да цица а друго пак јас да ја ранам,да ја соблечам ама знам дека ќе помине па после полесно ќе биде за некоја година, де ќере го обожава бебе во буквална смисла на зборот само го гушка и гали,бакнува непроценливи ми се тие моменти. Минатата недела накитовме дома и за чудо ќере се примети што е ново ептен се радуваше се вртеше во соба се смее,радува неможам да опишм со зборови која радост е била и за чудо не ја фаќа елката а мислев дека нема да остане читава. Се распишав мами ,слатки сништа
Добро вечер Да се пријавам дека си легнав. Бебе се успаа со тато. Последниве денови мм го успива и доста е успешен . Денеска цел ден дома. Поручек малце дојде јатрва ми и убаво ми дојде си направивме муабет и си пиевме кафе. Пишувам и очи ми се затвараат. Наспана сум, не станувам рано а пак во 10 саат готово почнуваат да ми се затвараат очи. Се одјавувам јас другарки се читаме утре.
Добро утро Последна сум се одјавила, прва се пријавувам. Ние станати со бебе од 7. Си пијам кафенце, а бебе во релаксатор ужива. Да го допијам кафево па да му направам кашичка на бебуш. Денес на мени има тиквичка, прв пат ќе му дадам. Па да зачистам малце нема да биде лошо. Е проблем е што незнам за нас што да направам ручек ама ваљда ќе ми текне нешто до после. Како сама да го пијам кафево ве нема вас да ве читам
Добро утро, @Skorpija989 ставај кафето и за мене! денес ден за лекари и контроли - во 13 часот имаме закажано на имунологија а цуцево уште од синоќа почна да вика идам чао кај доктор за диши- диши! Има да се изненади кога ќе види дека не е диши-диши во прашање туку боцкање! Дома уште не сме украсиле, за следниов викенд ми е во план, некако во текот на работните денови ми нема лезет во сред ноќ да украсувам! Почнав да се мислам околу подароците, имам 10 деца кои треба да ги израдувам за Нова година, ем да биде прифатлива цена ем сакам да не биде обично пакетче ама секоја година така терам и веќе немам идеи без да се повторувам! За новогодишната ноќ се договоривме да се видиме со едни пријатели во домашна атмосфера - или кај нас или кај нив. Чисто колку деца да се израдуваат и да не бидеме ептен само дома! Убав ден на сите, еве го сонценцето срамежливо ѕирка, нека донесе насмевки и убаво расположение